За споредба колку и да немам со кого да правам, пак сум во ситуација да правам - пример во градинка, деца некој месец помали, зборуваат повеќе - од друга страна, комшивчето на улица кое е година и 2 месеци постаро, зборува на исто ниво - друго дете со кое се дружиме е 8 месеци постаро исто зборува поцелосно и повеќе ама си викам 8 месеци се преголем период за нивна возраст. Ако вратам назад што се има научено и напреднато во последните 8 месеци е стварно многу голем напредокот
Не давам пробиотик моментално. Давав до 2 години и го прекинав. До сега пу пу не се случило да има дијареа, ама ќе го имам на ум. Ги продаваат ли на шишенца или цело паковање оди? Секако треба да земам сега за на одмор некој пробиотик па може тој да го пробам.
Има поинаков систем на отварање и мешање, се врти капачето прво, се раствара прашокот и после се отвара скроз. Како цедевитата што е во шише со прашок во капачето.
Мајки вие што имате Јануарски деца рано е но сакам мислење да слушнам, ќе ги пуштате во 2022 или со генерацијата од 2023 поточно на 5.5 или 6.6 пол години на школо како е подобро.
Ја би на 6 и пол. Моето декември родено тргна на 5г и 9 месеци, супер беше, понапреден од деца кои имаа 6 г и 10м ама сепак мали се, нека си оди со генерација.
Мојата е во јануари, не ни помислувам на 5.5 да ја пуштам и да и скратам цела слободна година која веќе понатаму никогаш нема да ја има.
Исто со јануарско дете. Дилема имам ама веројатно ќе биде на 6,5 години ако не се смени нешто од сега до по 4 години кога реално би тргнала прво.
Не е баш 5 и пол, 10ти декември е моево родено, 5 год и 9 месеци иди. Плус со истите деца од градинка си е, дури и да можев немаше да го делам од другарчињата. Како што пишав погоре супер помина прваче.
Животот ми е скратен 20 години. Синко сношти имаше мал испад, со свекрва ми седевме на терасата што ни е пред влезот, почна со стандардно плачење за глупости и сакаше да ја касни баба му, нормално таа не дозволи и со трчање влезе и ја затвори влезната врата од дома. Во моментот рипнав и знаев дека ќе го сврти клучот.. почнав смирено, отклучи дојде чичкото со колата, почна повеќе да плачи и избега низ собите. Прво не паничев го оставив да се смири, ама не се смируваше плачеше се погласно и погласно, звонам и му викам отклучи мама да влези, е тука веќе почна паниката. Слушам вика мамаа отиааа (да ја отворам вратата) викам гласно дојди пред врата извади го клучот, и веќе почна да премира страшно. Слезе свекрва ми го зеде резервниот клуч но џабе, внатре кога има клуч не можеш да отклучиш. Почнавме да пробуваме да ја скршиме вратата, најверојатно се исплаши и прекинав гласот да му го слушам.. изгубив воздух, мислам дека посакував да умрам на место, во меѓувреме му јавив на мм но од другата страна на градот не можеше веднаш да стигни. Се сетив да земам штрафцигер и почнав да го пикнам измеѓу кај што е заклучени, има и стаклен дел, помислив ако го скршам него може да се исечи ако дојди пред врата, среќа еднаш имаше свртено на клучот и со штрафцигерот стигнав до тоа, но дека е сигурносна има уште два дела. Не знам од кај ми дојде таа сила, истовремено туркав со телото на врата и со штрафцигерот на крај замавнав силно се отвори.. Луѓе кога влегов беше со глава меѓу перници и скоро без воздух, само ме гушна и липаше. Од ништо на детето траума му се направи, никогаш нема да си опростам што стоеше клучот на врата. А омилена играчка му се клучевите, знае и да отклучи и да заклучи.. но ете. И утрово најблиските комшии со смеење ме прашаа кај се заклучило детето, никој не дојде да се потруди да ни помогни, толку имам да кажам за народ без емпатија.
Пробиотик. Ама не е за секојдневна употреба. Јас и за мене земам таков ама во форма на пастили. Најмногу ми одговара кога имам мака со стомачната микрофлора. Ова за деца во шишенца многу практично. И има убав вкус.
Јас месеци не бројам после 2г, имаш 2ипол години и 3г, многу ми е тоа комплицирано и затоа си викам 5ипол.
Кога сме кај деца палави и темпераментни. Мислев мојов дека е бесен. Ама мојов е злато за девојчето на другарка ми. Леле мамасити, два месеца е само поголема, ама вриштење такво не знам. А одма го натепа син ми. Прво запознавање и доби шамар. Синко мој се смешкаше, немаше појма што се деси. Ама вториот пат се повлече кога го удри. Виде дека не е случајно. А тој оди по неа да ја гушни и бакне И таман се здушија моравме да си тргнеме назад за србија. А тие во германија се и баш беа дојдени. Кој знае кога ќе биде следно видување. Како и да е веќе нема да слушнете ни збор жалење од мене. Зошто имало и бетер. А темата тргање во школо, јас сум пресреќна дека во србија не е деветолетка, туку си е сеуште осмолетка и си има предшколска. Во мк жално ама многу мали на школо почнуваат. Скратено детството многу.
Пробиотик давате само при дијареа и таков тип тегоби или и при потврда столица? Ќерка како јаде цврста храна е со потврда столица, пробиотик редовно не давам неколку месеци, само по потреба. Ако и вклучам да не има уште толку мака? За мечињата се мислам.
Немам искуство за тврда столица. Можеш да пробаш на провен пробиотикот ( не е капки ) ,тој е за секојдневна употреба колку што знам и можеби ќе се среди.
Да не се повтори, страшно звучи се си замислив, цела ситуација Дете ќе заборави не се секирај, за др пат ќе си внимаваш