Освен запек, имаше некои други симптоми кои укажуваат на паразити? Дека читам пролив повеќе укажува на паразити. Со запек одвреме навреме и ние се мачиме, се решава фала Богу со сируп засега. Ама постојано во мисла ми е што може да е проблемот.
Не би знаела да ти кажам кои симптоми укажуваат на паразити нас докторката само ни го назначи како испитување. Прв пат ќе испитаме фецес за паразити и ламблии.
Фала ви на сите за мислењата, да не ве тагирам. Разговарав со мајката на детето и свесна е дека не е во ред и се познава дека и е многу непријатно. Решивме малку да ги дистанцираме еден период, да ги разретчиме средбите па да видиме дали ќе има некоја позитивна промена. Ми кажа дека он бил порано малтретиран во градинка од некое дете и не се бранел, доаѓал дома изгризан и слично. Дали сега син ми дека помал од него па така му прави не знам. Мајка му му е ептен наклонета на син ми, а и он многу ја сака. Ептен го игра и му посветува внимание кога сме заедно, па дали и од љубомора нејзиното го мава моево, стварно не знам. Останува да си ги погодуваме можните причини. Они кога се заедно не си играат. Поточно син ми стално оди по него и пробува да си игра, ама он е премногу затворен и си игра сам. Син ми го сака премногу до степен што сака да прави сѐ што прави он. Он пие млеко од шише и овој бара, а никогаш ни пиел од шише, ни па сака млеко. Сабајле едно станување он него го бара, го идолизира не знам. Имам приметено дека сака поголеми деца, а врсниците не му се баш омилени. Во следна прилика кога ќе биде плеснат од некој пред мои очи дефинитивно ќе го учам да се одбрани. Не поддржувам насилство, таман работа. Ама сметам дека треба да се брани, а не да стои како теле дур некој го мава.
Е вака се прави малото како големото, буквално се го имитира, ако нешто не сака да направи одма му велиме види го брат ти се облече ајде и ти сега и одма станува и сл примери И да, секогаш помалите сакаат поголеми деца, а поголемите па не сакаат да играат со помали Ко ќе има големиот другарче дома му ја затвораат вратата и не го пуштаат внатре да игра со нив, ова плачи на врата батооо батоо
Мајки некој вирус има периодов? Ни изгоре малата 40, едвај симнуваме, забрзано дише тахикардија нон стоп, бевме на клиника крвна слика океј, црп малку покачено 7.1 Не знам на 40 температура вируси ли има... ќе се збудалам
Ние сме дома сите со стрептокока, време. Јас како да лебдам, ме фати од нигде никаде, на работа седев и само ми помина по грб една језа, се стресов и грло почна да ме боли. Еве ме лежам покриена на 45 надвор. Инаку на топло би требало да има вируси, не бактерии, ама ништо веќе не се знае.
Бела пак те цитирам ама морам да кажам, за жал големиот е гревче, секогаш е тој искаран ако е малиот скоро секогаш крив мене жал ми е за голем синко. Па и таква душа е емотивна, си става на срце
И една другарка вака како тебе вика. Нејзе и се големото 5, а малата како моево. Вика он е жален, сите накај него попушти, попушти поголем си и да, секогаш него повеќе го караат. Како второ дете во фамилија потврдувам дека е така. Ама дур е сам он ми е гревче. Ако родам пак сигурно нема вака да размислувам.
Само што се вративме, малиот е до 39.6-39.9 цел ден, последно и сируп што му дадов немаше никаков ефект. Исто рекоа вирус, само течности, туширање по потреба, сирупи на 6 саати, ќе пројде.
