1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    Па зарем ќе доседи на еег?
    Тоа трае 40 мин од прилика. Без мрдање.
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.720
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Мене луѓе многу ми е убав овој период и стварно ми е жал да кажам едвај чекам да помине, зошто не сакам да порасне толку брзо како што растат. Не знам дали мене “ми се погоди” детето и засега не е презахтевен или до што е, ама нигде не ми се брза. Размислувајќи за тоа колку посериозни предизвици не очекуваат во нивното воспитување и вадење на прав пат, одбирам да ги игнорирам сегашните ‘тешкотии’. Од друга страна криво ми е да се жалам дополнително зошто преку сто брда и долини поминав за да го имам. И кога ќе ми текне дека некој плаче за да го живее ова што моментално го имам, си викам престани да се жалиш и биди благодарна.

    Да не се разбереме погрешно. Претешки се на моменти, вадат од кожа, тестираат граници до максимум. Ама на крајот на денот сепак се деца без развиено чувство за рационалност. И секогаш кога се однесува ‘несоодветно’ си го повторувам тоа одново и одново и дишам, и бројам до 10 или се тргам на страна да се изладам малку. Предизвик е дефинитивно овој период, ама гледајте на светлата страна. Живи сме, здрави сме и ја имаме најубавата улога и животна задача што може да постои. Дишете. :hug:
     
    На Ednadevojka1, DELFINA81, Giiirl23 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    Не сакаме да пораснат. Кога мислиме да помине мислиме на ова вриштењето.
    Јас искрено си кажувам не ми е криво што се жалам не сакам да држам во себе. А и сите деца не се исти. Верувам дека овој период сите се лоши. Ама има разлика од лоши до лоши. Гледам по другите врсници од ќере. Има и помирни деца. И деца што се смируваат побрзо или пак не плачат за се нешто. Јас мислам секој ден мини срцеви удари доживувам. И не ми е срам да го кажам ова често ми се бега од дома и стварно некогаш веќе се осеќам дека не можам. Не сум совршена и не знам веќе на кој начин да и помогнам , често се прашувам кај згрешив во врска со неа. Дали е до мене што е ваква и сл.
    А интересно е што често знам и да ја искарам а никој освен мене не ја кара а со мене има посебна врска, змам мајка сум и.
    Ама и многу други жени што се мајки ми го рекле тоа дека приметиле дека имаме посебна врска, дека и тие се мајки ама нивните деца не правиле вака со нив. Ќере ме гледа заљубено многу ме сака. Некогаш се прашувам како може само јас ја карам и пак толку многу да ме сака.
    Само сфатив дека мајчинството е истовремено и најубавата но и најтешката работа.
     
    На LiquidLuna, Coco31, Bella_Stella и 6 други им се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.693
    Допаѓања:
    5.944
    Бела, ти се погодило детето, или назад ти е зимата, трето нема :D
    И јас броев до 10 кога се однесуваа несоодветно кога тоа беше неколку пати во денот, ама сега сме во фаза кога цел ден треба да ми помине во дишење :D
    Не сакам ни јас да се жалам, знам дека не прават намерно и знам дека со мојата нервоза само им влошувам однесување ама човече I need a break :sweat:
    Се надевам сваќата е во право и после 3.5 ќе се види светло на крајот на тунелот:D
     
    На Калатеа, Bella_Stella, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Женски
    Па требаше да го заспијам таму, јас им кажував дека едвај дома го успивам а не пак таму… кога ќе оздравел да закажам пак, и се одкажав веќе. Дај боже да не ми затреба пак.

    Во врска со муабетот на Бела… што не поминав и јас да го родам, но во оваа хорор фаза посакував да ме снема. Некогаш си размислував дека можеби и бог ме предупредил дека не сум за дете… Претежок е тој период, дај боже да не го осети никој.
    Во нашава околина само внука ми ја познавам дека беше ваква, но во последнава фаза син ми ја надмина и неа. Да не беше форумов дефинитивно ќе мислев дека грешиме ние, бидеќи детево се смени после 1г.

    И друго нешто што ми текна, го носам на дефектолог а одеше една сесија од 20 часа и на неурофидбек, требаше уште една но тогаш не гледав напредок и го прекинав сега посетува само дефектолог па од таму ме убедуваат дека неурофидбекот завршил голема работа….
    Не знам што помогна но еве еден месец секаде кажуваат дека детево е сменето на подобро.

    И уште еден едит: Навечер уште се буди за вода или чај, некогаш само еднаш а некогаш на секој саат. Е тоа не се менува никако, кога ќе преспие вечер ќе честам!
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    45.807
    Пол:
    Женски
    И кај мојот исто пали, ќе направиш тоа мама, ај да не се карам ама онака смирено ќе речам и он ќе ми рече не ми се карај сега ќе направам и стварно 90% од времето ќе послуша. Не дека многу му се карам ама ете си свртел во глава дека карањето не е добро и ќе ме послуша.
    Ама и јас не попуштам за работи кои не треба да ги прави, ги бирам битките, ама за нешто кога ќе кажам не, го оставам да се исплаче и после тоа сам ќе дојде мама земи ме, ќе го земам ќе се гушнеме и смирени сме:D
    Мојот не е многу немирен искрено, може човек да се разбере со него најчесто, ама мора да му објасниш убаво и јасно зошто нешто може или не може да се направи, ако само му речам не го прави тоа, нема да послуша, ако му објаснам зошто да не го прави ќе рече окејј:D
    Јас само мака имам со цревото надвор, тоа е единствена работа за која нема разбирачка, откако фатија жештиниве не знам колку пати си има играно со лдната вода и цревото надвор, се чудам само кога ќе биде денот кога ќе се разболи…
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna денес ти ја пробав финтава демек дали да се дерам. Не ми упали. Плачеше од градинка до дома. Ушите ми ги затна од каде и доаѓа тој глас не знам. Па и за маица ме влече. Не може од неа јас да се слушнам , не можам да ја надвикам.
    @1209 секој можен начин е пробан со објаснување зошто не. Ама таа кога ќе замисли нешто нема шанси да прифати не и нема шанси да го заборави тоа и да и се одвлече вниманието паметот таму и е. Не заборава никако.
    @Bebetoo да пробаш да му ги укинеш. Ќе поплаче неколку дена ама после би требало да не се буди.
     
    На Dreamer, Bebetoo и 1209 им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.074
    Допаѓања:
    110.898
    Пол:
    Женски
    Не ти е погодено, мислам може е, ама и твоето поимање на работите е многу важно. Многу убаво го имаш сфатено тој момент на Бебе е, не знае поинаку и затоа ти е поедноставно. Ти се дивам. Јас го знам тоа па пак некогаш не вади од такт. А таа е реалноста, на 2г не се доволно вербални да се искажат и имаат фрустрации, нормално е се ова. Треба да се плашиме ако не го прават тоа, значи нешто има.
    Еве го 9г чекам да се смени, погодените дете. Додуша стана многу мрзлив и школо, аљкав и заборавен, така да не е ништо сигурно. Упорно тврдам, карактерот на детето се појавува после 3, до тогаш наше е да го моделираме.
    Немојте толку тешки зборови, не е до толку верувајте. Барајте помош, од семејство, од пријатели, за да не се осеќате во лавиринт. Да имаш 1 час во денот без него ќе биде друго.
    Од ладна вода не се разболуваат, запамти и не се замарај. Малку сме играле ние со ладна вода. У корито со чешма селска се имам бањато.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    7.581
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има дете и дете, т.е секое различно е.
    Кога ќе го видам на другарка ми детето како се однесува си викам моево златно и бубаче и се нај нај.
    Сеуште лесно може да и преусмерам внимание кога прави глупости.
    Во плачки се повеќе ја игнорирам и ја оставам да си се исплаче.
    Работите што беа тешки со неа, годинава се уште потешки така да јас сум од оние што едвај чекаат да потпорасне дете. Ама ич не ми фали перидов.
    Може натаму ќе викам подобро беше кога имаше 2 години. Сега од овој аспект и во овие моменти баш и не ми е омилен овој период.
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    45.807
    Пол:
    Женски
    Јас инаку за друго дојдов во темава.
    Што да правам со доењево?
    2г и 2м уште си бара.
    Мислам ќе цица пред спиење и ќе му текне, децата не цицаат мамо, нема веќе да цицам, дај ми од шише. Ќе му дадам од шиш млеко или вода, ќе го испие и пак ќе му текне дај цице.
    Зборам, убедувам, лажам…ништо не пали.
    Може некој друг да го успие без проблем, ама штом јас го успивам само со цицање.
    Веќе ми смета, сакам да прекине, ама не сакам да е насилно, но поинаку не знам веќе што да пробам.


