@Erika.greeneyes немој никако судокрем на толку црвено газе, тоа не можеш да го размачкаш убаво треба притисок, а неа ја боли. По батал крем од него непостои. Имаш други на веледа, уријаж, белина... Или побарај крем Здраве (во секоја аптека има) ама да пишува ЛЕКА ФОРМУЛА (оти исто ко судокремот, обичното здраве не може да го намачкаш) Во пелената кака на неколку пати? Од кога го приметуваш ова?
Не знам искрено, не сум имала таква мака бидејќи кака и одма го соблакам, смрди не се трпи, не се вцрвел досега. Еднаш од градинка ми го донесоа со засушена кака, се вцрве и со Мустела 123 го средивме. Се размачкува, прво меѓу палец и показалец да се стопи и се мачка. Јас се крстам во него. И на каснато од комарец мачкам и одма се смирува.
Пробај со Џинџира спреј. Мојот син така кога беше црвен на газето ништо не ми даваше да го пипнам и мачкам и само со спрејот го прскав, исто и кантарион на памук многу ни помогна.
Можеби е исплашена и мисли дека ако кака ќе ја боли. И мојот така правеше и со тоа доведуваше до запек.. треба многу трпение. Ние го решивме со порталакс. И не се реши за ден два, туку му давав скоро месец за да му е мека каката. И да свати дека не боли. Сега фала му на бога е добро си кака. Ако е исплашена треба време да свати дека нема да боли.. а за црвенилото нас само маст за потпарено ни помагаше. Ама може и тоа да е причината што не сака да кака, да не ја боли од тоа.
И моето вака плачи ко ќе е потпарен, не остава ни да го измијам го стега газот и мн плачи, бои газето вика, ама мора и последно ко беше потпарен со кремче од чико со цинк го мачкав одма му помина. Тој се кака 3 4 пати денот ама по многу 22 месеци е во пелени уште, некогаш кажува Мамо посан (посран) напредок имаме во пелени менување, сам легнува, конечно а за стискањето немам совет, тоа нешто психолошки е, да не е нешто уплашена, засрамена?
Фала ви мами на поддршката и тоа што ме бодрите и давата надеж дека ќе помине. Многу е полесно што ве имам вас да си се искажам, зошто знам дека ме разбирате. После фолго бреме синоќа убаво спиеше и малку и јас се одморив и собрав сила колку толку. Ќе издржиме. Ве гушкам сите
Стој да те насмеам малку Читам вчера на глас шо праи син ти за да му доловам на маж дека сите се исти, и Софи вика Леле колку неумно дете ( у моментот се качуваше на шанк ) - и се вртам викам Ти поарна да не си? Јас сум девојче ми вика, машките треба да бидат мирни. Од кај и е муабетов појма неам ама кажи му на Давид дека треба мирен да биде
"Близначкава" на Софи пред некоја недела во парк. - Колку е баткото немиЛен!!! Викам, а пак ти едно мирна што си. И нормално по само 2 минути единственото вирче со вода го најде и се фрли во него.
За вирчиња ќе ја испотепав завчера. Значи ми беше битно, и на неа богами да остане чиста само саат време. После и реков Иди бањај се ако сакаш таму. Абе се вртеше околу вирчето, се токмеше, правеше планови како да се џитне и ај шо свикав за пола парк да ми се сврти, другаркава земање топка баам у вирчето и јас и она лом напраени. И ми се смее Не скокнав јас, топката ја фрлив. И мм вика Е да, не кажавме ништо за топката. Пакетче влажни марамици потрошив за да ја средам, јас си шетав никаква до фонтана
Хаха. Ќе му кажам. И сам кажува на сите дека мора да биде мирен зошто мама се кара. Се му знае газот ама ништо не слуша А за вирчиња одма скока и кажува пепа џорџ скачу по барицама А за тоа валкана се навикнав да се шетам
Пфф, бањање у вирови ми е „ми тајм“ мене, им се радувам на тие кратки моменти кога можам да здивнам да не трчам по нив зашто им текнало да се качат на рачките од столовите, или да се пентарат по плакари, или со точаци да се спуштаат по удолница во дол полн со коприви. PTSD имам од викендов @LiquidLuna 3.5 години викаш? И кај вас пред 3 стана полошо пред да стане подобро или да не се тешам дека има крај на ова тероризирањево? Инаку почнаа и тантруми, доста поизаразени до сега. Мислев среќно ја одбегнавме таа фаза, ама не. Таман ќе помислам дека не може да стане полошо, они се надминуваат себе си.
