Здраво мајки Дали е можно бекутан спф 50 да е различно во тубиче што е, од она големото паковање со прскалка? Гледам дека текстурата не им е иста, тоа во тубиче тешко се размачкуваше и оставаше бело ама многу штитеше, а ова лесно се нанесува, но не штити, барем кај моево дете за 10 мин беше жар црвен. А со другото паковање,по малото, две години сум ги користела за него супер се покажаа. Еднаш имам и нивеа од белата користено и таа беше супер. Ова го земавме зошто ај со прскалка и плус 270мл, ама мисла ми е, уште не сме отишле на летовање, ама го употребив за на базен и сега не ми се става, исто како не намачкан поцрвене... Костел ли некој фризидерм 50спф добра ли е? или повторно да земам нивеа таа ни е испробана
Фризидерм и бекутан имам користено ова малото како ѕвезда што е бекутан што се размачкува тешко, 2те супер се покажаа. Можно е да има помалку ефект тоа со распрскувач.
Обично тие во тубиче се со погуста текстура. Ако имаш ДМ во градот, од мене топла препорака Лани го користев, го зедов и годинава. Помалку од 500 ден е, а супер состав и супер штити.
Јас од ДМ производиве за сончање сум супер задоволна, и за нас и за децата. Втора година по ред мачкам мало со овие нема мака, а првата година земав Мустела и ми појави алергија.
Јас за мене користам одамна, ама ете лани за малата ова го зедов на тепка, ама ептен сум го погодила . Моето дете не седи под сенка на плажа, значи цело време е изложена на сонце, ако не е во вода, во плиткото ќе шлапа, мн е бела, со ова лани супер поминавме. Сега уште зимата грабнав ново шише, оти немам дм во градот, па да осигурам залиха
Исто, јас се користам од ДМ, годинава ми го нема факторот за коса што е, па си дојдов со посува коса, инаку и тоа користам, годинава сум презадоволна од афтер санот со светки, многу убаво ја негува кожата. Твојата богами колку е бела и ако се сеќавам добро и џенџерче беше, уште повеќе привлекува сонце.
Дали сеуште користите шишиња за дете? Вода/сок преку ден пие од чаша или со цевче, проблем ми е преку ноќ кога се буди за вода, често знае да истури од чашата, па пресоблекувања.. Шише со цуцла никогаш не прифати и сега не би му давала такво, шише со цевче користеше мал период од дм но сега веќе не ги сака, други опции?
Силиконска чашка со цефка, од Тему нарачав 2 има различни, многу ми се практични. Се затвара со капаче, не може да истече.
Користам шишиња со цевка. Имам неколку различни, Авент, ДМ и Твист енд Шејк. Навечер кога ќе побара вода не го ни станувам, се напива од шише лежејќи и си продолжува со спиење.
Играме со ова од како купивме денес, чак спиеше само 50 мин за да игра Порано како не му купив, ете не знам. Сега останува да видиме кога ќе ги измеша боите
Пиши на Тему silicone cup kids, цела е силиконска и има рачки, капаче и цефка. Ќе се потрудам да ставам слика сега.
Не, сеа ако напне да стиска ќе се истури, ама да пие нормално не се истура. Немам јас проблем со деца што шлакаат, фрлаат, истураат, се знае за што е чашката, за вода и толку.
Ние на гости кај мајка ми сме и она има секогаш пластелини, па и тие како сладолед правење машинките. Друга иргачка не барааѕ ама на околу е се лом, чорапи пижами тепих тоа се е залепено