Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.808
    Пол:
    Женски
    Богами страшно, јас мислев дека се искоренува овој менталитет на тепање ама изгледа не.
    Јас некни на баба му се скарав, запнала ако не слушаш ќе те плескам по газ. Велам те молам не му го збори тоа, ако не слуша ќе му објаснеш убаво, не кажувај дека се тепаме за неслушање оти удира по нас кога нешто не првам што му е по ќеф.
    Се надевам дека нема да се осуди да го удри оти ќе и ги скршам рацете.
    Мм за видеово баш што го коментираме за детето, правиме муабет и така ноншалантно вика мене татко ми посилно од ова ме има тепано како поголем.
    Мене црева ми се превртија и му велам добро дали ти е нормално тоа???Вика секако дека не зошто мислиш дека не го обожавам татко ми, никогаш нема да кренам рака на наши деца.

    Значи земја каде што фразата ќотекот од рај е излезен се расфрла како нешто многу мудро кажано, не
    очекувај премногу од воспитување на деца.
     
    На Giiirl23, Giovanna, anngelique и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Балкан мила моја. Овде тешко дека ќе се сменат работите така лесно. Ќе дојде ама како се закаснато,за жал.
     
    На kozuf и Lavender13 им се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    Да бидам искрена во мое опкружување никој не тепа деца и кога споделуваме ставови на темата, никој не зборува работи како “ќотекот е излезен од рајот”. Што прават по дома не знам, ама вака генерално не сум приметила испади кога сме заедно излезени.
    За карање сите ги караат децата, ама исклучиво вербално. Ако се немирни се казнети со нешто или во краен случај си одат дома со плачки, ама тепање нема.

    И искрено многу ми е мило за тоа пошто не знам како би се воздржала некој да шлака дете пред мене. Два дена го избегнувам видеото од таткото од Драчево што ја претепа ќерка му, немам желудник да го гледам тоа… се надевам нема да излезе од затвор гадот.
     
    На kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    За тепање имам пред мене видено дете да добие шамар од таткото и мајката да му искоментира нешто во стилот не треба надвор така, за подома е тоа.
    Не се вмешав, дали требаше или не, не знам.

    За ќерка се трудиме до максимум со зборување и повторување милион пати.
    Сум ја чукнала и по рака кога пробуваше да фаќа во струја, демек под влијание на бабите така ќе научи дека не треба. Ај што ми беше криво туку и ништо не научи. Ставивме заштитници, го обезбедивме просторот и автоматски веќе не е таму интересно.

    Бабите знаат да коментираат демек не прави така, ќе го тепаме газето не прави вака. Се надевам бар дека не ја тепаат кога е со нив. Не кажала ќерка такво нешто.
    Инаку да, ништо страшно не гледаат во тоа по памперс да се удри детето.

    И на лизгалки ми се има случено рандом баба да ми рече демек ако моето дете вака правело сигурно ќе беше натепано. Во ситуацијата ќерка истрча и скокна во вир со вода, се изводени скроз. Не дека направи нешто којзнае колку страшно и загрижувачко.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Од денешниот ден и чување дома издвојуваме: Отвара очи сабајле и вика ‘сок сакам’. Одиме во дневна го заборави сокот зошто и онака не пие често. Му текна друго, ‘јака сакам’ (лижалка). Му дадов зошто беше на праг од тантрум и зошто не можев од сабајле да се справувам. Е ама ова изгледа ми беше грешка зошто ја изеде лижалката и продолжи во ист правец. ‘Кајо сакам’ (чоколадо). И не кажува смирено него одма се дере како опседнат. Како компромис го прашав дали сака палачинки со чоколадо, рече да и земав да му правам палачинки со авокадо и чоколадни капки. Дур чекаше гледаше тв и таму виде пица и нормално почна да се дере ‘пициии сакаммм’. Седна да јаде палачинки, кај мене на маицата виде апликација сладолед и почна да се дере ‘сјајече сакаммм’ (сладоледче). Ако не се мрднам деновиве, ќе си останам читава цел живот. Значи сите анимации на свет се прават, стварно многу се трудам да му е интересно дур е дома, ама него еуфоријата од се му трае многу кратко. Цело време бара нешто ново. Три секунди на компјутер не можам да седнам за да сработам нешто. Дур не добијам отказ зошто ми заостанува работа добро е. (facepalm) Пред тв да го оставиш ќе си седи цел ден, ама тоа никако не ми е опција. Дури и пред него кога седи на кратко пак прави глупости. Вчера нејќеше цел ден да спие, му пуштив да направам ручек. Со грб накај него бев свртена, се вртам и го гледам качен на кревет и трча по него. :whew: Не барам ништо, само се жалам. Се мрднав официјално.
     
    На Mother of 2boys, Anturium, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Некогаш си викам со моево да не е нешто не во ред оти стварно за храна нема тантруми.

