Дали секоја вечер заспива во исто време одприлика? Ние секогаш бевме заспани во 9-9:10, последниов месец 1 саат се успиваме, да не ги кинам живците почнав да го легнувам околу 10ч и за брзо ми заспива така.. пробај, секако е лето помести го легнувањето, па на есен ако не бива ќе се укине дремката и тоа е
Леле како ве читам мајки,мене страв ме фаќа како ќе ги успивам моите близнаци кога ќе бидат на таа возраст,плус и дада им,мајкоо ,мајкоо...
За 10 мин заспива и тоа сама се научи да заспива ја пресоблекувам ја ставам во креветче си го зима бебето што спие и пуштам приспивна песна и кома е дури и јас задремувам на кратко. Многу ретко некогаш така повеќе да се потрудиме да се успиеме.
Сис, ќе си спијат твоите без проблем т.е ќе се успиваат. Остави нашиве, друга категорија се, пост корона деца овие
Јас сега некогаш и со големата имам проблеми за заспивање 4 и пол е, аууу колку ми газе на опашкатаа чурам,ако биде така и со овие ќе почнам да се дрогирам озбилно,најозбилно.
Лесно мајка, почнат ли покасно од 8 и пол 9 да ти заспиваат, кратиш дремка и у 7 се кома. Заследи ме за повеќе генијални совети
Ако е доволно изморен како денес заспива за 5-10 мин. Ако не е знае да се вртка и пола саат- 40 мин, ама тоа ретко се случува. П.С. Денешниот ден го прогласувам за мала победа. 0 screen time. Побара неколку пати и одма плачката на нос, ама не попуштив зошто мора да се научи дека јас и татко му сме тие што го ставаме редот, а не он.
Ќе барам секако за совети мајка Они сега за сега си заспиваат без проблем, освен дада им ако не ги заигра, како прееска..им вика,дадичка не одете на спиењеее,рано еее,видете надвор колку се свежичкооо,дојдетеее... Ама мама да не ве видееее..мислеш разбираат се,ама да си каже она
Во главом добра е ,си ги чува,кога треба зборува тивко,знае да ги заигра,ама некогаш ја фаќаат тоа бесните глисти и само глупости прави,али деца се тоа ајдеее,ќе се учам да билдам живци друго чаре немаааа.
И да не ги подлажува дада, за кратко ќе почнат меѓу себе да се боцкаат, на дневно ниво слушам "x ќе скокаме", x ќе го расипеш јогуртот? И нормално другиов одма слуша Кога беа помали ќе си кажеа нешто на кинески, другиов ќе речеше да и тргнуваа да прават бељи. Жими све, ко измислен јазик да имаат што си го разбираат меѓу себе Never dull moment со близнаци
Они и сега знаат кај едното таму и другото Едното отворе вратичка од кујната,другото тргне и вади работи од таму. А дада им ,неее,не таму...јас кога бев како вас не сум правила така,не треба и вие нееее. Денеска ставивме блокатори на вратничките,па додека не им научат цаката ќе бидат читави. Ај нек.се живи и здравии и ние со нив.
Моето заспива за 15 мин. Ние со тоа мака немаме, да не го урочам. Од секогаш иста рутина и во прилично исто време се успиваме. Ретко отстапки правам во рутина, ете како вечерва. Стандард легнуваме во кревет, јас до него, пеам песни и заспива. Вечерва заспа на лулка, зошто почна пак со тоа да го лулам в раце и тантрумно понашање. Ама се снајдов да избегнам поголеми сцени. Ама те разбирам за тоа дека ти поминува времето во успивање, јас такво чувство имам со хранењето. Го поминувам денот ми се чини во трепезарија.. ах маки наши. Не знам што совет да ти дадам, да пробаш по кратка дневна дремка пример. Можеби поинаку ќе е.
Колкаво е детето? За некои деца не важи ни ред ни прозорци нс будност ништо од тоа. Некои деца едноставно се поактивни и потемпераментни и затоа и потешко заспиваат. Имаат многу енергија. Некои па се спротивно на тоа. Ќерка ми спаѓа во првите. Ако нема дремка заспива побрзо. Ако има дремка и треба повеќе време. Во градинка има дремка и навечер тешко оди заспивањето. Денес немаше дремка, заспа брзо. Можеби е време за исфрлање на дремка. Ама пак во градинка не им одговара тоа. Таму спие и после навечер се мачиме. Јас за викенди кога како. Некогаш ја заспивам некогаш не. Зависи и сабајле кога е станата.
