Однеси го на забар да видат што е причината за воспалението. Може да има заглавено некоја лушпа од храна или да има проблем со забот. Нека го види стручно лице пред да ставаш било што. И секако, четкање редовно е задолжително.
Мајки хелп. Имаме ларингит не е тука докторот. Земав дексаметазон на своја рака. Како е дозирањето и колку време ?
Јас да, пред некој ден. Се утепа од чешање на нозе, жал ми беше да ја гледам, плус цели отечени. Мислам дека и помогна. Дадов лоратидин.
На тема тодлери и мини срцев удар, секој ден доживувам. Маж ми е лабав и се чуди што се потресувам, а мене ме нервира зошто може за 1 секунда да направи беља. Лета со тротинет и точак, паѓа, плаче, па за 5мин. пак зима да вози. Се удри пред некој ден на улица кај нас во паркирана кола. Една комшика се извади од памет, тргна по неа да ја спасува. Поради ова реквизитите ми се на минимум. Излегуваме на улица и викам дај ми рака има коли, ќе ми даде 1 секунда и после ми вика: нема, нема. Ќе земеме да ја шетаме со мм, ајде двајцата да ја држиме, се влече, се тегне, се глупира со главата наназад. Од пред некој ден почна да ме шлапа и мене и мм. И ја земав раката и вратив (слабо секако), си се изнасмеа. Се пентари по столици, се качува на маси и што уште не. Се тешам дека сите се вакви на оваа возраст, дека не е до мене.
Сите се такви. Мојот само трча и скока. Свекрвата вели кога научи така да скока... Риквизити не сака, ама верувај ми не им требаат за беља да направат. И без нив целиот е сокапан. Реди перници и се качува на нив и скока. Само нешто измислува, за срцето да ти застане.
Не би давала на своја рака дексаметазон. Подобро само со синомарин инхалирај го и давај ладни пијалоци, сладолед.
Се дава повеќе за горни дишни патишта, кога немаат спуштено на плуќа. Не ми текнува како се дозираше.
Втора тура сипаници во градинка, денес ми кажи 38.5, има шанси да е тоа тоа да чекам да се исфрли или? Ден земав демек да одморам, изем ти ден.
Мајки ве молам за совет ова тантрумиве од контрола излегуваат. 22м, вришти или кенка нешто мислам 24/7. престимулирани сме со маж ми, помош нема, сеа болен беше долго и во градинка не одел. Почнав и по газ да го плескам кога ќе збесне неконтролирано, губам контрола и психички и физички. Никогаш вака лошо не сме родителувале ама не сме спиени со недели, работа и обврски не престануваат. Секој можен ден имам криза дека сум лош родител, имам премногу товар на душа. Не знам веќе што да правам
Има шанси, син ми имаше темп пред да избијат точките а ќерками качи откако избија... Се е можно, следи го и со лесно
Истото се случува и со мојата. 3 години е. Има денови кога ми доаѓа од кожа да си излезам. Со мм увидовме дека со викање или плескање по газ правиме уште полошо и она уште повеќе се инаети. Тоа не иде. Последно време пробуваме со смирен пристап. Знам тешко е ќе ти пукне филм, ама и заради детето мора да се контролираме, тоа не знае на поинаков начин да искаже чувства. Со убаво, со смирен глас зборуваме, ќе ја гушнеме за да се смири и искрено делува. Се смирува и долгорочно еве гледаме дека веќе не е толку лошо како што беше. Не знам... Пробајте дали би функционирало.
Цело време сме ние дома gentle parenting, зборување нежно, трпеливо и најчесто е разбран. Меѓутоа последниве недели не знам што да кажам. Престрашно, се секирам како ќе тераме вака, како да донесам вторп дете у целава равенка. Плус е залепен само за мене, сѐ сака само со мене, маж ми го брка, регресија во спиење го мава станува на сред ноќ полошо од новороденче, а се буди вриштњјќи и не можеш да го презаспиеш. Цела укочена сум зошто спијам на земја кај него во соба или ќе се напикаме двајцата во 160цм креветче… ни сила ни трпение ни ништо немам…
Препорака за добар ортопед независно државно/приватно,се работи за син ми има 2 ипол години денес на детска клиника ни кажаа дека има сколиоза. Благодарам однапред.
Ако го начекате Др Антоније во Ортоплус. Ако е заминат за Хрватска, многу добра замена е Др Александра Димова. Приватно е, онлајн се закажува. Нема да згрешиш.
Има шанси. Јас бев така. Ама па побрзо изби кај мене, од колку кај малото, без температура.. Нез дали е до тоа. Следи, и со лесно.