Да а само со костим исто не, оти еднаш се случи да се накака малку додека се играше. Така да, додека научат и ние и они се мачат.
За скроз голо, посебно еве кај мене женско ми е повеќе страв од инфекции да не зафати на плажа кај што ви си играла, па песок, па не знам што. Затоа без памперс или долен дел од купаќи јас не би ја оставила
Паротицин капки за уво и блокмакс за болка, нас тоа ни дадоа на лекар, антибиотик веќе пие, му ставија лек и се смири
Нема шанси гол јас да го пуштам да се бања никаде. Прво оти има нели рефлукс на бубрези и страв ми е од инфекции, второ ради горење, трето оти не знам дали некој педофил некаде се маа околу нас скраја да е, језива ми е самата помисла. А патем знаете каде има вакви целосни добри купачи?
Скапа верзија https://kidscarewears.com/product-category/banz/obleka-so-uv-zashtita/obleka-za-momcinja/ Поекономични варијанти, Ваикики, Синсеј имам земано. И од Тему 2 пара имам јас порачани, повеќе за мода тие, не знам колку се со Ув филтри.
Нека ме поправи некој ако грешам ама за бубрезите мислам горе дека не треба да го водени треба да е гол нагоре да се сунча секако ти сигурно во 13 сатот на сонце нема да го иставаш. Сеа некоја мајка ќе речи одма се суши костумот ама според мене не треба ама баш ич да го водени. Имам прашано плус и доктор ми има кажано не со горно ако се капи ако не се капи во ред било горно, но ако се капи никако ќе го водени и полошо било за бубрезите.
Во пракса јас кога ќе излезе ќерка од вода, барем лани така правев, да и ставам суви алишта одма, или само по памперс и пончо од горе и така да седи. И јас знам дека не е препорачливо општо водени да се седи, т.е да се сушат на нив алиштата.
Не се ни Ваикики и Синсеј, камоли Тему. Пишува и на од Примарк со ув50 ама не верувам. Иначе да одма се менува костим после капење ама додека се капиш ако ти се натопи скроз блузата е ладно @ija скроз си во право, маж носи со ув и вика немаш појма колку е ладно малце телото да излезе над вода, а не па деца што горниот дел не им се натопува секогаш скроз. јас на моите ув им редам кога увето е најјако, а ние правиме одмор во некои бар или движење накај ресторан/соба кога сме на одмор. Сабајле и после 5ч малата е на горе гола, големата костум обичен и само мачкање на секој саат и пол
Ама дете не седи водено секако. Јас ги пресоблакам штом излезат од вода, исто и јас се преслакам одма. Не е добро за никој да седи воден.
Јас имам неколку пара од тие ув, кога ќе излезе од вода го преслакам во суво и не се мислам. А иначе не би ризикувала со тему, синсеј, дури и ваикики за вакви работи. Подобро земете две за кои сте сигурни и терајте со нив две лета отколку да земете повеќе од некое сумљиво.
Лани ние бевме септември на одмор, се капеше гол никаков костим не му облекував. На излегување убаво го бришев и облекував пелена и мајчка на кратки дур си игра во песокот, во најжешкото си одевме во смештајот. За на базен му облекував пелени за капење и без купачи. Одевме во време кога сонцето е слабо. Инаку би му облекла купачи со ув заштита
Досега никогаш не сум купила такво горно со заштита, се капиме со фактор, во најжешкото под сенка или во куќата, досега не ми изгорело дете. Се капеше гол до 5 год, несакаше да носи ни долни купаќи, лани носеше на 5 и пол ама сакаше пак да ги слекува. Малото лани беше 1 год стоеше по пелена. Малку гол и така
Ама кај него не е проблем со бубрези дека може да измрзнат или нешто, него мокрачата од бешиката се враќа во бубрези и ако фати инфекција ќе се префрли на бубрезите. Он е на антибиотик секако ама пак ми е ризик ра го капам во јавен базен и сеуште сум на мисла дали да го носам.
Во таков случај бројче јас не би ризикувала на јавен базен. Сите сме свесни каква е таа вода, дека не е баш чиста. Подобро во двор надувај базен и нека се исќефи.
Е тој е исќефен веќе во двор, од јутра до вечер е надвор, влези излези…веќе не ми е ни страв дека ќе се разболи од ладно Ама мислевме некој викенд до Аквапаркот да идеме, ама сепак ќе си ја прашам докторката што го води, дали е паметно или не. Како што кажав он пие профилакса која има за цел да ја држи мокрачата стерилна за во случај ако се врати назад да не направи проблем значи генерално бактериите не преживуваат, веќе 2г така тераме и фала богу уринарни немал до сеа, ама пак ми е на мисла.
Јас не би го носела на јавен базен да се капи, иначе општо јас сум против капење во базен ама тоа си е мое лично мислење види ти докторката што ќе ти кажи.
Не е добро ама има родители што ич не се замараат дали е водено или не битно има ув костим, од Охрид сум јас и секакви имам видено по плажине.