Сис, мојава со мене е само ѓавол. Се качивме кај комшивката на кафе, оваа им преврте цел стан. И ме глеа вика Кога е сама воопшто не е ваква, се ме слуша, не ми води инает. А ко ќе се појавам јас да ја земам на пример на 5 минути и одма почнува со глупости И со мм е помирна отколку со мене
Некоја мајка со дете алергично на млеко? Правевме имунолошки статус излезе IgE (мислам беше) покачено што кажува дека се работи за алергиска реакција, па направивме алергиски панел и излезе ова. Докторкава вика 3 недели диета без млечни производи. Можно ли е толку да е минимално а да прави проблем со опструкции и спуштање на плуќа? Друга работа, почнавме со плачење по цел ден и со фазата: не,не и не. Се е не. Пред некоја вечер накај 12 вечер деца некои пукаа петарди (не знам какви беа ама сигурно не беа обични зошто прејако пукна), јас од сон извадена од памет се дерам по мм и ќере стана исто исплашена. Од тогаш луѓе кога ќе се стемни детево ми е истрауматизирано. Не сака да спие во темно, не сака само со мене, мора да се смири да сме со мм заедно, плаче вришти, не сакам ова, не сакам тоа, никако неможам да ја смирам. И зборам цело време, сите сме тука, ама станувс прехиперактивна и вознемирена. Вечерта кога се случи пукањето повторуваше едно исто можеби саат време. Како да и помогнам да и помине?
Јас го имам Кога сум сама знам дека сум сама и не очекувам од никој ништо. А кога сме заедно се осеќам дека мм е лабав зошто јас ја гледам и пазам и ме нервира. А и она е по збесната кога сме сите, има повеќе публика за да прави глупости.
За алергијата, интолеранција, синко голем беше вака. Буквално со тргање на млеко и млечни скроз, се смири, ама добро 3г ништо во уста не стави млечно. Ни без лактоза ни ништо. Што се однесува до стравовите, забораваат брзо имај трпение, ама во иднина внимавај зошто многу лесно примаат туѓи стравови и може лесно да помине во навика и да се плаши од се. Не за друго, не е ич забавен тој живот во стравови.
@fana и јас го фрлив судо крем. Нас уште повеќе црвенило ни правеше. Сите пофалени креми не и помагаа само бекутан со портокалово капаче. Ама овој пат и таа нешто изгледа изменет и е составот и не и помогна. Ќе пробам со веледа. @AngelOfArh веруј одма дека ја пресоблекувам пошто сама ми кажува дека ќе кака и пак одма се вцрвенува. Ваљда дека и останува на газето каката од што е мека. @lackygirl @sweetgirl92 се плаши бидејќи кога имаше запек, тврда каката не можеше да се покака и многу ја болеше . И сега мека и е и сигурно се плаши дека ќе ја боли, плус може што и е црвено газето. @anngelique фала за предлогот ако не ме остава да мачкам спрејот ќе го земам.
@Miss_S @LizzyGrant ова е непишано правило кај сите. Еднаш кажувавме за ќере како е непослушна. И брат ми ми вика а да погодам кога сте присутни двајцата она е врвот. И ние му викаме да. И он ни вика епа дека сте двајцата тука, сите деца обично така прават. Или сите ги слушаат а дојде мајката одма за десет секунди лом прават. Ваљда сигурност осеќаат со нас.
Треба време. Првите ќе почнат да му се сушат веќе. Ама едно две недели минимум треба за сите да се исушат.
Што кажувате вака страшни приказни со @le.soleil . Јас си направив филм дека летово ќе се смири и ќе стане бубалче. На 2,5 години тоа. Сега вие до 3,5 да чекам.
Хаха околу 3тиот роденден мислам најстрашни се. Ќере за месец и пол ќе прави 3. Одамна има тантруми викав има ли крај а замисли стана уште полошо последниот период. Секој ден ми се бега од дома, ми се плаче. Ниеден ден не е добар. Секој ден е плачење вриштење. Многу тешко е да се издржи психички. Јас си планирав да си закажам психолог за двете и за мене и за неа
И мене така ме лажат, да пркнат полесно е, да проодат полесно е, да прозборат полесно е и факинг не станува полесно. Последно со една колешка зборам што исто има близнаци, викам добро жено кога станува полесно? Вика па можам да кажам дека еве сега ми станува полесно. 13 години имаат нејзините. @Erika.greeneyes ако ти се погоди психологот обавезно да дадеш контакт, ја уште утре би отишла, ама сакам кај некој стварно што си ја знае работата, а не некој што ќе ми кажува теорија што веќе ја знам. Мене ми требаат практични совети, не како у книга пишува, пошто овие моиве не се по книга дефинитивно. Се фаќам у последно време кога ќе пишувам тука, само се жалам од децава а, преслатки се они, смешни и забавни и многу ги сакам Научиле (од мене) кога им барам нешто да направат ми викаат "А музичка желба сакаш?"
Леле исто пред некој ден му објаснувам нешто и ми вика не ме интеЛесиЛа исто само се жалам а без него не знам што ќе правев мене не ми треба психолог, малку слободно време ми треба дефинитивно ама нема
Јас се тешам дека ќе одам на одмор со неа па таму ќе одморам хахахаха Значи ЗБЕСНА дома, колку и е досадно не знаете. Многу ми е жал што не оди во градинка, сега сме на терапија се надевам ќе помогне за да ја пуштам понатака здравје боже. Си сака деца, сака интеракција, се и е досадно веќе. И јас не знам веќе како да ја занимавам.
Абе и мојава е преслатка ама не се трпи ова плачењево ушите ме болат веќе. А нервиве ми рипаат во плафон. Нека заврши побрзо овој период оти ќе забегам Инаку јас не сум тип многу по комплименти што дава или коментари од тој тип. Или да се фали. Ама еве тука сме анонимни па да си кажам сите штом ја видат ми викаат леле што убаво девојче си родила алал да ти е колку е слатка, како нацртана е. И јас тука одма се јавувам дека џабе лепотата карактерот ја грди. Тешко на маж и будуќи А мм ми вика цела е на тебе у карактер што се буниш, да видиш мене како ми е со тебе Ма да си подлажува не можам со ќере она ти е врвот. Не е баш на мене све што не чини на мајките е да бее, а све доброто на татковците ма немој
Кога те прочитав си реков божеее и јас се жалам само од моево. Ама кога е кеефен златен е и културен. Кога бара нешто и му дадам одма е хвала мама. Кога се поздравива убаво добар дан. Кога се испраќа ајде чао видимо се ускоро. Кога дава тој нешто кажува изволи. Ниди од неговото и вели пробај, ич не е скржав. Ете да си го пофалам. Има уште многу да не се запишувам Ама тоа е тешкото како да тежи повеќе на душа, и даваме акцент на тоа со надеж дека ќе ни олесни барем со тоа што ќе се искажеме. Сите сме тука од иста причина, зишто си ги сакаме децата и бараме совети да ни се олесни барем нешто
До 3г сите се лоши, како да ви кажам, едноставно не знаат за кажат и тоа е. После 3 е друго, после 3 стварно веќе е карактер.
Ми праќа вечерва снаа ми снимка од внуката (6г) што е копија на мене (а син ми на незе). Целата во солзи вика “сакам да се смирам ама многууу ми се плачи” Ние бевме на психијатар, ми закажаа еег, во меѓувреме син ми настинат беше кога требаше да го снимаме и ни одкажаа. Исто во меѓувремето синко се смени 360 степени. Таму ништо не ни кажаа