Очите ми се насолзија дур те читав, баш ми е жал. Некогаш колку и да се внимава ете доаѓаат такви непредвидени ситуации. Ќе заборави не се секирај.
Во годината кога ќе наполнат 6 години ќе почнат на школо. Уствари тие во јануари и декември нели можеа да бират кога сакаат во школо? Имам комшиско дете во декември е родено истата година како ќерка ми, ама една година подоцна од ќерка ми тргна на школо. Малата ми е почеток на февруари. На 6 и пол години ќе почне.
Декември мислам дека не можат да бираат, јануари можат. Има тема првачиња можи таму да читате и коментарите.
Можат и декември. Еве за комшиското дете пишав, а сега баш гледав во групата со родителите, во декември лани едно дете наполнило 8, а другите 7.
Пред некое време зборевме за давање прва помош и реагирање при недај боже ситуации, и зборев како не знам дали ќе знам да изреагирам во моментот, епа денес дознав. Одеејќи накај дома од градинка не знам зошто да му удоволам запна за едни гумени бомбони во маркет и јас од жал дека денес плачел во градинка му ги зедов, тргнавме накај дома и он јаде му зборам едно по едно и го пратам, наеднаш се укопува на место и го гледам црвен во фаца проба да земе воздух и гледам дека не може, фрлам торби и ранец, ќеси, на улица го грабнувам и легнувам на нога и удирање по грб, ама јако удирање, 7-8 пати морав да го удрам за да излета тоа бомбонот и сфатив дека уствари биле два залепени. И он почна да плаче, јас се го гушнав и се тресев, притрчаа продавачки од дуќанот, ми собраа ќеси ми дадоа вода…не знам како се соземав после тоа, сега седам го гледам како спиеми милион слики ми минуваат низ глава. Фала му на Бога што реагирав трезвено и свесно. Сега знам колку силно треба да се удари дете за да се спаси. Никогаш веќе нема да дадам нешто такво да јаде, никогаш. Имајте на ум мајки.
Леле јака ти душа, жив уплав имам од такви работи, ни лижавче ни гумени бомбони не давам ама други околу мене им даваат и сум нон стоп со кавги. Моите и се поголеми ама уште имам страв да дадам лешници и бадеми цели. Кога го начекав еднаш маж ми како им дава пуканки (тогаш имаа 2 години) полудев скроз. Пред два дена си стаил печени лешници го гледам едниот си мези, раце ми се стресоа. Браво што си изреагирала трезвено и дај боже никогаш на никого да не му се деси.
@Bebetoo @1209 душа ми се стресе како ве прочитав. Браво за трезвеното размислување и трезвеноста и кај двете, многу страшни ситуации И фала за споделување, некогаш ни треба потсетување. На ќере денес сестра ми и даде грозје цели зрна, јадеа со нејзината, а јас да не бидам само лоша си преќутев а си умирав од страв малце. Па си се нервирам зашто сум ваква и претерувам се секирам, ама може и не е претерување..
Верувам дека побрзо ќе заборави он него ти. Не се обвинувај, 24/7 да ги пазиме, секогаш може да се случи нешто такво, битно брзо и добро се завршило. Ако ти е полесно, моиве се заклучија во кола внатре, а јас на 100км од дома така да резервен клуч не беше опција. Господ здравје да му даде на клучарот што дојде и ја отвори колата за рекордно време ( во кое тие веќе беа заспани) Тахикардија имам кога помислувам на сите случки, а не се малце. Само Господ да ги чува а на нас да ни дава сила и трпение.
Денеска кај малово забележав потемна столица. Немам ништо дадено од страна на храна, едино овие два дена што му го давам пробиотиков со цинк и вит ц. Можно е од тоа да е така?
Дефинитивно не е, грозје посебно обавезно сечење, пуканки никако до 5г најмалце, други такви округли ствари…и дефинитивно имање на ум дека толку силно треба да се ударат за недај боже што изгледа како да го тепаш крвнички. Немав поим искрено дека таква сила треба за да излета парче.
@Bebetoo Ќе заборави. За тебе стресот ќе остане. Гушки. @1209 мила добро си изреагирала. Битно се завршило добро. Те гушкам и тебе и малиот плавушан. Стравови секогаш ќе има. Задавување ( не дај боже ) може од било што, не само од такви работи како гумени бомбони, пуканки, апетисани. Битно е да се остане прибран и да се изреагира адекватно. Синко имаше период се што јадеше голташе без да ѕвака, срцето ми застануваше на секое. Ама помина и тој период фала богу. Стресно е многу.
Леле Значи огромно браво, колку храбро и присутно си изреагирала, браво. Јас се стресов читајќи те недај боже да доживеам. Некни и мојот прв пат запна по гумени бонбони во маркет, зедов, јадеше прв пат ама среќа те прочитав пред да го доживеам ова. Втор пат ќе проба во прво одделение. Фала ти мила што не потсети колкав ризик се и камо никој повеќе да не доживее вакво нешто.