Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    2.474
    Мајки што носите како ужинка/грицкалка во парк/плажа? Од овошје освен банана, не преферирам однапред исечено овошје да носам, сака со раце да јаде, а надвор и нема баш услови да се измиеме убаво , и оксидира овошјето..Шмукалчуња, бисквити/крекери, банана, кифличка и тоа вртам во круг. Дајте идеи за плажа што може да издржи барем 2 часа на овие температури
     
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    8.375
    Пол:
    Женски
    Не му давам б6 ама размислувам да почнам.
    Ако ми веруваш дека само во најжешкото не сме надвор. Имаме двор со сите тракатанци, трамболина, тобоган, базенче, куќичка, разни превозни средства. Ете го сега е надвор со дедо му. Пред тоа се бањаше во двор. Преку ден цртаме, редиме пруги, возиме колички. Читаме пред дремка. Со мене се меша во домашни работи. И вистина веќе не знам што да му правам :drunk:
    Се трудам колку можам. Ама денес си плачев како мало дете, се осеќам како да имам згрешено многу со него што е таков. А не попуштам ич. И не дозволувам да му се оди премногу по газот.
     
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.128
    Допаѓања:
    118.086
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    8.375
    Пол:
    Женски
    Инаку каков б6 давате?
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.590
    Допаѓања:
    108.829
    Пол:
    Женски
    За 2ч ништо не носам, сокчиња, вода и некои бисквитки евентуално. Таму јадат крофна, сладолед, нешто такво. Не ги бутан храна за да јадат на ручек, зошто ако ги напикам тесто и овошје, главниот оброк нема да го изедат.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    3.071
    Пол:
    Женски
    Обичен б6, сум давала и по две на ден но не делуваше.. Само строгост, еве конечно ми се исплати игнорирањето и викањето. Сега кога ќе згрмам веднаш прекинува со се и вика “ете тата(така)” и враќа на место.
    Моментално има испади кога си одиме од некаде или плачи по некого, го седнувам во кола а тој вришти и викам сакаш со Х да одиш? Сега еве да завртам и одиме таму, потоа ќе го замуабетам и заборава..
    И последно многу ми пали со закана дека ќе го приберам дома, два пати не ме слуша го фаќам и влегувам ја заклучувам вратата нема излегување, да видиш следен пат како ќе слуша..
    И најбитно е да не го бранат од тебе, кај мене ќутат кога го карам или ќе им го оставам да плачи тие да се справуваат.
    Имај надеж, до тогаш земи пијај нешто за смирување ти, како паталец што помина хорор ти кажувам..
    И најбитното, снаоѓај се за градинка/престој било што..
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    21.217
    Пол:
    Женски
    Палачинки, вафли, кифлички ако не јадел на ручек многу. Ако не соленки, бисквити, галети, крекери, смути. Не се замарам ако фаќа со нечисти раце, не можеш да го спречиш тоа. Кога ќе го видам бришам, ама како што е струја знае да фрли на земја, па да го земе и лапне дур јас да се свртам.
    Бекутан, пробај го и за апетит отварање е добар.
     
    На velesanka и Ceneva им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    8.375
    Пол:
    Женски
    Јас ми давав калма б ама не делува ништо. Очекував барем мала промена ама не. Викањето кај нас не делува ама ич ич. Игнорирање, уцени, полицијата ќе дојде да ни ја земе колата ако не седиш мирен ( првиот ден само седеше мирен и толку ) сега сам кажува тину нину дојде и така (facepalm)
    Весело ни е баш :drunk:
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    А шо да имаш згрешено бе? Дете како дете. Некое повеќе, некое помалку.
    И јас си плачам и сигурно скоро секоја од нас во даден момент се осеќа беспомошно и се прашува кај згрешила.
    Ти се супер правиш. Еве јас со кажувам ако не тргнеше она во градинка, јас ќе тргне на психолог. И вака ми е се тоа, па тоа ништо за мене. Се за неа, за домот и барам излез за да не експлодирам.
    Мојата не знае за не. За да ме сфати дека сум озбилна, треба да се издерам како ненормална. И она ќе застане тогаш и после и е интересно.
    Не полуде денес и двајцата, оти не наспиени сите, со кратки фитил, стој па гледај.
    Мислам не за џабе се терибл 2 и тинејџер 3 годиниве. Псоле би требало да се стабилизира полека. Ќе почнат да разбираат и така. Сега стај сте на негово место. Се што е интересно не смее. Епа и јас ќе плачам да не смеам со таа енергија да правам глупости.
    Мојата дури си вели ќеќе пакост прави и краси нешто.
    Врата од тоа за кондури сандачето е скршена, сите ѕидови се обоени, отвара сапун и истира кога оди да мие раце. Или еве преска зела едно капаче од дезодоранс и на умивалникот вода си пие од него. Секунда не можам да ја оставам без да скраси нешто. Не одмара никогаш. На инта кога бевме со тем 40 не ми веруваа колку е болна, додека не направија крвна слика и видоа прц над 100. Абе ај да се живи и здрави и ние со нив.
     
    На Carolin. и Ceneva им се допаѓа ова.