Не напаѓам, ама еве чисто ме интересира кај се татковците во приказнава. Зошто тие да не земаат боледување или денови особено во вакви транзициони периоди? Боледување не се отвора по дифолт на мајка.
Дојдов да прашам пак за спиењето. Еве сме скоро 2 години, макс што има врзано откако е родена се 4 саати. Последната недела се буди на 2 саати, а некогаш и на 10 минути дури да зацврсти и многу многу плаче, не ни отвара очи. Што може да е, дајте ум што да правам во такви ситуации? Не сака вода, не сака да цица (ова само пред заапивање бара и толку), не сака гушкање ме турка. Ако не сум во соба и е со татко и уште повеќе вика. Железото го донесовме во некоја граница со суплементи ама што е ова луѓе. Заспива едвааај во 10, цела ноќ е бурна, едвај чекам да се раздени и да станам од тој кревет. Иако преморена, да не објаснувам, пола човек сум, на итна завршив минатата недела, дијагноза вртоглавица од умор. Ај како да одморам. Да улетам и јас, не најдов за кои витамини станува збор, би пробала и тоа па може ќе се разјаде.
Мм е супер посветен татко. Така да не спаѓа во таа категорија "каде е во приказнава". Тој си има убава работа и убаво заработува, моментално повеќе ни одговара тој да работи. Чисто информативно ќере кога имаше сипаници тој беше со неа дома. Не сакам да раздлабочувам понатаму приватни детали. Бидејќи е јавен форум. Само реалноста не е толку розова како тука што обично се претставува. Не се работи само за боледување. Јас не ни имав земено боледување за ќере. Туку гледав од колегите што и како бидејќи и тие имаа деца. Немаа разбирање. На интервју кога и да одам одма ме прашуваат дали сум фамилијарна, дали имам деца. И после тоа веќе ги нема. Еден ми се дрзна да ми каже дека не може да ме вработи дека после тоа сигурно и второ ќе сум сакала. Не знам за тебе, ама еве јас се соочувам со вакви работи. И пола од тие што зборат сами вардиме деца се сами, накрај гледам на врата од градинка децата им ги зема баба сервис, сестра, золва и сл.
Зимаше и он боледување и слободни денови ама и кај него има лимит. Колешката што можеше да го замени исто со има деца и потреби од боледување и слободни денови. Не може само едниот колега да е отсутен цело време а малото 2 недели одеше во градинка па 2 недели болно. Недај боже да останевме без неговата плата едвај ќе се преживуваше. Во мојот случај сопругот е вклучен во цела грижа за детето и во тој поглед немам никаков проблем.
Во принцип ми важи правилото дека за спиење влегуваме во спална и излегување нема, ни дневна, ни никаде. Исклучок ако се случило да поврати кога е болна, па да треба да ја измијам. Или еве температура, нешто слично. Дури и за последниот вирус кога и беше се мислев да спиеме во дневна дека и кујна тука и лекови и се ама сепак и спалната не е предалеку, па стандардно си легнавме. Од друга страна пак и немала страшни тантруми да мора да се шетаме по цела куќа, во спротивно може и во кола ќе сум ја ставила и сред ноќ да ја возам. Затоа не викам не. Со болка во меше не се разбудила, додека вадеше заби, ако се разбудеше со плачки, а да сум сигурна дека е заб во прашање, пола доза парацетамол и ќе презаспие. Е сега регресии и чуда се случуваше да ја направам најголемата грешка и сред ноќ да пуштам Тв во спалната или да дадам телефон. Така јако ми се одби тоа од глава, што мака мачевме да се одвикне и да го заборави како опција.
Ок затоа реков не напаѓам, туку прашувам зошто звучеше како само вие да се жртвувате. Не викам дека е лесно и јас и сопругот трпиме притисоци, ама тоа е ќе трпиме додека пркнат, ама заради боледување не може никој да избрка работник зошто е законско право. Е сега обратното ако бараш работа со мало дете претпоставувам е потешка во наши услови, а мислам и секаде, само кај нас ептен апла кажуваат работодавачите. Инаку да и јас имам баба/дедо сервис, ама болни деца не оставам со нив ниту без потреба ги ангажирам. Да поземат деца тука се и сами се нудат. Ако не се тука ќе си се организираме како знаеме и уееме со мм.
