Хит на моево еве веќе цело лето му е апаратче што прави балончиња од сапуница. Го земав некои си смешни 3-4 евра од Лидл, ама сигурно има вакви и на Тему, ако не се наоѓаат кај нас. Го оставам на балкон, он си ги брка или ги мава со ролна од кујнска хартија После откако ќе се занесе, си се заигрува и со други игри сам. Ама јас сум секогаш во близина и го гледам, сам на балкон да го оставам ми е шубе. Spoiler
Истото го имаме ни 10 минути не издржа. Го фрли во базенот “имало кака” па да го измие и цркна кутрото
Досадно му е затоа бара цртан. Син ми една недела беше дома со Коксаки и гледањето тв излезе од контрола. Се изнервирав и од саботата драстични мерки превземав, не го пуштав по ниедна цена. Он си бараше и си кенкаше неколку пати за тв ама не попуштив. Од понеделникот тргна во градинка и кога сме дома воопшто не побарал тв. Доаѓаме, ручаме, си игра, одиме надвор, се враќаме го туширам, заби и во кревет. Кај него приметив дека тв бара кога не знае како да се заигра и сѐ му е здосадено. За активности идеи имаш многу на тик ток, пинтерес, види таму.
А да проба татко му? Мојот кога е со мене ги мие строго сам, мене не ми дава никогаш, ама со татко му нема проблем. Прво сам се шљака, па му ја дава четката и му вика ајде тато сега ти мене миеш запчињата.
Не ми текнало ова, се друго дозволува без проблем да прави татко му, да го мие, миење газ и пелена, облекување, мачкање фактор, јас сум лошата на која ништо не дава. Ќе пробам денес. Фала.
Ооо Марге балконот . Ај праќај адреса да ти ја донесам малку . Малку само и се залепени очите, ама по слика не било коњуктивитис. Важно не се осмелувам да тргнеме на викенд, оти ноќеска пак се угреа малку. Мојата со ништо не се заигрува сега значи. Ама баш со ништо. И од дете што од бебе само се играше, сега бара придружба. Затоа кај мене е растурено и хаос. Јас не успеав ни да ставам ред, да не вади и фрла од фиоки и шкафови. Може е премала, ама веќе неколку играчки завршија у канта пред неа. Оти само расфрла и после не сака да собереме. И така некна една кутија со картички што ги растурање и само 2 сек и траеше еуфорија и еден сортер што ги ставаше во уста, завршија во канта. Лоша мајка реков веќе. Сакам детево на две години да го направам ко да е на 5 .
За да не фрлаш безвезе играчки да ти кажам една финта. Најди место кај што нема достап она, дали некој плакар, под кревет, позади кревет, некаде, собери играчките и кажи и чим не собираш сега ќе оди во канта и фрли ги, после извади ги и собери ги на страна, за 2м извади и ги како нови. Не знаеш како пали ова. Јас вчера извадив кутија така, у несвест паднаа.
Ова фрлањето во канта кај нас не пали. Еднаш така пукнав по 100 пати повторување да си ги збере играчките и фрлив 2 во канта тој си продолжи по мене да си фрла. Сега кога ќе почнам да цркам што расфрла насекаде сам ме прашува дали да ги стави во канта Шо карактер ќе беше не знам, од ништо нема страв. Некогаш пали да го прашам како кое животно ќе ги носи играчките во детска, и ќе стави некоја играчка во уста па ќе скока како жаба ќе се врати ќе земе друга па ќе глуми лав и се така додека не му текни пак да ги враќа во дневна
Бујрум, во секое време Таман, кај нас ќе имаш чувство како да си некаде на планина, а ако им здосади на балкон, позади зграда има детско игралиште, со песоци, лулашки, лизгалки и дрвени куќички и некој (немам поим кој) плус играчки им остава Колички, точаци, тротинети, лопатки, нема што нема Они ќе си играат, ние нема да може да се изназбориме Инаку, мала е уште за сама да се заигрува долго. Знам дека ти изгледа дека не е и дека е време, иста бев, ама реално некаде од 4 год почна моево да се заигрува само. Е сега веќе знае да ми каже - мама, дали можеш те молам да излезеш од мојата соба, сакам сам да си играм Океј, тинејџеру Ама и често им е досадно, го