Да, го давав 3 месеци. Направивме пауза, после пак го давав месец, месец и пол, ама како што кажав, не видов некој ефект баш.
Првата година во градинка давав се, од ништо не видов ефект. Како што врви време се повеќе издржува од една до друга настинка и пократко траат, така да верувам со тек на време ќе почне да надминува болести.
Да не цитирам. Јас пробувам со муабет за на нокшир да седи. Моето ни на земја не седи, се е во движење и затоа не сака. Му велам сакаш на шоља како мама. Редовно е со мене во вц па знае што му зборам Купив книга ја читаме како се мочка, кака на нокшир, гледаме видеа, и ќе каже мама каким на ношу. И одма после 3 секунди нечу каким на ношу. И толку од муабетот. Кака во пелена и кажува мама какио сам, смета гованце . Па му го покажувам ако е потврдо и го фрламе го шола и му зборам ете оди да плива со другите каки заедно. И цел е во филм. Ама не сака да кака во нокшир да кака и мочка и крај, ниту на шоља. А во последно има страв кога треба да му ја тргнам каканата пелена, не знам поради што. Бевме и во мк,ја гледаше внука ми како користи нокшир и ќе каже каким на дадину ношу и тргам да го земам, нееее нечу ношу. Го имаме тој некој период не знае што сака. Сакам тоа и тоа. Му носиш и одма плаче нечуууу тоооо. Така да и за ова е исто. Да пробам, да му тргнам пелената па да видиме што ќе се дешава. Или уште малку да почекам. И теписите да ги раскренам ќе треба хаха. Милион прашања и мисли. Хаос
Утрово последен пат го прашав за нокшир, гаќи и шоља, таков страв има набиено, така се има истрауматизирано што има да постројам се по дома. Од свекрва до останати далечни роднини. Се гледа дека е теран на сила од свекрва ми и му е зборено, мислам ја знам жената дека не мисли лошо, ама нејзиниот начин е многу насилен, она така знае мисли и тоа е. За некои работи е многу нежна, ама за пелени е остра, бегај таму за едни пелени дете у страв да ми живее. Нека заборави малку, па здравје ќе пробам пак. Кај и да одиме сеа тоа ќе зборам, да не спомнуваат ни п од пелени. Се тресеше кога му покажав гаќи. Страшно.
Ништо не давам и не сум давала освен стандардните витамини (Омега, Д3, Цвит и Пробиотик) до 2 години. Пролетта фати Варичела и Коксаки едно по друго и испи едно шише Мултивитамински сируп од Допел Херц и Б комплекс на Бекутан. Вториот продолжив да го давам и го давам уште заедно со Омегата и Д3.
Мислам твоето и на @Ceneva сеуште немаат ни 3г полни, мојот став е да не се форсира ништо заради што ќе речат луѓето. Ќе се научат вгодина на лето ништо страшно, не ќе мочаат во памперс до полнолетство, еднаш се толку мали. Кај нас се претерува со се пред време, толку ме иритира кога ќе напнат со такви работи. Тоа со памперсот, со јадењето и спиењето сам ме иритира најмногу на свет, па новитети со блв и триста чуда. ЕДНАШ се мали, еден период од животот им требаме и нема да се замарам што ќе мислат другите или како пишувало во книгата. Самото дете ќе каже кога е спремно.
Оф топик, не само кај нас, гледам се повеќе се претерува На YouTube ми излегуваат видеа од една фамилија 3 деца има (4, 2 и 1на година) и четврто на пат, кај да е ќе се роди. Од година и пол на второто се запнати со одвикнување од памперс, демек препаметно е детево, што може е, не порекнувам ама за гледаност, за видеа чуда ќе направи. Третово од 9 месеци се запнати дека кај да е ќе прооди. Тоа на секое оставање да стои, се превртува, глава ќе искрши некаде. Еве сега годиначе сите видеа се Х прооди. Х прави 1 чекор и паѓа или на назад или на напред на глава, стабилност никаква. А со муабети како ние на 8 месеци сме проодувале, на 1 година сме фрлале памперс, на 1,5 сме кажувале приказни на 3 јазици, преку глава ми е.
