Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.137
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Женски
    За книги се ептен мали и не очекувајте до 3г да се заинтересира нешто многу, после 4тата година највеќе ќе седат за да им се чита. Тогаш и веќе разбираат точно што им се раскажува и почнуваат со правење слики во нивните главчиња.
    За боите и бројките се сложувам со тебе. Бои треба да препознаваат, бројки не, посебно не букви. Ќе дојде време кај што ќе работите дооста со нив, сега на оваа возраст најдобро е да возат, да играат боси на трева, да играат со кал и вода и да се слободни ( знам дека боси во Мк е тешко) ама еве јас како некоја што живењ странство можам да кажам дека Мк децата без потребно се форсираат порано нешто да научат ( важи и за градинките). Тука знаете веќе дека по цел ден се надвор и играат со песок/кал, до пред тест за упис за прво одд они не ни знаат да напишат букви, тогаш само името ги учат да го напишат. И не, нема приредби со напамет учење на текст и се тоа мислам дека е со причина.
    Тоа што прават во градинка не можете да смените ама дома не форсирање нешто да мора да ги научите.

    Бела не е цел коментар наменет само за тебе, туку општо оти читам по др групи кај што мајки се потресени оти не знаеле децата бројки и букви
     
    На Giiirl23, Калатеа, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    31.180
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 3 и пол и не ги знае броевите. Не се ни замарам. Неписмена нема да остане, ќе ги научи ко ќе и фаќа кликерот.
    Букви па ич. Мислам дека само С ја знае :D
    Во градинка појма неам шо прават исто, ама знамето на Македонија го има научено и тоа не знае дека е знаме туку вика Еј мама Македонија :D
     
    На Giiirl23, sani99, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.663
    Допаѓања:
    21.329
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам со тебе Бубиш. Треба да ги оставиме децата да бидат деца. Го имаат цел живот пред себе за да учат.
     
    На strelec231992, Giiirl23, Knizhevnik11 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.778
    Допаѓања:
    109.594
    Пол:
    Женски
    Не се слагам, за книги ако од мало не го научиш на книга касно е после 4. Моите одсекогаш биле со книгите во раце, откако почнаа да фаќаат работи, прво оние скорз меки за во бања што се, па пенестите со први зборови и сега малото листа и си праи сам приказни а големото веќе чита озбилно. Ама дете кое никогаш не држело книга во рака нема да сака да држи ни понатака. Не за учење, за забава, за игра, за учење ќе учи има време. Големиот ми е озбилно навлезен во наука, дури претерано, не е ни тоа толку добро, ама па мора да им се створи навика за книги иначе после проблем е. Имаме пријатели со деца колку големото мое со мака лектири читаат, не сака и крај, не го интересира бре книга и тоа е тоа, цел ден ќе дреме на телефон, ама мајка му викаше Има време ќе учи, во трето им стана проблем озбилен. Факт, не треба да се претерува, ама треба да се ствара навика. Мое мислење, не мора да се сложиш со мене нели.
     
    На MeowMeow и Ceneva им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.514
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    За ова сум со @AngelOfArh. Детево знае бои и бројки. И тоа не дека сме седеле и читале туку има магнети бројки за на фрижидер и сложувалка со бројки и спонтано ги научи.
    Е се случува повремено да ја гледа и емисијата "Коцки со броеви" ама генерално ја интересираат.

    За читање книги не ја интересира да земам и читам од збор до збор ама земаме сликовници и сами спрема сликите си правиме приказна.

    За букви нормално е мала, не ги разликува и не се трудам да ги учи.
    З (буквата) ја вика три
    С - личела на виножито
    Ј - била бастунче и така

    За читање и ја сум што повеќе да се воведува и форсира. Не сами да читаат на 3 години туку што повеќе да се во контакт со книги.

    На колешка детето сега 3то ќе е, мака мачи со учење и читање. Таа му чита лекции за нешто да запамети. На тест ако е подолга реченица, додека ја дочита до крај, почетокот е заборавен.
    Ама ни таа не зеле книга во рака, ни поголемото дете, ни помалово.
    И самите наставници во училиштето гледале дека децава општо не се заинтересирани за книги и кога се работи лектира, наместо секое дете и во повисоките одделенија да читаат цела книга, читаат по 10-15 тина страни бидејќи за повеќе немале интерес.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.778
    Допаѓања:
    109.594
    Пол:
    Женски
    Не мора да научи ништо на 2ипол години, па ни на 3 ни на 4, ама веќе на 4 ако тек го запознавам со книги доцна е. Не сакам да учи на 2ипол ништо, сакам да засака да биде во контакт со книги.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    98.941
    Бубиш мислеше од 4ри год подолго им се задржува вниманието за да им читаш вистински, а не тогаш прв пат да види книга.
     
