Чисто како идеја да ја однесиш на море Метаморфози или Ставрос тие места се сметаат како воздушни бањи и се со борова шума и ги препорачуваат за деца кои често фаќаат бронхити и пнеумонии.
Од денес сме тука... мами,за колку време излегуваат 3киве се мачиме и кај и да е ќе излезат од пред месец дена така сме скоро ... ко сите 4 да доаѓаат изгледа
И јас сакав да ти речам на море да носите обавезно, на 2 и пол год прв пат го носевме (првото дете) пред тоа корона, затворени граници немаше можност, Албанија 2 пати го носевме на Јадранско, годинава здравје пак Албанија прв пат малото море ќе види.
И кај моето финти не палат, ако решил дека нема да спие ако сакаш ти и на глава застани, нема да спие. Мојов веќе повеќе од месец е без дневна дремка, спие 12-13 саата ноќе и издржува денески да не спие. Последнава недела почна да станува во 8, а обично 9, 9,30 стануваше и го фаќа криза накај 1, ама и да пробам да го заспијам не сака, ќе одамра еден саат така и пак ќе стане, ама и порано почна да заспива. Татко му си знае како денски без дремка тераат Јас кога го чувам во недела искрено напорно ми е што нема дремка. Инаку следна недела треба да идам за Грција на еден ден и ќе тргнам ноќта, обично се буди и ме бара, а и сабајче ме бара едно станување, воопшто не ми се оди, многу ми е мака како ќе му биде… Морам јас да се научам да легнувам рано како него оти кога се буди сабајле ми се иде да се фрлам од прозор оти секоја ноќ седам до ниедно време…
Ова како јас да се читам. Секој месец опструкции, постојано во болници, дневни или хоспитализации, детето утепано од антибиотици. Кога ја ставија на фликсотиде беше подобро. Зошто не ви дадат? Колку толку заштитува. Мојава прво беше со инхалации пулмикорт секојдневно, па од 2 до скоро 5.5 години на пумпица. Секој ден го пцуев и преколнував кога и прскав. Искрено јас бев скептик, а сега ми е жал што порано не почнав со хомеопатија. Откако почна и пумпица исфрливме и се. Детево ми живна. За година ипол два паги пиеше антибиотик, еднаш за с.пиогенес и сега за салмонела. Моментално сте во страшен маѓепсан круг, секој антибиотик уште толку и го намалува имунитетот. И советиве за море да знаеш се 50/50 за успешност. Дете како нашиве, што има проблем со опструкции има мнооогу голема веројатносг да ти направи опструкција на море. Паталец сум, 5 години немаме поминато асален одмор. Сите ми се чудат како на море одам со инхалатор. Деца што имаат "нормални" разболувања да кажам, живнуваат, се чистат на море. Моево ужива ама сирото мака мачи. Планина, само планина за децата со ваква мака. На мојава Берово пример и е перфекција, едно време сакав за се селам таму.
Прашав за пумпица, ми р Прашав за пумпица, докторкава рече будесонидот бил исто само што сега да сме го давале 2 месеци како инхалација, па после во пумпица. Што мислиш, ок е така? Искрено, од се ми е страв. Си викам што ако на море добие опструкции, кај ќе ја носам? 100 пати ја проверувам да не е испотена, да не и ладно само од страв да не се разболе, знам што е паталец. До кога трае оваа агонија? Кај кој доктор одевте? Ќе видам и за планина, мора да најдам чаре.
Јас идам да прашам нешто. Детево ми се смени. Од избалансирано и разбрано дете, иако со темперамент, се претвори во хорор. Нон стоп се плаче и се дере. Уште очи не отворила се плаче. Се плаче дури и во сон. Нормални тантруми се, од типот оти не сега да истурам чаша вода во спалната, оти сега надвор свети сонце и сл. Ама нема разбор. Нема. Не се слуша ништо. Нема стоп..сите команди ги разбира, дури и повеќе од просек за нејзина возраст, ама сега последната недела е страшна. Дали оти е болна се уште или тоа е новото нормално, да кажам добредојде на ужасните 2? Ако е вака, не ни помисувам на второ толку ми беше криво што не ми успеа до сега да бременост. Сега велам, да е жива и здрава, за се имало причина. Уште еден месец ќе е две. Порано ќе станеше ќе речеше хај мама, хало тати. Па ајде кафе. Сега станува и се дере оти чашата што и ја подавам за вода, од тие магичните, не смее да ја отвори и да мрцка рака внатре. Напорно е се што прави и колку тестира во последно време. Има научено како да ми ги притиска копчињата, да се издерам. А не сакам да растам дете со дерење. Кажете кај сите ли е вака? Ја читав @Carolin. Браво што фрливте пелена. Мојата не ни помислува, а на топлото во градинка не ги менуваат толку често, сега е со црвенило две недели. Не е многу ама има дерматит и покомплицирано е. Никаков интерес не покажува. А покажувам со книги, седнувам на туту. Јас кажувам кога ќе одам. Она ќе дојде ќе ми запали светло во купатило и ќе ми каже каде треба да седнам. Ама за она да каже, па ни откако ќе заврши .
