Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.144
    Допаѓања:
    111.139
    Пол:
    Женски
    Димова во Ортоплус.

    Стрептокока кај нас, качи до 39.8.
     
    На Hijabigurll и sani99 им се допаѓа ова.
  2. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки треба да правиме иригографија во среда не сум запознаена воопшто прв пат ќе правиме доколку сте поминале низ тоа би ве замолила да ми кажете како оди процедурата,колку време трае и дали е болно. Исто така треба да собереме и фецес за паразити и ламблии докторката на извештајот запишала 3х тоа значи од три различни столици или? Ви благодарам однапред.
     
  3. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Немам одговор на твоите прашања, извини. Ама имам прашање во однос на испитување за паразити. Има некои симптоми, нешто што те наведе да испитувате тоа?
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Од април се мачиме со запек суви,тврди столици.. Последниов пат 8 дена се немаше искакано и веднаш не пуштија на гастро со приоритетен.
     
  5. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Прашав, бидејќи и мојот е со запек. Имаше 10 дена стомачен вирус и после тоа не му се врати во нормала столицата. Се напнува многу да се искака (дури со солзи некогаш), има ужасни гасови и пред некој ден крв имаше од напнување и нешто налик хемороид. И јас се сомневам на паразити, ама морам прво на педијатар да го однесам
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Оф леле душиче греота.. Нас моментално не ставија на терапија со ефекол џуниор и парафинско масло секое утро 4 дена по ред да пие. Прв пат му се случува вака?
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.427
    Пол:
    Женски
    Како реагирате и како е најисправно да се поставиш во ситуација кога друго дете константно го удара твоето? Детето на братучед ми со кој што сме прилично блиски и се гледаме често, од пред некое време стално го мава син ми. 10 месеци е постар од син ми и е ептен интровертен и некомуникативен за разлика од моево. Само од чиста мира му текнува и ќе му отиде ќе го плесне по сред лице и вика ‘плачи плачи’. Син ми е ептен гушкало и знае често да оди да го гушка, ‘да му се качува’, ама не го повредил никогаш до сега. На неговото плескање кога мајка му ќе го искара и ќе каже да се гушнат, мојов ем натепан прв оди да се гушне. Многу го сака и не го вади од уста, а ем шамари јаде од него на секоја средба. Знам дека се деца, ама вчера ми падна многу криво зошто се исплаши, ова се залетува да го удри а он ги испружи рацете демек немој, не му врати, само проба да се одбрани ама без успех. Дур да интервенираме ние веќе беше плеснат силно два пати. Се расплака, а он е дете што не плаче често и после цело време викаше ‘Х не тепа, Х не тепа’. Мене срце ме болеше, а немам како да изреагирам и јасно ми е дека е и фаза и сѐ, ама па од друга страна не можам рамнодушно да гледам како некој константно ми го мава детето.
     
  8. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    Во слична, скоро па иста ситуација сум. Мојата од уста не го вади детето, преблиски сме, секогаш оди гушка, го прашува детево "ти мене ме сакаш?", а тоа едно две ќе ја плесне, ќе ја турне и мојава не знае да врати и плаче. Родителите на детето и баба му ништо не реагираат.

    Некој дајте ум како стварно да се постапува...
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.427
    Пол:
    Женски
    Кај нас реагираат неговите родители. Го тргаат од син ми и го караат, ама упорно се повторува истото сценарио на секое видување. Кога ќе му се доближи секогаш сум под стрес да не го удри.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.144
    Допаѓања:
    111.139
    Пол:
    Женски
    Друг начин освен нагло да прекинете контакт нема. Мал е да го учиш врати му, а не е тоа работата нели на насилство со насилство да вратиш, да направиш насилник уште поголем. И би рекла и на мајката, извини не можам да гледам како твоето го млати моето. Не е доволно само да го искараат, треба да поработат на детето, очигледно има нешто штом тепа.
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.661
    Пол:
    Женски
    Кај мене вака се двата дома, малово од нигде никаде ќе го плесни брат му, море викање, море карање ништо не функционира, секој ден иста приказна. Решение немаме засега.
     
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    5.997
    Бела, ќе се договорите со родителите ако сте блиски дека ако се случи нешто такво станувате и си одите или они си одат. Не го оправдувам удирањето ама имам деца што нон стоп се тепаат меѓу себе, најчесто за играчки ама имаше период кога знаеа да се плеснат и тотално рандом без причина. Кога се случуваше тоа бев избезумена зашто знам дека не ги растам и воспитувам на таков начин. Читав многу на темата и психолози викаат дека на таа возраст децата го прават тоа за внимание (и негативно внимание е внимание). Кога се случуваше тоа ги разделував и уста пена ми фаќаше дека тоа не е во ред и дека не треба да се удира. Друго дете да удрат се случило само еднаш едниот да фрли играчка по друго дете и тогаш знам дека тригерот беше зашто обрнувам внимание на тоа дете и беше од љубомора ама бев засрамена и разочарана и се убив извинувајќи се. Ама поучена од искуство кога се играат со други деца цело време сум до нив и ги надгледувам за да не ескалира ситуацијата.
     
