Син ми гледам дека има рамни стапала , да не треба итно на ортопед да одиме? Не носи влошки одоздола , нели спортските немаат освен во Кеги... На какви патики треба да обрнам внимание? Во август полни 4
Јас би ти рекла да одиш на ортопед сепак. Во меѓувреме, бос без чорапи по земја, трева колку можеш повеќе
Потполно исто е и кај нас, почна од пред некое време. Ако му кажеш нешто што не му е по ќееф се залетува да те плесне, а исто и како игра му е некогаш. Некни после градинка се залета да ме плесне на ногата и се смее и вика тепам, тепам. Нити го слушнал зборот дома, нити некој дома го удрил. Му викам кој тепа во градинката и почна да ми ги набројува децата, а ти викам тепаш ли и жив среќен како од пушка вика Да! Со другариве што дружиме секојдневно у парк само едно девојче е како него на возраст и стално се буткаат или плескаат за нешто. Со поголемите не се однесува така, ептен ги сака. Јас му ја фаќам раката и со сериозен тон и строг поглед му кажувам дека не смее да мава и дека не е добро да прави така. Колку и што допира до него не знам. Мислам дека им е фаза. Врвот беше некни во парк едно девојче подзастана кај нас во парк и он ни две ни три се залета и ја плесна една. Многу незгодно ми падна, одма истрчав и го фатив и му кажав дека не смее така, а човекот со девојчето не знам дали и беше татко или дедо на син ми му вика “како така удираш, а да те удрам јас тебе една сега?” Само го земав и викам никој никој нема да удира и се тргнав.
Ист е и мојот, дури и да помине некое дете до него од нигде никаде ќе му се заврти и ќе рече теп-теп. Колку многу се зборува, се објаснува, ама тоа како да не допира до него.Постојано се преиспитувам дали грешам негде, ама вака кога ќе прочитам дека о другу дечиња прават си викам може е некоја фаза, тестира граници, незнам стварно.
Мојов почна да штипе и да кубе, само што се врати во градинка почна ова. Пред тоа ништо немаше направено цел месец беше дома. Абе како штипе ситно, душа да те заболи. И кубе многу. Кога ќе ме фати цела рака коса и тегне не пушта, некни бев беспомошна ме кубе со една рака со друга ме штипе лошо и видов не видов го плеснав да пушти.
И мојов тепа не пали ништо, му подвикнувам, му кажувам дека не треба да мава, му ја фаќам раката и се смеј ќе се научат со зборување. Период е. Кај мене се тепаат двајцата малиот секош прв шлака, големиот попушта ама еднаш после му враќа па почнуаат тепачки
Ох лелее Малово кај нас ако нешто не си попуштаат знае да посегне да касне или да мавне по дада ама дада до сега никогаш не и има вратено. Ама женски можда и нема затоа тепачки иако знам ситуација голема дада и братче кај што крвнички се кубаат
Исто, вика јас тепам теп-теп. И со внук ми на одморот беше драма, он е 3 години поголем од него ама не му даваше играчки и мојов го маваше со сета сила значи премногу ме нервира оваа фаза, устата пења ми фати од зборење и се надевам ќе пројде брзо...
Имаше 2 пати таква случка да се закачне со дете во паркот. Одма земање и дома. Плачеше до дома ама повеќе не направил така. Мене ако ме штипне или ме удри му ги фаќам рацете или некогаш ќе го оставам ќе си отидам во друга соба и после доаѓа, се умилкува. И нормално многу многу зборување и објаснување.
И мене ме нервира. Одиме во парк демек да се опуштиме и ние, а јас сум цело време на штрек да не плесне некој. Друго што прави од скоро е има една како игра. Му дава пример на некој од неговата храна или играчка и кога ќе му го земат доаѓа ми се жали и ми вика да го карам. Во парк се понаша како батковците, они имаат 4-5 години и нормално се физички многу по вешти од него. Возат точаци, лета и он со нив со балансот. Пред очи ни се, ама некако пак ми е страв зошто на два пати тргна по едни други непознати деца да вози и он по велосипедската патека. Знам дека сите деца на таа возраст се темпераментни, ама моево е мислам некоја друга категорија, ептен е лудо. Во парк кој и да го види таков ситен, а лета со точакот, се чуди. Не знам колку луѓе до сега не прашале колкав е. Ни од паѓање има страв ни од ништо. Паѓа, станува, се тресе и продолжува. Јас трчам како луда по него низ парк, а него уште толку го пука адреналин и се смее и уште побрзо вози. Да излеземе без точак не е решение зошто ќе рикне и ќе го бара.
Ние на одмор со пријатели што бевме, нивното е скоро 5, мал е, како шиба со точаци, со тротинети, па и сам трча, во гужви, во непознато... И го оставаат, имале доверба во него. Јас не можам така и крај. Моиве да не ги подречам ама од рака не ме пуштаат, особено на непознато. Свекрва ми знае да каже Не сака да ме фати за рака, ама итекако фаќа и итекако оди, само треба објаснување и упорност.
