Ќерка ми пред некое време направи цел филм дека дедо ѝ ја тепал. Ама со Дедо ми праеше теп теп по ногата. И ја снимав и испадна дека си играле некоја глупа игра шо немаше врска со тепање, туку со лепење. Дедо и ја лепел по ногата. Така шо сакам да кажам дека во врска со лажењето некогаш може да е само недоразбирање на оваа возраст. За ова со мешето ми се има десено и мене неколку пати да стане и да ја "боли", последен пат инцидентно поврати во градинка од прејадување и се разбуди ноќта ко ПТСД да имаше, закенка ја болело мешето и си промрче нешто сама на себе и заспа.
Земав пробиотик превентивно за на одмор. Ми понудија Пробивал, чоко мечиња со цинк и вит ц. Ги бива, ги пробала некоја?
Мене неколку мајки ептен ми ги испофалија, ај реков да пробам, доста со капки, веќе 3ипол год е. Реално, битно ми беше и он да ги прифати, да не давам со сила.
Не лажат со причина мислам дека ама лажат кога ќе видат дека на тој начин нешто ќе добијат, го поврзуваат тоа доживување со претходно кога тоа го добиле. Пример: имаше стомачен вирус и научи да каже дека ја боли стомак, секако кога ќе кажеше ја гушкаме и зборувавме и дававме да се напие нешто итн. Сега кога и треба тоа внимание или и е досадно вика: мама болии. На почеток мислев стварно ама после гледам дека глуми зошто кога е занесена ништо не и е. Такада..не лажат со цел да лажат туку да го добијат тоа што го имале во тој момент или го сакаат.
Пробиотик во шишенце ,една доза. Јас искрено го давам кога има дијареа што не ја смирува друг пробиотик,на пр.линекс капки
Пробиотик во шишенце е многу е ефикасен при дијареа која не се смирува,јас на малата и давав кога имаше вирус со тем и дијареа одма и ја смири со едно шишенце.
Да не ми се удри од глава, али 2г и 7, скоро 8м, каде каде е посмирен. Он покажува нервоза, ама некако не е како претходно. Се заигрува сам многу повеќе, концентрација многу повеќе, почнува веќе да скока повеќе и да му се потезите покоординирани, и конечно, зборува повеќе, појасно, со повеќе смисла и повеќе контекст. Сепак е до говорот кај нас. Користи веќе Те молам, повели, извини... Сега веќе немам мало бебе, тоа е, ми порасна бебето и сега е мало дете Се надевам нема да се врати тоа ќенкање без да знае да каже што го мачи.
Од кога фати стомачен вирус и давам ама па и продолжив. Не знам дали се многу јаки и дали да ги сменам за секојдневно користење?
Јас давав рок до 2,5 години да се смири, сега на 3 зголемив. Генерално и не е лоша, одамна знае и да се заигра, скокање, качување и на степен на мастер. Пред некое време ја носев во игротека, не ми веруваа дека е неполни 2,5 години кога успеваше на најголемите лавиринти да се искачи да проблем и под сите пречки да помине. Говорот е каде, каде подобар. Мое мислење е дека сеуште е "недоволно" за возраста ама тоа е мое мислење. Да ми се одбие од глава таман сме на доктор пример појдени, отвора уста и не затвора. Матичната е демек, ми викаш ова дете малку зборува и тоа. За памперси ќе потрае, нема да биде за брзо си мислам.
Jaс споредувам со поголемиот иако нема потреба нели, али за разлика од поголемиот многу повеќе ми збори. Е ама големиот па од друга страна почна одма да зборува јасно.