@elenaklasik ако се охрабрам за второ доаѓам со рапорт тука да видам што сум фантазирала ама стварно ми е скиснато од тие дремките и немам веќе капацитет да се фрустрирам на таа тема.
Кога ќе ми текне на тој период до година дена........Пекол! 15мин спиење, станување, кенкава,вришти, неќе да спие.. Трауми. Уште на попладневна дремка знае да стане ама презаспива одма. Ама до година дена беше страшно, рацеве ми знаат.
Имате некои интересни рецепти за ужинки што може да се припремат унапред, пример нешто како чиа пудинг што можам да направам за цела недела унапред, или мафини што се замрзнуваат?
Хит ужина периодов кај нас е смути. Секој ден различна боја, бар сега овошје на претек има. За замрзнување сум правела благи мафини со банана, со јаболки, солени проја мафини, палачинки, вафли. Знам да сварам и обичен гриз и има ужинка за 2 дена. Чувам во фрижидер и пред да јаде вадам и додавам овошје некакво, путер од јатки или мед.
Мамс што обувки носат вашите за во градинка сега на топлово? Мојов има топлинки ама сигурно му е претопло у нив, сакам да му земам нешо за бос да биде ама не знам што, да ми дадете идеја?
Има ситно слабо ноже и кроксите му се широки, не ми е стабилен многу со нив се потепува кога трча сандалки ми се подобра опција како @Mandela што прати, ќе разгледам, фала ви!
И Ipanema можеш. Има убави модели многу. Моето ги има овие како првата слика 900 ден ги зедовме. А има и по затворени за постабилна ногата да биде, како втората слика,тие лани ги имавме. За лето мене ми се топ овие. И за во градинка би му земала такви. Здравје за другото лето нека почне само на градинка
Исто и син ми. Купив Крокс ама џабе. Он сака да ги носи ама се сопка, некако ич не ми изгледа стабилно да трча и движи по цел ден со нив. Сега носи отворени топлинки со чорапи, ќе барам викендов некои соодветни сандалки. @AngelOfArh за какви габични инфекции збориш? Ти не си по 8 часа на работа во затворени обувки? Ете јас сум човек што 90% носи патики и во лето и во живот сум немала габична инфекција.
Ако сметаш дека е нешто битно пуканки да јаде... Мене ми е страв да давам ,да не и заглави во грлото или во забчето да направам проблем без потреба... Иначе има 4 години...
Не би давала. И мене ми е страв. Големиот ко ќе јади пуканки се крие од малото. Моево в градинка ништо нејќи да носи, по чорапи се слекувал и така стои по чорапи сега. Големиот цело време беше во топлинки/патики никогаш ништо не му се направи. Крокс носи надвор во двор ама се сопка со нив не ми е стабилен, исто носи од рајдер сандали ама се слекува. Бос преферира сега ок е ама од септември ќе мора да носи нешто на нозе па дотогаш белки ќе се навикни.
2г и скоро 3м е син ми, немам дадено и не планирам во скоро време. Прочитај си на интернет зошто не е безбедно.
Овде боси ги оставаат во топлинки, последниот пат кога го земав нозете му смрдеа на кисело, едвај го измив, не седи дете во купка со сода пример, едвај го измив мирисот. Да носат памучни чорапчиња лесно е, они се боси во топлинки.
Он по тараса и околу зграда носи крокс ама исто се сопка. Имаме отворени сандали ама за жива глава неќе да ги носи. Нарачав едни од зара на попустите сега за шетање ама за у градинка сакам некои посоодветни за цел ден, ќе видам што ќе најдам.. Иначе мојов е со чорапи и топлинки ама не сум имала проблем со замирисување ноже и слично, може дека се од тие летните со две дупчиња.