    Знае кога јадеме да рече уште ова, она. Или во фиоката со ужинки да си земе смоки, чоколадо или што и да има и да побара да касне. Ако виде на Тв некој нешто да јаде, ќе каже тетката јаде сладолед пример, чичкото пие сок. Ама плачки нешто многу немаме, ни по маркети, ни во центар, ни никаде.
    Ептен да види дете да јаде нешто и да појде до него, па да речам сакаш и ти смоки/кроасан или што и да јаде детето да рече да.

    Дома јадеме исто и во главно заедно.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.808
    Пол:
    Женски
    Бела душо ист е и мојов, ама твоето барем бара да јаде, моево ништо не бара и ништо не јаде. Само лубеница, банана, леб и маргарин, ни путер не сака, млеко и макарони и некогаш ќебап, друго ништо ама баш ништо не јаде. Освен сладолед и бонитоп што секогаш сака.
    Јас искрено не знам дали би можел да работам од дома со него.
    Алал да ти е што се обидуваш:D
    Отсабајле пред работа јас ништо не можам да сработам дома оти константно бара внимание од мене и да играме, и секој ден плаче кога тргам на работа. Сега веќе не ни велам дека одам на работа измислувам приказни за да не плаче. Мислам дека знае дека го лажам ама ако речам одам на работа плаче и вели не ќе одиш до пошта или ќе одиш да миеш садови, не знам што ѓу прави разлика ама ете.
    Тежок период богами.
     
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Се обидувам зошто морам да работам иначе речиси невозможно е и не сработувам скоро ништо кога е буден. Доработувам ноќе или кога ќе дојде маж ми и ќе го извади надвор. Инаку и да е дома он, малиот пак доаѓа кај мене на компјутер, ме тегне да станам. Најзаигран да е, ако ме види да седнам да работам прекинува секаква активност и доаѓа кај мене. Предосадно му е по цел ден дома. Јас се чудам како чувате деца на таа возраст по цел ден дома. Ај да не е жешко излегуваме надвор и тепаме време. Ама на пеколов не можеш глава да подадеш надвор до 19-19:30.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.808
    Пол:
    Женски
    Јас се чудам во стан како чуваат, искрено во двор кај нас е во сенка и генерално е по цел ден во двор, во базен, со црево…или со татко му е во игротека или на планина, прошетка некаде во шума, или кај некои другари дома.
    Да претешко е да се анимира по цел ден, верувај дома е константно со сите извадени душеци, да се рипа насекаде од спална на кревет од маса, дома е игротека:D
     
    На H.VAGA, lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Епа ние сме во стан. Тераса имаме голема и претворена е во забавен парк, ама не е исто како куќа и двор.
     
    На sani99 и 1209 им се допаѓа ова.
  11. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.160
    Пол:
    Женски
    Еве сега си игравме и мм исече лубеница. Ај што не сака да јаде, па и мене ми се скара што седнав да јадам. Му викам еве да се дојадам па ќе продолжам со играње. И вика: мамоо станувај, се најаде :D а на маж ми не му дава да си игра.. диктатура
     
    На Mother of 2boys, 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Истооо. :D Страшен командос е. Ти седи таму, не тука, ти јади, ти ова, ти она. И се кара дури. :D Пресмешно ни е по дома, иако многу често знае да ни згазне на нерви. Ама во глобала ептен интересен период.
     
    На LizzyGrant и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Кој стрес ноќва. Од кожа ме извади. Ајде добра ноќ легнавме со убаво. Што бидна после минута, не знам. Ко запна стани да ме лулаш. Ајде во лулашка. Не тука узи и крај за во раце. Објаснував 10 мин покрај неговото вриштење дека не можам да го лулам, дека мама ја боли грбот и го молев да престане. Луѓе не и не. Почнав да се дерам на цел глас од нервоза.
    И не престана. Дур не се исплака до степен со липање.
    Јас повеќе не знам како. Готово ќе скренам со умот. Почнав да пијам нешто природно за смирување со надеж дека ќе помогне. Инаку ќе мора некоја хемија. Се плашам дека ќе исклучам и дека ќе го исплескам.
    Знам се, мал е не знае да ги контролира емоциите и се. Ама и моево трпение веќе е при крај. Не сум камен, човек сум.
     
