Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Се согласувам скроз!
    На почетокот водена од околината многу се замарав со "ред". После неколку месеци решив да се следам себе. Само се нервирав, дремев у соба, очекував да заспие. Пекол. Кога ќе и се спие, ќе спие и крај. Неможе секое дете да е по книга.
     
    На Miss_S, Giiirl23 и lackygirl им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    24.647
    Пол:
    Женски
    Така е, точно. Затоа со второ кулирам :sun: хахаха и пак поќе ред имаше од сам почеток.
    Слагалици не реди, не го интересира, од овие со форми дрвените имаме не ми текнува да му ги покажам, вчера со мм од сабајле беа ги извадил сите и малото редело 8-| знаеше му велам :D да бе вика сите форми ги погоди. Едноставно си иди се само со време. Не сме му покажале како, сам фатил да си реди, а првото го учев јас од помал да реди од година и пол да речам. Сега немам толку време.
    Ама има врска и карактер. Скроз ми се различни, во се. Никако споредба не се прави.
    Време за дремка дома требало, е не, надвор во количка ќе преспиеше, ова како помало, количката и надвор, сега преспива во 12 и тоа време гледаме да сме дома оти после е потешко, лош е ако не преспие нон стоп плачи за се. Битно е тоа да го сфатиме, да се водиме по нив, ако не му се спие немора, сега и за јадење така, ако не му се јади нека не јади, попосле ќе јади.
    Еве и за големиот, 6 и пол год со нас спиеше, 3 год детска спремна, не сакаше никако, несакав со сила да го терам, како да го терам ко се плашеше. Сношти еве прв пат сам посака да спие таму, за вечер ќе видиме ако сака ќе спие ако не пак в спална. За се има време.
     
    На Ceneva, Giovanna и Carolin. им се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    Баш си размислував сега и да имам второ дете не знам искрено што би променила. Можеби би била малку поопуштена околу дневните дремки во бебешката фаза. Многу ме фрустрираше што кратко спиеше и не поврзуваше подолги дневни спиења. Се пробав за да фати некаков ритам ама џабе беше.

    Секое дете свој табиет си има и што помалку се споредуваш со други тоа пораат си. За редот одамна ми стана јасно дека таман ќе наредиш нешто, друго ќе те изремети. Да не речам се помирив, ама како и за сите други работи во животот убаво е да се има некаква генерална рутина и рамка што ќе се прилагодува на околностите и се држам до тоа.

    Еве пример сега кога бевме на одмор заспиваше во 11:00. Наше 10:00 би му дошло тоа. На плажа седевме до зајдисонце уживавме сите, после малку шетање, вечерање и додека се свестиш времето оди.
    Како се вративме дома одма се врати на тукашната рутина што ја имаме. Да решев на пример да го водам редот од тука, ќе немаше никаква поента ни смисла, само и само за да заспие во некој зацртан саат.
    Во Скопје имаме убав ред што функционира, градинката многу менува, затоа што секој ден се станува рано, таму се спие и попладнето преостанува само да се доврши рутината што очигледно фунционира.

    И вакви примери има милион, ама важно е човек да си ги знае границите и до каде му е нештото прифатливо и околу тоа да се прилагодува.
     
    На strelec231992, 1209, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Женски
    Ве молам кажувајте спас за исипот во уста од Коксаки? Ќе се мрднам што не можам да му помогнам, многу лошо поминуваме.. нит јаде нит пие ништо. Со шприц електролити давам само, друго ништо не прифаќа многу го боли. Многу лошо е исфрлан секаде, едвај оди и со нозете што го болат..
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Проба ли со метиленско сино?
     
  6. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Женски
    Не, ќе земам денес, ама не дава ни да го мачкам со нешто.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Не даваат знам, ама во такви ситуации мора на сила зошто за негово добро е. Не знам колкаво ти е детенцето и дали користи уште цуцла. Јас на син ми му капнав на цуцлата и му ја дадов.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    1.470
    Знае ли некој каде можам да најдам образец за полномошно на син ми за да патува во Грција со баба и дедо за да пополнам сега за да не заглавам во гужва во МВР ?
     
