Мајки, дали е нормално целите ноџиња да им се со модрици? Секогаш има по некоја ама сега му се целите буквално. Многу е активен, еве и дома го посматрам, играјќи си се качува на масичката и се симнува цел ден, надвор скоро секој ден си играме итн ама веќе се загрижувам. Денес му направија крвна слика па ќе видиме, само сакам да слушнам мислења
Дали оди во градинка? Мојава после градинка до пред скоро време беше цела со модрици на нозе. Претпоставувам се удираат таму, намерно или ненамерно и во главно препишував на градинката. Посебно додека беше во јасли, во метални креветчиња беа и често на нив се удираше т.е на преградите.
Има и моето по некоја зошто се пентери кај стигне, ама цели нози не му биле никогаш. Убаво што сте направиле крвна слика. Не мора да значи дека има нешто, ама ќе се смириш.
Не знам што значи целите, ама еве во моментот имаат минимум по 10 на нозете. Се надевам се е во ред со крвната слика
Фала и на @Bella_Stella и @Miss_S. Па да едно 10-12, секогаш има по некоја ама ова цели потколеници му се и се исплашив, плус дека не паѓаше деновиве само што се пентареше. Добра е среќа крвната слика, др рече ако му се појават на стомак, грбче, места кај што не се удира да одиме за други испитувања. Исто ако има крварење рендом, тој има некогаш од нос, кога го чепка или некогаш од климата летно време. И за тоа ја имам прашувано ама не сум толку за грижена зашто како дете и јас го имав. Ми олесна.. секако повеќе од година не сме правеле крвна слика.
Супер @LizzyGrant мило ми е што се е ок. Кога сме кај крвна слика, колку време после сипаници е ок да се провери знаете? Одамна немаме правено и обично секогаш правиме кога е болен, па не знам како му е кога е здрав, убаво би било да видиме.
Од сипаници велат дека треба да поминат бар 3м да дојде организмот на свое, сепак е вирус кој напаѓа како на кожа така и од внатре. На големиот дури после 1г му се повлекоа позади уво жлездите. Ние тогаш моравме да правиме почести бидејќи му се намали страшно имунитетот, секои 2 недели правевме ми се чини. Нема што не испитавме тогаш со него. Се констатираа некои губитоци на витамини и минерали, пиеше ампули мислам ВитК, ВитД и уште нешто беше ама да ме утепаш не ми текнува што беше. Еднократко ги пиеше. Ова на детска клиника се таму ни проверија и ни дадоа они.
Дајте некоја идеја како да го убедам да носи капа надвор кога излегуваме. Одма ја трга. Лани носеше сега не сака да чуе.
Нема начин. Кога е ладно ќе му кажеш дека со капа ќе му е потопло, кога ќе осети сам ќе прифати. На жешко кажи му дека му смета сонцето во очи а со капа нека проба дека нема да му смета толку. Ќе прифати сам кога ќе проба дека му е потопло така. На нејако сонце и топло не мора да носи. Мојот нејќеше па зимото кога стана ептен ладно му ставав надвор кога ќе излеземе и виде дека е подобро така го топли сега нејќе да мрдне без капа ни до двор сам си става. Исто и таква со кузирка обожава зашто не трпи сонце во очите
Стави му избор од капчиња и само да си одбере, тоа што ќе го носи тоа. И не од внатре, надвор стави му ја. Јас така успеав капа и очила. Сите ставени на глава имавме, надвор излеговме капата што ја одбра претходно и наочарчињата надвор му ги ставив и одма фама Лелееее каков си згоден, дај да те сликам, и толку беше.
Мене се ми функционира кога ќе види друго дете. Покажи му друго дете со капче, кажи нешто во стил види колку е убаво, направи му филм малце.
Пробано. Пробав и со Џорџ прасе го обожава. Викам како цорџ носи. Ма јок не и не. Ама ќе бидам упорна.
Истото што кажа @AngelOfArh излезете надвор, па во одење ќе пробуваш, исто ако не ти е проблем и ти стави си капа да види дека и ти носиш. Кај нас скоро сите работи ги облече и навикна во движење, инаку сѐ е не. Сега ќе се учи пак на кратки панталончиња.