После првиот случај кај нас главна дилема ми беше дали да оди или да остане дома некое време. Сметај кај мене колку толку има со кого да остане. Ама од првиот случај веќе беше во контакт. Реков да ја оставам 15 дена дома, после враќање не е никаква гаранција дека нема да има случаи. Да ја оставам и месец и два дома, повторно кога ќе се врати, а некогаш нели мора да се врати, пак ќе има нешто од што ќе треба да се пазиме и така до бескрај. Ради тие причини решив да си оди.
Од кај му енергија на детево еј, очите под брада, готов, не попушта. Го фати збес, почна да гризе, да лудува, да будалее... Ама легна сега пред 10 кома, заспа. Дефинитивно дремка си е дремка, помирен е кога ќе отспие, кога ќе се одмори. Нема гаранција дека нема да фати дефинитивно.
Ќерка ми три пати фати коксаки. Поприлично лесно ги помина, еднаш само беше повеќе исфрлана со еден ден 39+ температура. Ама затоа јас еднаш префатив од неа и господ го видов. Уште се оправам и не можам да се вратам на 100% од се што ми се изремети.
Не знам шо да ви кажам. Кај нас кога имаа коксаки или стомачен повеќе деца пријавено, на недела дена се затвара градинката, за тоа време прават генералка и после си продолжуваат сите деца. Мојата после коксаки не покажа дека има паднат имунитет, следно разболување и беше тек после година дена.
Тоа кај нас нема да се деси ни за 20 години од сега. Од некни баш син ми кога имаше Коксаки кај што живееме во градов имаше страшна епидемија, премногу деца имаше болни. Тогаш реков да се паметни сега да ги затворат градинките на неколку дена и да дезинфицираат па здравите да се вратат назад би било совршено сценарио. Ама нема тука осет и замарање за тие работи. Да не грешам душа ама на персоналот во градинките дури и му одговара кога има повеќе болни, помалку работа и замарање за нив.
Кај нас кога имаше коксаки во сите групи тоа беше пред 3 год, точно на Св Никола пред Нова Година ја затворија градинката за дезинфекција, ја отворија пак на 15 јануари, тогаш подароците му ги даваа и мислам тогаш и со Дедо Мраз се сликаа. За Дедо Мраз не паматам оти моето досега никогаш не се сликало со Дедо Мраз ниту една слика немаме, а веќе и ќе почни да не верува во Дедо Мраз И уште нешто, тоа паѓање на имунитет последно тогаш се случи, коксаки имаше на Св Никола (знам дека гости чекаме тој со тт беше), се врати в градинка на 17 јан, по 2 дена болен, тт имаше 9 дена, прво 7 дена со ред па немаше 2 дена па пак имаше уште 2 дена, страшно беше, без антибиотик бидејќи вирусно беше, помина тоа па почнаа херпеси, еден па по 2 недели пак, тогаш пресековме, изопринозин почнавме по шема, 10 дена пиеше 20 пауза, 3 пати така.
Да не враќам на сите поединечно. Сите дечиња во градинка многу лесно го поминале, само малку осип и ништо фазла, исто и внучево од золва ми. Само ние хорор видовме, 4 дена без вода и јадење беше син ми. Затоа многу се плашам јас. Се сеќавам лани имаше исто така цела уста афти, баш како сега што беше, ама на тело немаше.. тогаш ќе ми дехидрираше, сега бар со шприц пиеше електролити. Дали и тогаш беше коксаки… кој знае. Мене што вика ангел ова ми е рамно со варичела, ако не и полошо, бидеќи уста и грло беа катастрофа. Не го сфаќаат сериозно бидеќи некој го поминува полесно. И од дефектолог ми пишаа да одмори повеќе време бидеќи и таму пријавиле уште еден случај како нашиот. За имунитет ќе видиме понатаму како ќе биде.. во нашиот град прв пат се случува ваква епидемија на коксаки, блискиве ме убедуваа дека се сипаници бидеќи не виделе ваква “болест” до сега..
И моето беше во осип во грло, немаше на др место ама исто така гладен, ништо неможеше да јади 2 3 дена, вода со цефка пиеше....потоа по неколку недели последица имаше атопичен дерматит и ноктите му се луштеа слој по слој.
Вака кога читам се си мислам пред 3 недели и кај ќерка ми може беше Коксаки само со осип на стапала. Кашлаше меѓу другото, намали на јадење, не нешто критично ама намали, т.е бараше само јогурт или нешто да е ладно. Ради што немаше тт, не сме баш сигурни дека е Коксаки, кај неа повеќе на респираторните делови се фокусираат на сите прегледи. Ноктите не и се луштат периодов ама и се кршат повеќе т.е делчиња од врвот се делат, а баш гледам да се постојано средени.
Кај нас од почеток дерматитот се појави околу уста.. лошо е тоа со ноктите? Нешто слично го поминаа и децата во градинка, еве учителката на золва ми и рекла дека сите лесно поминале… Внучето се јадеше нормално само на моменти плачел дека го боли во устата, и немаше температура, за 4 дена и осипот му загина на нозе. Никогаш не сум го пазела вака, сега реално многу се плашам да не го повтори, многу жално бараше помош
И јас сметам дека е потешко од Варичела. Во месец дена син ми ги помина и двете и затоа ептен можам да си направам споредба. Од Варичелата освен осип немаше апсолутно никаква компликација. Коксаки не го помина претешко како некои деца со сериозен осип, ама се помачи со температура, грлото,и не можеше да јаде и спие неколку дена.
Ние варичела не прележавме, сите блиски имаа и со сите имаше контакт. Затоа коксаки прв фати, и на сето тоа и лош осип имаше, насекаде по телото дури и газето му беше лом.. третиот ден едвај одеше и нозете го болеа.
1 час не знам дека имам дете низ куќа Го доби овој сет на подарок Како пластелини слично се. Се изнаигра. Значи занимација плус за летово. Додека не и се здосади или не ги измеша сите бои
Веќе сфатив. Среќа седеше на едно место ама пантолоните и столчето кај што наседнала парченца Додуша со вода одма излезе ама првиот шок беше
И ние денес цел ден со пластелин си игравме. Со такви модли за колачиња правевме превозни средства, тоа беше живи радости. Кај нас Пикасо одамна ги измеша боите.
Како се справувате во ситуации кога детето ве удира? Периодов дали дека се споени групиве у градинка абе само удира по мене и по татко му а никогаш не го праел тоа, може и само фаза е. Пример ако нешо не му е по ќеф или ако му се скараме удира а знае и од нигде никаде да дојде и да удари, како игра му е. Зборам многу ама нема фајде не ме слуша, пробувам и со арно и со убаво и со карање и со игнор ама нишо не функционира засега....