Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    1.367
    Пол:
    Женски
    Бела, за момчиња е полесно да го научиш во чашка да мочка, ако не сака нокшир. Моите така се научија. Имав и едно за мочкање што се врти кога мочка, не знам дали уште се продаваат.
    Дете е спремно кога и родителите ќе бидат спремни. Ако пелената ја држи сува некое време, значи дека може да пробате. Ќе се помочка неколку дена додека свати што се случува, па ќе му текне. И од кога ќе се помочка да каже е напредок. После за кратко ќе каже пред да мочка.
     
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    8.848
    Пол:
    Женски
    Мојата првиот ден така направи. Не знам колку пати бараше да седне да моча а многу малку мочаше и после во гаќи фонтана. Од вториот ден се среди.
     
  3. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    2 години и 2 месеци скоро. Одбива дремка 3-4 недели сигурно. Заспива само надвор во количка или во кола. Вчера првпат ни така не заспа. Три пати ја шетав. Станата пред 7, заспа дури во 21 часот. Па тоа стварно не е нормално. Регресија ли е периодов, што е? Ќе си речеш ајде отфрли и дремка, но сегде пишува ако детето попладне ако го ставиш во кола или количка заспие одма - тогаш дремка му е потребна. Не сум паметна веќе. Така не јаде многу ама вака уште толку бидејќи цел ред е измешан со таа дремка.

    Исто и ноќното спиење стана хаос. Будење на скоро секој саат, па сака во дневна, па сака вода. И ајде нека е тоа до топлово, не знам. Тоа искрено ми е поиздржливо отколку немање дремка. Плус во истиов период стана лепенка и морам секогаш да и сум на видик. Мочање ми е луксуз, за бањане да не правам муабет. Кога беше новороденче бев посредена, толку кажувам.

    Исто така и многу нервозна е и многу, многу силно вика ако нешто не е по нејзино. Дали и вашите така врискаат? Не знам, кога сме по парковите ми се чини дека е најгласна. Се надевам е период, исцрпена сум.
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    21.907
    Пол:
    Женски
    Не знам како е правилно, затоа реков мислам. Не знам до душа ни дали има правилно/погрешно во процесот зошто секој родител си одлучува како ќе тече.
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    21.907
    Пол:
    Женски
    Изгледа и јас не сум спремна, во право си. Некако моментално не можам да се организирам и да најдам време кога да го одвикнам. За две недели одам на пат без него, ќе го чуваат моите и некако не ми се почнува пред тоа па да им го оставам не одвикнат или ни таму ни ваму. После тоа ќе одиме на одмор, па си викав после одморот да се заангажирам. Ние друг “проблем” имаме. Он кажува непосредно пред да кака или кога веќе почнал да кака, ама после тоа негира дека е искакан. Кога ќе тргнам да го земам за да го пресоблечам вика “не кака, некам” и лаже дека не е искакан, па се тегне па мора 300 занимации за да го средам. Мнооогу ретко да се согласи своеволно да биде пресоблечен. Затоа мислам дека не е спремен. Пишував дека кога го виде прв пат нокширот се измочка во него еднаш и од тогаш не сака да го види. Исто и за адаптерот, првиот ден кога седна на него не можевме да го станеме после, ќеефови беше, а не направи ништо. Ама од следниот ден кога го прашувам одма алармантно ми вика “не мама, некам нома шоља”, ја нејќел новата шоља. Пробано е и без адаптер и така не сака. А како ги научи во чашка? Моево како што е лудо ќе проба после да се напие. :D Некни дур му менував пелена се фати со двете раце и се ушлапа и ми вика “мама шо та? Мама јижам” (facepalm) :D и се залета да си ги излиже. :whew:
     
  6. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Женски
    Пелена се трга наеднаш. Доколку се става привремено тогаш детето ќе се испобуни и целиот процес ќе се одвива потешко.
    За двете деца тргнав наеднаш, големата се имаше помочано во кревет но ништо страшно. Стававме од тие подлогите што не пропуштаат вода, а под нив и заштитник за душекот. Малиот во јуни на полни 2 години и 3 месеци тргнавме наеднаш, му требаше неколку дена за да свати што се случува. Но навечер се нема помочано ниту еднаш до сега. Треба многу зборење, на секои 10 мин го седнував во нокшир. Нокширот со нас го влечкаме сеуште и во кола и по гости. За надвор носиме алишта 2-3 пара за ако направи бела и тоа е тоа. Со многу упорност и зборење очекувај дека за 2 недели ќе се навикне скроз.