Не е Балканот. Општо светот функционира вака веќе на темата фамилија. И тука е бетер, не примаат дете во градинка доколку еден од родителите е дома зашто до 4 години градинката е само како згрижување на децата додека родителите работат или терат некое школо. Над 4 е задолжителна и одат само по 3 саати дневно, значи пак ти треба оваа другата градинка да ти го згрижат детето ако работиш. Хаос. Толку ти ја уништуваат желбата за зголемување на фамилијата, претешко е станато во ова “ново факинг време”
Имам на располагање баби и дедовци, не ги користам за целодневно чување, само по потреба. Ок, ако не оди во градинка ја чуваат ама реално со двајца вработени родители и лице екстра бараат. Во помал град сме, повици од типот ептен плаче, не се смирува, па не сака да спие, па ова му е, она му е. Коментарите од типот твоето е последно, последно го земате итн. Моево работно време и место е да ја носам во првите и да ја земам последна ако мене ме чека. За било каков повик и да има, мене ми треба барем пола час до градинка да стасам. Не работам во сопствена фирма, па да можам во секој момент да излезам, сопругот уште помалку. Додека добијам дозвола за излез и стасам до градинка, поминало којзнае колку време. Од друга страна и баби/дедовци дали се во секој момент слободни е друго прашање. Не ми се мене обврзани да седат и да чекаат повик за не дај боже. Во група кај нас бараат и податоци од поширока фамилија за кои би го прибирал детето. Сакам да кажам со двајца вработени и покрај градинката стварно треба и огромна организација и нерви за сето тоа.
Јас сум во администрација па и овде гледаат на косо и пререкуваат ако често зимаш денови. Колешка ја собраа во човечки да ја прашуваат зошто зима ден по ден одмор, не наеднаш цел, друга ја коментираа со месеци зошто не иде на работа иако детето веќе 2г направи, трета спои ковид, мерки за трудници и породилно за близнаци 3г... Коментираат секаде. Факт е дека мора еден да направи жртва, дали со помала плата или пониско работно место или со седење дома, мора. Знам звучи многу безвезе, ама јас затоа не сакав да чујам за дете додека не се вработив и се вработив и останав одма трудна па останав без работа, затоа за второ богами почекав. Кога знаеш дека нема, а дете не разбира од нема, ќе си ги потиснеш желбите. Јас многу сакав 3 да имам, ама доцнам многу со второто, не би сакала трудна после 40 некако, не знам зошто, и затоа си ја потиснав желбата. Многу лошо, факт.
Има ли нејадачи како нас сега? Пред 2-3 недели некаде беше болна и од тогаш не сака да јаде ништо, јаде ама многу малку. Општо кажано ќерка ми е нејадач ама јадеше доручек, ручек, вечера колку толку. Бевме за Охрид уште што не и давав ќе каснеше малку и толку. Кога ја прашувам што сакаш да ручаме ми вели ништо, не сакам да ручам. Душа немам веќе со тоа нејадње.
Скроз се пронаоѓам во твојот пост со желбите, исто сакав три ама еве за второ уште чекам зашто со првото изгубив преубава работа поради боловања. Сега сме ок, мм работи само прва јас само втора смена и само овој беше начинот за ниедна работа и плата да не трпи. Е сега се разминуваме, од недела вечер следно видување ни е петок вечер, тоа е жртвата ама мораше нешто да трпи. Викендот ептен го уживаме и го цениме времето заедно, па се надевам дека нема да имаме проблеми од ова ретко гледање. Ако барате опции некои од вас ова како идеја еве, мм работи до 3ипол јас од 4, комбинираме и со градинка плус, не секој ден за да имам време со синко и јас, па вака е супер. Е сега за второ може полека да почнеме да размислуваме
Исти сме последниов месец. Јаде како врапче. Ни третина од тоа што јадеше. Нерви искинав. Почнав да давам витамини, и само чекам да почнат да делуваат позитивно како кај ангел. Некна правев три јадења за доручок од очај. Кај мене нема такви работи, ама некна беше страшно, предходниот ден ништо не јадеше и кога стана пак не сака да јаде. Изгубив компас ми се чини. Почнав одејќи да го ранам колку да стави нешто во уста, а тоа е нешто што најмногу не го сакам, одејќи и играјќи да се ранеме. Решение немам искрено, совет витамини нешто да вклучиш со надеж дека ќе почне да јаде.
