Мамички син ми поткашлува суво. Не многу често ама ми е страв да не се настини повеќе. Што да му дадам? Дали да го инхалирам и дали да му дадам сируп за сува кашлица на природна база?
Сируп,па макар и на природна база не на своја рака,мој совет. Најдобро лекар да го слушне. Можеби е алергиски,можеби е ларингит или кашла од вирус. И не за секоја кашлица се препорачливи инхалации.
Јас би ти препорачала да го инхалираш. Ке му олесни дишење би требало да го разводени секретот. Само физиолошки раствор на своја рака. А за сируп се согласувам со пупица Подобро нешто природно да дадеш. Свари кромид, мед, чаеви..
Мајки на девојчиња ми треба консултација, последниве неколку дена приметив на гаќичките на малата како секрет така жолт. Имал ли некој искуство некое вакво, секако ќе се консултирам и со лекар ама незнам дали е можно такво нешто кај мало девојче?
Искуство од пријателка... Може да е бело прање. Место на гинеколог го носела на дерматовенеролог(не се носеле малечки на гинеколог),го прегледале "доле" и му препишале лекарства.
Баш прочитав и @bella.s има прашано за некаков исцедок... но видов не и вратиле, но тоа било петокот може се консултирала со некој па да ти каже....
На една пријателка девојчето има 4 годинки и имаше таков исцедок. Ја носеа на лекар и на крај испадна кандида. Јас се чудев како може толку мало девојче да добие такво нешто.
Кандида и од антибиотици може да добие мало девојче,ако не пиела со антибиотикот и детски Линекс (неможам да се сетам во моментов дали пробиотици се викаа па затоа Линекс пишав)
@azelea јас вчера ја носев на брзата,не можев да чекам. Мојата почна да плаче на секое мочкање,сигурно ја печело и болело, имаше и исцедок а и одбиваше храна и вода. И провериа урина,имало некоја инфекција но сабота и недела не работел тој оддел за испитување и не ни кажаа каква инфекција. Утре треба да оставиме урина,па со резултатите кај докторката,но уште од вчера е многу подобра,мочка нормално,пак си јаде и пие,сигурно само од себе се повлекло.
Внука ми на 3-4 години фати ешерихија на уринарен тракт. Исто со пецкање при мочање и мал исцедок, дури и гинеколог ја виде ама од бактеријата било.
Малата е веќе два дена со темперстура качува 38.5 и давам Далерон и после 7-8 саати пак качува, правевме к.с црп 10., леукоцити 10,6. Антибиотик заврши да пие од претходното разболување пред 10 дена, вчера правевме брисеви па се прашувам дали ќе бидат точни?! А ме мачи и температурата што е упорна, ако може совет од @joy1
би требало да се точни.10 дена обично и мене ме советувале да чекам после аб.Инаку вака не ви се мн покачени вредностите.Кај мали деца до 9 мислам беше реф граница на леукоцити.Може сте закачиле вироза некоја ,евентувално и урината проверете ја.
Благодарам @Joy урина да земам стерилна е многу тешко зашто не мича ни во нокшир ни на шоља, а тие кесичките за во пелена нема шанса да ми дозволи да и ставам. Според симптомите и др вика може да е вирус и тече нос, има шлаеми ама ова температурата ме плаши, ќе видиме рез од брис
@MissDior според ова горе и мене ми личи на некој вирус,нормално е при вирус да има тт и до три дена а некогаш и пет,а и не е многу висока.Почекај до резултатите од брисеви па ќе видиш на што си,дали е за антибиотик или не. Ние кога почнавме со градинка знаеше често вакви вируси да ја фаќаат еднаш во месецот,по три дена како ништо да не било.На нас и со поголемо црп не ни давале антибиотик ако клиничката слика е ок,матичната ми има кажано дека и од вирус може да се покачат па они толериаат до одредена вредност ако нема други наоди и симптоми.
Синми пред 3 недели,5 ноќи по ред качуваше тт до кај 38.5 и ја спушташе без ништо да давам,денски не креваше.Нос му течеше,поткашлуваше,на 2-3 пати повраќаше шлаем.КС и се останато во ред. Испадна дека е вирус.Не пиеше никаква терапија. Што се вика,се опраи сам од себе...