Луѓе вака, ми требаат совети, стварно. Маж ми за две недели се враќа во Англија, 2-3м сигурно ќе сме без него, може помалце ама ќе биде доста време. Последните 4м он го чуваше малиот и многу се врза за него, постојано го бара и знам дека ова ќе му направи голем стрес. Не знам како да го припремам, дали да му зборам, кога ќе оди како да му го олеснам тоа што тато го нема…дали некој имал вакви животни ситуации да ме насочи. Второ размислував и сакав уште два месеци да изгурам на работа, додека мм почне да работи таму пак и да се снајде наново да имам некоја сигурност, мада он одма ќе тргне на работа ама сепак… Ама нема кој да го чува детето, имам опција приватна градинка еден месец со тоа што ќе се заменам да одам прва смена 3 недели и една недела додека е на адаптација да го носам јас да го зема мајка ми или свекрвата попладне…септември ќе видам како ќе биде, ама барем август да го прогурам, е сеа ми е на мисла дека со то уште поголем стрес ќе му направам и ќе му дојде преголема промена на рутината. Или да не си играм да си кажам на работа не идам веќе и крај, и тоа ми е на мислам оти ќе ги зезнам, мада не дека не заслужуваат ама сакам јас да си испаднам фер… А и се мислам он малце да смени, со деца малце да игра, околина, да се превикне… Многу сум на две мисли, искрено…полудев деновиве само правам планови, сто пати се предомислив, не ми доаѓа идеално решение и се осеќам врзано…ве молам за некој, било каков совет.
@1209 , ако се работи за период од 2-3 месеци, реално не би го пратила во градинка, под услов да финансиски можеш да си дозволиш да останеш дома. Да сум јас на твое место, со дете кое 1,5 година веќе оди во градинка, сигурно би си продолжило. Со приватна немам искуство, да е државна и да знаат дека заминувате сигурно ќе ја влечат адаптацијата до максимум. Во поглед на настинки/вируси од градинка исто може и да не фаќа ништо, ама може тие 2 месеци повеќе да е дома, отколку во градинка. Пак ќе речам, во приватна не знам колку се строги по тоа прашање и да би седело дома дете или ги примаат без разлика на состојбата. Од една страна ако тргне во градинка е убава промена со тоа што ем ќе е со деца, ем поголем дел од денот ќе е "зафатен", да не е постојано дома без татко му. Евентуално во август да се пробаш како би било, ем да доработиш до отказен рок, ем да е во градинка детето, да види како е. Сигурно овој дел и разделбата и овие 2 месеци, понатаму нема ни да ги памети, колку и да се стресни, а може повеќе сами си ги правиме да се стресни. Инаку на блиска детето си продолжи со комплетно истите активности како и до тогаш кога таткото замина, мајката на работа, детето во градинка, само што баби/дедовци, се вклучија плус време во чувањето. Се работеше за период од 8-9 месеци и детето исто 2+ години, малку се повлече во себе колку што забележав.
Јас не би го пуштила во градинка најмногу затоа што ќе биде на многу краток период. Да надминеш адаптација и вируси за после да го отпишеш е жално, зашто само што ќе пројде тешкото вие ќе треба да заминете. Во англија сигурно ќе трга во градинка па премногу промени ќе му дојдат, подобро веднаш таму да се адаптира. За твојата работа најдобро ти си знаеш колку можете финансиски да си дозволите, ако мора да работиш мора, ама не те сфатив дали имате баба сервис или ќе останеш на работа само ако тргни во градинка. Искрено јас се трудам да бидам многу отворена со син ми и да разговарам за битни ситуации, да споделувам. Секако на оваа возраст нема се искрено да кажеш ама можете да почнете да ја спомнувате темата и да знае тој дека доаѓаат промени. Јас би му рекла дека тато ќе оди да бара дом за нас, на многу убаво место кај што има многу деца и паркови. Нешто во тој стил да може тој да си создава убава фантазија. Мило ми е што сте решиле да се вратите и верувам дека ќе бидете добри. Не грижи се за него, децата најбрзо се адаптираат. Можеби малку ќе има промена во неговото однесување ама брзо ќе се врати се во нормала. Зборувајте, преставувајте ја Англија како земја на чудата, опишувајте ја како нешто волшебно, да се радува и фали што тато оди таму. Фантазирајте си со него за животот што ќе го живеете таму и ќе бидете добро
Бројче, како некој што првита година живеевме со керќа релација Скопје-Виена без тата, а втората година штационирани во време на корона во Виена без тата и секоја разделба ни беше ужас тешка, би те замолила ако имаш услови да си со детето. Огромен е стресот за нив, мојата во сон го бараше, лупаше по врати, кога ќе го видеше се тресеше од радост. Да, имало и има фамилии кај што таткото работи со камиони/брод па не се гледале ама за нас беше епрен стресно, промената на однесување се познаваше и во градинка и тоа шти градинката неа и беше дел од рутина, затоа додатен стрес не му прави. Нека го дома, мешајте се со деца повеќе во парк. Ние избегнувавме гледање на камера оти после тоа имаше тантруми.
