Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    7.205
    Пол:
    Женски
    Кај нас како што гледам на слики се сите во топлинки/сандали и плус чорапи. Јас ставам едни ептен тенки како мрежести чорапи од Ваикики и ги земам.
    Не си дошла ни со испотени нозе, ни смирисани засега.
    Повеќе и се потат дома во едни како Крокс на босо, за на балкон што ги носи.
     
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    8.419
    Пол:
    Женски
    Моето е 2 години и му давам пуканки. Ги обожава. Ако сметаш дека ќе знае да ги јаде. Моето јаде доста претпазливо, и давам по малку. Знае кој не се за јадење и ги фрла тие.
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    24.532
    Пол:
    Женски
    Страшно во пуканките се оние делчињата што се лепат, како лушпи што имаат од испуканото семе, нз како да објаснам, тие можи да се залепат негде на грло на дишник скраја да е. Овие што остануваат цели не се толку страшни како лушпите. Големиот ги обожава дури и него не ми се даваат и мн ретко му давам.
     
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.703
    Допаѓања:
    37.982
    Пол:
    Женски
    Да си се пожалам и да ме утешите и тука. Малово 3год, од неделата ноќта е со тт. Не беше страшно до моментот кога тт не сака да спадне никако, сируп на 4 ч едвај издржува, и качува до 40. К слика со малку покачено црп, мокрача ок. Среќа пие вода и поткаснува по нешто. Почна да се жали дека го боли мешето, од премногу сируп ама нема друг начин.
    Денес е точно 3 ден.
    Вие што сте го поминале, колку време трае, психички се изедов кога го гледам вака беспомошен.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    45.613
    Пол:
    Женски
    Toп, само модро има, нема веќе џумка. Ама откако се удри се разјаде како луд, се шалиме со мм дек од ударот му се поремети нешто, оти ништо не јадеше.
     
    На kozuf и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    45.613
    Пол:
    Женски
    Женска, не е до тоа дали знае да ги јаде, пуканките се опасни зошто се лесни и може пример да се засмее со нив или да ги вдиши и да отидат на погрешна локција и да се заглават во белите дробови, да направат тешка пневмонија. Пуканките се една од работите кои педијатрите се строго против за деца под 5г, дури и над 5 велат со особена претпазливост.
    Не само дете јас лично знам возрасна особа која 4м лежеше во болница од залетани пуканки во бели дробови, значи ги јаде, се залетнува, ги вдушува…како ништо не ми е и за неколку дена тт, лошење, пак ништо не ми е, додека не легна со тешка пневмонија и одвај спаси жива глава.

    Јас ептен имам страв од пуканки.

    А сабајле изедов и страв за оние пусти мали батерии.
    Значи еден саат негов мал има што не го играше и беше дигнат, го нашол и го гледам игра со него ама не ми текна на крај памет дека е со батерија, едно време го гледам мирен, не го слушам одма ми светна дека нешто во уста има, одам го грабнувам гледам делот отпозади кај што стои батеријата го извадил и пластиката во уста, среќа, СРЕЌА, делот со батеријата паднл на земја, абе срцето ми отиде во пети ако верувате, духот ми излезе, пиев вода и шеќер да се смирам. Фрлив и саат и се, ептен страав имам од тие батерии, хорор.
     
    На Bebetoo, MeowMeow, lovely91 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    24.532
    Пол:
    Женски
    Ние имаме мн батерии мн сатови и ги играат, обични батерии ама пак ми е страв и в уста да не стави, ставени се во фиока ама ги зема големиот и немојш да ги допазиш....скоро кажуваше еден др од Србија ако голтнеле батерија недај Боже да јаделе мед по 1 лажица ма 2 сати така некако беше. Се обложувала батеријата и не правела голема штета.
     
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    12.041
    Пол:
    Женски
    Немој, нема потреба.
    Малку фали да залетне парченце.

    Инаку, на оваа тема за давење со храна.
    Да ве прашам, имате поим од прва помош пружање?
     
    На kozuf и snowqueen им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    45.613
    Пол:
    Женски
    Јас знам за деца над 1 г лажица мед на секои 10мин додека се стигне на итна, ама и кај нас итната за такви работи не знам колку се способни, па јас за секој случај фрлам се што е со мали батерии.
    За деца под 1г џем место мед.

    Мислам дека знам, ама молам бога да немам потреба да видам дали знам.
    А следев курсеви и гледам постојано, на работа имам учено, ама сепак…не знам дали знам.
     
