Да не ве цитирам посебно. Умереност. Вагаш се, дали е попаметно да пропуштиш или не. Кај мене пали. Али боже мој, не се сите деца исти.
Убаво е се теоретски, ама праксата друго кажува. Најверојатно на 2 години немаат капацитет уште да сфатат сериозно нешто. Ни закана, ни заплашување, ни казна, ни удирање по газе. Треба да се држи некој баланс и држење до своето за одредени работи за во иднина кога ќе помине овој период на тодлер фаза да биде полесно. Сега мислам 100 пати си отидов од плажа ЏАБЕ, пак следниот пат исто прави.
Бела а моево ете пак скоро ништо не јаде, 16кг мерен последно, 125 хемоглобин пред 3 дена мерен. Активен нон-стоп, сега ви градинка кога тргна пршуваат дали има 3г, ама јас порадо би одбрала да е ситен и на долна граница и да го гледам дека си јаде се и дека им аптит него вака. Не е никаква мерка тоа колку јаде со килажа според мене. Брат ми е стапче, висок 190, слаб, а јаде ко дупнат, и тоа јаде баш она квалитетно, месо, јајца секој ден за доручек, готвено…мислам здраво се храни и калорично, пак е слаб, ама таков е и татко ми. Јас и два залака леб да апнам повеќе одма ќе ми се познае некаде…а кога бев мала пример докај 7-8 на систематски стандард имав неухранетост коментар, мајка ми ептен се нервираше. Инаку да се пофалам денес кога го зедов од грдинка не плачеше, беше весел и среќен дек бил ви грдинка. Утре му е 4ти ден, може ќе пробаме со дремка, ама татко ми е на стенд бај ако треба да го земе…одењето уште е со плачки ама не ни очекувам во скоро време да се смени тоа.
Он нема на кој да е слаб, никој во фамилија не е слаб ни од двете страни. Сите сме онака просечни. Јас како дете бев само слабичка, ама и прибирлива за храна. Памтам кога одев во Штип кај тетка ми на гости стално ме зафркаваа да си ги наполнам џебовите со камења, да не ме дувнел ветерот. А сега сум сосема спротивно. Ако малку не пазам што јадам одма качувам килажа. Не му се секирам веќе, солидно си јаде, ќе си порасне. Вие сте се решиле за градинка значи. Ајде со лесно нека е адаптацијата. Сега бар уште нема вируси па нема да сте тргни-застани од таа причина и може побрзо ќе се адаптира. Ќе видиш што ќе ти кажат од таму, ама после 4 дена според мене е малку рано за да го оставиш на спиење, поготово зошто плаче. Дозволи му постепено да се адаптира. Син ми после две недели го пробавме за спиење, а немаше кај него плачки.
Фала ти, да се решивме, дека сигурно нема да му се придружиме на мм уште 5-6м, па сакав да го спремам од тука, зошто во Англија ќе мора да оди, а таму и нов јазик и пострашно ќе биде да се запознава енос со концепт градинка. Искрено и јас мислм дека е рано, ама немам избор. Мм е веќе отиден. Порано немаше место за да го пишам да почне со адаптација. Неделава може и да не го оставам со спиење, утре до дремка вајда и после ќе го земам па ќе го предадам на татко ми, ама од понеделник ќе мора, оти ќе нема со кој да биде, нема никој дома. Инаку оваа и пруватна е само 10 деца се во група, па се надевам на помалце разболување, оти и тоа ќе биде ептен тресене, кој знае дали ќе мк даваат слободни денови. Ептен бев исплашена ама мораше да се превземе чекор.
Па не мислам така, приватна или државна нема врска со разболувањата. Кога е период на вируси доволно е едно дете да закачи нешто и 99% фаќаат и другите, небитно колку се на број. Син ми е во државна и освен летово кога се мешани групи и сите се на куп, преку годината се 13-14 деца и знаеш, пишував дека често се разболуваше, а еве го летото со 40 деца пу пу супер си е. Тоа е едноставно процес што мора да се помине, мора да ги помине сите вируси за да стекне имунитет. Само да поминува лесно и да нема компликации.
Да секако и годишното време игра улога, јас сепак имам тронка надеж дека ќе скокнеме често разболување, знам дека сум делулу ама по природа сум оптимист и секогаш до крај се надевам Секако мора да се разболуваат, само како што кажа да биде брзо и лесно. Инаку сега кога го носев го прашав зошто не сака во градинка и ми рече дека не сака оти таму е многу гласно. Што да превземам во врска со ова? Знам дека ќе е гласно, градинка е, ама он секаде е малце така сензитивен на гласни звуци, освен на музика, ама не очекував дека ова ќе му биде еден од проблемите…или може измислува за да не го водам…не знам.
