Јас му давав Рупафин, нема лош вкус ама можеш да го смешаш во чај ако мислиш дека така ќе го испие. Можеш било каков сируп за алергија, Лоратидин, Аериус. Рупафин ми препорача матичната еднаш кога имаше ларингит, зошто понова генерација бил. Само еднаш се дава, пред спиење.
Рупафин и јас ептен задоволна кога се нафрли одамна Фалааа , ќе земам одма Не ми текнува колку мл треба
Носи го барем два саати во денот во некоја игротека дур е жешко надвор. Ако имате другари со деца организирајте си play dates почесто. Му фалат деца во секојдневието.
Ма на улица игра секој ден со деца, има едно на негова возраст, другите се поголеми ама си играат сите. Го носиме во парк да се истрчи издува. Таму со други дечиња. Ама ете пак е бесен. Не знам како да го анимирам повеќе
Ај слушни ја едукаторица за развој на spotify, кратки и се поткастите по 5-10 минути ама ќе те просветли. Од финти да бира помеѓу 2 нешта, сам да прави се и тој да одлучува, кај нас ова е единствен начин да истераме нормално денот
22 месеци срцка Значи гума со дупки, на мојов не му ги бери бутките во дупките, знам по брат му, исто расти како него Немам енергија да пишам на широко, малово е многу збеснато и премногу му досадува на брат му, буквално се што ќе земи тој одма од раце му зема, големиот (6 и пол год) и не е така голем ко се лути и плачи трпи и тој многу ама ова претерува и по цели деној плачат, се карат, малото мава ова недела не е в градинка па општ хаос е.
Му треба да осети дека има контрола врз ситуацијата и право на избор, иначе сите на таа возраст се фрустрираат лесно и често. Нешто правам јас, а вродува со плод скоро секогаш е правење еуфорија околу работите. Еден пример, кога не сака да оди на спиење ноќе го носам накај спална и му викам ќе ми помогнеш ли да ја исклучам струјата и да ги спуштиме ролетните, он одма возбудено вика да и секогаш функционира. Ако не сака да се облече му давам две работи и го прашувам што сака да носи итн, ред мали ситници што прават да се осеќа вклучен и дека има контрола. За анимации има мнооогу избор на интернет. Пример ако сака превозни средства, наполни во еден голем пластичен сад вода и сјај, а во друг направи смеса од брашно, какао и вода. Стави ги сите возила во “калта” и покажи му како да ги пере со сунгерче. Син ми некни цел саат утепа со таа активност. Исто можеш да му направиш фугури заробени во желатин, во мраз па он да ги “спасува”. Пиштол на вода, базен наполни во двор итн. Знам дека е тешко кога се по цел ден дома ама ќе најдеш начин. Пробај и ти некако да искулираш и да се смириш зошто неверојатно многу ја осеќаат и попримуваат нашата енергија. И да се дополнам, знам дека искушуваат и да ги плеснеш ама верувај така ствараш уште поголем револт. Со викање и плескање не допринесуваш ништо позитивно, само правиш да се фрустрира уште повеќе, да не се осеќа доволно вредно итн.
Хахахахјајја не се можам со месециве веќе аман нека напуни 2 и ке викам две има. Вака кога ке речев една а тој веќе 19месеци сите чудно ме гледаа, ја пак погрешно им кажувам ама ај тука сум
Никогаш не кажував месеци и многу ми е смешно кога некој кажува така. На 19 месеци е 1 ипол година. Фали уште кога ќе ме праша мене некој колкава сум да му кажам 450 месеци.
Ја викам скоро две е. Или две е. Градинка па макар и една недела дома една таму, психички за двете е полесно. Сабајле драма ја две нудам што панталони да облече, она се дере, рика и ги враќа во фиоки, и само не не не. Едвај некако ја спастрив и однесов. Не да ми идеше да ја натерам, да се издерам, мислам од уши ми чудеше веќе.
Ете денес од рано сабајле почна да плаче за апаратот за вафли. Го оставов некоја мин да го фака затвора отвора, да му помине меракот. Ама почна да го треска и ќе го сокрши. Тоа не е играчка, нели де, ама му дадов за да не дојде до плачки кои на крај пак беа плачки. Дедо му го зема го слезе долу во двор да се смири. Ако ми веруваш дека вриштеше и плачеше и не заборава. Ништо не му одвлекува внимание кога има во глава нешто и крај. Пола саат се изнаплака и престана. Ама тоа не е решение да го оставам да плаче и притисок во глава да си набива. Пробано многу работи за да не дојде до плачење амс не функционира. Се изнагледав психолози и тактики како со тантруми. Ништо не пали. Страшен е. А за овие игри за анимација ќе ги пробам. А вака во се што правам го вклучувам. Ми подава алишта да ги пружам. Кога ги собирам му ги давам да ги внеси внатре. Му давам да меша кога готвам. Во машина да става за да переме алишта. Кога усисувам тој тука е. Оти тоа се е поинтересно од неговите играчки, нормална работа Вчера се помислив да му земам од оној како магичен песок како ли го викат во бои што се сече распаѓа. Ама ми е страв да не го изеде Со тесто му имам давано да си игра. Кафе зрна. И тоа тој ден му е интересно утре веќе не сака. Како брзо да ги иживува работите. Ама на тато гаражата никогаш нема да му биде досадна, ама за жал тоа не е место за игра. Имаме пластични и клучеви и завртки и одвртки што се не. Ама тоа не е тоа Да не должам ногу пишав. Ќе ги пробам и овие игри па може малку ќе смени. Фала ви на сите што пишавте.
