Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    24.647
    Пол:
    Женски
    Поделени мислења ќе најдиш, мое искуство, прво дете, отварав од мало на капење, од кај 3 месеци, се отвори негде на 6 месеци, потоа ко почна за зазнава не оставаше никако да го фатиш, на 5 год се правеше операција од кила и спуштање на тестис, на докторот му рековме да му го отворат и курето додека е под анестезија, го отвориле и после тоа пак не сакаше да го отвора. Е сега има 6 и пол год и почна сам да си го отвора на капење :D
    Малото 22 месеци е, него не му го отварав ич, сега пробав пред некоја недела и му се отвори, од тогаш немам пак пробано.
    Само искуство споделувам, незнам како е правилно, ама велат дека сами ќе си ги отворат кога тогаш :D
     
    На Mother of 2boys, 1209 и sani99 им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    9.687
    Пол:
    Женски
    Oj oj Бела скроз различно ме разбра. И само да ти кажам алал на нервите. Па и со пердув да го галиш, ти се може. Твое си е.
    Сакам некогаш трпението да ти го имам.
    Јас треба да се издерам како ненормална за да престане со глупостите. И се фаќам стално како губам контрола, или како премногу граници поставувам.
    Мене ми се смачува веќе искрено кога е време за јадење. Па тоа шлакање насекаде, па гребење со лажица, па прерурање од чинија во чинија...
     
    На Sun&Moon и lackygirl им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми генерално не е лошо дете. Не пребарува, нема екстремно чести тантруми.
    Е како секој двегодишник добива и луди идеи и знам да викам. Помогнало или не во моментот.
    Да и речам не смееш тоа или тоа не и значи ништо. Да и речам уште 50-100 пати за истото не смееш, без дополнително објаснување или последица исто не и значи.
    Дека еден куп луѓе сме околу неа е факт и сите и поставуваат различни граници е точно и нема цврста основа.
    Кога ќе почне да плаче, маж на првата секунда и дава да прави што сака, да не се разболела од плачење, демек температура ова она.
    Врска нема, ни тт кренала, ни ништо, само не знае на кај тера. Јас пример не дозволувам качување по комода оти д висока и еден куп работи има на неа. Ќе подвикнам, ако се прави на 3 и пол следното е, слегувај затоа што таа и таа играчка (што и е омилена во моментот) ќе ја фрлам во кантата. Ова пали откако неколку пати стварно фрлив играчка.
    Ама битно за секунда е смирена. Може звучи како Хитлер ама ако падне и се повреди ќе плаче повеќе со денови/отколку тие 2 минути.
    Пали и физички ја да тргнам, може ќе поплаче ама за минута друга дистракција наоѓаме.

    За надвор ако трча по улица кај што е прометно, едно предупредување, второ ја кревам во раце и враќам дома.

    Е маж во случај како првиот, не само што ја остава да се качува туку и за да не плаче ќе смисли уште куп ситуации за кои е исто опасно да ги прави дете.

    Инаку баш дека е едно, гледајќи деца што се второ, трето дете во семејството мислам дека е "малку назад" со моторика поради сето стоење над глава. Имаме деца во околината и помали од неа и многу понапредни.
     
    На H.VAGA, Giovanna, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Болдот :bandit::bandit::D

    Кај нас е слично, одовлекување до максимум кога не сака нешто да прави.
    Пример навечер не сака да легне да спие, па го спремам еден час порано. Па влегуваме во спална, и он почнува. Ми се јаде. Вода ми се пие. Да читаме книга. Да моча на нокшир ( никогаш не моча на нокшир ). Да проба нови пиџами да облече, тие што ги носи не му се убави. Банана да јаде.
    И јас буквално на се ова велам не. Ако ја затворам вратата од спалната толку е, не отварам. Може ќе искризира 10 минути со некое вриштење ама ќе сфати дека нема попуштање.
    Мм ептен паѓа на овие трикови, он па стварно му носи и нокшир и му менува пиџами.
     
