Скроз нормална појава. Тогаш сфаќаат дека тие органи се поосетливи од другите и дека нивното чепкање носи задоволство. Не е ништо страшно или срамно, дел од равојот е. Немојте премногу да му обрнувате внимание ниту пак да го карате или да му викате дека не чини и дека е срамота тоа да го прави, може да го збуните или да помисли дека треба да се срами од одреднеи делови од своето тело и тек тогаш да ви треба психолог.
Мајки еден апдејт. Се потврди стертокопа. Значи ако се жалат на грло и е црвено, барајте АСО да ви испитат или брз тест за стертокопа. Црп е 12, а леукоцити 6 и се мирни. Но бактерија има. Мештето може и од тоа да го боли. Да помине терапијата, ако се смири значи од бактеријата е и болката во меше. Оти грлото знае да даде болка и во стомак.
Истово се потврди и кај на пријателка девојчето.Цело време детето се жалело на стомак и нон стоп нејзиниот педијатар и давал само пробиотици,меѓутоа болката продолжила,па отишле кај една постара др педијатар и прво што направила и го проверила грлото и одма и кажала дека е од него болката ,па со терапија се среди
Јас сама си побарав АСО да испитат. Матичната се согласи оти син ми е склон на отекување на жлездите па и она се посомнева дека и таму се отечени. Од пробиотик немаше подобрување. А и знам дека грло знае да предизвика стомачна болка, плус ако е стертокопа во прашање.
Паметно,ама и доктори учени недоучени незнаат кај да те упатат,оваа жената беше многу изнервирана ,како може да не му го провери грлото ни еднаш на девојчето,да не знае дека од него може да ја боли стомак
Јас дека страдав од крајници како мала па знам дека боли меше од тоа. Крајниците предизвикуваат и болка во коски исто, уши. Речиси 2 години бевме без антибиотик. Сега мора да прима. Јас сум паничар и за се право испитувам. За фаќање на интимни делови, син ми си го вади на надвор пилето. Раката се во гаќите. Сега гледам почна да намалува. Нормално било.
Крајници знае и осип по тело да прави. 9 месеци не можеа да ми откријат од што ми е. Лежев на реуматологија со месеци. Примав страшни терапии. За на крај кожен лекар да утврди дека ми е од крајници. Ги извадив и се преродив. Бог да го прости(почина)..
Мајки да ве прашам зошто време дојде за Д витамин- каков/кој го давате? Ортопедот ми рече некаков мултивитамински сируп кој содржи Д витамин. Лани земав Медекс ама мислам дека и апетит му отвара а немам потреба од такво нешто. Постара докторка педијатар ми рече да не му давам мултивитамински сируп туку чисто рибино масло - демек најдобро било за Д витамин, ама стварно е тешко за пиење иако има некој вкус на лимон (минимално). Знам дека за капсулите на Пхарма Нова е голем (2 и пол години), тие се за бебиња. Што давате вие? Има ли некоја друга варијанта? Време е да почнеме а не ми се дава рибиново масло.
Има едни од Др Лео перли се како бонбончиња. Мојата тие ги пиеше уште од лани. Но сега ги барам цела недела, нигде ги нема
Може Пливит Д3 или Вигантол да даваш, ако е до три години детето. На големиов така му давав, оти друго не прифаќаше. Сега Медекс Омега 3 му давам, на 6 години, најубав е. Рибино масло има на Алкалоид мислам, ама не е само со лимон, има различни вкусови мислам. Прашај си. Има и д3 перли на Алкалоид исто, ама многу се тврди, јас не можам да ги џвакам, не па дете. Ако ги најдеш перлите на др. Лео, може и од нив, многу се фалат.
Не знам зошто Видоевски ни рече НЕ чист Д3 после годинка. Рибино масло или мултивитамински сируп. После нас пријателка беше со дете на иста возраст- нејзе не и рекол такво нешто, а мене ми потенцираше 2 пати и еднаш јас препрашав да не не сум разбрала добро. А вака околу мене сите претежно Вигантол даваат. Не знам веќе што да мислам Ќе пробам да најдам некој бомбончиња, перли нешто такво па ако успеам ќе споделам.
Јас д витамин давам од перлите на алкалоид плус витаминските Martians со пробиотик. Мојава млеко пие сеуште адаптирано, на НАН 4 сме, а ќе полни 3 во ноември. Го обожава обично не сака. Не знам дали е до тоа ама е многу отпорно дете, тешко се разболува и брзо и поминува. Фала богу така и нека продолжи. Одиме во градинка, таму јаде супер дома со карање . Ме интересира едно, како да ја одвикнам од какање во пелена, за мочкање кажува а за какање бара пелена не сака да седне на нокширче. Ако не и ставам го враќа назад и по 3-4 дена не излегува. Што да правам?
И ние сме со вигантол. Две години сме. Исто сме кај него, рече ок. Нешто не сте се разбрале. Не дека не смее вигантол. Туку за поголемите дечиња има повеке варијанти, разни сирупчиња, перли. Јас му кажав дека давам вигантол ( давам на бебето, па и на поголемото, така ми е полесно) рече ок, битно внесувате вит д.
Еве Ана одговирила. И јас ја имам бактеријата и за мене терапија. Јас имам осип на јазикот, бел слој и пецкање. Од вчера херпес. Крвна слика и кај мене добра. Имунитет во прашање. Дури сега почнува со симптоми.
Синко е 2,5 год исто кажува за мочкање но не и за какање.го оставам така без пелени и оди некаде се крие и кака во тренерки пижами...ооф незнам како да го одвикнам
Хаџиантоновски пак баш обратно, кажа да даваме и понатака д3 дури и на големиот, рече во рибиното нема доволно д витамин он вика и за возрасни е дури корисно. Мислам дека нема дете што сака да мие коса. Малово обожава да се тушира ама само вика *не косата, косата дугпат* . И големиот беше ист сега мие нормално без проблем ама се мршти не му е баш по ќејф
Ќерка ми е 2год.и 5месеци. Неколку дена се жали на мешето,зборев со педијатарот дури во четврток ни закажа. Но,тоа што ме загрижува е што од вчера почна да ми покажува во памперсот дека нешто ја болело а нема црвенило,неколку пати од еднаш ке се згрчи ке заплаче и ми вика дека нешто ја боли.Сега пред спиење кога и сменив памперс видов нешто како зелен исцедок,буквално како кај нас возрасните. Има ли некој поим што може да биде,мене ме асоцира на инфекција ама за исцедок кај мали деца немам слушнато. Има ли некој слично искуство?