    Имавме и ние таква фаза баш на таа возраст, бев упорна го легнував преку ден и за брзо време се среди. 2 години и 5 месеци има сеуште дремки по 1:30 час.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    8.591
    Пол:
    Женски
    Па не знам колку е тоа така. Јас сум повеќе од спремна и дома сум за да му се посветам. Но моето не сака никако да седне на нокшир. Ниту облечен. А да го оставам да биде мокар можам не дека не, за да осети. Ама проблемот е што кака по три пати на ден. Со тоа не ми е јасно како ќе биде. Тој кажува од кога ќе се искака и или пред да се искака, мама какио сам и запнува одма во тој момент. А во последно ми бега, како да има некој страв да го соблечам и избришам од кога ќе кака. И плус си мочка не е многу време сув. А знае кога мочка, свесен е, тоа знам по тоа кога сме во базенче и кога му се мочка станува мочка и гледа :rofl:
    Наутро пелената е полна од ноќта. Се ми кажува дека не е спремно моето.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Нашиот процес за одвикнување траеше скоро еден месец, последно знам вечерта си реков од утре го враќам памперсот не оди вака да го форсирам, и како да ме пресече утрото се разбуди, почна да кажува и никогаш не згрешил еве.
    Значи скоро цел месец синко какаше и мочкаше во гаќи. Избегнував да одам тогаш на јавни места, се погоди и коксакиот го имаше фатено и бевме дома или кај мајка ми. Голема предност ни беше што идеше по нас во тоалет, па последно знам го лажев ајде на шоља како тато да мочкаш, без адаптер без ништо. Нокшир носев со мене на плажа само. И сега дома оди на шоља без адаптер, нокширот го користиме ако е зафатена шољата.
    Само знам дека се трудев да присуствува на нашиот чин кога сме во тоалетот за да сфати што се прави:rofl:


    Е сега маката ни е што навечер ми пие многу течности и два пати менувам памперс и пак ќе стани прокиснат. Мислам тоа ќе ни биде многу тешко, еве сношти пробав да не му давам и стандард се активира тантрум моде:sweat: Се плашам да пресечам.
    Ако имате за тоа совет..

    И уште едно прашање, @Bella_Stella знам вие имавте проблем со забчињата, што мачкаше и дали се среди проблемот? На моево му стојат како наслаги да има, сега веќе редовно ги миеме забите ама ова е настанато од кога не сакаше да мие заби.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    21.907
    Пол:
    Женски
    Како син ми да го опиша, од А до Ш сѐ е исто.
    @Nala37 што кога воопшто не сакаат да седнат на нокшир? Имаш некој совет?
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    21.907
    Пол:
    Женски
    Си стојат наслагите, тоа е деминерализација на запчињата и за жал не може да се направи ништо откако веќе го има, може само да се спречи да напредува. Го мачкам со Тут Мус, а забите ги мијам некогаш со паста без флуор, некогаш со едно зрнце од таа со флуор зошто уште не знае да плука. Он сеуште не соработува за миење и се бориме и миеме со натегање и плачки.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    1.367
    Пол:
    Женски
    И моите не седат на нокшир, затоа се мочкаат во чашка. Малиот какаше по три пати, па кога соблече пелена почна по еднаш.
    На другарка исто беше како кај тебе, ама успеа за викенд го научи. Бев кај неа на гости, му ја соблече пелената. Детето мочкаше на 15 мин. И реков дека не е спремно, ама таа беше убедена во понеделник да го прати во градинка без пелена. И успеа.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    1.367
    Пол:
    Женски
    Земи чаша, јас му дадов да мочка во една со Мики маус, пластична. Ја користиме само за мочкање. Демек да видиме каква боја ќе биде мочката.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.471
    Допаѓања:
    112.720
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека одбива дремка, едноставно се му е поинтересно сега и тоа е тоа. Мој став е дека децата до 6г треба да имаат дремка, не за џабе и во градинки спијат, треба и добро е да спијат. Со сонот децата растат.

    За пелени, мојата болна тема. Вчера една роднина на мм, уште една во низ, му соблече пелена и запна, нема да мочаш во пелена, мочај во гаќи... Прво не сакав да направам драма и преќутев, после детево ја погледна на криво и му се дере Што ме гледаш на криво, толкаво магаре... Коа рипнав, ти викам многу си зимаш за право, јас сум таа што одлучува не ти. Ајде ја соблече што ја соблече пелената и сеа ќе моча на трева демек, коа рече се уплаши, стави пелена и крај... Си го прибрав детето дома, надвор бевме во заеднички двор, и реков следен пат ако направи нешто такво не повеќе очи да ни види и дека ги премина сите граници. Не сака, не е спремен, се уплаши и бараше пелена, нема сигурно да го трауматизирам да се плаши па да не симнам пелена до 5г после. Она на нејзиното со тепалка за муви му симнала пелена, по газот, да видиш како ќе моча. Браво викам за тебе, медаљата на која страна да ти ја закачам. Му реков и на мм дека таа жена кај нас дома веќе нема да стапне, и он се изнервира и рече дека ќе ја стави на место. Не ме интересира ништо, јас одлучувам за моето дете и мое право е кога, како и дали ќе го одвикнам од пелени.
     
    На see.emily.play, sencuk, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.937
    Допаѓања:
    8.198
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , рандом особа макар и роднина се осуди на твое дете да му симне пелена, со сила по описов?
    Мислам ќе ја срамнам со земја за вакво нешто па која и да е.

