Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.068
    Допаѓања:
    110.883
    Пол:
    Женски
    Крокси купив вчера. А реков, што помалку да ги носи, повеќе босо. И за стапалце е здраво и да не му вари ногата. Ќе земам и за надвор мада има за надвор и сандали.

    Што се однесува до сокови и храна, давам се, ништо не бранам. Дури бранев кај големиот надвор беше ко да не видел, епа веќе не бранам. Сега на гробишта изедоа свашта, благо, солено, сокови, еве ги сега и сладолед, утре нема да дадам и готово. Не бранам ништо веќе. Е што правам, не купувам дома да имаме редовно на мени, гледам тоа да е лимитирано и така успеваме да се ограничиме.
     
    На Erika.greeneyes и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  2. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.506
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    Ова како јас да сум го пишувала :sweat:
    Совет немам зошто терам како ќе даде денот :^)
    Згора на се ми скока дремка, веќе не сака да спие и еден ден спие еден ден не и не бре брате не се изморува зверката моја. Градинка периодов не идеше се чувавме за одмор и мислам се изремети уште толку ;(
    Толку енергија незнам немам видено.
    Колку год. е твоето?
    Мојава зверка е скоро 3 во септември
     
    На 1209, Giovanna, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    @Giovanna ,не знам колкаво е твоето, моево ако стане наутро подоцна, во викенд тоа комотно може и без дремка да тера. Нема полни 2,5 години.
    Од муабети како е премала за без дремка, да не ја оставам така, ние сме спиеле до 5 години и не знам какви не коментари, само што нерви изгубив. Секое успивање ми беше пропратено со јака нервоза и тахикардии буквално. По 1-1,5 час сме седеле затворени во спална, ај во посветло, потемно, со сликовница, со цртан, без цртан. Со песнички кажување. Само грбов ми знае колкава болка имам трпено од нишање дете од 12+ кг оти "морало да спие" кога очигледно не му се спие. И сме завршувале која од која понервозни.
    Сега во зависност од тоа кога ќе стане наутро така тераме. Знам дека може и без дремка со тоа што на пример ако стане околу 8:30, веќе во 19:00-19:30 најдоцна е заспана.
    Ако се разбуди до 6:30 како за во градинка мака или не станувам и јас и си има дремка во нормално време. Е во тој случај околу 21:30-22:00 е заспивањето.
     
    На 1209, senza.parole, Giovanna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    908
    Истата возраст од прилика, и иста ситуација. Неколку саати пред туширање почнувам да и зборам дека многу смрди :D смешно и е кога правам гримаси и мавтам со раката како лошо да мириса, драматизирам.. Истото го правам и за некоја од пластичните играчки, некое животно најчесто, па ајде после некое време ќе кандиса да го истушира она лавот а јас неа. Иначе беше опасна борба, вришти, се лизга, бега..
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Дојдов да се пожалам, одамна ме нема.
    Детенцево мое нема проблем со тантруми, јадење, спиење, пиење, заби итн. ама мака измачивме со опструкции и спуштање на плуќа за многу кратко време. Секој месец зареди од март навака, викам ајде дојде лето, нема веќе, еве пак.
    Трча денес цел ден, јаде нормално, викам ајде кашла, да ја однесам да ја слушнат до Козле (патем вчера ја носев кај матичната почна со ларингит и беше ок на плуќа), денес ми викаат вие сте за хоспитализација. Ајде урбазон, вентолин инхалации и Панцеф. Пред месец пиеше антибиотик, сега пак.
    Правевме алергии, не знам колку се веродостојни, не излезе ништо.
    Снимавме плуќа, ок беше.
    Не знам веќе каде да одам да спречам, со кого да се консултирам. Неможам некако да се помирам со тоа такво е детето.
    Кажувајте нешто ако знаете.
    Ми враќа што со друго немаме мака. :D

    Хаотичен е постов и јас сум иста. Некако последна шанса ми е море малку да ја оправи ама и тоа веќе ме плаши да не се разболи и таму. Цела се наполнив со стравови, многу брзо се се случува..

    Ете така, се пожалив, ми се олесни барем малку.
     
