Ќе помине Бројче. Мојата од јануари до сега, абе нон стоп болна беше. Едвај стигнав вчера ммр и тоа не е потполно оздравена, се си фрчи со нос. Ја чував и по 2-3 недели дома, ќе ја пуштам одма нешто ќе дошлепа. Ако не симне после 3 дена температура на лекар. Крвна слика само еднаш и правеа, два пати средно уво воспали и антибиотик земаше. Сите вируси ги помина. Три пати на итната со ларингитски напад. Два пати дома средивме. Август дојде она некна секрет од носот имаше. Последно со плачење бев кај педијатар и му велев дека не е можно толку веќе. Ден пауза да се немало. Нит работа бев во состојба да барам нит бутур. По цел ноќ будна, по цел ден болно дете раскиснато гледаш. Таква е првата година во градинка. И кај неа се само 12 деца во група, ама се мешаат и другите две за играње. Па ко ќе ги фатеше сите некој вирус, цела градинка, персонал сите болни. Па и групи се затвараат. Еден ден на крај на сили и маж се пиша болен да успееме да поминеме некако денот. Користи таму баби и дедовци што имаш, бар јадење да ти носат. Варете супа и течности и ти и дете, пошто и ти еднакво се исцрпуваш. Шо ти вика Бела, после прва втора трета настинка веќе се осеќаш посигурно и знаеш како треба. Си го познаваш детето, како реагира, на кој лек. Како качува темпт, како се менува секретот, како диша, абе од кивање или од будење ноќе знаеш што иде.
Супер е. Втора година го користам за малата. Од мене топла препорака за поевтина а ефикасна варијанта.
Не го примаа синко во градинка. Јас дефинитивно ќе полудам. Па какви им се овие глупи правила. Како јас да барам работа кога немам кој да ми го чува. Каква е оваа поделба. До кога ли вака. Балканска работа....
Мора да се двајцата родители вработени за да може детето да биде примено во градинка. Е сега не знам од кој град сте, кај нас требаше и да имаш врска ваму, врска таму, твој човек секаде за да успееш детето што чека 2 години да почне во градинка. Мизерии.
Немате ли таму дневни центри, приватни градинки и слично? Во градов кај мене врие такви што згрижуваат деца, сакаш по 3-4 часа, сакаш по 8-9. Спрема државна градинка се скапи, ама не како во Скопје пример.
Во Скопје скоро секаде е исто, ако немаш врски џабе е се. Срамота. После ќе плачат зошто деца не се раѓале
Не е само Скопје, секаде е исто за по градинки. Јас не работам зошо нема кој да го чува, ако не го примат во градинка зошо не сме двајцата вработени како јас да најдам работа? Не само јас 80% од фамилиите се на исто дереџе ради овие глупости. Или ај мајка/свекрва вади од работа за да ти гледа деца, и ти иди работи за двете пошо и они треба од нешто да живеат.
Сигурно нема место во градинките и се дава предност на деца со двајца вработени родители. Кај нас големата ја примаа, а јас не работев тогаш. Ама тоа беше пред 7 години и не е во Скопје.
Како препознавате дали кажуваат точно или лажат? Почнат е од пред некое време да си подлажнува ама не можам секогаш да го проценам. Секоја вечер си спие мирно, се случува да бара вода 1-2 пати. Само неколку пати до сега се случило да се разбуди и да сака да оди во дневна, ама му кажувам дека и таму е темно и ноќ, се префрламе и гледа дека е темно и продолжува таму да спие. Синоќа се разбуди околу 3 ипол, прво кажуваше дека го боли мешето, па му се пие вода, па сакал да си игра. Ќе се стиши, за некое време пак ќе почне да се витка и да кажува дека го боли мешето, па да бара да оди во дневна итн. За мешето не знаев дали ме лаже или стварно го боли, пробав нежно го стиснав и не дозволуваше викаше дека боли. Отидовме во дневна и почна, кај се колите ‘бечи дајите’ да сум му ги облечела сандалите итн. Само што ќе го налегнам да спие ‘боје мешето’. Пробуваше да заспие ама изгледаше како стварно да го боли, не знам. Пошто сме немале таква мака до сега не знаев ни што да му дадам, единствено ми текна на Блокмакс, му дадов и по некое време се смири и заспа. Што давате во ваков случај?
Во Грац сме ние Австрија, предходно Виена можебме да менуваме градинки како чорапи што се вика, само слободно место требеше да се погоди, без никакви услови да се исполнува. А тука мора да се двајцата на работа и ако пример изгубиш работно место или си на трудничко, следната година го губи детето местото без разлика што одело година/2 и си фатило ритам. Замисли која промена е тоа на едно дете и една мајка која што родила ново бебе и и враќаш дома друго оти можела она да ги чува. Ма ужас. И така заради преселба големата остана без градинка цела година и со двете по цел ден сама. Сега оти забаваче ја примија неа ама малово не. Нит имам кој да ми ги причува нит ништо, а бараат да работам тука врски мрски нема
Има приватна ама под две и пол години не примат. Така да уште 4 месеци треба да си чекам за таму. @snowqueen не во србија живеам. @Bubish26 ова е жално. Па како да одам да работам кога немам кој да ми го чува. Мизерии не видени. Ма и врска фаќавме ете ништо не бидна, го нема на список. Значи ова е крајно не знам какво. Секое дете треба да има право на градинка. А не само на тие што работат. Со ваков систем никаде не одиме. Катастрофа
Јас им досаѓав за големата секој месец во канцеларии што се наменети се во врска со образование тука, пошо освен социјален живот за нив, време за нас, тука имаме проблем и јазик и таман почна ќерка да учи, да се социјализира они ми ја вратија дома и одземаа цела година. 5г дете е жалосно да нема право на градинка.
Точно. А и од страна на работодавците си дискриминирана ако имаш мало дете. Јас кога ја запишав ќере не работев дека немаше кој да ја чува. Ја примија со врски. Ама поради тоа што знаеја дека не работам, што да ти кажувам адаптација околу една година. Одолговлекуваа само. А јас не можев работа да барам, не спиеше во градинка. Таман пресеков и ја оставив со спиење, еден период работа не можев да најдам. Најдов работа. Работодавците немаа и разбирање во однос ете дете кренало температура, фатило вирус, сипаници и сл. Сега пак сум без работа и барам работа. Ама тешко оди. Мора да гледаш работното место да ти одговара да ја носиш сабајле па после пладне да ја земеш. А не можеме сите во администрација да работиме. Без партиска книшка ништо. Тогаш се чудам еве зошто ни е образованието и за што ни служи дипломата...
Слично кај нас, јас па работев кога тргна и како почнаа разболувањата првата година морав да напуштам. Исто и за тоа зимање, во 3 и пол се празни градинката а редовно работно време е до 4 - 5.