Една другарка ми кажа дека се ставало ацетон на крлежот и сам паѓал. Колку е ок за детската кожа не знам, ама секако е по ок отколку да остане крлежот. Исто знам дека не требало да се тегне туку да се одвртува како капаче.
Швајцарија сум. Колешка ми кажа дека нејзините само што се вселиле тука примале вакцина ама поголеми се. Баш ќе прашам, сигурно има и знам дека не е задолжителна ама не знам на која возраст се прима. На која возраст примаа твоите? Леле ова ептен језиво звучи јас не знам дали ќе имам храброст и дали свесно ќе реагирам во моментот. Ептен се плашам и стално го проверувам ама недај боже да видам
Да не спаѓа во вакцините што ги плаќа фондот, тука е исто мннооогу зелено как што живееме, децава се нон стоп и во градинка боси по трева, па нема дете што не е вакцинирано. После 2г се примаат 3 дози. Малото има само една доза примено овој месец, септември 2ра доза. Големата е вакцинирана веќе фул.
И јас сум малку паничар, ама во таква ситуација мислам инстинктот те тера да реагираш трезвено. Не се плаши, ако недај Боже закачи, нема да е ни прво ни последно, среќа има решение. Ама чим имате таму опција за вакцина, најдобро вакцинирај си го.
Нема ефект ништо за апетит според мене. Све и свашта сум давала, едноставно детето малку јаде, за тоа колку јаде е и зачудувачки енергичен, не застанува од кога е прооден, сега прваче ќе оди. Не е многу низок, да речеш во просек неколку цм е понизок од врсници или слична висина (ама баш врсници, зошто ми е роден крај на година и е генерација со постари деца), ама е слабичок и генерално ситен, мало е се на него. А пратам како расте, си следи перцентил секогаш, не ми заостанал. За килажата само е смешка, еве со 16 кила прваче ќе оди. Почнува сега да ме изненадува со повеќе количински јадење, ама да е здрав и жив, ќе си порасне. Мада ги гледам децава малку се злобни денес и го закачкаат на база на тоа дека е мал, ама овој не им останува должен, луто е, се расправа .
Ич да не се замарате за килажа, во 3то одделение на мајка ми и рекоја дека сум анорексична со овие зборови ко сега памтам, 19кила имав на систематски бевме. И мајка ми им вика ама јаде детево бе луѓе. Кешки тој метаболизам да ми останеше кога влегов во пубертет, за сметка на хормони во прва година средно 60кила имав. Еве ме жена, мајка 28годишна сега ако не пазам сега што јадам ке се тркалам по улица. Ама затоа брат ми е усште истиот јаде 5пати повеќе од мене и пак е слаб. Не слаб ама со нормална килажа ни да виси ни да мањка. Само нека се живи и здрави.
Ист ќе биде и син ми, му се познава дека така ќе расте и ќе биде секогаш поситен од генерацијата. Мене тоа не ми ствара комплекс, на почеток бев загрижена, веројатно и очекувано зошто немав искуство и не знаев дали е нормално толку споро да качува. Секогаш е на долна граница со килажата за неговата возраст, ама што можам. Освен што почна периодов малце да забушава, генерално е дете што си има апетит. Еве го од сабајле е два пати доручкуван. Прво изеде три јајца од препелица, пола дебелко парче леб со крем сир и парче кашкавал. Покасно седна со нас пак на маса и јадеше од омлетот на татко му, плус краставици. Не знам количински дали е ок јадењево, ама битно јаде и бара храна кога е гладен. И парадоксот што не го разбирам, девојчето на другари што е помало од него три месеци има 16кг, а јаде доста послабо, а он има едвај 11кг. Он е до душа и многу поактивен од нејзе, не знае да оди само трча или вози нешто. Единствена спора активност му е кога ќе се убедиме да читаме некоја сликовница и тоа трае баш кратко. Крвна слика му немам проверено кога е здрав, чекам да помине некое време од сипаниците па да видам како е хемоглобинот, зошто кога е болен му е 110 секогаш.
Мојава на 6,5 години јаде помалку мислам и еве конечно има 21 килце Ама не застанува. Вчера вечерта само верувам неколку км истрча играјќи со другарчиња. Ова е супер јадење, не се замарај. Си внесува детето се како што треба. А детето на пријатели што викаш помалку јаде, многу е битно што јаде. Ако е цело време на тесто само секако дека ќе биде покрупно.
Па јаде и готвено девојчето, ама јаде и многу грицки. И мојов грицка ама не секој ден и не многу количински. Гледам да се запазени три главни оброци и затоа пазам колку давам грицки измеѓу. Она пример од многу помала јаде чипсови, бејкролс и сл., а мојов прв пат некни проба чипс од нив. Ние ни дома не јадеме такви ствари, а они си јадат и плус имаат поголемо дете, па ради тоа ваљда нема баш како да избегнеш. Исто си јаде и благичко. Давам и јас ама не секој ден и условот е да се има најадено нутритивен оброк претходно. Некој тука ми имаше кажано дека бараат благо кога се гладни и стварно е така. Кога ќе дојде од градинка се случува да побара па ќе се залаже некако, ќе седне ќе се наруча и после или заборава на благото или бара ама јаде ептен малку.