Па да, може и да не е толку фрекфентно разболувањето. Се зависи колку се мешал со деца и колку бил изложен на вируси претходно. И до детето си е нормално, ама генералната слика е таа. Дур да ујачаат ќе поминат сѐ живо. Не знам искрено што би можела да превземеш за тоа што е гласно. Може и стварно е така и не измислува, макар што со нив никогаш не можеш да си на чисто. Според мене многу е потешко да се навикне дете на 2+ за разлика од дете на 1+ и очекувај сега разни муабети и изговори. Син ми пример оди од 1г и 5м, генерално е дете што ја сака градинката и на прсти се брои кога плачел. Ама ете сабајлево веќе облечен и во дневна, спремен да оди, ми вика не одам, спијам и мижи. Не им се оди и на нив секогаш, Х денови со лажење излегува од дома. Ич не сакам така ама едноставно некогаш нема избор па му правиме филм за да излезе од врата. Кога ќе стигне до градинката не прави проблем, ама пред тоа знае некогаш да негодува.
Првото дете не сакаше така гласни звуци, кога пуштале песнички тој седел до негователките, таму во големата сала кога ги носеа да играат било мн гласно сите деца пиштат вриштат, тој не сакал да влегува таму, со плачење влегувал и седеше пак до негователките. Едноставно му сметаше. Нз немам совет оти до крај не играше тој во група, тек во прво се опушти лани... Само време си треба. Со лесно во градинка. Малово денес плачеше убо си оди цела недела денес не сакаше да влези. Иначе јас сум неделава пред нервен слом жими се, "проблемот" е тоа што сум сама на работа една смена и цел терет на мене е, си одам дома преморена (работам со луѓе, со наплата) децава збеснуваат, ама буквално, кога се заедно се многу немирни, се бркат, по кревети се качуват, падна завчера малото од кревет, вратот ќе си го скршеше и само викаме со мм, поголемиот си го крка и за малиот, неможам да поднесам да сум ваква само да си се олеснам тука
Одма ми го снема оптимизмот, денес качи тт, оди до 38.5, му дадов ибруфен во 9, ама како да не спушти, уште е топол. Знам дека на 6ч можам бруфен, ама не знам дали ќе качува уште. Топол е во рацете и нозете, од други симптоми само што фрчи со носот и пред една недела киваше. Петокот кс имаше покачени лимфоцити, а намалени гранулацити, тоа мислам вирус е, и од тогаш се рашмрка и киваше, ама дури сега да качи тт…не знам дали е настинка која поминала па фати други нешто или.
Не тражи нзс зашто може да зареди се едно по друго и да изгледа како да нема крај. Не сакам да те плашам ама колку побрзо прифатиш толку полесно ќе се носиш со периодот што ви следува, оти реалноста со градинките е таа. Претешко е, пренапорно ама само си повторувај дека е период и ќе помине. И се да поминувате со лесно и без компликации. Праќам гушка за поддршка и стискам палци да не трае долго
Како што кажав и вчера, едноставно за жал мора да помине низ тој процес. Фаќаат и месеци пред да се стабилизираат и одењето да е поредовно. Знам како ти е, бев и јас на твое место. Секое разболување ми беше нов предизвик. Рачунај јас и немав кој да улета и да го причува туку константно отсуствував од работа, поточно ‘работев’ од дома. Се знае нели колку се работи од дома со дете, па и болно, ама тоа е. Напорен период е ама ќе помине дур да трепнеш и ќе бидете добри.
@AngelOfArh мами да прашам, колку време пијат витамини твоите. После колку време почнаа да јадат? Мислам виде подобрување. Јас ги почнав веќе неколку дена, ама ме интересира кога можам да очекувам ефект. Знам дека магично преку ноќ не бива.
Дали е ок спрејот? Лани користев мустела, не изгоре воопшто. Овој го зедов од дм како поефтина варијанта сега викам да не не е добар. Ве молам за искуства
До скоро користев Уриаж за бањање, сега се префрлив на Корин де Фарм и супер е. Млеко за тело не користам, не гледам зошто би користела. Може евентуално на одмор за хидратација зошто сонцето ја суши кожата, инаку не сум за.
Веледа му користам од бебе за бањање, сакам да сменам ама некако секој пат пак веледа земам. А млеко не мачкам.