Среќа имаш што ти се заигруваат сами. И на моево му е се достапно да си игра сам. Ама ете не сака сам,не дека не се заигрува воопшто сам. Ама тоа кратко трае во нашиот случај. И доаѓа и те бара. И во моментот ако не можам и правам нешто. Одма се треска, вреска на најјако. Па му изнаоѓаш тука покрај тебе нешто да игра за да си завршиш работа. Јас сум била дете исто како твоите сама сум си играла. Не секое дете е такво.
Можеби се работи за различни карактери и деца, а може и ние мајките со по едно дете им посветуваме премногу внимание и тие си го бараат истото постојано. Јас исто имам проблем, цело време сака да сум со неа и да играме. Јас сум и безбедна зона и тоа е тоа. И требам. Единствено нешто што ме нервира е што маж ми не знае/не сака повеќе да се потруди да ја заигра (по мои критериуми) и она тоа го бара кај мене,а е нејзина потреба која според мене треба да и ја задоволиме а не да ја учиме дека така не треба. Инаку споредбено со другите деца од другариве на кои искрено не им се замараат многу како ние приметувам разлика во нивниот развој. Не се водам од тоа: дете е секако ќе порасне. Секако до 3 години немаат целосна самостојна игра и ете можеби им треба поддршка.
Камо моиве да плачеа само, најлесно ми е тоа, ич не ми е проблем да ги оставам и пола саат да плачат. Ама ако не ги заигрувам нешто они или се тепаат или растураат нешто или се пентарат и скокаат и тоа не можам да го изигнорирам зашто 300 бељи може да се десат. Инаку знаеш сигурно и сама дека ако попушташ на плачки или правиш редирект тантрумите ќе му се поизразени и почести, зашто учат дека е тоа начин да добијат нешто. Инаку и со мене се најразлигавени, без разлика што не им паѓам на плачки. Со мајките секогаш се такви зашто најбезбедно им е со нас да се опуштат.
Јас по ова што го опишувате и @Ceneva и @Bella_Stella мислам дека и двете сте постојано дома, за @Ceneva сум сигурна дека е дома и тоа влијае. Јас исто сум предолго време дома, сега и со две и слично однесување има детево. Инаку, ова е сега најјакото со тантрумите и плачките и издржете ќе се поднамали. Има веќе 2 месеци како не се случила некоја криза со лежење на земја, со урлање од петици, а го поминав не знам ни јас како, имаше и доза на љубомора кон бебето, ама минува да знаете. Скоро 2 и пол години е и можам да кажам малку полесно се разбираме за некои работи, успеавме и пелени да тргнеме, ама сѐ во свое време, постепено. А за тантрумите најдобриот совет што сум го добила е да смирам со допир, не со игнорирање, зборување секако нема ефект, само со допир сум успеала да смирам ситуација. Со среќа, ќе издржиме
Треба да пробам да стегнам заби и да го оставам да плаче без да попуштам. Знам дека тоа е најправилниот избор, ама не секогаш можам. Инаку можам да замислам како е х2 и капа доле за сите мајки што се справувате со две ѓаволчиња истовремено. Во право си. Ние сме моментално дома зошто имаше Коксаки, и да, испадите се случуваат баш во такви периоди кога е предолго време дома и не оди на градинка. Се осеќам грдо на моменти зошто сакам што побрзо да оздрави и да се врати. Далеку од тоа дека не ми е убаво што подолго време во денот сме заедно кога не оди, ама од друга страна многу ми фали време за себе и за другите обврски што чекаат на мене.
Жени јас дома сум од минатиот четврток, користев лански одмор, утре почнувам на работа, овај пат ми се оди мин недела беше дома цела малото, оваа оди в градинка, ама пак, прегорена сум буквално исцедена тантруми има јаки последно подолги се, па за грев големиот пробува тогаш да смири ситуација, жал му е ко ќе плачи и се труди душава некогаш успева да го смири, верувајте многу ми е од помош. Мачно е да мн е мачен периодов ама поминува, брзо поминува.
Колку само има вистина во ова. Шетаме со другарка, децава скоро врсници. Моево е цело време со мене излезено, не и одам по газот се што сака. Може и такво си е, не бара ни играчки постојано да купуваме, ни храна, ни се треска од земја ако виде слика од сладолед пример. На другаркава детето чаршијата ја смета како место кај што мора да се купува без прекин. Ние имаме Х: еј мама Стич.. Јас: да, тоа е Стич како на блузата што го имаш или како од А ранецот или било која асоцијација ќе ми текне. Ни дали сакаш да го купиме, ни ништо. Од другарката детето Х: Ене гооооо Стиииичччч - проследено со плачки и траскање од земја Другарката не можам вика да трпам вака да плаче во јавност и сите да гледаат во нас. И со последните пари одиме и купуваме тоа што сака. Било играчка, било храна, што и да е.
