Денес ми рекоа од градинка дека моето дете ги буди сите деца оти не сака да спие повеќе од пола саат, поточно не сака да презаспие, знам дека тој сон му е малце ама он секако е проблематичен за спиење и не можеме од мал да го убедеме да спие повеќе, па не знам што би направила за да помогнам да спие повеќе. Да ова му е втора недела таму и веројатно ќе се навикне, енос два дена е со спиење, ама како дете што не сака да спие па и во нова околина не знам што очекуваат учителките да биде, и што очекуваат од мене да направам. Дај кажете ми совет дали има начин да му помогнам при ова. А изморен е оти кога го земам веќе сака да спие одма дома, му се спие сигурно уште таму ама не сака да презаспие или не знаат да го заспијат.
@1209 , искрено би ти рекла да не попушташ и да им кажеш останува до толку и толку часот и нема опција за порано, спиел или не. Не знам каква е праксата во приватни градинки, во државни и тоа спие/не спие го наоѓаат како причина за земање порано. Инаку рано е, може ќе се навикне и да презаспива. Не знам дали е дозволено и дали заспива или би презаспивал со некоја играчка?
Ништо нема да направиш нивна работа е да го гледаат, спиел не спиел. Како ти на едно две годишно дете ќе му наредиш од дома дека мора да спие. Кај нас ова не смеат да го преречат. Ако не сака едно дете да спие, не мора. Треба да му се овозможи место кај ќе се заигра и да биде тишина. Они мора да најдат пристап, тоа им е работа. Немаат ли друга просторија да го земат кога ќе стане и да му дадат активности?
Леле @1209 па и втор ден со спиење. Па аман нормално е. Првата недела кога спиеше ми се јавуваат кога ќе заспиеше и кога ќе станеше. Првите неколку дена носев количка внатре во занимална и таму во количката нејзина спиеше. Па после научи да си презаспива и сама, кога ги гледаше другите деца. После 2м од прилика. Што сакаат они за две недели. Не можам да ги разберам воспитувачите и нивните пристапи. Некако многу не педагошки се однесуваат. Ова не е однесување кое треба да се поправа, туку е нормално. И слободно речи им го тоа. Нова ситуација е за детето, нека имаат трпение. Дете ми вратиле да ама кога стварно била болна и не сум била сигурна. Кога кашлала ептен да не може ни она ни другите од неа да спијат. Ама оти станала за пола саат, никогаш не се побуниле. И даваат да чита во мирното ќоше и толку. До таму се оди во нашата градинка, што кога едно дете сака са се гушка и гали, се зема во раце и се гушка и гали. Не ми презаспале дете никогаш, оти мора само да научи да спие. Не форсираат да јаде и не ми хранеле дете никогаш оти сама мора да знае да јаде и пие. Ама за тоа штом тргна за 2-3 недели веќе знаеше лажица и чаша да користи, а јас дома уште ја хранев. Не верував се додека не ми покажаа видео како јаде супа сама.
Не можат да бираат декември. Камо да можеа. Ќути, моево на 29ти декември е спремно а тоа на 9ви јануар не е спремно, шо ти се викаат 10 дена.
Ма и тоа на 01.01. Два дена разлика Реално муабетиме за по 3-4 години. Ако сме во државава којзнае какви правила и услови ќе им истекнат дотогаш. Макар што јас викам дека моето е пример поблиско до раст и развој со на Ангел детето, разлика де неколку недели, а различна година родени. Отколку моето родено јануари и на колегата родено декември исто 2023та. На оваа возраст е ептен видлива таа разлика. На 5-6 години веројатно нема да се разликуваат.
Ич да не се замараш. Обврска на негувателите/воспитувачите е да го адаптираат детето и да го прилагодат на редот во градинката. Твоја обврска е да си поставуваш ред и рутина дома, не таму. Едно е да ти даваат фит бек за неговото однесувње, спиење, јадење таму, а сосема друго е да се “жалат” дека не спие и ги буди другите деца. Крајно непрофесионален пристап, ама очекуван од нашите “професионалци”. Прво, детето оди само две недели и не смеат и не можат да очекуваат дека одма ќе го фати редот. На секое дете му треба различно време, а некои деца едноставно потешко се адаптираат. Не треба за нив да биде трагично тоа што не сака да спие повеќе од пола саат, туку треба во останатиот период дур другите спијат а тој е буден, да му најдат соодветна мирна активност. Ама проблемот тука е што на нив им се одмара, сакаат два саати да е штама и они на раат да си пијат кафе. Имавме и ние со син ми такви префрлања на почеток. Не спие, не сака манџи, јаде само леб итн итн. Јас цврсто стоев до тоа дека он тие саати мора да биде таму и дека не можам ништо да направам во врска со нивните поплаки. После некое време он се прилагоди и ете го скоро цела година веќе како оди без “проблеми”. Не знам јас што им е во глава на нив и што мислат дека ќе постигнат со такво коментирање. Што очекуваат од две ипол годишно дете. Период на адаптација има секој, па и ние возрасните и нека оладат малце.