    На thinkerbell, 1209, strelec231992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.719
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Најново од денес, подава раце нагоре и вика, цитирам: устеу качам. (facepalm) Зема едно камионче се утепа местејќи го да се качи на него па да се качи од него на лустерот. :D

    Совет немам зошто и кај нас е иста песна. Ете пред малку тројца возрасни не измори до максимум, а он не застанува. И на него му е се во трчање, скокање. Татко ми вика ова дете не знае да оди. :D

    За спиењето мислам дека е фаза. Пишував и јас пред некое време нели. Многу се веќе свесни за околината и знаат дека е поинтересно да си буден. Кај син ми траеше кратко, само 4 дена и после се врати во нормала. Кога одбива дремка имам една финта, знам дека не е нај ок ама дур пали ќе ја практикувам. Му пуштам тв 10ина мин за да му ја смирам енергијата, најчесто Блуи. И по некое време му викам сега Блуи ќе оди да спие за да порасне голем, ајде да му кажеме чао. И станувам и го носам накај спална а он не се буни и им вика чао. Затемнувам скроз. Порано си заспиваше без проблем денски со дигнати ролетни. Сега пред да го однесам спуштам ролетни до доле и ги дигам откако ќе заспие за да не спие во темно.
     
    На 1209, Giovanna и Carolin. им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    Само кај мојава ни финти, ни ништо не пали кога не сака да спие.
    Не приспивни видеа. Не песни, не цртани. Каков Блуи. 1 сат може да си гледа и да си раскажува.
    И јас пробував со пуштање на цртан и тоа стари Дизни, демек со помалку анимации и бои од новите.

    Првите 2-3 пати, заспиваше за 15тина минути гледајќи во Бамби, Пепелашка итн, после веќе цел цртан може да си го одгледа (ама нема гледање) и да не се успие.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    8.470
    Пол:
    Женски
    Мислам дека конечно му ја погодив четката за заби. И конечно без проблем убаво ги исчеткавме забите и без борби.
    Инаку за сандалки пак ќе биде ипанема или картаго.
    А за тоа дека се неуморни е вистина. Јас не знам од каде ја вади таа енергија. Цел ден на улица да го оставам нема да биде проблем. Не да сум уморна, не знам кај се наоѓам. Ама тоа е мора да се издржи. Инаку дали од жешкото многу слабо јаде, се е со молби и пак едвај се намолуваме.
    Заспивање одамна во 22 ми заспива и не успевам никако да поместам. Не знам што не пробав. И ќе си се помирам :lol:
     
    На 1209 и Giovanna им се допаѓа ова.
  9. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Многу се убави сандаливе. Од каде се?
     
  10. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Дома е нон стоп бос, ама во градинка не се зезнувам веќе така. 2 дена го пуштав бос и 2 дена рибав црнила од нозете. Не знам дали некогаш е исчистен подот на градинката откако е отворена :)
     
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    40.520
    Пол:
    Женски
    Оваа слика конкретно од синсеј.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.719
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Не пали и кај моево секогаш, ама јас си пробувам и некогаш ми успева. Он никогаш во овие 2+ години нема заспано пред тв. Очите насолзени, ама зјапа не се предава, не заспива пред тв ни под точка разно.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.719
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    22 не е толку касно за во лето и за дете што не оди во градинка, ок сте.
     
    На Ceneva и kozuf им се допаѓа ова.
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    @Cloverrrr 2 години и 2 месеци е. Ама изгледа ќе си тера вака. Од раѓање си е таква, како расте се повеќе и доаѓа до израз темпераментот.
    Ова има многу логика. Иако не беше преголема разликата. Обично во работна недела станува накај 7, денес поспа до 8. Ама тој еден саат направи куршлуз. Иако пробав и покасно да ја заспијам, знаејќи дека минимум 5,5 саати треба да е будна за да има шанси да заспие.
    Вечерва легна во 7:30 и заспа за две минути и еве ја уште спие. Претпоставувам ќе тера до 6-7. Преку работна недела пошто спие во градинка очигледно и доаѓа многу сон па не се предава пред 10 саат.
    Реално од кога се роди секогаш беше на средна кон долна граница со вкупно саати спиење дневно, никогаш не била дете што сака да спие, па очигледно ќе се помирам дека е таква.

    Фала ви на сите што пишавте. Ќе биде интересно летово :D споделувајте идеи за занимавање, особено кога е најжешко и не се шета надвор.
     