    На Giovanna, lackygirl и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    @snowqueen
    Solid starts е супер апликација кај што убаво е објаснето за секоја храна како се служи според возраста. За пуканки апсолутно се што кажа @1209 е точно. Еве и апликацијата што вика.
    @elenaklasik Има корисни видеа на инстаграм што сум ги студирала за не дај боже. Не знам како би реагирала да се случи, се надевам правилно :|
     

    Прикачени фајлови:

    На Giovanna и snowqueen им се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    12.041
    Пол:
    Женски
    @1209 на самата помисла ми се превртува стомак. Ама разумно е да се знаат техниките.
    Никогаш да не ни потребаат.

    Имам еден мал прирачник од кога полагав за кола и исто така имам една енциклопедија за целокупен развој кај бебе и дете, во него пишува и за давање прва помош.
    Има за различни ситуации, од температура, алергија, удар, изгореница, задавување со храна итн.

    Дури мислев и некој курс да земам со практична обука, а можам и на јутуб да најдам, ама друго е директно стручен човек да ти покаже.
    За задавување конкретно, треба да се постави тупаница под градниот кош и да се притисне со другата рака, како по дијафрагмата му доаѓа, за да се исфрли парчето.
    Стварно ептен сум лаик.
    Да не затреба, пу пу пу скраја!
     
    На kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    До 3 години не се препорачува. Едни од најголемите гушачи се.
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    45.613
    Пол:
    Женски
    Јас пошто работев во ресторан секоја година ги преполагавме овие за прва помош, за изгореници, пожар, давење, алергиња, сечење, паѓање…доста обемен курс беше и мораше апсолутно секоја година да го положиш за да ти продолжат договор, имаше за тоа како да се пристапи при онесвестување, што се прави, и се по ред, ама во реалноста никогаш не притребало освен за горење и исеченици, па не знам како ви реагирала. Се надевам нема да дознаам никогаш. Ама апсолутно треба да се знае.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Поради често симнување на плуќа правевме ренген. Прво нешто што ме праша докторката беше дали јадела пуканки.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Нашата доенечка приказна полека завршува.
    Од очекување дека нејзе ќе и биде тешко, излезе дека мене ми е.
    Се навикнав 2 години, се поврзав и сега ми е жал дека тука застануваме. Ми доаѓа повеќе да ја гушкам, бацувам, да надополнам со близина.
    Ќе видиме вечер како ќе биде, денот добро го истеравме.

    Под топол туш масирам, испразнив гради и ставив зелка. Утре планирам да купам чај од жалфија.
    Дали добро правам?
    Доста млеко излегува, ми е страв да не премногу стимулирам под туш. Последен пат цицаше сабајле во 7, вечерва се масирав. Немам пумпа, ја дадов на другарка.
     
    На kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    19.320
    Пол:
    Женски

    Масирај само ако ти се прават грутки и тоа само колку да ти олесни. Стегни се со некој градник и можеш лист од зелка ако осетиш ептен жешки гради.
     
  17. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Ми се прават по малце и ставив превентивно зелка. Значи и да се стегнам со нешто.
     
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    24.532
    Пол:
    Женски
    Мене пролетва големиот пред очи ми се задави, лапна 3 топчиња чоко стоби флипс, почна да се дави, да поздинува, се преплашив ко што сум гледала на тв правев од назад застанав и го стегав на мев и го поткревав, го чукав и готова бев скроз да го превртам таква сила имав а 27кг е и ги исплука.
    Само малку одмолзувај. Јас имав мн млеко и мн полни ми беа и тешки, само 2 пати одмолзив во 2 дена и толку повеќе не се наполнија. Не пиев ништо, не се стегав. Со лесно. Моево уште бара цицка :D рака става меѓу гради и вели Сиска
     
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    4.005
    Јас на секои две години морам да го обновувам сертификатот, работната позиција го бара тоа од мене. За бебиња е поразличен курсот за прва помош, а мислам и за деца. Еднаш се имам најдено во ситуација да се задави син ми како бебе од 10тина месеци од бисквита, не знам како останав смирена во тој момент и успеав да го превртам како што треба, за да ја исфрли бисквитата. После тоа не можев да се соберам со денови.

    Инаку тука кај што живеам задолжително ни стигаат картички за во новчаник, каде што има објаснето сликовито давање прва помош кај бебиња и деца. Си ја носам секогаш кај мене и често ја препрочитувам. Не знам кај нас дали има вакво нешто.
     
    На elenaklasik и 1209 им се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.592
    За батерија имаш 2 часа пред да започне желудочната киселина да ја нагризува и да започне да прави проблеми, најитен случај е ова.
    Колешка минатиот месец имаа ваков случај, и тоа со сопруг доктор дома. Правец на итна, тука на итна се чека минимум 5-6 часа за преглед. Ама ваков случај не трпи чекање, веднаш ги примиле и итно на рентген, вика во рок од 30 минути завршија сите испитувања. Кај неа фала богу немаше ништо, батеријата до ден денес не знаат каде е.
    Затоа секогаш треба пазење, дел од секунда е доволен.
     
    На sani99, lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.