@јolene Исто е и кај нас со тоа што е 2 години и 2 месеци. Преку ноќ стана таква. Во сон кенка, вика не, не, ќе ја гушнам, па плаче не со таа рака со другата да сум ја галела Плаче за се преку ден, и малку да не е ко она што замислила, и веќе не знам од кај да барам сила а трудна сум со второ веќе А колку беше само разбрана и колку се разбиравме со муабет. И сега разбира ама води инает. Буквално! И викам те молам собери ги играчките па ќе излеземе. Не само што нема да ги собере, него ќе растури и нови и ми вика не сакам надвор (а знам дека сака). И такааа... забавно е
Мила исти е, за се плаче, за се се треска. Така да мислам дека е до ужасните две. Господ нека ни дава сила да издржиме. Јас пукам од нервоза од што ми ја подува главата од плачење за ситници. Мм вчера ми вика зошто си нервозна. Ништо не му одговорив оти ќе се истурев врз него поради глупи прашања Исто абер нема за пелена тргање, не сака да седи на нокшир и готово. Уопштено ни мин не седи на едно место. Така да ќе видиме можи ќе биде догодина пелените тргање, така ми мириса
Пред 2 дена пишав дека немам проблем со тантруми, кај пишав, кај се заебав. Хиперактивна лвл 300, ништо не ме слуша, се фаќам неколку пати како се дерам, па се сепнувам. Се кенкави од кога ќе стане до вечер ни она не знае зошто. Со маж ми сме како утепани, а беше ептен мирно дете. Welcome to toddlerhood
Не знам шо да ти кажам ама мојава на море качи 40ка, еве ја лежи дома полна секрет и кашла. Ние не сме имале проблем како вас ама знам дека те читам скоро година дена дека мака мачите. И јас би ти препорачала планина пред море, за доктор исто не знам ама сигурно има добри Мк, ако не во соседството. Доколку сте во можност, ако сте од Ск, на зима гледајте што е можно повеќе да идете на планина и да го измегнете тој воздух.
@јolene и кај нас е исто. Две години и скоро 2 месеци. Почна оваа фаза негде околу вториот роденден и еве секој ден за ново нешто се инати и се треска. Почна и таа фазата на пребирање алишта и кои патики ќе ги носи иначе плачки до несвест паѓање. Сакаше пред некој ден да излезе со гумените чизми на +35 степени. Зема докачи една исфлекана маица од нејзината корпа и се трескаше од земја таа да ја носи надвор. Шарените патики ги сакала, не црните…и ред други примери. А исто ко ти што раскажуваш и ние бевме така. Ептен разбира, супер се разбиравме ама сега е веќе во таа фазата со тестирањето. И јас размислував дали и кога второ, ама некако не можам да се решам додека е ваква. Маж ми е често отсутен службено по неколку денови, помош друга нема, искрена сум дека нервен слом би добила со две во моментов. Здравје понатаму ако бива, ако не живи здрави да сме. @Thinkerbell. не знаев за тебе, честитки и со лесно
Iako ti zvuci kako demode i nekoja fraza sto samo sw povtoruva ke ti kazam deka toa e faza sto skoro kaj sekoe dete se pojavuva samo kaj nekoe pointenzivno, kaj nekoi ne e tolku izrazeno. Mene taa faza od nekade 2 godini do 3 godini mi bese smrt, sto duri ke se izolirav i placev od nemok.Nosi nadvor po igralista, parkovi neka trca , neka koristi energijata da se malku od malku istrosi. Zapisi ja na turnen i ti so nea, malku i ti ke se izluftiras a i taa so drugi deca.Za peleni probuvas ako nema pozitiven fidbek od 2 do 3 pati ne e spremno.I taka poleka ke gi preminete ke stane porazberna, tantrumite ke pominat i ke dojde nov period so novi predizvici.
Мојот е болен, има ли некој вирус моментално само со температура и повраќање шлајм? Вака ни нос не му течел ни кашлал, од вчера почна со температура и 2 пати поврати.. Цел ден: ајде да се бањкаме во базенчето на тераса.. ама злато на тераса има алишта на сушарите, да се исушат па после ќе се бањкаш.. нееее, сега веднаш.. не, ќе ти кажам јас кога може.. тој: сега може!! И на секои 15 мин така, нема разбирачка Се надевав до денес ќе му помине ама еве крена пак 38.7 па му дадовме сируп. Праќајте ми сила, веќе сум изморена
И кај нас има повеќе инат и плачки од порано, ама не е до толку како што опишуваш. Знае да се случи кога му е досадно и веќе не знае што со себе, ама ако му најдеш занимација се смирува. Почнува таа фаза негде од пред да наполнат две, во тој период и син ми се смени ептен. Генерално зборот ‘не’ му е тригер за испади, а колку и да се трудам да не го користам, многу често е невозможно зошто знае страшно да ме испровоцира. Он сака сѐ да е негово, пример порано не му пречеше други деца да играат со негови играчки, сега сака сите играчки да се за него и ако нешто му земат плачката е на готовс. Мене неговото однесување не ме кочи во желбата за уште едно дете зшто не е толку екстремен, бар не до сега. Повеќе ме кочи мојата глава. Од една страна многу сакам, од друга не сакам да ме дели со друго дете, едноставно на таа тема сум хаотична малце. За пелени тргање не е спремен. Некогаш кажува пред да кака, ама ретко. Кога ќе пробам да го однесам во вц не сака да оди. Нокшир немам и не планирам да купувам. Ќе земам онаков адаптер со скаличка и директно на него ќе го учам. Он доаѓа со мене во вц и секогаш му кужувам штп правам, па го прашувам дали он сака да мочка. Ама одговорот до сега е не. Ќе видам како ќе биде до крај на лето, ако покаже знаци на спремност ќе пробаме, ако не здравје следно лето.