Па што да кажат, ако речат не ги носете гужва е многу, сите ќе се кренат ете не им се работи сакаат да си седат и пијат кафиња. Со 40 деца е преживување и гледаат да ги вратат само живи и здрави. Ние тука се жалиме дека ни е тешко со еден тодлер дома, а замисли со 40. Кога нема опција и мора да оди ќе оди, ама не ми е јасно како може некој да е на одмор, а да си го носи детето во градинка. А околу мене ги има многу такви родители. Јас сум скоро цел месец на одмор и ми се чудеа како тоа не сум го носела во градинка, па што ако сум била на одмор.
Со некоја друга причина , извини малку се пронајдов во муабетов па да ви кажам од моја гледна точка... На Одмор сум јас не и сопругот но за да одам на забар го носам тој ден два пример во градинка и нормално го земам мн порано отколку кога сме на работа... Верувам за секоја постапка секој родител е свесен... И поминато време со своето дете ништо не може да го надокнади но некогаш се/сме приморани ...
Зошто се правдаш на вакви малограѓански муабети? Таа се ЧУДЕЛА како и зошто дрн, дрн. Нека продолжи да се чуди. Тоа ќе и остане, а секој нека си прави како му одговара.
Има деца кои лесно излагаат од редот, односно лесно ќе се одвикнат од градинка и 2 дена да не одат. Јас го чувам дома моето кога сме дома, ама секое враќање ми е хорор, не сака да се врати, и скроз би го носела ако не ме мрзи да станувам рано сабајле кога нема потреба, а и не ми се шета по најжешкото да го земам.
Ова Или ова Јас првото го користев, одлично е, со пристојна цена. И уште мачкам иако не сме веќе на море.
Спрејче, прскаш на коса и не се суши косата од солта, хлорот, сонцето... Ама го нема веќе во ДМ, нивен бренд беше.
Може слика? Или предлог нешто за сува коса. Откако ја одбив ќере ми стана ужасно сува косата. Го користам од балеа спрејот за сјај ама Откако му го сменија пакувањето не е истиот. Нема никаков ефект.
Гледам на топ тен има во дм за коса за заштита од сонце. Околу 350 ден е. Немам користено. Ама јас се шатирам 8 години уназад и на море кога одам косата пред излегување за плажа ја мачкам со кокосово масло ја плетам во плетенка. И косата ми останива заштитена скроз и неоштетена. Лесно се мие после со шампон кога се враќам и така терам години наназад.
Е тоа е штета што е така. Јас до сега со дм немав многу контакт од што во мк немав во родно место. А сега едно пола година како отворија кај што сум мажена и цела сум радисти. Имаат добри производи и поволни
@lackygirl сваќе како го шишаше зетко? На фризер ли? Не дава да ја допрам за коса, а густа коса има ептем. Не можам прцки, ни шнола. Зборам еве гледај кај другите деца, еве гледај во книгата, еве гледај мама. Ама не, џабе. Еднаш на пар месеци сама со ножички напред и фаќам шишки, со видео нормално. Па тоа дерење, тегнење, после оди со со криви шишки. И на мене ми се дере кога ќе ја соберам косата. Па тргни репче, не ти треба. Оти се смирува со кога ми ја фаќа косата. Па се убедуваме за заспивање ќе ја пуштам. Па имаш ќеќе нема да кубе, само така ракичка ќе ставам. Леле многу ми е смешна, генерално со зборењето . Ќе се врати од игралиште со татко и, и трча да ми каже кај играла . Ај и ми текна. Бреј денов изгледа додека сум жива нема да спијам, сега од што ме боли грло де, лани од возбуда . Ја гледам и не можам да верувам дека си е мое. Фала му на бога шо ми ја даде, моето чедо женски има роденден . Две години летнаа, полни со предизвици и многу прегратки и насмевки. Сега во последно време се буди сабајле иде до мене ме гушка и вели хало мама, гутен морген . И одма и е простено што цела ноќ спијам на работа од креветот и ме боли се . Годинава нема забава, оти сите тројца болни, па и баба и ја разболевме . Ама затоа здравје наредната недела 3 пати ќе се слави . Во градинка, со роднини и со пријатели. И нормално денес пак. Не ни знае што ја чека . Да ни се живи и здрави на сите и радости да ни носат!
A зашо да ја шишаш? Јас првото на нејзини 3г ја ишишав мн малце, малово уште не. Иначе не даваат фриз и двете ама затоа на фризер секогаш е мирна и дури 2 саати седеше да ја плетат, јас шиштев од нервоза пошо мене за едно ластиче ми се дере како да крвнички да ја кубам
Оти не дава да и врзам репче и или шнола и и смета сега на топлото. Напред малку и надзат да и фатам минимално. Густа коса има како твојата голема. Миење коса е предизвик на денот.
Јас девојчиња немам, ама од колешките што имаат можам да кажам дека се е тренинг. Едната прва трка и прва шнола на 8м и не сакаше, другата од раѓање ја кити и девојчето сега дозволува се. Со моево машко мало сфатив дека ќе пројде се што он сам ќе одбере. Капа, наочари, сандали, крокси, патики, битно он да ги одбере не јас.