Не знам. Еве пишав примери. Во иста година родена комшиката со ќерка ми сега ќе оди второ, а ќерка ми трето. Она сега во септември ќе полни 8, а другарче од одделението во декември 9 ќе полни.
Мислам дека порано можело и во декември да се бира дали сака со таа година или со наредната, сега само јануарски дечиња може да бираат во која година сакаат.
И мене скоро ми се жалеа дека не може да заспие долго, му треба многу време. И викам да, и дома е така. Не можеме ние тука никако да му делуваме, што да правиме? А не дека не е уморен, во последно време касно си легнува после 9. А како ги буди, плаче ли? Нашата учителка вика сите спијат он нешто си раскажува, си зборува.. и на крај ќе заспие и веќе треба да станат. Не се нервирај, ќе се најде решение.
За декемвриските деца не може да се бира, само за јануарските деца може. Ама родителите ако сакаат, може да земат документ од центрите за развој и да одложат почнување во школо на деца родени било кој месец. Тоа комшивката не ти кажала дека направила. Друга опција за одложување нема.
Може да, ако сакаш да ги молиш во заводот да ти издадат медицински документ дека детето заостанува во развојот за да одложиш да тргне прваче.
Ем пази приватна градинк, значи ги плаќам баш реди ова. Стварно не знам што е поентата со ова, плус беше болен 4 дена не одеше, фактички немаше ни две недели адаптација, доволно ми е тешко што го мислам и секое утре плаче со страв одам накај градинка, нема кој да ми го земе, сега кога беше болен ни јас не знам како успевав да го организирам по цел ден и на работа одев. Мм не е тука, цела недела сум на мачканици и денес толку ми се вртеше што бев убедена дека удар ќе добијам. И одозгоре они да ми кажуваат не спиел. Не се откажувам нема кој да ми го зема секако.
Си оди со генерацијата, 2018 та со синко имаше 6 деца родени декември од кои едното е 31.12 сите си тргнаа како што е по закон. Јас сум во мало градче со една градинка, со едно школо и сите се заедно по 12 деца во паралелка. Овие декември ги поделија по 3 во одделение. Нема врска возраста со тоа колку ќе учат, сваќаат, се е индивидуално, секое дете е различно, ова 31.12 што е родено е чупе и е највисоко од сите. Едното пр декемвриско е математика генијалец ама по др предмети има мака, затоа ништо нема врска. Рано и ви е за овие муабети башка си има тема таму пишувајте... Болен пак малиот, тт крева до 39 од сношти на 6 часа нон стоп, потење, треска денес на доктор малку црвено грло..тераме вака до утре па утре крв ќе видиме дека викенд иди. В сабота роденден 2 год прави па да го оздравиме дотогаш
Праќам поддршка. Како некој што нема никаква помош од страна многу убаво те разбирам. Стисни заби тоа е, ќе помине.
Пробувам периодов одвикнување од пелени, некогаш ќе каже, некогаш не ама еве денес цело попладне беше со гаќи и цело време ми вика ми се мочка. Ја носам да мочка, една капка. Така неколку пати. На крај излеговме надвор (пред да излеземе пак ја ставив на нокшир по нејзино барање), само што излеговме се измоча во гаќи убаво. Гледам да не и направам стрес, ниту ја форсирам, ниту ако се измоча нешто кажувам. Не знам дали вака оди процесот и си викам да не е нешто настината со 2 капки и барање да моча или тоа е дел од одвикнувањево?Инаку кога носеше гаќички другиве денови некогаш успешно кажува и е ок, некогаш мочка во гаќи. Тоа ли е процесот за да стигнеме до целта? Не знам дали да продолжам
Немам искуство, ама мислам дека подобро е за почеток за надвор да ставаш пелена зошто уште не распознава и кажува кога стварно и се мочка. Син ми дефинитивно не е спремен. Пробав и со нокшир и со адаптер, не сака. Ќе го оставам сега и ќе пробам здравје во септември кога ќе се вратиме од одмор.
Тоа не ми е логично. Ако ставам за надвор, како ќе ја одвикнам? Ајде за навечер за почеток мислам дека е ок ама мислев за надвор дека не треба кога се одвикнуваат за подолго време да се навикне дека нема пелена. Не знам, нека каже некој ако знае.