Крлеж е кога ќе приметиш нова подиспакната бемка со нозе гадно изледа, мене ми се има закачено на грб и на итна ми го извадија, немав како јас, а сама бев тогаш. Искрено да ми се деси на мое дете би одела на лекар, можно е да треба и антибиотик после вадењето. Ова на сликата не изгледа како крлеж. Можеш да си земеш некоја мала лупа да ги гледаш кога вака се мислиш друг пат. И за други работи се наоѓа.
Луѓе, што им се случува на две и скоро 3 месеци??? Од кога прекина да цица пред месец дена скоро, детево се смени 360 степени. Од дете што сака да спие сега неможеме да ја заспиеме. Кога ќе се спомне спиење како најстрашното нешто да сме го кажале. Еве денес цел ден не беше спиена, сега заспа со 300 перипетии. Преморена, прехиперактивна, пее песни, неможе да застане од зборење. Пробав да ја заспивам пред ептен да почне да и се спие, пробуваме со мм заедно да легнеме, тивко, мирно, нема шанси. Мачење преголемо. Ајде викам не сака веќе дневна дремка, не ја форсирам ама седи до 12 вечер и нема мака. На море сме малку подолго, сонце, вода, џабе е се. Има ли некоја регресија? Цицањето и беше синоним за спиење и тоа верувам придонесува. Ама не знам што друго дополнително ја дразни. Кога ќе заспие нема гајле, ама до тогаш...
Внука ми има 9 месеци 10,500кг и носи 86/92 број, значи потешка е од мојава и бројче истп носат. Не е секогаш исхраната причина. Комшивчено секој ден јадат пица или шпагети, како шпагета е. Мала моја знае на јадење некогаш 3 парчиња пица да изеде и после тоа одма краставица, кај одат тие калории не знам
@Bubish26 Ма арно барем јадат вашите. Јас да јаде ич нема да се замарам што изгледа слабо. Од маж ми братучед, девојчето јади како луда а е иста како син ми, а е малку поголема. Јас само реков милина како си јаде. И тоа што е слаба е веќе дел од метаболизам. Ама ова што кај моево се случува е веќе загрижувачки. Ништо ама баш ништо. Денес цел ден е на банана, јаболка, малку лубеница, за ручек со судни маки супа малку касна, и тек за вечера му сварив тарана од што знам дека тоа сигурно ќе јаде. Јадеше како да нема видено. Само апни голтни,без звакање. Маф цела чинија за рок од 5 мин. Јадеше се, со молење ама јадеше. Сега ништо не сака. Вчера исто со 5 залци во уста беше. И уште се чудам од каде кака по три пати на ден, на тоа не јадење. Утре ќе се јавам на матичната, нека дава некој витамини оти ова не ја бива вака.
Да, повеќе фактори играат улога. На нас ни кажаа дека наводно е генетика, сум пишувала и порано. Маж ми бил такво ситно бебе/тодлер, па и понатака. Тек во пубертет почнал да вежба и тогаш почнал да прави маса. Јас исто бев ситна, како бебе не, ама до пубертет да. Нека си јадат само и нека се здрави, сѐ друго е споредно.
Моиве двата само со доење, екслузивно доење на 5 месеци беа 10кг така да врска нема јадење какање... требаше и јас да сум слаба на мојот метаболизам ама еве се мачам да ослабам 4 кг Денес в градинка плачеше прв пат, буквално легна на врата, премногу плачеше ми се врати филмот од брат му, нејќам пак така да носам дете в градинка
Колку време оди во градинка? Имаш ли предпоставка зошто плачел и брат му и он сега ако веќе времето за адаптација поминало? Мене големата во првата градинка не ми се пронајде после ни 2 месеци носење, мада тогаш имаше и промена голема кај неа преселби, бебе дома. И сменав градинка ( знам дека не е секогаш тоа возможно) ама во другата се навикна за 1 недела и обожаваше да оди. Одбивност имаше према асистенката, дури до тој степен се трескаше што ми рекоа треба разговор со психолог, аа во новата доби топлина и разбирање, па плачки имаше оти ја одпишавме после година дена
Мајки на девојчиња искуство и совет сакам. Малата ми е 2.5г. Овие неколку денови приметив некое влакно и опаѓа, има на перницата на чаршавот на четката за коса. Утрово кога стана и кога и ја оптегнав косата нежно ми останаа во рака 5/6 влакна. К.с и е одлична проверено пред 2 недели. Се јавив на матичната ми даде б комплекс на бекутан и да пратам ситуација како ќе биде. Ја носе претежно пуштена нејќе да и ја фаќам во репче, до под рамењата и е.
На мојата и е врзана цело време. На ластичињата за коса обавезно има влакна што се заплеткале. При бањање се случува така по 2-3 влакна да испаднат повремено ама не секогаш. Исто крвната слика и е во ред секогаш. @rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr