Здравоо син ми 2 години направи на 20ти месецов сакав да прашав за во градинка кога е најдобро се мислиме дали да го даваме од септември или здравје од 3 години можам јас со него да седам идам на работа ама мм е прва втора па јас кога е втора идам дека работам во фирма фамилијарна наша
Секое дете е различно, првото на 2год и 2 месеци почна, одма по 5 дена остана со спиење до 15ч ама не сакаше да оди никако во градинка, секој ден со плачење беше, за жал така беше до крај, не засака. Второво почна на 14 месеци па мн се разболи па имаше пауза и пак почна на 19 месеци и супер е, оди, не плачи. Ама и мн различен карактер се. Друго ако можиш до 3 год да го чуваш чувај го дома.
Мојот почна лани на 20 месеци и многу лесно се адаптираше за 5 дена веќе спиеше..но поради здравствени причини мораше да прави пауза од скоро 7 месеци..кога се вравивме пак во градинка многу теско се адаптирасе..цел месец до 12 го земав и секое утро плачеше и уште знае да плаче..на сабајле едно станување и вика не сакам во градинка..Мислам дека кога се помали полесно се адаптират ама сите деца се различни..мојот изгледа ќе е од тие што никогаш не ја засакале градинката
@1209 праќањето у градинка на толку краток период може да ти биде повеќе меч со две острици затоа шо не знаеш дали ќе се разболува. Ако се разболува пак ќе мораш да седиш дома со него, барем мојот е од тие што откако тргнал на градинка, веќе две години, нон стоп е болен. Мое мислење е дека е подобро да им објасниш ситуација на претпоставените и да останеш дома со детево, барем јас така би направила. Ама секако, ти си знаеш домашна ситуација, финансии итн, лесно е ние од страна да кажеме. За разделба со татко му мислам на почеток ќе му биде потешко и ќе прашува ама после ќе се навикне сигурно. Друга опција ти се баби дедовци да земат одмори у август доколку е изводливо и да го чуваат и така да се скрпи уште еден месец да идеш на работа. Сепак измери си ја тежината на праќање у градинка и давање отказ, многу зависи и од тоа колку е прилагодливо детето...
Генерално препораките се да се почне од 3 години (доколку е можно), и од аспект на имунитет и од аспект на емоционален развој на детето.
@1209 ако можеш, остани дома.. Да не ти правиме и ние притисок, ама ако сега почнува, веројатно, ќе се разболува, ако се разболува, мислиш работодавците ќе те толерираат? Знам дека сакаш да си фер, ама верувај дека они нема да бидат. И да не те избркаат, ќе те брецаат, ќе ти прават неубаво, додатно на тоа што веќе тебе верувам дека нема да ти е убаво што сте разделени со мажот.. Гледај си дете, и не знам дали и вие ќе заминувате, што ти е план, ама ако веќе одите, таму бар заедно минете ги тие денови на адаптација..
Моја другарка која е воспитувач во градинка вели дека е најубаво помеѓу две и три години да се тргне во градинка, дека полесно се адаптираат, отколку после три годинки. Кај внука ми се покажа баш така, почна на 3 години и 3 месеци и многу тешко се адаптираше и ала до крај не и беше кееф што оди во градинка. Сега ќе почне прво оделение. Јас моево ако го примаат ќе го пуштам сега во септември, а наполни во мај 2 год. Сепак на крајот од денот секој си одлучува. Ама чисто да спомнам муабет од човек што работи директно со мали дечиња и знае
Јас со првото имам искуство и на 2г и на 3г, на 2г беше ужас почетокот ама морав да ја оставам и после 3месеци мораше заради Х причини да ја отпишам. Потоа на 3г и пол и се падна неа да ја запишам и преубаво си поминавме, за жал пак морав да ја отпишам и коооонечно сега ќе тргне забаваче. Малото си го чувам дома и ќе тргне на 3г, сега не ми е баш спремна
Леле мамасити се разбуди со таков жален плач не можам да ви опишам. Никогаш вака нема плачено. Го прашувам сине те боли ли нешто и тој само мамааа и липа. Ногата малку му е натечена во листот, изеден е од комарци на повеќе места. Му дадов за алергија од пусти страв да не е тоа. Како можеше толку на мене да е. Истиот проблем го имам од каснување од сите можни инсекти. А страв во коски имам да не е и тој алергичен од каснување од оси и од пчели. Сега заспа, ама како да го мачи нешто, нема нема цвили како кученце. Што ли му се дешава, душата ми се стегна, како плачеше само.
Нас ми помина. Сабајле до 37.7 крена, не дадов ништо. После се спушти 37 и толку. Значи вирус некој. Фала му на Бога помина.. страшно беше
Мајки ај кажете какво овесно млеко има во мк? Мојот го пие на алнатура ама тој период може да давам било какво само овесно да е. Каде да барам? Стомокак, кам, кит го имаат?
Кам и Стокомак имаат некои брендови што ги има само кај нив. Алпро има низ други маркети, Тинекс, Рамстор.
Здраво Ќерка ми е 3 год. Пред неколку месеци ги остави пелените и се беше ок до пред некое време кога почна да се стега и да не сака да оди да кака. За мочкање си оди сама нема проблем, ама за какање ко ќе дојде плаче вика, се држи за газе додека да и помине. И тоа трае по 3-4 дена додека не дојде ептен нож до коска и да се искака. На почетокот без проблем беше се, што и се сврте во глава незнам. Прашањето ми е дали има некои чепчиња да и ставам што одма би ја протерале да не се мачи со денови или некој др начин да ја испровоцирам? Мачкана е со крема во газете за полесно, јаде овошја, смутиња не е запек и кога ќе се искака се гледа дека е нормално ама заради Х причини почна да се стега. И пелена сум пробала да ставам ама плаче тоа било за бебиња
Пробај со парафинско масло ама давај го секој ден некој период додека да го надмине проблемот. Од него ќе ја протерува и нема да може да стиска. Нормална фаза е ова со тргање на пелените ама битно е да не си створи запек при стискање и после да ја боли, ќе се исплаши.