Со што можам да го смирам чешањето? Цело време ставам PoxClin, мн е осипан денес и се нервира Во август 4 год ќе прави
Пената да стои во фрижидер. Топло е времето, туширај го колку што сака. Поливај со хиперманган на крај.
Кај син ми чешањето се смируваше повеќе од пудрата отколку од пената. Само што ќе видев дека почнува да се чеша одма го мачкав на ново. Има врска и сега што е доста жешко, него го фатија средина на Мај, тогаш беше уште свежичко. Нека биде што е можно порасоблечен. Почесто туширање и на крај полевај со хиперманган. Кога сме на темава. Знае ли некој колку време треба за целосно да се исчисти? На 13ти Мај се исфрли, уште има на некои места што не се поминати.
Флеки има, како побели му се местата на кожата кај што имаа сипаници еве година и 8 9 месеци се поминати. Октомври имаа 2023та.
Сега се вративме ние моето има 20месеци ама на пријатели има детето 2год и 4 месеци уште си седеа двајцата во оние гуми со дупки што се за нозете. Во обичната гума се плашеше и поголемово и плачеше
Значи подобро течна пудра да земам А да ставам неизменично или како Страшно беше синоќа, дерење викање... до кога излегуваат нови?
Пробај да комбинираш пудра и пена. Јас еднаш мачкав пена, после некое време на следно мачкање пудра. Некако ми се чинеше дека пудрата побрзо ги суши или само таков впечаток имав. Сируп за алергија му даваш ли? Ако не даваш почни обавезно. Кај син ми докај 7-8ми ден излегуваа нови.
Јас планирам гумата од лани да ја користиме и годинава. Таква со дупчиња за нозете и над глава има како стреа. Мали ми се некако за мускули уште, што знам.
Уф кај нас сирупот направи огромна разлика. Првите ноќи не можеше да спие од склет и ако не беше сирупот не знам како ќе преживеевме. Ќе го залажеш некако, макар и на сила. Ама обавезно пробај вечер и ќе видиш разлика. И на мене не ми кажа педијатар, сама решив да давам.
Готово ќе скренам со психата. Мајки кога ќе помине ова лудило. Уште од сабајле плачки ако не му дадеш нешто. Запнал и не попушта. А не е за игра тоа што го бара. Значи уштите ме болат од неговото дерење. Целиот е модар по нозе и чело од што се фрла и мава на земја. Игнор, муабет, подвикнување, чак го скубав од што веќе не знам што да правам. Ништо не помага. Ноќе после преживува дај ми дај ми. Нечу то. Немам мир ни ноќе. Цела сум афти во уста од нервоза. Не наспана. Повеќе дојдов да се искажам да излезе од мене.
Градинка или дневен центар, нешто мора, да расте и да се дружи со деца. Ќе научи да дели, дека не е он центар на светот и ќе се смири. Башка ќе троши енергија.
Каков даваш? Да земам одма сега , и каков вкус има да му мешам во леден чај? А и само еднаш се дава пред спиење?
@Bella_Stella @AngelOfArh знам дека градинка е решение. Поднесов за од септември и ќе бараме врски. Оти овде не примаат затоа што јас не работам. А ако не ми го примаат немам кој да ми го чува. И како да одам на работа? На кој ќе го оставам? Целата сум прашања на оваа тема и додатно ми прави стрес. Дневен центар нема овде. Приватна градинка има, ама под две и пол години не примаат. Ако не успееме од септември државно ќе чекаме приватна градинка оти нема друго чаре.