    На 1209, Miss_S и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    19.598
    Пол:
    Женски
    Три дена ми станува во 6и30. Ова мое поместување на време за спиење и дремка излеа не го бива. Божем покасно да легне и покаснп да стане он легнува во 9ипол станува во 6ипол :drunk:
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    @Giovanna , за моево конкретно дремка од пола час/45 минути и е идеална. Ама кој и да ја чува не се нафаќа на тоа од причина што нели додека се свикне на тој ред е "отров" после.
    Со дремка од 2+ часа, па ноќното спиење и доаѓа доцна. Веќе јас сум таа што е капната и желна за спиење.

    Инаку може кај некои не влијае, кај моево ептен влијае дали наутро ќе поспие плус 1 час или повеќе.

    За летни активности, ќе биде цело лето во градинка. Кога ќе сме дома во викенд има играчки. Сигурно и базен ќе вклучиме.
    Таблата за со вода и песок и е омилена веќе од пролетва.
    Дури и разгледувам различни опции на играчки такви за играње со вода и на стакло што се лепат од Тему и сето тоа. Знам дека најдолго може со тоа да се занимава.
    https://share.temu.com/5ZTu28D6eeA
    Пример како оваа погоре со тоа што на стакло на балкон би ја поставила.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.068
    Допаѓања:
    110.883
    Пол:
    Женски
    Четката од Лакалут на нас најдобра ни се покажа, односно да е поширока, не многу тесна, тесна некако како да не му ги миеше убаво забите и го боцкаше. Оваа топ, ем брзо ем ефикасно миеме заби.

    За дремка нема правила, убаво е да спијат ама ако тоа не им го нарушува комплетниот баланс, ноќно спиење, однесување и слично. Моето без дремка е уби боже. Навечер или на пладне сеедно, спиеме со книги. Односно зимам книга јас, зима он и легнуваме, читаме кратко, он листа слики нормално и коментира, му викам ајде доста беше сега ќе спиеме и толку. Некогаш се буни, некогаш не. Најчесто е ствар договор од прва. Нас почнаа стравови да не мачат навелико, синоќа рече дека се Пашел од дуптата да не падне. Бевме на гробишта и дуваше ветер, татко му му рече дека дувка он разбрал дупка и сега си замислил нешто во главата.

    Јас да се пожалам за јадење, он јаде, ама нема трпение да се најаде, се му е интересно само јадење не. Еве го 3мин на маса и тргнува во поход. Ова е се поради тоа што мајка ми го научи да јаде насекаде освен на столче. Многу лошо направив што не купив убаво столче за него туку одев со позајмено, старо, непрактично... Големиот до 2ипол години во столче не мрдна, ова од 9м е секаде освен на столче. И затоа не му се фаќа ништо, он шета и јаде. Најмногу што бев против е тоа, дете да јаде во шетање. Ама како викаат, не викај Јас никогаш зошто баш тоа ќе те снајде. Инаку пазар ми е три пати неделно најпосетувана дестинација, не можам малово да го најадам на јагоди, кајсии, цреши, патлиџани и краставици. Мислам дека мојата плата комплет ја оставам на пазар. Кајсии седнува и пола кило ќе ги мавне ако го оставам. Во градинка обратно, викаат прв се најадува и нема проблем, по 2 порции, дома се е на игра. Дали дека таму даваат повеќе кашеста храна, не каши, ама така, Лино тип оброци се претежно како што гледам и палента/тарана. Количински убаво јаде, едно јајце на око, парче сиренце, четврт патлиџан, четврт краставичка, пола криша леб, одлично е количински, со тоа што пред тоа изеде една банана и четврт јаболко.

    Од игри за летово планирам да активирам вода и песок надвор, масичка со столчиња за ужинка, некоја лизгалка ако најдам ефтина ќе земам и балончиња, колички, кофички, лопатки... Не се зезнувам пак како лани со кинетички песок, уште наоѓам по тераса :rofl:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    8.470
    Пол:
    Женски
    Јас му купив на curaprox и предобра е. Предходната не ми даваше ич борби беа тоа и неубаво исчеткани заби. Сега се надевам подобро ќе е, засега дава :)
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.068
    Допаѓања:
    110.883
    Пол:
    Женски
    Курапрокс нема за деца кај нас, бар не сум видела, ние такви користиме.
     
  20. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Има curaprox за деца, и по аптеки и по големите маркети.
     
    На Erika.greeneyes, Ceneva и Mother of 2boys им се допаѓа ова.