Различни карактери да ама мене и двете деца ми се скроз со различни карактери. Едното е ѓаволесто, темпераментно, освем мене нема на никој кажано те сакам, пргава е ептен, другото е умиљато, без тамтруми, плачки да ама ништо во споредба со првото. Со првото уште не можам за некои работи да се разберам, второво се разбира од прво или второ не и воопштп не е тешко за чување ама тоа е за карактерите, не и за тоа кај јас сум направила грешка со првото и сега ја поправам. Сакале или не да ние со две деца не мојме да се поделиме на пола и да измислуваме 300 игри на двете во исто време, е со тоа иде одговорот дека скорз се способни сами да си ја измислат играта, а притоа ни дада/бато да се умешани во играта. Секако дека ќе се посветиш и ќе имате заеднички игри во текот на денот тоа не е спорно, не е нормално да ги нема ама скроз е здраво детето да знае и самостално да игра и да се внесе во неговиот свет. Јас бев иста со првото ама пресеков, не Нина мама има и друга работа, постепено почна да се заигрува и веќе на 2г и нешо почна да се внесува во играта и да трае по 2-3 саати. Она иако е живчано по природа, играње до ситни играчки или боење ја смирува, можеби ќе се пронајде во нешто што ќе се опушти сама да фантазира. Ете малото за ништо живо нема да седне коцки да реди или да мести нешто пипаво како дада на нејзина возраст ама ќе си земе куферче од доктор и ќе прегледува сите по ред играчки, а кога ќе ме побара тука сум. Муабетот ми е дека кога веќе сте покажале повеќе игри и имаат на дофат повеќе различни играчки, тогаш нема потреба од толку измислување нешто ново за да му е интересно, пошо на желбите им нема крај.
И мојата ретко сама се заигруваше. Гледам сега во последно време почна повеќе сама. Ама брзо и се здосадува се. Можеби дека сме во стан и дека немаме двор. Кајј моите кога сме цел ден е надвор во двор, нон стоп си игра си наоѓа занимации не само со внуците многу пати сама е во двор тие во соба се. Сега почна да бара секој викенд да одиме со спиење таму. Максимално ужива и друго дете е таму. Нема време за плачње. Ваљда досадно им е дома и на балкон.
Ќерка ми е 3 години веќе и така прави. Пред некоја вечер се разбуди во 04ч да пие вода и го дадов шишето не тоа шише почна да плаче ајде друго трето сите можни шишиња и ги дадов не тоа другоооо и плачење, плачење до бескрааај. А сабајлево па што ми направи има едно бебе и со него спие ќе и паднеше и го подадов кога почна да плаче да ме тепа нервозна зошто сум и го дирала бебето и цел саат затоа зборуваше не можев со ништо да ја смирам и на крај како ништо да не било. Оваа недела сум 2ра смена на работа и мислам што не сум дома цел ден така ми прави, мора секое утро со драми да е, страшно е лигава.
И син ми кога одиме кај моите цело време е во двор и ептен му е интересно. Сестра ми има куче, се трчкаат по цел ден, тоа се живи радости. Ама дома тој е просторот, такво е во стан. Времето многу не ремети, уште од рано е жешко и не се излегува. Барем саат време да се утепа надвор од сабајле мислам многу подруго ќе биде. Инаку освен понашањето и спиењето му е изреметено откако фати коксаки. Се надевам ќе се средиме за брзо зошто не дека сум контрол фрик, ама сакам кога работите имаат ред.
Ух јас се трудам да не гледам на тоа како да се лигави. Едноставно не се рационални, немаат контрола врз сами себе. Пример на нас како возрасни да ни е досадно или да сме нервозни знаеме да се исконтролираме, не седнуваме да плачеме или да се трескаме од земја зошто имаме механизам за регулација на емоциите. Они тек ќе учат што е тага, лутина, среќа итн и јас се трудам да не си го сфаќам лично неговото понашање, ниту пак дека е лош или лигав. Едноставно се гради како личност, мозокот се развива и тоа е. Ме мрднува на моменти, ама ќе издржиме. Ете го од сабајле сакам палачинки, ајде направив палачинки почна да ги плука истите што секогаш со сласт ги јаде. Викам да ставам ли медче, дааа медче даа. Ставив медче, касна и пак почна да плука. На крај џабе мижејќи и нерасонета пржев палачинки кога он се најаде леб, хумус и кашкавал.
Е ова баш е лигавење. Јас бар така го викам де, па колку лошо и да звучи. Давам храна, ако јаде арно, ако не стануваме од маса и крај. Ни имам нерви, ни желба да стојам пола ден над шпорет и да исполнувам желби. А не останува гладна секако. Ако не јаде во 8 наутро, веќе во 9 или 10 и тоа како е гладна и ќе јаде. Веќе и за количина не се притресувам. Дали каснала 2 кришки леб, дали само пола и станала, сметам дека толку и се јадело и крај.