    На Giovanna и le.soleil им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    24.647
    Пол:
    Женски
    И тоа "малку назад" да видиш колку нема врска за 2 год, првото на 2 год бројките до 12 ги знаеше бидејќи многу сакаше бројки, часовници, на 2 год слагалици редеше, спрема 2рово многу беше "понапреден" ама за година две скроз ќе се изедначат со тие што како помали биле "малку поназад"... Башка различни деца, секое е различно надарено, првото така моторички беше назад, ама ние бевме криви за тоа, татко му посебно и дедо му, не таму ќе падниш, не ваму и детето не ни пробиваше после, тек после 4 год почна да се опушта и да прави поектремни работи, било парк, било двор...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Е баш тоа, ќерка се доближува до скали, ние нееееее ќе паднеш, држи се, седни, вака направи, така направи.

    Играат во парк со дете пола година помало, само се качува внимателно, слегува уште повнимателно. Оваа го гледа и следи и почна по него да повторува, буквално без грешка.

    Си има нејзин прибор за храна, маж е преплашен зошто сум и ја давала виљушката кога може да се боцни со неа. А знае да јаде, не дека не.

    На такви работи мислам што ние ја уназадуваме.
    А бројки стварно знае и ги препознава. Побезбедно им е на сите на 2 години да седи и учи бројки/бои/форми или не знам што отколку да се научи по скали безбедно да движи. :D
     
    Последна измена: 27 јуни 2025
    На Giovanna, lackygirl и le.soleil им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Верувај потполно исто е и кај нас. Јадењето не му е само за да се најаде туку воедно и игра. Мора со нас да се на маса камиони, коли. Па не тие, други. Па дај ми ја твојата чинија. Ќе јаде едно време од неговата, па нашите ги бара. Иако почнавме во иста чинија како за нас да му служиме, пак се нашите поинтересни, а храната внатре е иста. (facepalm) Деновиве особено сме вратени со мајмуните мислам. Од дете што јадеше сѐ и само, сега знае да се понаша како бебе и чека да го храниш дур он си игра. Иако знам дека е погрешно, јас тука кикснувам зошто стално е на долна граница со килажа и си викам фали уште да не јаде. :@

    За нерви верувај нема потенки од моите. Сама на себе си се чудам како со него на прсти се брои колку пати сум избувнала, ама затоа другите го јадат. :?: Јас сум страшен темперамент и нетрпелива по природа, ама ете со него нешто од внатре ме тера да сум смирена. Некни имав еден поголем испад така и после се осеќав како гомно. Нејќеше да спие до 12 ипол вечерта и квичеше за се живо. Пази у 12 ипол сакал да вози точак надвор, аха важи. На крај изгасив струја викам плачи колку сакаш не се оди сега надвор, се спие. Се одра еј се одра! На крај му викам на маж ми земи го зошто сум пред нервен слом, ми доаѓа да го залепам една дури. :| И после сета драма нормално пак јас смирив ситуација и го прашав дали сака да се вози во количка. Излеговме како будали во 12 ипол и заспа на првата кривина од дома. На маж ми му викам друг пат кога ќе видиме будно дете како шета у 12 ноќеска, don’t judge. :drunk:
     
    На Mother of 2boys, јolene, Giiirl23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    24.647
    Пол:
    Женски
    Да да така, скроз исто беше со првото дете, скроз те разбирам и затоа ти пишав.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Еве ја денес и купив сладолед и се дере на цел глас: не ваков сладолеееед (а до вчера го јадеше). Другарка ми вика оди однеси ја нека одбере каков сака. И викам: аха важи дека ќе ја однесам, да бира и да ме малтретира. Не го изеде. И сменив нешто друго за занимација и заборави.
     
    На sani99, lackygirl, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Сум ги осудувала моите роднини што пола ноќ вртеа со кола низ град за дете да спие. Еве дури и вашето не знам дали би го направила на сред ноќ, макар што за денска дремка ако ми е битно по секоја цена да ја има, се случува да се вози во количка. Ама никогаш не вели никогаш.
    Максимум што сум дозволила досега на сред ноќ е да погледа Тв. Пак ќе речам, не знам што доаѓа понатаму и што би ме зачекало ама вакви опции од типот на шетање ноќе ми се големо Не.
    Сега сте попуштиле да се вози во количка. За 2-3 или 5 ноќи ако го бара истото од Х причини пак ќе така пример и тоа и во навика и до бескрај би одело.
    Мое мислење само, гледано од страна. Не значи дека е правилно.
     