    На lackygirl и Bebetoo им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Женски
    Бела, не знам дали си свесна ама со тоа што му бараш ти анимации, а знам дека се трдуш сум те прочитала дека бараш на нет разни игри, уствари правиш дете да мора да има занимација дадена од твоја страна. И ќе ти бара, и нема да престане се повеќе. Не само за занимации, туку за се што му е понудено. И нормално е да бара, мислам кое дете ме бара де. Еве ја стана со бони сака, исто да види пица одма ја бара, а пред 5 мин јадена и се е тоа нормално ама де мајки олабавете малце. На моиве теренит за игри им е слободен, што сакаат земаат пошо им е се на дофат и си играат дали на балкон дали в натре буквално исто како во градинка. Се е тоа убаво и така треба да биде, да му помигнеш некогаш ама он веќе ви ги знае игрите, пушти сам нек избега во свој свет. Не знам можеби јас не сум имала "проблем" ама моиве се заигруваат сами и сами наоѓаат игри.
    Пример масата на балкон си е полна со вода штом станеме ја полнам, она сама си зеде малечки кукли и ги спушта во водата и вели на базен се и играта трае долго, ги става на крпа и вели сонце ( да се сончаат) и во меѓу време прави во нејзината кујна јадење за нив ете 2 саати скоро поминале како она сама си нашла занимација. Па потоа вози точак низ дома и уз пат ќе сретне некоја друга играчка што ќе и привлече внимание.
     
    На lackygirl и strelec231992 им се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Убаво е така, ама има влијание и тоа што кај тебе се две. Не дека јас цело време го анимирам, го оставам и сам да си игра. И се заигрува он и сам ама проблемот е што кратко му трае играта, сѐ му здосадува брзо. А кога ќе нема да знае што со себе одма бара тв (хистерии го маваат за да пуштам) и прекинува да си игра. Не знам може јас згрешив негде со него, ајде нека е моја вината. Знам дека треба да си има и самостојна игра, ама не е лошо и да го поттикнеш на игра. Не е дека јас седам по цели денови и си играм со него. И да сакам не можам, имам еден куп обврски.
     
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.693
    Допаѓања:
    5.944
    Не се обвинувај Бела, секој месец имаат некоја нова фаза, ако не е тв, ќе плаче за нешто друго. Апсолутно што и да правиме, нема да им погодиме и да ги направиме совршени.
    Моиве прв пат се заиграа поише од 5 мин сами некој месец пред да наполнат 3 години. Најубаво се играат кога тотално ќе ги игнорирам и ќе се изнаплачат за се што им текнало во моментот и ќе најдат нешто што не е ни играчка.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Поздрав мајки, ќе помине и ова

    [​IMG]
     
    На strelec231992 и lackygirl им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не го сфаќај така трагично тоа со Тв. На моменти мојава гледа и повеќе од што треба ама пак од Тв ги знае и бројките и боите и купишта форми и животни и се и сешто.
    Пазам да гледа повеќе на македонски под повеќе мислам пола час пример ама знам и Дизни песнички да и пуштам скроз тивко, скоро без глас и јас да и објаснувам слики ете Пепелашка се чешла, Дамбо се бања, Могли е во џунглата.
    Баш од сето тоа објаснување разви говор скроз. Сега веќе и непозната содржина сама си ја раскажува.
    Е за се прави споредба со цртаните. Жолто пиле како Џивџи пример во продавница за миленици.

    И во градинка оди и пак е претопло и предолго времето што е дома и мора некоја активност. А свесна сум дека не може само да бои или само со вода да игра или да е во кујна. Деца во окружување скоро и да немаме, па парк, игротека итн се опции повремени, покрај градинката де.

    Плус летово се игрите надвор и со вода. Овие 2 месеци. После максимум што ќе добие е во бања, со куклите да се занимава од делот со вода.
    Пак за дома ќе треба занимации.
    И тоа кај мене што ако не е во градинка е дома со баби и дедовци. Тие во другиот град да дувне ветар, не вадат дете надвор да не настинело. И покрај сета облека и се што имаме за сите годишни времиња. Може слободно и на дожд и на снег и постојано да е надвор.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Не знам јас немам срце да го оставам да плаче и одма му наоѓам начин да го смирам, што знам дека е погрешно. Татко му пример е друг карактер, кај него плачките не палат и го остава да плаче. На крај испаѓа дека јас ќе го разгалам, ако постои такво нешто. Не дека јас му попуштам, не дозволувам тоа што сметам дека не треба. Ама за да не плаче јас се чудам каква дистракција да смислам. И тоа како да ми се удара од глава во последно време. Со мене е најкенкав, веројатно делумно зошто сум му safe place ама и зошто знае дека попуштам. Не знам исцрпена сум периодов и јас физички и психички не сум како што треба. Се осеќам како да потфрлам на моменти. Сакам уште едно дете, а со хаосот моментално тоа се повеќе се одложува и не знам..
     
    На Mother of 2boys, MeowMeow и sani99 им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    21.408
    Пол:
    Женски
    Е кај нас не е пола саат, тоа е проблемот. Он не се задоволува. Едноставно да го оставиш и цел ден ќе блее во тв како хипнотизиран. И јас сакам да пуштам македонска содржина, ама он не сака. Еден период ги гледаше Биби и Боби, сега не ги сака. Многу ретко успевам да го залажам да погледа Стела и Сани. Ама генерално сака да гледа коли и сите превозни средства како возат, Блуи, Супер Марио. И он почна од тв многу повеќе да зборува. Раскажува тоа што гледа, се возбудува ептен.