Алал да ти е. Поупорна од мене и поинат нема, ама дојди и пробај справи се со моето дете па ќе правиме муабет. Дава и он рака, ама кога сака. Устата пена ми фаќа од објаснување, џа-бе. Карактер си е тоа делумно, па ако сакаш на глава застани објаснувајќи.
Верувам, со големиот не ни ми текнало на ваква мака, он не мрдаше од мене, малиот знае да направи тук и там нешто такво. Ама јас удар ќе добијам ако ми избега во Неос Мармарас во гужвата и да не го гледам неколку минути, да ми се шуња меѓу луѓе, да не знам кај е... Таму ќе ме остават готово. Јас па нив им викам Алал да ви е, јас вака не можам, ќе побудалам, они викаат дека имаат доверба во него. Децава повлекле на мене, малку се мрзливи и не трчаат не бегаат.
И мојата лета и тоа по удолници со балансот и тротинет и пресмешна е оти исто е ситна, па ко ќе ги крене двете нозе горе низ удолница мене срце ми застанува
Ама е досадно малото, секогаш прв мава тој, големиот мамооо ме тепа Андреј и шо да прам му велам, ајде таму сами да си решите и пак ќе го удри и тогаш враќа, па плачат двајцата на крај по 5 мин смирени се гушкаат А одам и го карам малото ама џабе е и многу пати ги оставам сами да си средат ситуација.
Јас кога прочитав сега ми олесни оти мојава исто тепа. Се чудев од каде. Ама и мислам од внатре им иде. Некој рефлекси, поима немам. Мојата знае дека не треба, се зборува често. Ама пак во афект, ако некој и земе играчка оди и се тепа дирекно. Рака не дава, трча како луда. Секо одење надвор веќе ми е напорно. Сака да истрчува на улица, вежбаме стоп, покажувам деца, покажувам книги. Џабе. Исто не дава косата да и ја пипнам. Не можам да и ја врзам сега на жешкото. Не сака фустани. Се шета во алишта од братучед и. Замислете си ја, цела измачкана, искапнана. Девојка на мама . Кога ќе видам девојче со шнола, со репче, со машна, со фустанче и моево диво такво. Карактер друшки. Со карактер се раѓаат и тоа е тоа. Мазено, чувано во раце да спие, цело време и за дремка ја гушкав, со песнички и приказни ја растам. Со арно и сега да не ти даде ни да го гушнеш. Диво дете. Ај де. За рака не сега, не никогаш нема да ми дозволи да ја водам.
Е во туристичко место не можеш во 10 годишно дете да имаш доверба, камоли во 5 годишник. Ама они си знаат. Мини срцеви удари диживувам секој ден.
Уште учат како да се однесуваат во социјални ситуации. Ниедно дете на таа возраст не мава зошто е лигаво, невоспитано или лошо . Едноставно немаат механизам да ги искажат емоциите на друг начин, уште не знаат да кажат кога се лути, кога сакаат нешто или кога нејќат некој да ги чепка и затоа ја вадат емоцијата преку ударање. Исто така гледаат дека тоа кај нас предизвикува одредена реакција, па си тестираат граници. Плус се копираат едни со други, ако видат едно како мава и почнуваат и они. Син ми го имам приметено дека кога е гладен или му се спие ваквото однесување е поизразено, ептен пораздразлив е. Јас си го прифатив овој период дека е таков и се трудам со моето однесување да му олеснам, зошто не им е лесно. Јес да не се свесни и ништо нема да памтат од ова, ама поминуваат низ огромен процес и наше е да ги насочиме правилно и успат да имаме џиновско трпение.
Баш така, не удираат, не плачат, не цифкаат зошто се разгалени туку зошто не знаат како другчие, се до 6-7г мислам дека не знаат да се справат со емоциите, па ни потоа некои, зависи од децата. Големиот ми е преемотивен, ама ретко има испади, малото мислам дека повеќе се бунтува, од мењање пелени до туш, се е со Не може, не може и се бркаме малку.
Кај нас е нон стоп не не не. Шо сакаш прашај, ќе каже не. Сакаш сладолед, не. За други ствари да не ни зборам. Сто пати зажалив што не ја пратив на градинка денес. Сабајле како уште подкашла со шлајм, ај нешто нос и тече, велам не е фит. Јас сум болна. Не можам да се движам од болка. Нема вирус што не се појави и не го донесе дома. Цело зимо не ме фати, еве јуни и јули нон стоп сум болна. Хорор ми е денот. Сакаш да јадеш, не. Да пиеш не. Што сакаш, видео . Гладна и пребира. Расположение што да ви кажам. Од сабајле бев на доктор за мене, нема кој да ја чуваат,со мене ја зедов . На враќање, не сакам палто, жешко ми е. Тоа ветер дува, она на мајца. Во зграда брканица да сме играле. А јас не можам да стојам. Ништо што понудив не јаде. Друго не давам од принцип. Татко и ќе се врати во 6 најрано. Ми иде од балкон да скокнам Како, кажете ми како во вакви денови? Кога се е наопаку, а нема кој. Се мразам кога морам да викнам, а она баш сега одлучи да прави се што не треба. Да се искажам само де. Не дека може некој да ми помогне.