Нас за афти ни давале метиленско плаво и спреј лизобакт, ама мојот имаше во цела уста не само на грлото
Спреј прополис, ама страшно пече. Јас сум полна моментално, но само тоа ми ублажува и помага да поминат два три дена порано.
Лани не купив сандали, па ми треба мала помош. Кој модел е подобар за на плажа - овие како Адидас или Ипанема? И ваквите модели од Кеги дали се удобни за пешачење?
Од коксакито се, мислам и вчера ти пишав дека само на грло имаше моето, на др место не појави осип, ништо јас не прскав тогаш, не ме оставаше ништо, самобќе ставеше нешто в уста од гладен и плукаше и плачеше (3 год беше). Проафтол имам слушано за афти ама нз дали е гел или спреј.
Кај моево алергија на млеко класа 2 (од 6) и еден од протеините класа 3 (од6). Во моментов е на 3 месечна без млечна диета, па после тоа докторката сака да прави тест мислам спомна со оптеретување, за да видиме дали може полека да се враќаат млечните зошто кај него и друг алергиски фактор има (полен и мувла). Колку што читав баш може оваа алергија така да се манифестира.
Денес е подобар. Уште се бркаме за јадење, ама бар некој залак стави во уста, не е без ич. Метиленско сино земав јас го намачкав еднаш денес.
Со помин Моево не пие млеко, ама од ко почна в градинка таму пие по 180мл му давале, дома не нудам воопшто ама некогаш му текнува и бара, му давам ептен малку 50мл па бара уште ај ок нека пие 200мл денот пример ама проблем е што потоа има потечни столици, значи има некоја интолеранција на лактоза ваљда? И дома да земам без лактоза на пр в градинка ќе му дадат обично и неможам да пробам без лактоза поќе време да е за да видам дали пак ќе има иста реакција. Или па да му кажам да не му даваат и да му носам од дома бар една недела за да видиме како ќе биди?
Праќај му од дома без лактоза или кравјо ако сака да пие. Син ми нејќе млеко во ниедна форма, никако не го засака. Некни викам чекај ќе пробам чоколадно на Алпско земав, чисто ме интересираше дали ќе сака такво зошто си сака благичко, ама не. Се напи некоја голтка ама без мерак и прекина да пие. Едноставно не го сака вкусот и готово. Уште подобро зошто нема баш некој бенефит. Останатите млечни производи ги јаде скоро сите.
На темава алергија на млеко/нетолеранција на лактоза имам апсолвирано, од лично искуство со синко. Нетолеранција на лактоза има примарна и секундарна, примарната е таа што е од раѓање и скоро секој тест за нетолеранција на лактоза тестира за оваа варијанта. Екстремно мал процент деца се нетолерантни на лактоза како последица на генетски фактор, првенствено поради фактот што мајчиното млеко содржи лактоза. Секундарната нетолеранција е почеста, но тогаш е предизвикана од друг фактор и секогаш треба да се испита факторот што ја предизвикува наместо да се замаскира со дијагнозата “нетолерантен на лактоза”. Дисбаланс на цревната флора, воспаление на дигестивен систем, нетолеранција на глутен, кронова болест, улцери итн. Син ми беше дијагностициран со алергија на млечен протеин на 6 месеци. Скоро една година беше на немлечна исхрана, па во консултација со доктор започнавме полека да воведуваме млечни производи за да набие толеранција. Ако имаше реакција, се враќавме еден чекор назад и чекавме некое време пред да започнеме со поагресивен внес. За 3-4 месеци имаше успех и сега толерира млечни производи без проблем, иако на алергиски тест пример вредностите му се сеуште високи, односно ако се гледа само алергискиот тест во изолација тогаш би добил дијагноза на алергичен на млеко, но докторот ни кажа при алергии важна е и симптоматиката и како пациентот реагира на внес. А за течни столици би рекла да се започне од регулација на исхрана, ограничен внес на влакна и балансирана исхрана. Дали детето има гасови или потешкотии при внес на одредена храна, водење на дневник со исхрана. Со цел да се дојде до коренот на проблемот. А има и нешто што се вика toddlers diarrhoea, може да е и тоа.
Неколку дена не и давав ништо млечно, денес и дадов малку грчки јогурт ми кашлаше суво. Можно да манифестира.
Па да. Алергии на млеко колку што читав даваат реакции во три форми. Осип, течна столица или реакцика со спуштање. Би направила пауза штом забележуваш дека регира.
Подобар е он денес вака генерално. Почна да јаде малку повеќе, се познава дека со грлото нема веќе мака. Ама по телото си го има осипот и на газе денес има големи брунки како полни со вода. За чудо не се чеша нигде.
Морам да се искажам тука. Кога и да се пожалам за тантрумите/предизвиците за животот со две годишно дете, 50% од коментарите се дека е таков бидејќи премногу му дозволуваме, бидејќи треба малце да сме строги и може не би било лошо да размислиме некогаш да го дисциплинираме со ќотек. За мене ова е разочарувачки, посебно кога доаѓа од млади луѓе. Ајде донекаде разбирам кога доаѓа од постарите, ама од луѓе од 20-30 години? Најчесто не влегувам во дискусија и преќутувам, ама дали е можно толку голем број од луѓето сеуште да имаат вакви размислувања? Што е ова, Спарта? Ме ужаснува фактот што на толку достапни ресурси, некој повторно и повторно го избира најпримитивниот начин на "воспитување" деца.
Исто искуство. Немам коментар. Да се докажувам неможам, со прво дете се докажував, се поинаку доживував ама сега не се замарам, ако некој решил да тепа дете јас нема да му докажам дека не е во прво, колку и да објаснуваш џабе е. Затоа сега апсолутно ништо не ме допира, си одгледувам деца како што јас мсилам, моите не се тепани, воопшто, само еднаш е удрен по газ големиот ко ми ја преврти пајнцата со јадење, околу 4 год беше мислам, значи веќе разбираше, не беше бебе или тодлер, ама од контакт ме извади и затоа го удрев по газ, се изненади скроз детето после и за тоа ми беше криво ама бидна. Стојам на моето дека со збор се решава се, бар така се покажало досега во 6 и пол години со него.
Не се оптеретувај со коментари од страна. Гледај си дете тебе како ти одговара и ич не се замарај кој што ќе ти каже. Зошто коментари секогаш ќе има. И да фатиш да тепаш пример ( далеку било ) тогаш ќе биде зошто го тепаш . Погодија никогаш нема да има.
Не ми е за коментарите за мене и мојот начин на воспитување, туку за фактот што советиве доаѓаат од родители кои најверојатно истото дома го прават. Така малце ми е страшничко, мислев понова генерација поинаку размислува ама очигледно не.