Не си ме разбрала. Син ми секогаш заспива во спална зошто заспива во целосна темница и зошто си знае дека тоа е местото за спиење. Во дневна и да сакам не можам да го заспијам зошто она му е за други активности. Ама се случува неколку пати уназад, како некни, да се разбуди и да плаче во спална и да бара да оди во дневна. Дали сонува нешто или што е причината искрено не знам. Во таков случај пуштаме кревет во дневна, го носиме таму ама не палиме струја за за да види дека и тука е темно и “играчките спијат” и си легнуваме во дневна и продолжуваме да спиеме. Нормално дека за да спречам тантрум ќе прифатам да спиеме инцидентно во дневна, не гледам тука некој проблем. Прашањето ми беше друго.
Што и да и давам да јаде грицне само трошка буквално како врапче во недела бевме на роденден во игротека и одев по неа во рака пица и давав и изеде 2 парчиња некако. Не сакам и јас така да и давам ама од мака морам, не можам да ја гледам така ништо да не јаде. И давам витамини и чекам и јас магично да почнат да делуваат.
@Bella_Stella, конкретно за лажењето. На две години не знам искрено дали знаат граница вистина/лага. Дали намерно би лажеле за да добијат нешто. Е сега повеќе кај ќерка бар го сметам за фантазија, измислици, макар што има изјави од типот - Кој ги скрши коцките? Таа - тато - Кој дојде - Ана (а пример друг бил на гости) Или нешто што видела во книга/цртан да го поврзи со реалноста.
Дефинитивно им е хаос во главчињата. Тоа го сфатив синоќа пред спиење. Обично заспива брзо ама има вечери кога е расприкажан, само што до сега не сврзуваше толку долги муабети. Синоќа ми вика “мама јас ногу пачам таму динката”, зошто плачеш викам - “тете не дава цуцу, јас пачам” Следно по две секунди сосема друг муабет - “тато буче, шише Аек гавата” а точно, татко му го шиша, ама не е скоро шишан. После вика “ти менко дете, јас бем батко, ти немаш цуцу”. И уште неколку муабети ми направи неповрзани, пола саат збореше пред да заспие. Зборот ми е дека скроз им е измешано сѐ и процесираат, па од таму може и кажуваат нешто што на нас ни се чини како лажење или измислување. Не знам.
И јас мислам дека не распознаваат вистина од лага и се што раскажуваат им се десило предходно, некој им го зборел и слично. За мешето мислам дека можеби измислил оти сакал да стане, моето го приметив така неколку пати да ме лаже оти кога го боли ногата знае да се жали од неа на периоди, јас го земам и носам во дневна, ама таа болка трае, па не с есмирува одма, а кога ќе ме излаже штом ќе станеме во дневна веќе не го боли. Моето некни го болеше мешето и стварно плачеше додека не се искака, па знаев дека не лаже. Инаку и јас не знам уше да распознаам дали лаже или не. Сега за од градинка еден куп филмови мо прави, стварно не знам што е реалност.
Уживајте додека се вакви лагите, некогаш ќе се чудиме од кај им истекнуваат глупостите. Мене малово ме нема уште излажано, пошто е прпаџија на мене, кога го боли нешто не се преправа стварно јако вика. А големиот го имаме носено на лекар здрав прав само за да пие топло чоколадо од вендинг апаратот таму.