Моето 22 месеци заспива уште в раце седам на кревет и нишам, пуштам валцер од Андре Риеу и така заспиваат, тоа му е рутина. Големиот зад мене лежи оти без него нема легнување е сега вака ми заспива за 5 мин, некогаш и за 1 мин, ретко се 15 мин, затоа ме боли половина, грб, раце, се ме боли ама ми одговора вака за 5 мин готов е, еднаш пробав легнат до мене цел саат се вртеше, пукнав од нерви и реков вака не бива. Сношти прв пат големиот заспа в детска исто и малото таму го заспав, ама немам за него креветче наместено и го легнав в спална. И така не ми се верува дека конечно после 3 год од ко е направена детската спиеше таму голем синко, мм в спална спиеше после мноогу време Имаме уште едно креветче од мм бебе ко бил и ќе го местиме него в детска па да ги пробам двајцата таму can't wait Бујрум Spoiler: Кафе рает кафе ги сакам утрата когастанувам прва
И јас да се пожалам за спиењето. Мислев лето цел ден надвор ќе заспива брзо ама не бре, додека не си направи муабет со сите мечиња не заспива. Тргнав книги и сликовници зашто немаше крај со “паааа чити мама”. Сега само мечиња дозволувам во спална ама изгледа и нив ќе ги тргнам. 10-10ипол заспива, многу ми е касно ама тоа е, не бива порано. Вчера без дремка беше и цел ден на базент клапнат ептен и па 40 минути го чекав, 10 до 10 заспа. Така да решив веќе не го оставам без дремка, кај денот е хаос ненаспиен па и ноќта е иста, нема поента да се мачиме.
Јас за заспивањето фала на мм ке кажам он не попушта не го ниша, не го пета лежи на спална макар он саат време скокал и ке падне на крај куп на спиење. Го научи мм со приказни да заспива легнат на спална уште додека цицаше и така и сега се заспиваме. Измислувам зборам он кома е. Ако е изморен и ако му го потрефам точно тајмингот сам заспива само што ке стави глава на перница, ако земам да раскажувам прстот ми го става на уста и вика шшш мама диме нана Може за спиењево е лесен заради тоа во се друго ме тестира до кај ми се живците имаме бебе Марко да знаете, бебето спие во креветче он на големиот кревет, плаче ако не е Марко во креветче, пилето го става на подлога и марко он игра они гледаат им кажува ова багер, ова дупчалка, ова камион.. диме вози сега брм брм, става песок диме пае цимент и така.. интересно во секој случај
Големата ќерка така почна да сите мечиња мораа да и се на кревет да заспие и сега уште креветот си го мести со мечки и кога ќе заспие и ги тргам. туку, не знам луѓе јас сум шприцер ладна за овие работи, оставам да заспијат во дневна, гасам светло и они ќе вртат низ дома, ќе пијат какао, ќе седнат на кревет и им пуштам некој филм, за 10 мин се заспани и двете, па ги префрламе после. Не ја гледам поентата да земиш еден саат да нишаш дете за да ти заспие во 8-9, а пак саатот го утнал и да вришти оти не сака спална да оди. Па не мора да оди де, синкир цел живот ќе заспива во дневна ако таму ви е полесно успивањето. Навики се менуваат многу лесно, до пред некој месец големата уште заспиваше во дневна ама тешка стана за преместивање, еве си оди сега во детска си легнува и заспива таму. Значи дека еден ден ќе се сменат работите, не мора да се форсирате за нешто. Ќе игра, ќе му е темно, ќе дојде да се гушкате на кауч, не свесно ќе попушти. Па и да пуштите тв пред спиење чудо, ни еден цртан не ни останал изгледан,ептен се потресувате и си праите тешко.. не знам
Јас мислам сами дека си правиме тешко ама и околината прави премногу притисок на сите нас нови мајки, само излегуваат видеа, тикток,инстаграм, се некој едукатори за деца, курсеви, тренинзи чуда. Ко да речи сите деца се исти, па еден човек да ги направи една жена да ги роди две, различни ке се. После првото се опуштаат сите во глобала. Нема дете што на 10години не заспива само, што не користи вилушка,нож, што не знае само да јаде, сите ги достигнуваат тие работи некој подоцна, некој покасно. Дури и премногу очекуваме од деца што имаат 2-3 години па што се две години, тоа вчера тргнало да оди а ние сакаме да брои, седи мирно во ресторан, да е разбрано итн итн