    На kozuf и H.VAGA им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.427
    Пол:
    Женски
    Повеќето на таа возраст маваат, мене ми е јасно тоа. Не е дека е невоспитан или разлигавен, едноставно таков некој период има. Или не знае да се изрази на друг начин, пошто не збори многу, или е последица на нешто што гледа во градинка, или е нешто сосема трето, не знам. И мојов знае да мавне, ама него никогаш не го има удрено. На другари девојчето што е на иста возраст знае да го бутне, ама секогаш е со причина, ако она нешто му земе итн. Да прекинеме контакт не е опција зошто сме фамилија, па и да не сме. Се дружиме уште пред децата, некако безсмислено ми е да ради тоа прекинеме комуникација. Ама дефинитивно треба некако да се дистанцирам и да покажам дека не ми е во ред што така го мава. Знам дека и на нив им е криво, се осеќа тоа, ама не можат баш нешто многу да сменат кај 3 годишно дете. Мојов е темпераментен, ама не дека е мој не прави ништо подмукло или како да се изразам не знам. Од некни од градинка на два пати се враќа еднаш изгребан, еднаш модар. Прашав да не е немирен, ми викаат не он си е супер не се закачува, ама има многу “лоши” деца. Нејќам ни да помислам што е можно да се случува таму и се надевам дека се брани. :|
    И јас мислам дека дур се толку мали нема решение за жал.
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.427
    Пол:
    Женски
    Најверојатно треба да направиме некој таков договор. И јас читав многу во последно време на оваа тема зошто како што пишав погоре и он знае да ја бутне другарка му во парк ако му земе нешто. Исто како тебе се закопувам во земја зошто ако нешто не сакам тоа е дете врз кое што родителот нема контрола. Мајка му на ова дете што го удара син ми вика дека тригер му е кога некој плаче. Ама вчера баш приметив дека го плесна од чиста мира. Ни си играат заедно па да му засмета мојов, ни ништо. Едноставно ги собира очите онака злобничко, оди го плеснува и вика ‘плачи плачи. Детето како што кажав е малку интровертно, во некој свој свет си живее и не е баш социјален тип. Најкриво од се ми е што мојов ем натепан, пак од уста не го вади.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    5.997
    Помалиот уште како мал имаше развиена емпатија, нит касаше, ниту удираше, ни му враќаше на брат му, а сирот не знаеш колку модар идеше од касање. Прекриво ми беше. И пред некој месец детево се повампири, мислам дека му наплати за се на брат му, ама за разлика од него што касал или удирал во афект овој буквално од чиста мира почна да го турка, удира, гребе. Значи сериозно удирање, не закачање, со играчки со тврди предмети со брцање во очи буквално. Кога не полудев тој период никогаш нема. Си враќав филм што може да е причина или тригер и не знам, не сум сигурна. Можеби да добие внимание, можеби од љубомора иако од петни жили се трудам на двајцата подеднакво да им обрнувам внимание. Значи ако дојде едниот да се гушне другиов одма напаѓа, го турка. Муабет од пред некој ден:
    Бебе б: бегај, тргни се, тоа е моја мама, иди гушкај нова мама
    Бебе А: да купам нова мама ама ти гушкаш новата?
    Бебе б: не, ја гушкам старата ти новата
    И настана тепачка :D
    Жив страв ме фаќа какви ќе се во градинка, дали ќе бидат од тие "лошите", татко им вика ќе ги избркале за една недела ;(
     
    На Bella_Stella и lackygirl им се допаѓа ова.
  16. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.175
    Пол:
    Женски
    За други не знам како би реагирала, ако моето дете удри или се закачне тука забавата завршува за него (се случи во парк неколку пати и одма дома носење). И не ме интересира дали само што сме излегле ни ништо. Сметам дека одма треба да се сече такво однесување. И веќе го немаме тој проблем (знам дека може и да се смени). А за ваква ситуација како што опиша стварно не знам и е без врска, можеби некое време не би се гледале со тоа друштво. Ако го удри некое рендом дете само го тешам и тоа е, нема што повеќе да направам.
     