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    77.715
    Пол:
    Женски
    Напиши сама само на нотар завери го
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Тоа кај што се пасошите треба да дадете согласност двата родитела. Само ти не може. Мора и таткото на децата да потпише.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Женски
    Немаме цуцла, успеав со чепкалка да го намачкам и со шприц испи 2 чаши јогурт.
    Денес веќе 4 ден подобар е, само не знам дали има плус и стомачен или од коксаките има неколку течни столици утрово, нема гадење не повраќа..
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Син ми кога се разболе два дена немаше столица и на третиот му беше малце така повлажна од вообичаено. Не мора да значи дека е стомачен. Дај му пробиотик и ако може веќе да жвака нека јаде денес посува храна, евентуално варен компир, ориз. Не давај млечни производи чим има течни столици.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.211
    Пол:
    Женски
    Коксаки е ентеровирус, и очекувано е да има и течна столица. Нормално е тоа, се чисти така организмот.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.812
    Пол:
    Женски
    Мали паднал од спална на плочките. Нема никакви знаци на дистрес и се понаша нормално ама има хематом. Дали да го носам на доктор или да го пратам 24 саата како ќе е па ако има нешто да го носам? IMG_8644.jpeg IMG_8643.jpeg
     
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Ох душа убава. Прати го ноќва. Па ако видиш потреба утре однеси го. Можно е да се спушти накај окото да не се уплашиш. Работа на гравитацијата
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    19.645
    Пол:
    Женски

    Мојот имаше иста ваква модрица, се залепи на плочки исто само што он трчаше и јас мислев носот и забите отидоа. Прати го ноќва ако нешто ти се понаша сомнително, носи на лекар. Мене тогаш свекор ми ми рече гумени глави имаат децата, ништо не му беше на моево само мпдрицата 3 недели си ја носеше.
     
    На sani99 и 1209 им се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    910
    Душиче бе. Ќере имаше исто вакво кога трчајќи силно падна на бетон на чело. Консултирав доктор телефонски и ми рекоа не треба ништо. За неколку саати спласна скроз и остана само модро неколку недели. Ама тоа не го броиме, секогаш има барем 2 модрици на чело :sweat:
    Прати секако, се надевам исто ќе помине брзо
     
    На sani99 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.812
    Пол:
    Женски
    За модрици да не зборам, секако целиот е со модрици, со гребаници со џумки, само волкава немал па искрено малце така се загрижив. Сега стана од спиење нормално си поплача дадов вода си презаспа и спие мирно, вајда ништо страшно. Ама ќе го пратам секако па да видам.
    Мада нешто и кашла денес може затоа ќе го носам кај матична повеќе, да види грло, сомнителен ми е.
     
    На Giiirl23, Carolin., kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    12.225
    Пол:
    Женски
    Секоја вечер гледаме да ги легнеме во скоро исто време. Големиот изморен од дрдорење, викање, ќе рече уморен сум. Оох најубавата реченица: сакам да спијам. :angel:
    И покрај големиот, секако и малиот ќе оди во кревет. Едниот во спална со мене, во креветче го легнувам, другиот во детска со татко му.
    До 9 и пол се в кревет, ама дур заспие и преку 10 фаќа.
    А бе поентата е што и мене ми е веќе преку глава од цел ден, па си викам дај нека легнува, да одморам, да се завртам низ дома, рутина лице, мачкај целулит и една страница од книга, малу појќе интернет и толку е:whew:
    :rofl:

    Има 2 години и скоро 5 месеци.
    На периоди му се менува начинот.
    До пред извесно време, ќе го легнев, млекото ќе го крцнеше, мечето в рака, цуцла бап, и ајт, за 5 до 10 минути заспан.
    Сега како се стопли, е поразвиорен.
    И во 2 попладне да стане, 7 часа буден до вечер, па малку како да му е.
    А без дремка не се може сѐ уште, нит тој нит јас :D
    Можда и повеќе изморување му треба преку ден (ние со татко му тука не се броиме :whew: )
    Ама што да му правам, во стан сме, ќе поиграат со брат му, ќе се кошкаат, ќе излезиме кога како надвор и мислам дека пак би било истото.
    Едноставно развојно си е.