    Инаку и мене ми е многу убав периодов, толку ми е интересен секој ден што по нешто ново излегува од него, толку ми е сладок и забавен, што секој ден се прашувам со што заслужив вакво дете.
    Пред некој ден го земам од работа и си одиме накај дома и го носам во раце и тој наеднаш почнува да пее. Си измисли песничка човечето, мама многу ме сака мене, на на на и Стефан многу ја сака мама, ама така ритмички, срцето ми се растопи, значи се растопив.
    Друга работа е, цел град ми го знае детето ако верувате, толку е социјален, значи буквално откако ќе тргнеме од дома до градот, од сите продавници го знаат, сите маркети, цела улица, до мене до работа, сите во парк, сите во кафичот кај мм:D Што е најсмешно и тој ги знае сите. Многу луѓе ми рекле значи како твоето дете не знаме друго, И ќе се осетам така гордо:wasntme:Некогаш ќе не застанат луѓе и го прашуваат како е по име, а јас не знам кои се:D Значи периодов толку ми е сладок што сите нервози не ги ставам на крај памет.
     
    Последна измена: 20 јуни 2025
    На Giiirl23, MilaSs12, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.579
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    Тие мислам никогаш нема да бидат спремни.
    Најбитно е ти да си спремна и решена. Зошто верувај одбивањето е многу емотивно. Барем мене ми беше, не очекував дека толку тешко ќе се осекам. Буквално на почетокот и јас плачев со неа. Бидејќи толку натажена никогаш не сум ја видела, како да ме молеше. Како да загубила нешто. Душава ме болеше. Со текот на времето ќе ти олесни.
    Мојава веруваш дека пред некој ден и текна од нигде никаде ми вика сакам да пијам млеко од мама и ми покажува накај градите.
    А веќе 5месеци како не цица.
    Цицаше точно до 2 години и 6 месеци. Со лесно нека ви е одбивањето кога и да се решиш. :hug:
     
    На MilaSs12, kozuf, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.840
    Пол:
    Женски
    Јас ова ја имам. Ќе зимаш повеќе и само тапкај подебел слој не триј со прстите, јас со зглобот на показалецот ставам белки ме разбра. Битно е да е подебел слој и да не го впиваш нека остане бело
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_7132.png
      IMG_7132.png
      Големина на фајлот:
      238,1 KB
      Прегледи:
      8
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.840
    Пол:
    Женски
    Стварно и јас да пишам за периодот. Многу ама многу е фрустрирачки, буквално за се мора финти и објаснување ама преинтересен период. Зборува многу веќе и стално се смееме со мм, ептен смешни нешта за кажување му текнуваат. Терсене карактер е ама толку сладок и полн со харизма човек да не си верува на очите кога го има. За сега сум задоволна како тераме, плачките ни се на минимум и се договараме без многу нервози, е ова кога јас сум психички стабилна, ако јас сум нешто нервозна толку е, тантруми на најјако и мои и негови. Некако си ставив во главата дека јас сум одговорна за моите постапки зашто сум возрасна и мора да знам како, тој не е, дете е, толку може и знае и не очекувам премногу од него. Во недела ми е роденден и уште сега е возбуден стално тоа го збори, си идам преска од работа и тој трча накај мене и црка “сеќееен оденден мамииии” абе се стопив :inlove: Некни пред заспивање ми вика “слатка моја си ти гушиии ме”, па како може да е толку посебен бе. Секојдневно се прашувам како го заслужив ова чудо од дете и не сакам да помине ова, колку и да е тежок периодот има безброј убавини во него што смируват душа и ми прават да треперам од среќа и љубов :inlove::inlove:
     