    На H.VAGA, Bella_Stella и Miss_S им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.144
    Допаѓања:
    111.139
    Пол:
    Женски
    А игра ли друго со тоа дете освен што се бутаат? Мислев ако имаат игра заедно, да се тргате вие кога ќе го удри за да поврзе дека ако го удира ќе си го изгуби другарчето. Ама ако не играат нема да има ефект. А не можеш да им кажеш ним станете одете си зошто го удри, нели. И не, не ти викам скроз да прекинете контакт, едноставно не ги дружете и готово. Големиот мој и на кумовите детето се разлика само 4м, али на кумовите ова си има стаено во глава дека е он преголем, мојот е мало бебе и не го игра, го игнорира или ако го земе во игра ќе го натера не знам да мижи, да биде он потрчко, да им брка топки или во договор со другарите ќе го плашат, ќе го исмеваат... И од тогаш не ги дружиме. Само ако ептен има потреба и тоа по дома. Кај нас се вадат на маса, се мора он да земе, а кај нив не, ништо не им е дозволено, кумата вика мене така ми е редот, нема вадење играчки, само по една и толку. Почитувам, нека е така, затоа и затоа што кога одиме таму не му дозволува да игра на моето ништо, не го ни носам веќе толку често, строго ептен ептен ако е некоја потреба. Не е дека е баш мора, нели? Ние си се дружиме, одиме, идат, ама без деца, добро големата им е голема и многу го сака малово а и големото и она знае да дојде со нив, али машкото не иде, има револт кон моето. Знам и од кај им е револтот, го споредуваат со моето, ете Матео чита, ете Матео ги прочитал лектирите, ете Матео беше избран за ученик на генерација, ете Матео доби награда и дете ко дете, не сака да биде потценуван од друг и тоа е тоа. А и различни карактери се, нивното е темпераментно, нашето е флегма.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.850
    Пол:
    Женски
    Јас го учам да враќа и да се брани. Често имаме ваква ситуација во маало со комшиче и му зборувам на мојот сам да се одбрани и да не дозволува да го удри. Почна мојот а го сети да црка “неее стоп стоп и така со прстот прави дека се кара”, мислам дека се намалува ударањето по ова ама ќе видиме. Не сакам да го учам на насилство ама па сакам да знае да постави граници сам а не да чека се ние да го одбраниме или да бега, да се бори со тие предизвици сам без помош. Мојот не го удрил никогаш ама вакви реакции се почесто има и се кара и вели “тоа боиии мене не се тепаме гуши ме”, некогаш ќе го гушне некогаш удре, ама подобро е. Сега во твоја ситуација искрено не знам премногу блискост е тоа, мојот со братучет му се тепаат и двајцата нема еден да доминира, јас цркам и зборувам на мојот сестра ми на нејзиниот син ама свесни сме дека е фаза и ќе помине. Само учете ги да се бранат, зборувајте дека прв да удри не смее ама да не дозволува да го удараат

    Едит: сега ми текна ситуација некна на базент со поголемо непознато детенце. Мојот ги фрлаше играчките (од базенот се не се ничиј) во вода и ова валда му сметаше тоа и стана го удри силно шамар, мојот готов беше да заплаче се држи за образ и ме гледа. Јас до него ама не направив ништо на детето оставив прво да видам дали сам ќе се одбрани. Му велам на син ми не давај да те тепа мама брани се и ако мораш и удри го, не се плаши мама е тука. И мојот му вели “стоооп еј не тепи” овај па се залетува да го удри и мојот со двете раце го бутна, се одбрани, овој избега и не се врати повеќе. Не знам колку е правилно ова може лошо го учам ама битно ми е сам да се брани, јас нема секогаш да бидам со него кога ќе порасне. Е прв да удре или да се закача не дозволувам никако, ако не ме слуша збирам се и одиме дома
     
    На Bella_Stella и Marge им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.232
    Пол:
    Женски
    Ухх, не сме биле во ситуација кај што е мавано нон стоп али штипната да, кај нас дада реагира одма ама пошо се случило еднаш и не ми било нешто тешко. Но имавме ситуација кај што големата беше силно касната од блиско дете и среќа имаше дебел дукс на неа и и се направи хематон колку нејзината дланка буквално, да беше тенко облечена мислам кожа ќе и скинеше. Маж ми реагираше бурно искрено, никој не му се налути оти беа свесни дека беше остаено без надзор детето.
    А во градинка имаше едно дете кое два пати ја удрило и и реков да не дозволува, па ако ја удри некој почна да враќа ( на некзина возраст или поголемо), на помало од неа почнува да плачи :^)
    Не сум за насилство ама мора да врати, децата не се вреќи за бокс и некој да ги млати нон стоп. Мора јасно кажување на родителите или држете дистанца.
     
    На Bella_Stella, AngelOfArh и emche05 им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.144
    Допаѓања:
    111.139
    Пол:
    Женски
    Скроз се слагам со твоето мислење...