Фаза им е. Мојата пред да ги фрли пелените и се дешаваше често вака. Имаше тврда столица и ваљда од што ја болеше кога напнуваше и после и беше страв да кака. Еднаш дури и клизма и ставив и после веќе од пусти страв да не и ставам клизма ќе се покакаше некако. Сега откако ги фрливме пелените се среди проблемот се надевам трајно. Ама на почеток исто не сакаше да кака ни на нокшир ни на шолја, па станата какаше а јас ја чекав каката со нокширот. Деновиве веќе почна на шолја да кака, има надеж. Неа пак каката и е потврда ама вака брзо излегува, во памперс немаше место каде, се мачеше. Дали пие доволно вода?
Мамасити како сте со јадење периодов. Мојот ништо не јаде, веќе не знам што да правам. Само правам и фрлам храна. Верувам дека е од жештините, ама пак не е решение ништо да не јаде. Секогаш сме со молби, ама вака не е било. Ама ништо ништо не сака.
Јас почнав да им давам пробиотик и од тогаш јадат повеќе. Имам одамна пишано, давам едни на Провен со витамини, како бомбончиња, на малото половинче, на големиот цело. Цело време се гладни.
Намален му е апетитот. Јаде ама не како што си јадеше порано. И од градинка ни кажаа дека помалку јаде. До жешкото не верувам да е, тоа ми е некако апсурден изговор. Ланско лето јадеше сѐ што ќе извадиш пред него. Какви се тие? Пушти слика.
Пие вода, не е тврда каката за до толку да ја боли ама некоја блокада има и сега повеќе мислам дека во инает преоѓа
Пушти ми слика од пробиотикот. Очајна сум жими се. Имам нејадач тоа да ама вака не било. Дури страв ме фака да не ослаби. А нема ни 12 кг
Од некни ко имаше вирус малото му зедов ваков пробиотик од еурофарм, како гумени бонбони се и ги јадат 2цата. Мојве исто така помалку јадат, а апетит навечер му се отвара.
Лаки а како сте со баткото со спиење? Ми одбива дремка, не сакам да ја отфрли жими се тие 2 саати живот ми значат во денов. Вчера јас по доктори бев со мајка ми седеше, сабајлето во 8ипол едвај го разбудив во 1ипол и заспал во 2и25 станал не е ни еден час тоа. Денес еве го од 7 станат никако не сака да спие
Си јаде ама повеќе пребира во смисла сака јогурт, сака смути, сака овошје. Да е ладно во главно. Плус сладолед
Леле и моево, не знаете како јаде лубеница, диња и краставица од фрижидер. Јас мислам на тоа може да живее летово. Јогурт и корнфлекс, кифли суви, овошје и зеленчук во изобилие. Од месо единствено плескавичка домашна или кебап ако касне и толку.
Засега се држиме, касно заспиват 11 навечер, малото станува 7 до 8ч сабајле, па го носам в градинка, таму во 12ч му е дремката, ко ќе е дома, исто во 12 и нешто го заспивам (оваа недела беше дома 2 дена кога сум 2ра смена јас не го носам летово за да се видиме). Некогаш е 1 час дремката, некогаш повеќе ама и 1 час да е дремката е ок, само да не ја укини, му треба. Првото на точно 2 год ја укина дневната дремка. Не сум спремна и јас да нема дремка
Мојов 9ипол е кома, станува сабајле околу 7 претежно. Ама дали дека сега не е изморен одсабајле жешко е никаде да не тргне човек се дома сме внатре затворени и не е изморен за спиење, навечер изчегуваме ке се истрча до дома не може да стаса после едвај, го носам у раце и збораж да не заспие да се избањаме и да легне.
Па исто часа сон му иди во 24ч. Мојов со дневната дремка ги прави 10часа сон во 24ч. Ама супер па што заспива порано, овие летово многу ми пореметија ред во спиење. Ама навечер се заигруват многу и неможам да ги заспијам.
Син ми нема ни 11 кила, па не гледам веќе проблем во тоа. Таков си е, енергичен, пргав, ништо не се фаќа за него и тоа е. И кога јаде сѐ живо пак не качува килажа, само во висина оди. Едноставно таков метаболизам си има моментално и ништо страшно.
Жени моево кака од 3 до 5 пати денот, ако искака денес 5 пати утре ќе бидат 2 3 пати, и тоа по многу количински, дури некогаш се грижам дека е толку често. Сега е машала извишен и нема меше како што имаше на 6 месеци ама пак е тежок 18+ кг има. 91 92 висина последно мерен пред поќе од месец. Др дома зедов млеко без лактоза и ако не е в градинка пие на сабајле 120мл и толку цел ден и пак кака исто, оти мислев дека од млекото в градинка поќе кака, каките му се како кашести нема твда столица никош, матичната вели дека е ок то.
18+ кг? Машала! Мојов е 93цм и 10.7 кг на гладно. Кога ќе се најаде стига до 11 едвај. Не изгледа слабо, само поситно.
Овие или другите, ги има два типа, зависи кои ќе ги начекам на акција купувам и имам залиха. Само не знам зошто убедена сум дека имаат пробиотик а на страната на Зегин не стои. Може и нешто сум измешала. Најважно ми е дека помагаат стварно и откако ги пијат се поотпорни и повеќе јадат.
Нашиве се исти значи. И мојов нема 11кила ама е околу 90цм. Некако перидов ми работат црвите. Една недела беше кај баба и дедо на гости, кога го видов после 5 дена сфатив колку е стварно ситен. Вака како го гледам цело време се навикнувам ама сега кога го немав видено 5 дена стварно е многу ситен.. Апропо муабетов за апетит, нарачав сируп Апетито докторкава ми го фалеше па решив да го пробам, да не го има пробано некоја мајка?