Темпераментот на ќерка е една од причините што се мислам за второ т.е што сум повеќе на кај не. Ама не е пресуден. Веќе е скоро 2,5 години и се повеќе се фаќам како се разбираме, како се променува, како слуша "наредба", ок не само наредби ама знае и тоа што е кажано да го разбере баш и да го направи. Тантруми ретко кога имала големи ама и не долготрајни. Х други работи се тие што ме кочат. Не што таа ќе ме дели со друго дете, туку што јас стварно во моментов немам ни услов, ни можности, ни сили да се делам на повеќе.
Добредојде, влези не се собувај. Кај нас беше полошо пред да се подобри. Имаше период околу 2риот роденден беше УЖАС, значи ужас, уште иам птсд. Будење во сон и дерење НЕЕЕ, како опседнат. Тантруми по неколку дневно, некои и по 1-2 часа. Треба цела сила на светот за да не се раздереш. Јас не можев да издржам тој период да сум смирена, и јас се дерев, криво ми беше ама ќе препукнев. Еднаш ми спреми 2 часовен тантрум, а мм на пат. Му се јавив со плачење, викам да си најдеш друга работа за да си дома секој ден, значи стварно не се издржуваше. Исто друг поекстремен тантрум во присуство на наши блиски, тогаш кога не препукнав не знам кога. Он веќе саат и кусур се треска, се фрла, вришти, они ми велат па ти си мајка треба да знаеш да го смириш. Се ми се спои тогаш, ми дојде да заминам и да го оставам сам со нив па да се снајдат како знаат и умеат. Не знам како некој од комшииве не викна полиција, јас да слушав такво дерење од други ќе се загрижев да не го малтретираат детето. Сега се смири, не е толку екстремен иако максимално тестира. Ама нема толку големи испади како околу 2риот роденден. Иначе мора договор и некаков трејд за нешо да се заврши, иначе нема како порано ајде сега ова ќе правиме и да го направи. Си чека противуслуга. И нешто друго што приметив, држење до распоред. Веднаш се влошуваа тантрумите доколку беше ненаспан или гладен. За пелени исто кај нас, не сака нокшир да види, значи нејќе ни да седне, со облека така чисто да проба. Вришти.
Мојов се научил да се преправа дека плаче и ако не е нешто по негово плаче вака, вааа вуааа вуааа, способен е и пола саат така да врека и да биде упорен. Јас многу често му викам и се мразам ради тоа, како што гледам сите подвикнувате, мм ми се кара, он вистина е дека воопшто не му повишува глас и е многу посмирен си него, ама детево него го слуша, а мене не. И на крај секогаш мора да се заканам дека ќе се карам и тогаш ќе ме послуша, ќе рече океј мама не се карај. И јас неретко не можам да се справам со него особено дека ми води инает за се. Ќе речам нема да те облечам сега ете не може и тогаш ако до тој момент плачел за да не го облекувам, ќе почне да плаче да го облечам. Значи се обратно. Тантруми големи нема, ама многу е бесен, душа немам од негово пентарење секаде, фрлање без страв, качување по дрва, плакари, полици и прозори. За тргање пелени исто не ни помислува. Ќе шета гол и штом ќе му се прикака бара пелена да му облечам и нема шанси да го седнам на туте или шоља. Јас искрено помислувам на второ, а знам дека моментално нема да сум способна за второ, ама среќа дека не смееме од терапијата на мм, па и да сум доволно луда да ми текне на тоа не смеам.
Не ги фрливме, си ги вративме 3тиот ден не сакаше нокшир да види ни да моча ни да кака. И секако на одмор тргавме. Ке пробуваме пак околу роденден. Поупорно тој пат
Пелени откажување мисловна именка. Знаете што ми направи во Сиднеј? Ми побара гаќи, купивме со ветување дека ќе кака во нокширче. Хес уат?! Не сакаше да чуе. И плачеше одозгора ко ја да сум крива. Прееска се одлучи дека не сака да зборува нормално туку крекаше, пукна од крекање, за се ааа гааа кааа аааа, душа ни извади. Среќа траеше пола саат.
Гаќи имаме купено ко за 3 деца, абер од одвикнување немаме. Преѓе на балкон ја слеков по фустанче само, да видам како ќе реагира додека си игра, на 2 пати се помочка ама не дека нешто и смени. Сакам да кажам си се помочка исто како со памперс на неа. Не се ни помести, не се ни потресе. За зборување кога јачи, се преправа, само и кажувам, знаеш да зборуваш, јас вака не те разбирам ништо. Кога ќе се одлучиш што сака и кажеш како треба, ќе добиеш. За кратко се смирува и почнува да зборува разбирливо
А на мојов му смета ако е воден, имавме едни пелени што пропуштаат, додека не сменев ќе ми досаѓаше. Ама да седне на нокшир боже ме сачувај. Уценувам и со чоколадце, јок, ништо не му значи. Пуштам видеа со поти тренинг и тоа бара да го изгасам.
Лелее иста смисла за хумор имаат. Вика мама се вика *името на татко му* а тато се вика *моето име* и се кикоти.. па исто почнува да пее песничка некоја и ги кажува зборовите поинаку.. и си кажува некои измислени зборови
Случка од преѓе. Играме со неа на балкон, во меѓувреме маж беше излезен и се враќа т.е поминува под балконот. И ќерка на цел глас - Еве го дЛугиот татко. Ок викам колку татковци имаш, ко од пушка 2, а колку мајки? Пак вика 2. Врска нема тоа, ни сме разведени, ни нешто слично ама ќе биде забавно ако продолжи да кажува на секаде дека има 2 мајки и 2 татковци.