И јас да се приклучам со немирно дете, најголема глупост што ја има направено се мочка во нокшир и на сред мочкање и текна да стани и цел стан ми го помоча, толку не се налутив ај дете и ај зедов да чистам и дур чистам таа цела рака ја пикна во нокширот чукалот по охрдски и ја лижна цела рака ко не ја убив на лице место има среќа до толку сум се изнервирала и уште памти нејзе како што одговара сум ја карала зш се помоча насекаде а мака мачиме со вируси и бактерии од што е многу мирна не мојме да се излечиме.
Ова за у Бисерчиња е ама тука е книгата со жалби и поплаки моментално. Ми се јавува мм и ми го дава на телефон, се чуваат денес со татко им зошто јас сум на работа, му кажува да ми каже што го боли и пазете сеа: Тгне тато пеената ме бои куето, и кажува мм дека си ја тегнел пелената. Го прашувам јас: А од што те боли пелената? Те пече, те чеша курето? Ми одговара прцулот од 2ипол години: Не, ми ипна куето и ми смета пеената.... Не знае да каже дека му се кака и моча и да седна на нокшир/адаптер, ама знае да каже дека му рипнало и го болело.
Ауууу не да стана полошо.. не се поднесуваше детево Психијатри почнав да барам, за нејзе не за мене Ама од оваа гледна точка мислам дека тој период беше прелош затоа што наеднаш порасна некако после тоа. Детето што го имам сега со детето лани од јуни врска нема. Тоа од лани вриштеше за СЕ ЖИВО И ДИВО. Од будење до спиење. Не знам како да ви опишам, ко на Ценева и ко на пола форум децата. Исто значи, нервно попуштив. Бокс у ѕид имам мавнато од нервоза, значи можеш да осетиш отприлика колку беше лош периодот. Буквално немаше добар ден. Се беше ужас, и со добро и со лошо и секако имав пробано. И годинава од февруари значи 3г и 2мес почнав да осеќам промена во однесувањето. Спор процес, ама почнавме да се договараме малку по малку. Она уште има тантруми, не е дека магично се смени и е бајче сега. И ко ќе запне нешто никако не попушта. Тоа го препишувам веќе на карактер и инает. Ама многу е полесно да се разбереме. И многу повеќе и работи тиквето за последици - Те читам за тоа шо сакаат да се убијат и двајцата. Не им е уште мозокот развиен до степен да размислат дека стварно ќе се повредат. Its all fun and jokes until it is not - Е ова им е моментално. Стисни заби уште малку
Леле вчера го гледа го гледа гомцето и вика гомце не се пипа. Јас викам точно не се пипа и се мислам што ли му се врти во глава Од кога почнуваат инаку да возат нешто, точачиња тротинети? Мојот нема ич желба. А за немирлук, мех се навикнав јас, лабава сум обично. Само не знам што е оваа работа, кога сум сама со детето сум смирена и сѐ супер, кога сме сите 3ца заедно потешко е и едниот од нас ќе се изнервира. Што е тој феномен, го има ли некој?
Оваа кога ќе се покака во пелена вика дај да ја видам каката и да ја мириснам и кажви шо боја било до сега мислам дека ја нема фатено ама не сум сигурна. И мојава не е заинтересирана за ништо што е нејзино да вози ама за туѓо прва е да го земи. Иначе има дечиња од кај две две и нешто веќе возат дали трицикал или баланс.
@LizzyGrant , не е нешто фан за возење освен кога имаме некој со деца на гости и тогаш ептен ама ептен сака да се вози. Инаку истиот феномен. А сме сами со дете и таа во главно бајче и јас мирна. Штом сме со маж заедно, дома, надвор кај било почнуваат нервозите и лудилото. А на миксот ако додадеш и баби/дедовци е тоа е веќе друга димензија