    На Bella_Stella, kozuf, Sun&Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.778
    Допаѓања:
    109.594
    Пол:
    Женски
    Тогаш да, во право е, да им читаш на 2г нема смисла апсолутно, али стојам до моето дека како книга предмет треба да се запознаваат порано.

    Сега препрочитав што пишала, скроз сум ја сфатила грешно. Моја грешка.
     
    Последна измена: 9 јули 2025 во 13:37
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.137
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Женски
    Јас не реков да не му се чита туку да не очекува дека ќе седне и ќе сака цела книга да се прочита. Јас зборувам од мое искуство со Нина, она не можи на газот и сега да седи мирна, камоли како помала, но после 3г покажа интерес и сега веќе нема вечер да не и се чита книга.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.778
    Допаѓања:
    109.594
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, не сум прочитала, пишав, лошо сум разбрала.
     
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Ќе се согласам со Ангел за книгите, дефинитивно треба да и се створи навика уште од мали. Јас како бебе многу му читав, бев свесна дека не разбира ама доволно беше глетката мама со книга да ја засака. Имаше после еден период што ги кинеше па дигнав се и оставив само такви што не се кинат за по некои период да бара нова и каде и да види книга да се продава посакува да ја купи. 90% од работите ги научи од нив и тврдам дека и говорот ептен и се развива од нив. Знае да брои до 10 и на македонски и германски, ова од книги имаме такви каде што има една жирафа две цреши итн, го обожава. Нормално уште не е она класично читање јас да читам тој да слуша ама разгледување сликовници именување на предметите во нив и создавање приказни и те како е битно од најмала возраст. Сега знаеме да се договориме да читаме книга тој на еден кревет ќе ја зеде трите прасиња јас на другиот мојата и демек читам тој ќе си ја раскаже целата приказна од прва до последна страна ова што ме слушал мене како раскажувам. Има една со песнички она глупата зелената :rofl: веќе 3 песнички од таму ги знае напамет да ги каже сам нормално со грешки.
    Друго веќе и јас не играм речиси ништо со него, ептен бев посветена порано ама ете се тешам со сликовниците дека може е доволно, не знам :(
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    45.657
    Пол:
    Женски
    Ауу Бела исто, не ме ни прати каде сум, трча по сите, се залетува, си игра со едно со друго дете, се качува секаде, се лизга сам, се беси и лула над топганите, јас знам дека прави така и не се штрекам ама некоја друга мајка ако има до него со друго дете, кога ќе го види одма се залетува да го фати, мене дури незгодно ми паѓа оти ќе си речат оваа мува не ја лази. Седиме во кафич со женското на другарка ми, она си бои, моево до нас се качува по чадорот нагоре ич како ништо, па и сандали соблече му се лизгале нозете.
    Не дека е мој ама јас стварно ретко имам запознаето вака социјално дете ко нашево.

    Да се живи и здрави ама во гужва неретко доживеувам мини срцев удар кога не можам одма да сфатам каде е.

    За тепање и мојов удира, зборам зборам ама џабе зборам за сега.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    45.657
    Пол:
    Женски
    @јolene Ќе пуштиш цртан и ќе одмарате. Нема што да се форсираш и да имаш грижа на совест. Нормално дека ти иде да рипнеш кога неси арна.


    Зборувате за игри, јас се водам по него што бара да игра, со ништо не го форсирам, сега има пластелин па деновиве со тоа е опседнат, си игра сам, некогаш бара со мене да игра, најзабавно му е да правиме куќичка од душеци и да се криеме од волкот.
    Ќе не напика мене и татко му покриени со ќебе и се смее и тресе демек го е страв, ама глумење да видите:D
    Сака да правиме кули со магнет коцки и лего, топките му се дефинитивно омилена игра за во двор знае да шутира сам и да се заигрува, не претерувам ама имаме преку 10 топки надвор, кај моите исто толку, опседнат е со топка и на секое враќање дома мора да се купи ако види некаде.
    Со колички не сака да игра, боење исто не му држи внимание.
    Има од тие слагалиците со коли, животни, бројки и букви и игра со нив, азбуката ја знае ама латински:D
    Ги препознава буквите, знае да брои до 17 и омилена активност на сабајле му е да седеме на прозор да јадеме и да ги броиме колите.
    Не го форсирам да брои или азбука да знае, така спонтано дојде да ги научи.