Јас тогаш стварно сум лоша мајка, ама се карам и кажувам дека не се игра со храна и не се плука Ако не сака да јаде тоа што сум направила, не мора сега. Може да стане и да дојде покасно да јаде. Друго нема наскоро да понудам. Мислам не те критикувам тебе, туку споделувм како јас правам. Некао имам чуство дека што и да направиме не е исправно. Исто ја карам кога ќе истури вода, превртува чаши и чинии, качува нозе на маса итн итн итн. Не дека се дерам да хистеришам на секое, ама кога гледам дека ја претерува да. Генерално веќе страв ме фаќа да си кажам, мало е а ми тестира живци. Не знам дали ќе се справам со сите предизвици. Сакам да постапам правилно, а што е правилно? Некогаш мислам дека сум престрога. Страв ми е да не и набијам некои комплекси. Некогаш мислам дека она е најбесна од сите, па како да не знам да си ја воспитам. А карактер, карактер има и бетер од мојот.
И јас ја карам што да правам а и не е бебе разбира сега се. Еднаш правев ручек таа си играше беше го земала нејзиното столче од оние малечки што се што одат со масичка и го собрала ама и прстето го фатила мене паника ме фати од брзање не можев да го пуштам столчето прстето да и го извадам и некако на брзинка беше го извадив не му беше ништо на прстето па кога почнав да урлам да и викам. Што ќе ти правев ако не можев да го извадам прстето а сами сме дома и реков да седи на креветот и не беше мрднала од таму 2-3 играчки и ставив и други веќе нема и реков. Можеби лошо постапив не знам ама ептен се уплашив после кога се смири ме убаво и кажав дека така не се прави ќе се повредиш имаш еден куп играчки за играње столот не е за играње
Важи нема проблем што ќе им дадам друго шише. Спремна сум да слушам 2 саати плачење ама со терористи не преговарам. Значи се легне ли да се спие, можеме да станеме само ако бараат да мочкаат и толку. Вода имам до мене ако се разбудат да побараат, ама тешко дека ќе им менувам шишиња. Ако фати да те тепа или да протестира за некоја глупост, стани и прави нешто друго, игнорирај ја. Нека си повторува таа тоа што ја изнервирало, нека си процесира. Во такви моменти нема поента да се објаснуваш и убедуваш, секако не те перципира. Откако ќе заврши драмата, седни објасни се, објасни и дека си ја фатила куклата дека не си сакала да и падне, дека ја разбираш и дека е во ред да е вознемирена, ама дека не е во ред да те удира и дека тоа те боли и прави тажна. Ако мислиш дека е револт спрема тоа што не си дома, објасни и дека мораш на работа, дека од сабајле сте заедно и прашај ја што сака да правите, наместо да плаче и протестира пробајте да поминете поквалитетно време заедно. Е сега, ова ако кај моите пали, не значи дека кај сите деца е така. Понекогаш треба и да се прилагодиме на ситуација зависно од детето...
Не нудам и јас избор на храна и кога е здрав не е проблематичен за јадење. Секогаш јаде тоа што му се јаде. Сега не понудив јас леб и хумус, сам побара. А да се потресувам и да вадам три различни работи за да јаде сигурно дека нема. Ако не му се јаде сега, ќе јаде покасно. И не е лигавење туку е тестирање граници и пробување до каде може. Наше е да ги држиме границите. Таман работа да го оставам да прави што сака. Не знам каков впечаток ви оставам ама го карам и јас, не го мазнам со пердув. Знам да повишам тон кога треба иако уште не вродило со плод. Генерално ме гледа во очи, се смее и продолжува со глупостите.
После и помина до мене беше бебето пак и ми вика дај ми го викам оди земи си го ќе ме караш пак и стана си го зема и кажував ќе паднеше бебето затоа го земав не бе не ме слушаше, отидов спалната да средувам она по мене зашооо ми го бебето фаќаааш и помина за брзо. Знае зошто одам на работа јасно и е и кога ја прашуваат каде е мама кажува на работа е. Ама што не сме ич време затоа и така прави мислам јас. Некогаш по цела недела сме сами и е умна ме слуша многу, знае пак некои испади да има ама се на се супер е. Јас пак пред некој ден се пофалив колку слуша и нема тантруми веќе.
Секоја мајка прави најдобро за своето дете, не си ставајте грижи дека не сте доволно добри мајки, повеќето сте прв пат мајки и ве разбирам се што пишувате, нон стоп си мислиш што е правилно што не, а времето си поминува, дур гледаме дали вака дали така пораснале, еве го денес прво свидетелство ми донесе мене ми е криво дека бев стегната вака како повеќето тука, некако не уживав во моментите што се вели, само одев по некои "правила" да речам, го анимирав, нон стоп дома му изработував диу игри, се и сешто имаме правено, ама ова второво како си расти, баш слободно, се сам се заигрува и многу е поснаодлив и повеќе има самодоверба, се бори за свое место. Кога е сам како дете да немаш дома е, си смислува игри, тивко, мирно Кај мене е тешко кога се заедно, а секој ден се од ко ќе се врати од градинка малото, тогаш одма се плачки, се карат, се тепат има пр пола сат сат ќе играат се мирно, после ќе се заинатат и така во круг
Ај ве молам помош, син ми во август ќе полни 4 год курето не му е отворено скроз, само ептен малку кај главата ама не оди скроз до долу отворено ( извинете на израз ) ама не знам како да се објаснувам наопаку и не го отвара секој ден , дали треба да реагирам или ?