    На LiquidLuna, 1209, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.312
    Пол:
    Женски
    Нема чаре. Ставај пелена кога и се кака. Кога ќе биде спремна ќе седне на нокшир. Јас на големиот повеќе од година дена ставав пелена за какање.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.461
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Не бе мала е твојата за тој Дали да се дерам муабет :rofl::rofl:
    Јас се дерев бааги пред да стигнам да ја прашам :bandit:
     
    На Mother of 2boys и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.720
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes @le.soleil @AngelOfArh
    Може и да ми е назад зимата не викам не. :D Ете го денес прв пат негодуваше на одење во градинка и бараше и јас да облечам патики и да одам со него и татко му. Не е ни кај нас сјајно, се почесто има такви ситуации ама уште успевам некако смирено да се справувам со нив. Ќе видиме до кога. Од друга страна се одразува кај нас периодов. Со маж ми многу често сме на стаклени нозе баш ради тоа. Стално се рчкаме за нешто од што нервозата и напнатоста моја он ги крка многу често. :smirk: Така да специфичен период е, ама веројатно ќе се стабилизираме сите еден ден, не знам.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Да се придружам во клубот на слатко-кисел период. Те крева во облаци и за еден час те треска од земја. :D
    Кај нас има многу лоши денови, значи не се трпи, чекаш да дојде време за успивање и се молиш да останат некои живци за тоа, пошто и тоа стана предизвикувачки периодов.
    Има денови како песна, се разбира и од збор, ќе се договориме, супер ќе си поминеме.
    Пред некоја вечер откако го успивав 2 часа и си помислив што ми требаше оваа авантура во животов, откако си легнавме заедно, се разбуди на сред вечер и така во полусон вика моја мамии, мамиии моја и се смее. :inlove:
    Се жалев и јас пред некое време @Ceneva , имаше денови ( и ќе има ) кај што си приплакував, ама најди си и ти некое хоби кај што ќе може да излуфтираш мозок, за мене тоа е вежбањето, тој негативен напон мора да се исфрли некаде.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    8.470
    Пол:
    Женски
    Ооо мила камо да имав време за тоа. Моментално сум влезена во таков еден бубањ и само се вртам во круг. Ми фали време да завршам се. Свекрва ми не е добра здравствено и минуваме низ тежок период и борби. Се грижам буквално за се моментално. Се осеќам како да имам 4 деца, не едно. Ги бројам мм свекор свекрва во деца :lol: Фала богу свекорот што го зема синко го шета надвор, па да можам да завршам по дома. Во спротивно тешко со него, за нога ми е нон стоп. Па работата наместо за пола сат да ја завршам мене ми се одолжи со него. Ама тоа е сега е така и мора да се издржи. Само да заврши се убаво после полесно ќе биде.
     
    На Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Искрена да бидам, ако не си створиш време за тоа и самата не се ставиш себеси како приоритет, никој нема тоа да го направи за тебе.
    Може дома ќе е несредено ама ментално ќе се разбистриш. Не мора вежбање, што било што ќе ти даде време за самата себе и recharge.
    Напорен е периодов и бара трпение, а не можеш да даваш од празна чаша.
     
    На Ceneva и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    8.470
    Пол:
    Женски
    Така е се до збор. Олигледно дека немам добра организација :rofl: ама ќе ја биде