Ќе ви се вмешам. На 19ти имам закажано термин кај Хомеопат. Јас имам респираторна алергија од дете и од тоа често воспаление на синусите. Кај докторкава закажав по препорака од личност што успешно ги ставила алергиите под контрола, па се надевам на позитивен исход и во мојот случај. Ако сакаш ќе ти дадам контакт, информирај се дали работат со деца.
Исто скрос како попарена е кога ќе и речам да седнеме на шоља неќе да чуе. на одмор сме цел ден е гола или се стиска за мочкање или ќе се помоча, а за какање бара пелена иначе се стиска исто во сон не мочка. Во септ ќе прави 3 и си правам притисок веќе. Се збори и знае ама за ова некако мн тешко.
Моето големо на 3г и некој месец слече памперс. Јас не сакам тренинг нити форсирање. Чим дете не е спемно нема за шо да се прави притисок. Кое здраво дете пораснало со памперс? А и што е тоа биди на штрек да не се измоча искака некаде оти го тренирате? За нешто што е природно не треба тренинг. Не инсистирајте, забораветеја таа тема и ќе видите како после некој месец само ќе побара. Еве второво никој не го тера 2г и месец има сама вели какам се слекува и кака во нокшир, за мочање исто она е спремна ама дада не беше и ок е, не се сите деца исти чему брзање? Знаете ви воопшто кој проблем може да се направи од трпење? @Cloverrrr @Ив10
Protect junior ги дава ли некоја мајка на 2 години дете? Тргнав да ги купам малку да крене имунитет ама прочитав дека се за над 4 и ги оставив. Како сте задоволни?
Јас сум ги давала ама искрено мислам дека не пишуваше над 4 дека се туку дека над 4 се пие цела ампула а под 4 половинка. Така и ги давам.
Супер се. Едно време и ги давав сега пауза правиме кај и да е треба пак да и ги дадам. Погрешно си прочитала мојата е 2 години, пола ампула и давав.
Здраво мајки дали имате некој вакаво искуство детето ми е 2 години и 6 месеци не сака да ми јаде ништо моментално сме само на чоколино му давав сируп за апетит SuperVit Baby да пија и го повраќа досега му намам давано никави лекарства.Ве молам за совет.
Не сака периодов да јаде или никогаш и не сакало? Ако е перидов може е од заби, да излегува некој и да има болка, во случај да не се сите излезени. Или евентуално да има расипан заб, па повторно болка.
Сношти сто пати стана бетер од новороденче. За во 5 саат да стане и трче како луд и вришти деда деда напоље, деда деда узи напоље. Едвај го смирив дека не е време за надвор дека нема излезено сонцето, дека треба да се спие. Веќе се помирив дека ми е такво детето и се биди и плаче ноќе и преживува. Ама многу ми е тешко, жива не наспиена сум. А за болки во грбот да не зборам. А темата нокшир еве нашиот за што служи
Tobrex ќе помогне ли за болка во уво? Го пратив маж ми по Tobradex зошто така ми кажа матичната, он земал Tobrex по грешка. Они немаат дексазон за смирување на воспаление гледам. До душа и не знам дали со сигурност го боли. Почна да се жали кога го однесов во спална и кога го легнав да спие. Чим се вративме у дневна и пуштивме тв, он се смири. Кога го прашав боли ли увото вика не не. А претходно викаше боје ушето, плачеше и се фаќаше. Зарем е можно да лаже?
За уво бруфен сируп пошто делува и антивоспалително покрај што смирува и болка. За дозирање види кај сирупот насоки како се дава за болка. Плус топло перниче на уво. Ќерка ми помина вака без антибиотик и капки.
Не може да лаже, можно е да се напади на болка, да не е цело време. Дај му блокмакс да ја поминете мирно ноќта и сабајле на преглед
2.5 години е, од скоро почна сам да бара да спие на перница. До сега спиеше без. Каде да му земам некоја квалитетна детска (да не е со мемори пена)?
Гледај да биде ниска, и цврста. Да не му пропаѓа главчето во неа. Имам читано на нет околу тоа за кога детето е спремно за перница. Пишуваше дека кога лежи на страна и ако изглед како главата да му виси надолу е тогаш е веќе време за перница и да биде толку висока колку да му се врати вратот во права линија со телото. Инаку да децата почнуваат да покажуваат интерес после две и пол години. Препораките се колку може подолго без, ама ако баш се мора да биде тврда и ниска перницата. Тоа читав и ете да споделам
Моето после 2г почна да подлажува за такви работи, како боли. Зошто веројатно го врзуваше со нешто нему интересно како дека ќе добие сируп, моите деца се луди по сирупи. Обично знам кога го боли зошто држи увце, ќенка повеќе, сака да го држам во раце и става во уста рацете. За перница моето сака ама да заспие на перница, после легнува на стомак и тргам. Не за друго, за да биде важен еве сите спиеме на перница нели.
Мислам дека го боли ама како што кажа @Secret-Angel7 изгледа се напади на болка, не е константна болката. Мирно спиеше ноќеска, сабајлево пак се пожали, ама не плачеше. Само еднаш се фати за уво и кажа дека го боли. Ставив капки и му дадов Блокмакс. Ќе го однесам после докај матичната да го прегледаат.
Едно прашање, за јавен базен дете што сеуште носи пелени, во што да го облечам? Пелени за капање ама сакав и онакво одело за да не гори со ув заштита, како ги носите на плажа? Машко е.
Јас девојчето со пелена за пливање и од горе костим за пливање целосен и облекувам. Мојата спие врз мене, врз мојата перница, седејки, врз татко и, глава помеѓу нашите нозе итн итн . Секако освен мирно и официјално нема перница уште. Ја ен знам дали и нормално е ова како спие детево. Еднаш на под ја најдов, од спалната која прилично е висока. Дали паднала или слегнала доле да спие се уште не знам. Важно вреќа носи.
Јас планирам и за плажа и базен да е со памперс за во вода летово, ако нели не се одвикне од пелени. Плус или одело целосно или дводелна со ракави и се горните. Комплетно гола или само по памперс не планирам пред се ради горење од сонце.