гледам моево, има идеи за игра, се му е смислено во главче, ама му фали партнер за игра. Не е тоа дека они нас сакаат да не гњават, едноставно им треба некој кој што ќе ги дружи во играта. Во последно време надвор од градинка се дружиме со девојченце од градинка и мајка и, ако ми веруваш, децава со саати си играат. Со мајкава веќе не знаеме што да зборуваме. Значи му фали друштво. Ама си доаѓа тоа само по себе. И тонибокс кај моето се покажа како супер уред, моево се губи во приказните. Песнички не сака, не слуша, ама приказни многу. И паралелно со тоа си игра. Буквално кога беше 2 год, беше во некоја Пожарникарот Сем фаза и по 2 недели слушаше една иста фигура и воопшто не бараше тв во меѓувреме, што за мене барем на таа возраст беше многу битно. За окцето, моево неколку пати се буди со залепено окце и само еднаш било инфекција до сега и така со млака вода и тупферче и бришење од надворешниот крај на окцето, па навнатре - проаѓа за ден два. За собирање на играчките, не знам, искрено и за тоа сум на став дека е мала сеуште, ама можеби грешам тука. Моево еве сега веќе си ги собира, иако треба некогаш да му повторам, ама во главно ги собира. И дури кога му е растурена собата, почнува да му смета, а ако јас му ја исчистам додека е во градинка, ми вика - мама, фала најмногу откако ми ја исчисти собата Сакам да кажам, веќе сам некако разви осет за тоа, ама ова е последнава пола година некаде, пред тоа си правеше само патче да помине низ играчките Убаво кажа на крај во последната реченица, имаме преголеми очекувања од децата, што воопшто не се согласува со нивната возраст. Не само ти, еве и јас, а и повеќето. Верувај некогаш кога ќе си кажам дека има само 4 год и кога ќе си набројам што се очекувам од него, ми иде сама да си удрам една воспитна. Да те поздравам, само да видиш дека не си сама. Spoiler: Кутијава беше со алишта за во подрум
Потврдувам за ова, јас константно ги кријам месец два и после кога ќе му речам како демек ај да бараме играчки и кога ќе ги најдеме демек се нови и секогаш се заигрува со нив по цел ден тој ден.
Имаат ли некоја криза на идентитет децава пред да наполнат 2? Што е со одбивањево дремка, ем му се спие ем седи опулен, ко том е со чечкалиците он сам само си ги дежи опулени очиве на пола. Ем плаче ем се смее, секако пробав не заспива. Го нишкав цели 25мин он пее со мене, ај ќутам и ношкам џабе
Има регресија тој период. Кај син ми траеше околу недела дена среќа. Иначе може да трае и до 6 недели.
Дали е можно Коксаки да повтори? Многу сум уплашена бидеќи наредна недела одиме на одмор, на пријатели детето фатило два пати во еден месец. Планирам да не го пуштам во градинка и од понеделник секако во четврток одиме, но имаме роденден на блиски во недела, што мислите да го носам?
Можно е, а нит градинка нит роденден не ти е паметно да го носиш, греота е за другите деца стварно. А и за него, ќе се мачи.
Не, он моментално е супер заздравен, помина осипот и сите симптоми. Мислев бидеќи сеуште кружи вирусот да не префати повторно од некого.
И јас како што знам може да повтори Коксаки. Конкретно на другари детенцето имаше на 2 ипол години и сега пак фати од сестра му и син ми. Една недела го чував дома јас и тргна пак во градинка. Немам услови да го држам повеќе од тоа. Ако не го носиш во градинка за да го дочуваш за на одмор, не гледам зошто би го носела на роденден.
Можно е и тоа како. Коксаки е доста опасен вирус. Од него како што знае да падне имунитет, после многу тешко опоравување.
После овие појаки вируси децава факт дека се со паднат имунитет, но дека ќе го сочуваш, малку тешко. Јас ако се прашувам за мене Коксаки е подеднакво опасен како и Варичела, ама не сум доктор. Ако е здраво би го носела секако. Еве ги кај синко во група сите се со Варичела, немам шанса да не го носам и си оди.