Мајки каква перница ви користат децава? Памтам на првиот преглед на ортопед ни кажаа до 2 години не, после тоа колку може да се одложи спиењето на перница ама деновиве се пика и спие на мојата перница. Не е за него, висока му е. Имам една дома детска од сомниа заедно со душекот ми ја испратија. Не е тврда не е мека не знам како да ја опишам. Не знам каква треба ако имате некоја што сте задоволнк кажете, да му купам да знам дека нема врат да го боли.
Јас не форсирам. За такви работи сила не помогна. Јас ни заби на сила не му миев. Имав стрпление и почна да дава да ги миеме. Ама му зборував доста. А за ова не зборам толку
Погрешно ме сфати извини, не мислев во таа смисла, само ти кажувам ич да не се замараш ако гледаш дека не е спремен, има време ќе пробате пак. Не обраќај внимание ако некој кажува дека правиш погрешно или дека е доцна. Или пак ако другите веќе ги одвикнале да ти прават тортура да го одвикниш и ти. Во таа смисла ми беше муабетот, не дека правиш погрешно.
Не се ограничувајте дека само на лето се откажуваат пелени. Останало од старите некогаш такво мислење кога немале ни машини за перење, ни па многу облека за децата. Дете може и во јануари да е спремно да фрли пелени. Ќе се измочка неколку пати во гаќи, ќе го пресоблечеш одма, ќе фрлиш тренерчиња на перење и тоа е тоа. Мојот во април сам фрли пелени. Стана едно утро, рече јас не сакам веќе пелена, ја извади сам, ја фрли во канта и рече дај ми гаќи. Мајка ми и свекрва ми нервен слом ќе добиеја како тоа на ладно (снег подзаврна тогаш) ќе сум го одвикнувала. Ало им викам, сам фрли пелена, да му речев еј почекај уште малце лето да дојде, бабите се секираат да не измрзнеш од мочка Три дена грешеше, две недели го потсетував и толку беше.
Ееее јас сум од тие што ич на акл не става што велат другите и постарите Си правам како ми налга синко И сите треба да бидеме такви. А и богами ми се слуша зборот од страна на баби така да со тоа немам ич мака
Ако појави желба да, но пример син ми 3 недели и фазла мочаше и какаше во гаќи, ако беше зима ќе снемав алишта, налет што ќе снемав и вистина ќе измрзнеше Не е спорно ништо, само полесно оди во лето, гол може да шета.
Уф и јас мора да барам. Мојата од што беше/е узатната цело време ја ставав на перница да спие. Е сега она спие врз една моја..џабе ја симнувам доле, она пак си се враќа. Ако нема перница може да дојде и врз мене да легне. Страв ми е да не направм некој проблем. Ќе спомував на педијатар, ко ме слушна дека спие меѓу нас одма не искара и заборавивме шо сакавме да прашаме.
Ортопед ни кажа кога дете само ќе почне да бара перница, тогаш да му се даде, така да можеби е време да пробате. Беља нема да и направиш сигурно. Нема да и даваш перница за возрасни висока па да и направи проблем со врат или рбет. Јас за почеток и имав купено од Дормео детска, баш беше тенкичка и средно мека. До скоро ја користеше ама веќе пропадна цела и ја фрлив.
Се настојува многу да спие дете само, не му е местото помеѓу нас. Поскоро да ја овикнеме. А јас уште и ја заспивам, во смисла си се гушкаме додека заспие. Некогаш ја галам ако не може само со лежење или ја земам на мене. Ама не, требало да ја оставам во соба, да и дадам некоја играчка и да оставам отворена врата и она сама да се запие. Е па јас не сум спремна за така. Еднаш се заспа додуша, ама не беше со таа намера.