  11. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella Како поминавте со Коксаки? За во уста земав Лизобакт и гелче Гелио, а за по телото нешто мачкаше? Не покажува дека го чешаат но на газето ми изгледа лошо.. како полни со вода се.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Убаво си кажа, никогаш не викај никогаш. И јас кога сум гледала и слушала од страна како некој постапува ми се чинело како сега на тебе. Ама да не ти дојде на глава. Ако не го извадевме спремен беше да седи до 3 сабајле, а за тоа ни имав сила ни планирав да го дозволам. Кај нас моментално е вонредна ситуација. Избеган е од рутината што си ја има зошто не оди во градинка. И не можам да правам анализи погрешно/правилно зошто на крај на ден навики се ствараат и губат. Ќе се вратиме во рутина.
     
    На Giiirl23, elenaklasik, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Исто беше и кај нас. Не чеша коксакито. Јас само еднаш го намачкав покс клин и пудра на газето зошто имаше такви и он како што опишуваш, негде на третиот ден откако качи прв пат темп му излегоа. Во устата немаше, ама најверојатно имаше на грло и/или непце зошто се жалеше. Еднаш му ставив метиленско сино, еднаш два пати прскав лизобакт. Маката е првите 3-4 дена, после се стабилизираат.
     
    На sani99 и Bebetoo им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Леле патешествија сте имале и вие. Моево во 5 стана мама базен брчкам (facepalm)
    Среќа брзо го смирив. Ова веќе такво будење во 5 ни е втор пат, надвор да оди беше првиот и трчаше низ цела куќа и се дереше по дедо му да го носел надвор.
    Шо се не им истекнува. Нас само трпение бог да ни дава, оти тоа е.
    Инаку од братучетка девојчето така го возеа со кола низ улици да заспие. Маката се ќе те натера.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Женски
    Утрово се жала на рачињата дека го болат, еве моментално стави влечки на рацете и така фаќа се, многу е исфрлан и во уста, газе, нозе, раце…
    Што да нудам за јадење?
     
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Избегнувај цитруси, патлиџан и се што може да иритира дополнително. Ако јаде млечни производи давај му надробено лепче во грчки јогурт, к.млеко и слично. Поважно е сега течности да пие.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Побрзо да помине.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    12.225
    Пол:
    Женски
    За колку време ви заспиваат малите?

    Полудувам, скроз сум накострешена од ова заспивање.
    Цело мајчинство, сите дена мислам дека на заспивање ми одат.

    Станат од 2 попладне дремката, поминати 7 и пол часа и го легнувам, се врти, зборува, го тапкам раката ми отрпе преку оградата на креветчето, часот си врви, 10 доаѓа, кујната лом сигурно што ќе ја средам сега.
    Сѐ ми се превртува во глава, мислата дека пола од времето на тоа ми оди.
    Се изнервирав, излегов, влезе татко му.
    Ексик ексик.
    И за дремка е слично.
    Па можам и за мене живот да имам, не?
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik , здравје мислам фрлив на тоа успивање, а се потешко и подолго е.
    Во градинка "мора" дремка, ноќе ја фаќа доцна додека заспие. Без 30-45 минути не сме, знае и повеќе да си зборува, да се превртува. Па повеќе уморна, па помалку, па не знам како.
    Веќе почнав да си читам мои книги на телефон или таблет додека си лудува таа низ спална, за јас да не полудам и да речам да тоа е време за мене.
    Нема тантруми или нешто слично едноставно не и доаѓа сон за брзо.
    Сум пробала и со тапкање по нога/газе, читање сликовници, кажување песни и приказни. И исто ми се фаќа дали само така ќе си лежам или ќе превртувам планини за да се успие.

    Брзо заспива само кога ќе ја оставам без дневна дремка.
     
    На elenaklasik и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.