Леле ќути за тоа Едно време ќерка ми цело време зборуваше дека е длугио тато хаха или пак дека дугата мама и еве сега нема некое време не спомнува така. Нај јако беше татко и го прашуваше се дека е другиот татко. Сега пак за татко и вика татко ти или за мене мајка ти. Пред некој ден дедо и ја прашува со кого ќе одиш на лулашки и она место со мама со мајка ти.
Во Козле не знам како се викаше докторката, средно висока, со коса до врат беше. А кога не хоапитализираа Симоновска ни се погоди. Ужас. Инаку кај Обочки најчесто ја носев. И секогаш Обочки ме теши, ама такво е детето мајка, кашлачка Па пулмикорт и фликсотиде се слични, ама сепак различно делуваат. Будесонидот делува моментално, додека на флyтиказонот му требаат 3 недели за да се постигне полн ефект и после тоa делува и на бронходилатација, намалување на цитокинска реакција. Во глобала мразам кортико, ма се мразам, ама помало зло ми беше од постојано вентолин и урбазон. А во Козле за се нешто и кога треба и кога не треба, во последно време даваат урбазон. А долгорочно повеќе штета прави. За опструкции на море... јас носам цела аптека. Кога почнува визинг правам инхалација, ако го има и кркорењето на слушање, вметнувам и вентолин/атровент. Јас по дишење ја познавам мојава, не ми треба ни кашлање. Значи го смируваме акутното и патот под нозе. Првите 2 пати пробував таму да ја средам, па трчање по лекари, ама џабе, неа влажноста и е проблем. Лани беше најдобра, издржа скоро 7 дена Тешко е, леле најтешко. Имала напади да не може да диши, помодрувала, сме летале со упалена четворка накај болници. Тој период од 2 докај 4 години беше најтежок. Од околу 5,5 години почна да сганува подобро. Сега на 6 не можам да кажам дека е супер, ама мене ми е песна во споредба со тоа што го поминавме. Ама сега на твоето му треба заштита од честиве опструкции и полека да разретчуваге антибиотици. И мој совет, немој да даваш имуномодулатори од типот на дефендил и останати слични. Пробај хомеопатија.
Бетер: мама оди да вежба со тетките испадна тато оди да вежба со тетките... (Демек ќе почнев да одам на вежбање ама ништо од тоа, битно он си кажува) Едит: дека се разболе а и претходно си беше во некоја фаза мама мама, не се одлепуваме.. дури почна татко му да го брка, гризе, удира, многу се нервирам.
Почнува да ми свирка 2 недели пред да се разболи, така е и кај вас? После 2,3 недели следува течење нос и одма спуштање на плуќа. Значи да видам дали можам да фатам кога ќе почне да свирка.
Кај нас почнуваше со наивно растечено носе и во рок од неколку саати до 2-3 дена спушташе. Свиркање може да слушнеш и од шлајм, тоа е повеќе како стругање. Кога прави опструкција има како клокотење, не знам како да ти опишам, пропратено со продолжен експириум. Финтата е што ако она тргне да спушта со ништо не можеш да спречиш, ќе си спушти. Сега треба да се стави детето под заштита, најчесто фликсотиде (некогаш им додаваат калменте или момокс во нос, исто кортико е), за да се намали фрекфентноста на бронхитите, па да се работи на тоа да се намалува употреба на антибиотици и бустање на имунитет.
Мајки здраво..секој совет за одвикнување од пелени би ми бил добредојден..малиот веќе месец и пол станува од спиење со сув памперс, плус и свесен е веќе дека му се мочка и кака..ме прашува а дали имам памперс и ако му речам да имаш и клекнува и мочка или кака, или само ќе каже ми се кака и клекнува и кака..ноксирче, адаптер на шоља не сака да види..викендов го тргнав памперсот по неколку саати чисто да видам како ќе реагира, буквално 5 саати не мочаше..само што го ставив памперсот го наполни..секој совет ми е добредојден
Со тебе пробај да го носиш во тоалет да види дека не е страшно на шоља. Со награди исто тоа сигурно знаеш ако седне на нокшир или шоља. Син ми сака да му ги давам шампоните да ги мирисне или кремите додека седи на шоља, пробај некоја таква финта.
Ете види наназад зборевме, значи не сака да чуе. А од пред година дена не мочка навечер, сува пелена и наутро штом стане моча. Пробав се, наутро полубуден да го наместам да моча, јок бре. Имам едно пингвинче, ќе пробам него да го наместам ако успеам да го убедам. Бар да моча станат, за какање со награди ќе се убедиме некако ваљда. Ми се темни ова со пелените. Ауууу маестрална е со филмов. Ваљда мисли на баба и дедо. Ама прејако е надвор филмов да го вози. Иначе мене ме нервира што дома уста не затвара, цело време нешто меле, збори ептен убаво муабет си праиме, ама надвор уста не отвара.
@AngelOfArh , може имам споменато, во градинка после 3 месеци и текна да им зборне нешто на тетките. Дома уста не затвора и кога сме кај моиве или во куќа кај што и е познато. Плус на доктор. Непознати да ја задеваат, ги игнорира скроз. Во автобус, во продавница, рандом баби на улица. Дури може и да се скрие во мене. За име кога ќе ја прашаат тие такви рандом, не кажува. За години пак ич. Напредок имаме барем со деца, знае и да дели играчки и да се приближи. И да сака да вклучи дете во нејзината игра. Инаку филмот со дЛугиот е најчесто ако истата личност ја виде на повеќе места низ куќа во кратко време. Пример татко и или дедо и, шетал на спрат и после за некоја минута го гледа надвор во двор. Тука одма има дЛугиот татко или дедо или кој и да е.
Мама можеш да споделиш нешто повеќе за хомеопатија, што и како сте користеле за оваа проблематика, кај кој сте биле и било што би можело да биде од помош при пробување на ваква алтернатива? Може и во лп