    Сака да си игра во базенот, со цревото и во песок. И со тоа знае со саати да се заигра, да ги бања животните под туш, такви некои измислени игри.
    Сака да си игра продавач и купувач и тоа му е омичена игра со мене.
    Со татко му омилена игра му е ставање звучник на сред соба и шизање.
    Како мал му читав повеќе, сега не сака веќе, некако не е во таа фаза, зема книга и ја листа демек чита, ама јас да му читам не го држи место, освен:!: имаме библија за млади со илустрации и неа обожава да ја листаме:D Јас пред него читам често додека он си игра па се надевам дека така ќе му створам љубов за читање натаму.
    Не правам активности и немам намера, натаму ако изрази желба со мене да слика, купив платно и имам мал штафелај, уште бои да земам па ќе пробаме заедно тоа некој ден, надежно дека јас ќе успеам да сликам малце на тој начин.
    Сака да миеме садови заедно и му дозволувам некогаш да сецка со моја помош краставица или некое овошје.

    Со мм си мислиме да му изградеме онаква соба со јажиња, ѕид за качување и за бесење, оти иаме едно дрво надвор и детево стално се калува и беси на гранките. Некни го снимав и пуштив на мајка ми, ќе ме задавеше преку телефон, колку небезбедно било тоа:D

    Често пред спиење гледаме пепа пиг, ќе се стутка во мене и ќе пуштиме, знам дека не е убава навика ама не сметам дека после целодневни разни активности ова му влијае на развој. Едвај ме чека да дојдам од работа и одма ми вели мама сакаш да уживаме и да гледаме пепа пиг.
    Ова ми е и мене омилен дел од денот.
    Инаку почна да зборува и англиски, некои песнички, гуд најт, камон камон, тенк ју, ај лав ју, знам дека е од цртаните, ама мислам дека го поврзува и значењето не е само онака запомнати фрази. Мене ми е ок оти секако се враќаме за брзо во Англија.


    Генерално сум задоволна како се развива, баш како нормално дете ми личи.
    Инаку моево е галениче, многу сака да бакнува и да се гушка, секогаш кога сме заедно сите тројца бара да се гушнеме во исто време и тогаш многу е среќен, ама и онака е милостив, сака да го чешкаат, галат, гушкаат…најсмешен ми е кога ќе ми рече плачи ако сакаш и јас ќе плачам, а он ќе дојде и ќе ме гушне и бакне и ми вели шо биде мамо:D

    За јадење да се пофалам почна сам да бара да јаде, ова е огромен напредок, пак јаде 5 работи ама барем сега знаеме дека чувствува глад детево.

    Мамо колкав пост сум пишала, се извинувам, се внесов.
     
    На Giiirl23, јolene, strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Мила 90 посто како мојот да го опишуваш. Мало големо дете, со сите си игра, им вели доџи вамо хаха. За чадорот кога те читав, истата глетка ја имам со синко. Исто не ме прати кај сум, само трча како улав (facepalm)
    Една мајка застана да го праша кај се мама и тато. А и јас и мм застанати на различни страни и го пратиме на 5 чекори. И таа кој знај што си рече, само е. А тој муабет и врза :lol: мака нема, и пет пари не дава мама и тато кај се.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    31.180
    Пол:
    Женски
    Мојава еднаш отиде кај една жена и ѝ вика Јас сум Софија, мајка ми е Луна, татко ми е Х, и жената и вика Ги изгуби мама и тато? И Софија вика Не, само сакав да ти кажам.
    А јас позади жената застаната :rofl:
     
    На 1209, Giiirl23, Pocahontas.93 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Дали имаат период кога не ги изговараат правилно зборчињата, кој предходно ги кажувале како треба. Пример, велеше пелена, сега почна палена (facepalm)
     
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.264
    Допаѓања:
    50.857
    Пол:
    Женски
    Кај нас е обратно сега повеќето зборчиња ги кажува правилно.

    Читаме ние сака да и читам многу, сите приказни Пепелашка Снежана итн..
    Дури и некогаш сама демек чита ама исто кажува како што и раскажувам, читам.
    Или читаме од нејзините книги што и ги даваат од градинка, кое што е сака да и кажувам од сликите.
     
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.262
    Допаѓања:
    19.349
    Пол:
    Женски

    А моево па почна да ги кажува компирче, супичка, лубенче.. и за себе вика дименце :rofl:
     
  19. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Мене слично ме има снајдено со мал апгрејд.
    Иде во парк кај една жена со женско бебенце во раце и ја прашува како се вика бебето. И женава му кажува и го прашува он како се вика. И он: Јас сум Миха и презимето, мама се вика X, тато се вика Y и имам сестричка Ана, ама не знам каде е. И женава го прашува мајка ти каде е, он и вика еве ја тука, ама и мама не знае каде е Ана :^)
    Испадна си го изгубив детето што го немам :drunk:
     
    На Secret-Angel7, Ano, Giiirl23 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    3.140
    Пол:
    Женски
    Не сум читала баш околу ова ама и мојава ја имаше фазата на деминутиви. И за себе и за се од околу :D Мене пресмешно ми беше.
     
    На јolene и Carolin. им се допаѓа ова.