Јас цело време викам Господ да ги чува, зошто ние тешко да ги допазиме. Челото му е стално партал, он генерално знае да падне, ама на тие акробации што ги прави ај па да не се повредиш. Устата пена ни фаќа зборејќи што викаат старите, ама не бре, не слуша и си тера по негово па шо сакаш прај. Јас сум ок со тоа што е темпераментен, сакам такви деца. Ама возраста моментална му е ‘ни се тера, ни се води’. Едноставно си прави тоа што си наумил и крај. Дополнително карактерот игра огромна улога пошто гледам деца на негова возраст што се плашат и што слушаат кога ќе ги искараш. Него ако го караш ти се смее во фаца. Кога му го земав балансот вчера ме плесна од револт, му ја фатив раката и му кажав да не си смеел да ме удриш пак, ме гледа како теле. Ќе ме удриш ли пак викам, се окези и ми вика да и пак ме плесна. Девојчето на другари што се дружиме стално во парк мир нема од него. А нешто не му е по ќееф одма оди ја бута, ја тегне и после доаѓа ми кажува дека плаче. Зборам дека не смее така, го фаќам го прибирам, ќе се смири и после некое време пак по негово. Одењето во парк наместо релаксација ми ствара стрес, а треба да одиме, му треба да се истрча и изигра. Исто, се качува на онакви железни скали, на јажиња, буквално кај стигне. А не му држи газот уште, па мора да го држиш за да не се лупне. Вртиме од друга страна на паркот кај што нема лулашки зошто ако поминеме од таму се дере на цел глас ‘јаааашкааа’ и мора да одиме таму. Го носиме повремено, ама секој ден немам енергија да го пуштам таму.
Хаха. И мајка ми исто ми посака. Па ми се деси и сега вика леле кере ова е многу побесно нека ти е јака душата. Твоето бесни со балансер моето трча како да е на трки. Некна падна дирек на лице. Носот му е целиот солуштен и челото со џунка. И кога се гледа во огледало вика ууу ружан Нека се живи здрави и бог да ги чува од полошо. Оти ние не може да ги допазиме
Моиве како на Ангел се, мирни, не се такви бесни, малово пак е спрема големото понемирно, нема страв, пробува се сам, ама на пр надвор кога се, се претпазливи, интересно е што големиот сега се опушти и сега прави работи што не ги правел како помал. Вози точак, тротинет ама не се сили многу, бидејќи по главен пат се шетаме на тротоар и така од мали ги учевме полека со другарка ми, ама пак е до детето и карактерот. Малово во трицикл седи, на нишалки се ниша на една, не растрчува секаде, не се качува сам, големиот па воопшто не сакаше места кај што има деца @Bella_Stella в градинка од прв до последен ден не сакаше да оди, од дома со плачење го носев, со сила што се вели, не да ме болеше душа, ама мораше да оди. Осеќав вина секој ден. Малово е дома со тт од саботата и пролив, како се двата ујдисани, само растурено е, си играат заедно нон стоп, многу се зближија, ако плачи едниот оди другиот да го теши и смирува знаат и да се затепаат ама после пак се сакаат, јас пробувам да се помирам со хаосот ќе ја видам детската се истурено, коса ми се крева, заминувам да не гледам
Ми поминало време за промена, слика од детската во моментов. Креветот шо дека го наместив 4 големи кеси играчки однесов во градинка, ова е се од првото дете што сме купувале, за второво ништо немаме купено. Spoiler: Слика
Се разбираме За Нова Година што да ти донеси Дедо Мраз? -Жолто количе За роденден? -Плаво количе само со такви мали играше, уште игра ако е 6 и пол год. Оваа гумава ств е интересна, збира многу количиња, па ги редеше, прередуваше. Второво па скроз различно тој најмногу си игра со плишани играчки игра и со коли ама не ги обожава како брат му. Детската цела е со стикери со коли, теписонче со коли, моментално е фатено ама се во тој фазон е
Он па поголеми сака. Игра и со мали ама повеќе ги сака поголемите. Еден период кога имаше сипаница татко му му носеше по две коли дневно и после оди сопри го. После секој ден бараше нова коуа.
Моето големо прозборе со колите, до 2г и 9м уста не отвараше, коа почна иди сопри го. Секој ден од градинка до дома сите коли мораше да ги праша кои се и до 3ти роденден сите коли ги знаеше. Немаше кола што не ја знаеше трет роденден славевме со торта и тема коли.
Дали некоја мајка носела дете на преглед кај др Ацо Костовски? Само тој го на приватно.. За на детска клиника не можеле да ни фатат термин а детево ми има мака од април веќе.
Јас кафана ќе дадам кога моиве ќе наредат нешто, било што, било каде. Играчки едниот собира само ако нешто се заканам дека нема да добие и тоа понекогаш, другиот ми вика мама ќе ги собере, јас сум уморен.
Пред месец некаде во игротека ние, играчки еден куп истурени. Ајде викам спремај се си одиме. И се врти детево и сите играчки ги суредува во корпа. Уште што не се прекрстив тука. Исто во пекара седнати, ајде викам да ја исчистиме маса и одиме во парк. Едно по едно од отпадоците ги однесе во корпа. Е да не е се така сјајно, дома не разбира македонски, кое кај паднало таму е. Мама тука собира, на место не се враќа ништо.
Мајки ве молам за препорака за добар дефектолог и логопед во околината на аеродром,ми трева за скоро 2 гофишно дете
Majki ve molam kazete nekoj sovet za vospaleno nepce kaj dete od 2 god i 1 mesec…Ne e od rastenje zapce, gi ima site, nad kecot mu e vospaleno nepceto veke nekolku dena.Sto da pravam?
Сте давале сируп за алергија да ублажи чешање и црвенила од убод од комарци? Вчера партал ја направија ќерка ми, од глава до пети е решето. Буквално има повеќе од 15 убоди. Многу ги расчеша, рани си направи, плус што се цели црвени како печати. Вчера ставив крилен гел демек да смири чешање ама џабе. Денес ставив облоги ациди борици да спласне отокот, мачкав синопен ама уште се подзачешува на некои места. Се мислам да и дадам една доза Аерус или Зиртек.