    ---
    Погоре ве читав за јадење, тинтрање, викање, мавање.
    Јас сум станата лошичка искрено.
    Па како не ќе сум, какви трауми имам од големиот, веќе живците и да сакам да ги тренирам, не можам.
    Уште не сум на никаква хемија за смирување, за чудо, освен неколкупати диазепам.

    За храна пример, не дозволувам играње, особено од големиот, зашто и тој си знаеше да фрла со лебот накај помалиот, и као смешно многу си се заигруваат. Кога ќе згрмам тука, не знаете, гласот ми се задебели од викање.
    Ниту на малото му дозволувам.
    И никогаш што пребарувале не сум давала. Не сакаш да јадеш, стануваш, стварно не можам.
    Јас знам колку е мачно со тантруми да се расправа мајка, сум се расправала со тантруми од друг вид.
    Е сега овде има еден момент.
    Моите секако не се пребирливи, јадат сѐ, и тие имаат фази да не им се јаде и сл, ама ги оставам. А инаку до толку не ме толчеле за храна, така што верувам дека е мачно зашто е храна во прашање.

    Инаку реков, викам многу, се дерам како ламја по дома. Немам друго решение, кога гледам дека ме вози големиот.
    Пример ако го фатам со убаво, за нешто што не ми се допаѓа како направил или изреагирал, и сеа му велам ајде душе мое, срце мое мамино, и тој почнува аааааааа мамаааа и почнува лигав целиот. Знаете, она демек ме виде мека и ќе си се вратам на истото.
    А, згрмам, се повлекува.
    И не, не планирам да осеќам вина, која како рекла, за чувствата, за емоциите.
    Јас сум од тие што читаше книги, следеше "упатства", внимаваше на чувства, барем од тој емоционален развој сакав да запазам некои начела, за на крај скроз да попуштам.
    Не бев попустлива, туку со рзабирање. Но, кога ќе ти се треска дете за кабелот да бил прав, за чорапот, за тркалото, за ситнурија некоја, и тоа гледаш дека станува начин, пааа чекаш развојно да достигне некоја свест, како сега на 5, и почнуваш да си наплаќаш.
    Сори бат нат сори.
    Доволно истрпев, со стомак трудна, да плачам од него, собрано од цел ден, пред 3 години ова.
    Сега е поразумен, ама е упорен, повторен инает. Тврдоглав, решил нешто така, наумил, ќе биде.

    Туку да се навратам на малиот.
    Малиот е покроток, пофин.
    Ги нема тие трескања ко спулавен.
    Знае да искаже лутина, да има мини тантрум, ама брзо му поминува. Слатко е дури.
    И ќе ги покрие очињата, демек се лути, и после се смее. Срце.

    @Giovanna , и јас мислев ќе сум поопуштена со второ за дремки и спиење. Не бре сестро, ексик, ич не бев опуштена кога беа бебешките дремки.
    Ама за други работи самото дете те опушта, дека е поразлично од првото.

    @Carolin. , точно, јас од тие видеа, совети, мајки со такво образование кои даваа курсеви, скренав.
    Зошто моето дете нема самостојна игра, види детето на Марија како си игра...и до бескрај.
    Или за однесување, тука најмногу се обвинував, и после си реков, не ги слушај другиве. Особено оваа развој низ игра, кога ќе речеше демек да не сме користеле фраза дека до детето било.
    После сфатив дека, да, до детето е мајки.
    Има лесни деца, има тешки деца.
    Едноставно темпераментот на детето е даден таков каков што е.

    Поздрав, мајки, дур дреми малиот, да се завртам низ дома.
     
    Последна измена: 1 јули 2025
    На 1209, MeowMeow, Bebetoo и 7 други им се допаѓа ова.
  20. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.161
    Пол:
    Женски
    Како е денес? И мене денес ми се јавија од градинка од ќоше се удрил мојот.. ;(иста џмучка има
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.