Топлинките му ги облекува татко му врз тенки претенки чорапчиња кога го остава. Никогаш нозе му немаат замирисано. Да облечеш топлинки на боса нога е глупост.
Мм одеше на прва помош курс со цел да знае како да се справиме во одредени ситуации. Јас имам само видеа гледано. Иначе малава на 8 месеци има голтнато таа пластиката што се затвара лебот, нит се закашла нит ништо. Јас видов нешто бело голтна ама ни на крај памет дека е тоа мислев ливче, кога го искака умрев, бевме итно примени на ренген ама и покрај то што рекоа дека нема исекотини, јас не бев мирна. Од газето малце и течеше крв ама тоа заради ситна исекотина. Ден денес не ми е јасно како во толкаво мало желудниче тоа стоело и минело низ црева, се ежам. А пази, 4 возрасни дома бевме
Кај мене близнаците од саботата после ручек беа со температура се до завчера, машкото полесно ја спушта, ама девојчето на три ипол саати наизменично со парацетамол и блокмакс, црп 41, гранулоцити покачени вирус било.Кај нас и плус црвено грло ништо не јадат стандард и само млеко ми бараат да пијат. Вчера беа подобри освен нели грлото што ги боли и на секое кашлање плачат.Два дена се со антибиотик па ваљда веке делува
Епа затоа јас се бунам. Топло им било, е добро тогаш соблечи ги боси, не у топлинки. Од што многу бев гласна престанаа да им облакаат така и сега се или боси или по чорапи.
Јас си зедов мус. На првото дете само со него му ги миев и до 6 и пол год само 1 заб му се расипа. Миење секоја вечер. На сабајле не се мие. Малово нејќи никако, со него забушавам јас со сила ми е мака да се борам ама ќе треба да се фати сериозно работата. Барем не пие ништо навечер се тешам
Од сабајле во група во градинка 6 деца со варичела. Сите вчера биле во градинка. Ќе биде забавно следните 3 недели.
Море 5 месеци со ред, на секое нејзино, Мама чеша мешето, ножето, главчето... подголтнувам и се спремам за видам што е, сипаници се вртат, имаше низ група вошки, коксаки итн Нема што нема работава.
Кај има курс за прва помош за деца, сакам и јас да се едуцирам. Видеа изгледано имам многу, ама не сум самоуверена баш. На плажа вчера едно поголемо девојче 4-5г. се засркна со бисквит, родителите во паника, друг стрча помогна одма за среќа. На секој секаде може да се случи со било каква храна за жал, треба да сме спремни. Ама честите гушачи апсолутно би ги избегнувала и јас долго време.
Јас имам грижа дека премногу пред телевизор го оставам. Слуша видеа на повеќе јазици, некои цртани му пуштам, пократки видевца. И повеќе од времето гледа. Да можам јас нешто по дома да фатам или пак да се одморам. Што да игра не знам. Предложете нешто активности што не мора многу да се замарам да ги правам. Го оставив на тераса со вода, играше некое време и влезе рече цртан.
И мојот пред телевизор си седи додека јаде, за тоа највеќе се нервирам што е тоа е, си игра со колички итн ама кога ќе дојде време зајадење обавезно пред тв ама никако не се убедуваме дека неможе уште да гледа ама џабе...
Користам Лакалут. Убава му е. Секоја вечер миеме обавезно заби пред спиење,без исклучок. Ама насабајле не дава како на @lackygirl и никако не можам да го убедам. Ама битно навечер дава. Внука ми е 6 год и само навечер мие заби и нема ниту еден расипан заб
Јас уште не успевам секој ден, барем еднаш во денот дали сабајле или вечер успевам ама двапати многу ретко, запечатува уста и тоа е тоа. Свесна сум дека мора, ама не можам да му ја отворам устата насилно. Пробав со финти, песни, различна четка, паста, он да мие сам, на мене да мие и нема успех. Инаку сам додуша ги мие и сабајче и вечер, ама јас убаво да му ги измијам двапати на ден не успевам, пробам вечерта ми е побитно, ама секогаш е со плачки.
Моето дава, убаво му ги четкам по две три мин пред спиење. А насабајле не сака и крај и не форсирам. Почна да дава од кога купив curaprox четка за заби, пред тоа борби беа. Барем тоа се среди, навечер само, ама ми е ок. Секако само вода знае да се напие во тек на ноќта.
Кај нас баш водата е шема сега на балкон. Неколку различни садови, кој со чиста вода, кој со сапуница, пробавме и од брашно, какао и вода да направиме "кал". Сите ја интересираат и си игра. Песок исто, кинетичка или поевтина варијанта е за аквариум, во повеќе садови да претура. Мојава знае и коцки да реди и со сложувалки да се заигра со по 4-5 дела што се. Со повеќе делови не сум зела. Гледа и тв, не дека не, кога повеќе, кога помалку. Бидејќи оди и во градинка во период на попладне дома играме тоа или со вода, или излегуваме во двор, парк, улица, до кај некоја другарка, игротека. Нешто со сликовници, боење, лепење стикери. Периодов немам баш простор за низ кујна да е со мене и да "готвиме".