Јас пак баш се навикнав на месеци. И по видеа е објаснувањето дека стварно има разлика. Ќерка ми и внук ми се 10 месеци разлика. Со тоа што во еден период нели двајцата имаа 1на година. Е сега ќерка 1на година и 11 месеци пример, дете што трча, зборува, цела глава повисоко од другото... Внукот 1на година и 1 месец, непрооден, не зборуваше, нели баш се познава дека е бебе/бебе. Во теорија двајцата 1но годишници. @Bella_Stella ептен интересна идејата со "кал". Одма ја испробуваме попладнево. Попатно да купам фигури некои за валкање, дали количиња, дали животни што имаме по дома.
Кинетички песок, бељата на Господ мн е ситно секаде се пика, имам од пред 5 год ама го немам извадено сега, не ни планирам се прави домашен со брашно, заб рецепт побарај на нет. Мојов денес на пр играше со смоки, сите една по една ги дробеше со прстињата Пред некој ден во вода си ставаше правеше манџи. Вчера со оваа кутијата од кафе, сам ја зеде и си стваше играчки внатре. Кога е сам е премирен вака си заигрува се, ама штом се со брат му задно Јас не фрлам кутии вака некој што се поубај, секогаш ми се наоѓаат, ќе ги изиграат и после в канта. Ии конечно вратив мало масиче на средина на собата
@Ceneva Според мене многу правилно постапуваш. Разбирам дека сакаш да го смириш (ете си му го дала апаратот за вафли), ама граница несомнено и апсолутно мора да има по секоја цена. И да, родителот си ти и ти ќе му поставиш граница (дека смее да го види апаратот, но не смее да го искрши), не може детето да командува родител, мора да е обратно. Плачењето мора да се издржи за да види дека стоиш на ставот дека апаратот не може да го искрши и не смееш да попушташ. Разбирам колку е фрустрирачки скоро па сличен терминатор имам дома, ама ќе плачи ќе преплачи. Мојот накај 3 е, затоа можда поарен е
Има значи надеж да се смири. Инаку не попуштам од тие сум тврди ореви јас. Кое командување тој мене Ама веќе немам сили од што и ноќе преживува. Енергија нула имам веќе. Ама мора да пробувам нешто ново да му внесам. Па да се надевам подруг ќе е. Фала ви на утехата
Ако ти е за утеха и ќерка ми по цела ноќ збори, се врти, кисне. И она се ноќта преживува. Особено ако имало и плачки и пак не не не во сон е. Ама е нешто што мора да се помине. Јас некогаш ја прашувам дали сака да си поплаче и кога ќе е готова да се гушнеме. Ама дека нема да попуштам. Они не знаат што сакаат и што е добро за нив, затоа и не може да им се дозволи се. Ако е така, мојата би трчала по улица. Ама не може, оти е опасно. Дома исто се ни е изиграно. Ем оди во градинка, ем пак и е досадно се. А исто, сабајле пак се разбуди во 4. Саат ипол време и требаше да се успие. И буквално секоја недела е болна, значи преведено, не спијам и јас по цели ноќи. Многу убаво те разбирам. Мене градинката ми е спас. Спас оти учи нон стоп ново, оти има рутина и ред, оти запознава деца. Спас за се. Пола од децата се од нашето маало, па и надвор ќе се сретнеме на игралишта, па со родител размениш нешто и така не си сам. Не да фаќате врски, туку уште од денес фаќај врски. Лажете ќе почнеш од септември со работа, прај што ќе прај, праќај дете во градинка. Од болештини свашта имаше и донесе. До вчера бев и јас болна со неа. Ама тоа порано или покасно ќе се помине, оти само така се гради имунитет. Се друго е приказни за мали деца. До под годинка е ок да се дома. Ама од година ипол натака, барем пола време за сите е подобро.
Зависи со што си игра најмногу. Мојов со превозни средства игра цел ден, затоа глумевме перална за коли. Инаку можеш животни од оние гумените да ставиш внатре, мали некои фигурки од киндер итн.
Кај нас иста ситуација. Пошо јас не работам место за малава нема, а како да работам кој ќе ја чува? Мене не ми се брза, она не е спремна баш за градинка ама би ми олеснило ептен. Пие ли б6? Не знам како ви се одвива денот ама може малце излегувате надвор, може малце троши енергија. Повеќе гледај да се истоши физички, а и мирни активности кај што ќе го умори мозочето.
Ух среќна си ти што се возбудува толку лесно и прифаќа полесно работи. Среќна сум јас што второбо ми е како тебе второто може и многу полесно за растење. Првото ми е скроз како на Ценева, а женско. Кај неа не палат опции, не пали возбуда, само прееемногу припрема за нешто шо следи и тоа сме на две дали ќе упали. Многу е тешка ептен и никогаш не уморна.