    Свекрва знае да каже менувавме памперс и ја оставив да протрча низ куќа 10минути гола.
    Јас знам да и облечам гаќички и да ја оставам на балкон да игра така. Ама не знам дали од тоа што може многу да држи или од страв или што и да е последно не беше 4+ часа помочкана кога се заигра така. Некако ми личеше дека е многу време и може се стега, а не сакам пак и друг проблем со тоа да направиме.

    Генерално мислам барем има најава кога ќе се оформат нови групи од септември, самите воспитувачки да почнат процес на одвикнување со децата, така да со нив ми е подруго. Реално и повеќе време е со нив што се вика, отколку дома. А и повеќе авторитет имаат.
     
    На strelec231992 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  15. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам да го учам нокширот ни стоеше во салон сигурно 2-3 недели. Ги седнувавме играчките да мочкаат. Но морам да напоменам дека голема предност е и тоа што он ја гледаше сестра му дека нема пелени и дека оди во тоалет.
    Колку што разбрав, твоето оди во градинка, замоли ги таму да пробаат. Сигурно има врсници што се без пелени па гледајки ги нив ќе научи побрзо.
    Една членка дала идеа со чашка, може и тоа да успее. Може да пробаш и во вц школка на адаптер. Ако нејке да седне пробај во туш кабина:tmi:, надвор на отворено(ние ги наводнувавме цвечињата-така го залажував). Давав вода и потоа за многу кратко го нудев да се измочка.
    Секое дете е различно не значи дека нешто што кај мали поминало ќе помине и кај вас. Но ќе те охрабрам да пробаш, почнувајки од петок за да може з авикенд да сте дома. И да згреши, без карање и без форсирање. Нормално е, голема промена е за нив но многу се паметни ќе научат поврзо одколку што мислиме. Големо олеснување е и за нив и за нас. Со лесно :)

    Да се дополнам, уште ова. Децата се плашат од голема нужда, мали првиот пак кога си ја виде се исплаши и избега се сокри. Пак ќе кажам многу зборење треба. Заедно се тоа се фрла во вц и улогата за притискање на казанчето и збогување со мавтање(чаооо) и такви ствари му припадна него, па беше жив среќен и важен што и он направил нешто. Тоа беше мотивација за пак да го повториме истото. Извинете што навлегов во детали но ете може некому ќе помогне и тој чин 8-|
     
    Последна измена: 15 август 2025
    На 1209, Ceneva, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    1.367
    Пол:
    Женски
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Мојата исто со ова последното се навикна да кака во шолја. Каката свечено ја испраќавме де во кака град, де во какафонија заминала, ма тоа церемонии со пуштање вода, со мафкање со све:rofl: таа ќеф, како бог знае што направила. Јас ја оставав по гаќиња, и сите зборувавме како е она голема, како мама и тато ќе носи гаќи, па вакви гаќи сакам, па со маче па што ти знам со што. И за какање и за мочкање, неколку пати направи беља, ама тоа е додека се навикнат, не ја карав никако. Од 2 год и 8 месеци некаде веќе кажува и за какање и за мочкање. Е сега се случува ноќе некогаш да ми се измочка, ако пие многу течност поручек, ама и тоа е во ред, ќе ја преслечам и никому ништо, се смееме на сабајле и вика ама забораив да кажам:Dнекогаш кога ќе се сети стануваме да се измочкаме. Мислам дека треба време и за тоа да се среди, сепак малечка е уште.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Спаркл

    Спаркл Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, каде правевте иригографија и како поминавте? И ние треба да правиме на нашето 7 месечно бебе па се двоумам дали во државна или во Систина.
     
  19. MamaCara

    MamaCara Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Не е утеха, ама син ми така од 2 до 3г. Никако дремка на пладне, попладне веќе уморен и нервозен, врескаше некогаш и без причина. Радознал, сé да види и чуе, ништо да не пропушти! Ако го ставам во 18ч да спие, ете го на полноќ свеж и гладен. А до 21ч не се издржуваше од нервозен. Мислам дека во таа година ми побеле косата. На 3г тргна во градинка и имав многу надеж дека ќе се регулира. И таму не спиеше, па некогаш со учителките кафе пиеше, некогаш во кујна помагаше, многу многу ретко преспиваше, и тоа ќе беше 15-30мин дремка. Веројатно се навикнав после третата година и не го форсирав веќе, од ден за ден планирав оти не беше можно поинаку. Сега е тинејџер, спие и за тие години кога не преспиваше :D
    Сега малата ми е 2г, фала Богу сеуште не сме влегле во тој круг, ама и со неа очекувам слично искуство.
     
    На 1209 и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  20. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Дали и што давате за имунитет на дечињата што одат во градинка? Што ви се покажало како ефикасно? Матичната ми имаше предложено Дефендил сирупче, давав некое време ама не видов некој ефект.