@1209 адаптацијата во градинка покрај од воспитувачките многу зависи и од детето. Со ќерка ми имам искуство и од приватна и од државна. Во двете се адаптираше за помалку од недела. Немаше плачки и влечење на врата, секогаш одела со радост и весела ја земам од таму. За болести исто така. Едно од најредовните деца е, сируп за температура прв пат на две години пиеше. Ова ти го кажувам само како поинаква перспектива ако одлучиш да го пратиш. Од ова што те читам доста е дружељубив син ти, можеби ќе му дојде убаво тој месец во градинка. Проблем може да имате само со спиењето. Пошто во градинка сите деца спијат, а знам дека вие веќе укинавте попладневна дремка. Направи муабет во градинката види како стојат по тоа прашање. И види ако може да пробате адаптација пред да платите полн износ за месецот. Во однос на отсуството на родителот, маж ми бил отсутен месец дена, на почетокот повеќе го бараше, после тоа намали. Кога се врати му се израдува ептен и го гушкаше цел ден. На камера се гледаа исто секој ден па не беше без ич. Се сложувам со тоа да му кажеш реално дека е на работа на убаво место и дека и вие ќе му се придружите наскоро. Околу работата вие си знаете најубаво колку можете финансиски да си дозволите да не работиш периодов. Не знам дали си со договор со регуларен отказен рок, ама ако нешто ви згусти дома, треба да се свесни дека детето ќе ти е приоритет. Ако можете да се договорите за некоја флексибилност, убаво би било. Ем да си одработиш и пари да си земеш, ем да си присутна и за детето.
Немам искуство со такви разделби, но ќе се обидам да кажам што ми е мене најлогично. Ако остануваш на работа само за да бидеш фер кон работодавецот, што како што викаш не заслужува, тогаш немој. Верувај во обратна ситуација тие нема да се фер кон тебе. За мене, а и за сите нормално, секогаш е детето пред сѐ. Да, нормално дека требаат и пари, ама бидејќи не ги спомна како фактор мислам дека треба да си одиш и да си го чуваш. Кога ми завршуваше породилното и кога побарав да работам од дома отворено им кажав дека тоа ми е единствена опција, а другата е да дадам отказ. Во ниеден момент не се мислев. Според мене градинка не треба да ти биде опција од причина што на почеток одат само по 2-3 саати дур да се адаптираат. Па недај Боже болести итн. Тешко е да кажам што би на твое место, неблагодарно ќе биде зошто не можам да знам како ти е. Ама веројатно би избрала како што ти кажав, да си останам дома дур да се преселиме. Што и да одлучиш имаш наша поддршка и знај дека сѐ ќе си дојде на свое место.
@1209 Истомисленик сум како @Bella_Stella Сметам дека само ќе го збуниш детето толку кратко да го пушташ на градинка, и потоа во англија се наново. Некој деца лесно се прилагодуваат, ама некој не. Јас не би ризикувала да дознаам дали е од лесно прилагодливите. Јас по породилно дадов отказ и гледајки многу фер да излезам испаднав грбава. На денешно време искрено гледај си го твојето добро, не туѓото. Што и да одлучиш имаш подршка зошто сите знаеме дека најдоброто го сакаш за твоето плавушанче и срцкасто зборлесто дете