мамички да ве прашам ние ги оставивме пелените веке неколку месеци инале сме 2 год и 9 месеци е сега сношти се измочка во спиењето и мокрачата имаше некој чуден мирис како на ацетон од што би можело да е да не знае некоја?
Обично кај дехидрација има таков мирис, дали внесува доволно течности? Дали имало детето температура во скоро време?
Nema temperatura zdrava prava e pie okolu 1 litar tecnost vo denot plus mleko okolu 250 ml pred spienje
Па не би требало тогаш да е дехидрирана... во краен случај да следиш дали пак го има мирисот или само еднаш било, ако не се повтори, нема проблем, ама ако урината има таков мирис не е лошо да си проверите шеќер... оти сепак, мирисот на ацетон на урината е еден од симптомите за дијабетес...
Мајки имам проблем, синчето е 2год и 6м, кажува за какање 1ипол година веќе, не какал во памперс толку време... скоро се одвикнавме и од мочање. Од завчера одеднаш почна да не кажува ништо, запрепастени сме со мм... кака во гаќи!!! Ај за мочањето знаеше да мочне и да прекине и да се домочка на шоља, а сега скроз си моча и кака дури И тоа не кажува дека кака и дека какал, седи какан Што е ова фаза, период??? Имал некој вакво искуство што да правам? Да го карам? Незнам како да реагирам... го скарав првиот пат и ми се наљути не ми збореше. Оффф еве мм сега дојде до еден заклучок... Можно е да е од градинката? Што има други деца што какаат и мочкаат во памперс? Скоро почна убаво да оди во градинка...
Реално не ни се случило вакво нешто но јас не сум за карање. Кај нас тоа има контра ефект. Најдобри резултати имаме кога и збориме. Пробајте така. Со убаво објасни му дека ако како во гаќи ке го боли газето. Дека е голем, дека бебињата какаат во пелена, он е батко веќе итн. Бар мојата ужива кога ги слуша тие работи.Само трпение, се ќе се среди
Мајка не сум компетентна да коментирам баш ама колку се сеќавам на 31 ти е термин да не случајно така реагира за внимание да привлече или почнува некоја љубомора да се јавува?како реагира на бебето што треба да пристигне?само разговор и многу трпение
Мајки имаме 2 годинки точно , малата кашлаше влажно неколку дена на лекар ја однесов ми препиша Алицеф сируп и вентолин сирупче , брисеви чисти ,крвна слика црп добри, а она е полна со шлаеми , незнам страф ме фаќа некако дали овие сирупи се ОК или да ја носам на друг доктор, навистина престана да кашла но со секретов густ што да првам, не чаеви не чај од кромид од јаболко што не и дадов банана со зовриена вода ...
Му зборев тоа баш прееска... има другарка која е одвикната и му викам кака другарка ти во гаќи? Вика не... епа немој и ти да какаш голем си, не е убаво... па заинатен ништо не ми зборува, само ме гледа. Па и му ја покажав пелената викам види ама е грозно, ке какаш пак вака? Вика не не не... а кака на шоља со додаток инаку. @simona_baby и на тоа помисливме, јас сум две+ недели до пораѓај.. но мал е незнам колку е свесен дека стварно дома бебе ке имаме, зборуваме за тоа и до сега лошо не реагирал... ама да кака во гаќи поради тоа?? Се друго е нормално кај него... Инаку пелена носи чат пат заради мочкањето (дека скроз не е одвикнат), тоа да не грешам? Обично за подолго излегување му ставам... и за во градинка му ставам зашто не им се замараат за тоа...
Знае некоја мајка да ми каже како изгледа столица со слуз од шлаем? Малата имаше многу шлаем деновиве па денес во последната столица имаше како мрсули ама кафени. Се двоумам дали е од шлаемот или алергиска реакција. Вчера прв пат и дадов прополис, па на мисла сум, секако утре ќе одиме на лекар, ама ако некоја мајка има искуство нека сподели.
Само биди ладнокрвна кога му збориш, не покажувај нервоза. И да, грешка е пелената треба целосно да се отфрли кога веќе се одлучува да се тргне. Вака само се буни детето. Јас би ти препорачала целосно да ја тргнете...
Да го праќам во градинка исто без пелена? Мислам нема да им кажува... едвај мене ми кажува за мочкање...
@mariz јас имав ваков случај, кај нас беше љубомора/привлекување внимание. Може да се чуеме ќе ти кажам како беше кај нас.
За да не се буни детето треба или да ставаш или ич да не ставаш. Иде викенд, остај го без пелена ако сакаш скроз да го одвикнеш. Ако треба уште некој ден не го носи за да се одвикне скроз. Може малку тешко ке ти биде сега, но кога ке се породиш ќе ти биде големо олеснување.
Да, и јас мислам исто, да го пратиш без пелена, спакувај повеќе облека за пресоблекување. И мене сомнежот прво ми оди накај градинката, зашто навистина мало детенце не е свесно дека ќе има бебе дома, тоа допрва ќе го искуси па ќе видите понашање. Ама оваа причина можеш да ја исклучиш за сега. Нека оди без пелени, и на секое помочкување ќе му биде незгодно да седи мокар, а сигурно и воспитувачките ќе му зборат па би требало да има ефект.
Абе за мочкањево не ми беше голем проблем, ке научиме... но со какањево што бидна незнам, еве во пелена беше 1ипол година а не какаше во нив, од 1год и 3,4м кажува за какањето... и да беше во пелени не се осмелуваше да кака во нив, се има стискано од кај Паскалов до дома (цел пат кака кака и не се покака), тек дома на нокшир. А ова сега кака па и му викам што направи? Какав ми вика и прррррт со устата прави и си седи искакан, не му е грозно и во гаќи и во пелени се покака...
Оххх ништо...фаза. Ќе стегнете заби, ќе пресоблакате и миете нон стоп, но и цело време ќе му зборувате @mariz И во градинка без пелена
Мајки кажувајте совети. Очигледно и на мене и син ми терапијата Амоксиклав не ни делува. Јазикот и на двајцата сеуште исфрлен, и него и мене ме пече. Син ми и на мешето пак се жали. Уште утре имаме терапија. Вака клинички е ок, ама јазикот зборува друго. Кај мене малку се повлече и ете пак. Кажете ми вие кои сте имале стертокопа дали Амоксиклавот дал резултати, или сепак Оспенот е подобар?