Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    2.245
    Сигурно имате бебешко креветче. А да ја извадиш едната страна од креветот и да го залепиш до вашиот? Така ќе си спие пак со вас ама во свое креветче. И на детето и на вас ќе ви е поудобно.
     
    На emche05 и јolene им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    Вас ако не ви смета да спие со вас, не гледам зошто некој би се мешал во таа работа. Да спиењето одделно е подобра опција од аспект дека ќе бидете по одморени и кај детето ќе се ствара чувство на независност. Посебно кога ќе се случи и во своја соба да спие. Ама сите родители не се спремни на таков чекор во рана возраст на детето. И тоа е во ред. Јас синко го заспивам во нашиот кревет и го префрлам во креветче. Од што јас не можам да спијам мирно од него. Или заспива во кревтче ама мора да му пеам. Тоа ни е навика, две години и три месеци се заспиваме со песна. Тоа малку тешко ќе се смени. А и искрено убав ми е моментот така пикнат во мене ,го осеќаш како си се смирува и пушта во сон. Еднаш се мали и бараат топлина. После ќе сакаме да заспиваат до нас ама тие нема да сакаат. Така да како си се чувствувате така си правете.
     
    На strelec231992, lackygirl, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    20.189
    Пол:
    Женски


    А бе ајде.. глупости. Пола свет спие со се деца, дури и животнине не се делат од децата. Моево спие со нас на спална, креветчето е залепено за спална знае да си отиде ноќе таму ама се враќа. Летово повеќе бегаше ваљда од топло на зима кога ке се собереме сите тројца стуткани, мене жал ми е само да го оставам во креветче да не му студи :rofl: и плус многу го сакам кога спие таков ушушкан и само се вртка де по мене де по татко му. Сеа ново му е и ме бацува во сон :D
     
    На Suze18992, strelec231992, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    14.103
    Пол:
    Женски
    Пак јас. Мојава не спие со нас, ама еве прваче ќе биде, нема шанси да не се изгушкаме пред спиење. Кога беше така мала на стомак ни заспиваше на нејзин кревет.
    И тоа никогаш не би го скратила. Сега еве читаме книга, гасиме светло, гушка, бацка и самата вика да ја оставиме сама. Догодина верувам дека веќе ни за читање нема да и требаме.
    На спална со нас е кога е болна, или некогаш си ја земам во сред ноќ чисто да си ја гушкам само, ама која е потребата да го оставиш само во соба со играчка да заспие кога може со родител? За многу брзо нема да им требаме.
    Носталгија и меланхолија ме мава деновиве пред почеток на школово, се гледа малку повеќе.
    Ама само трепнав луѓе. Трепнав и летнаа годините.
     
    На MeowMeow, strelec231992, lackygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.342
    Допаѓања:
    10.742
    Пол:
    Женски
    Пробавме така Кејти ама плачеше. Се погоди кога почна да се разболува и сакаше нормално да е врз мене. Не знаеше што се случува.
    Предходно до година и некој месец спиеше сама во креветчето до нас. И нормално после некое време спиење до нас не сакаше веќе да се врати и пискаше од креветчето. Ајде да не ја трауматизираме, пробав само дневна дремка таму да ја легнувам, се будеше со плачење..
    Се погодија периоди заби, седење будна среде ноќ, болна и толку беше.
    Пробавме со објаснување, не биде.
    После го извадивме тоа бебешкото, ставивме ново поголемо, со нови играчки и еве го така стои. Залепено до нашиот кревет, ќе сети кај е, и одма се прекачува кај нас. Некна една вечер цела преспа во неги, после веќе ни ние додуша не ја преместивме.
    Не ни е згодно со сигурност. Ама и не можам изгледа и јас без неа. Не е убаво и после одмор ќе ја учиме, пошто таму, на ново место сигурно нема да сака да спие сама.

    Не, тоа се подразбира. Гушкање, читање приказна или било кој ритуал, и после треба само да се запие, да не го држиш ти или да му помагаш да се успие.
    Кога е болно дете, нормално спие со родител.
    Ама еве, како да кажам. Може мене ми треба тоа повеќе отколку на неа.
     
    На Carolin., 1209, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    14.103
    Пол:
    Женски
    Исто. И мене ми треба повеќе. Очигледно сите сме исти :)
     
    На Carolin., 1209, kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    2.245
    @јolene кај нас беа на исто ниво со нашиот кревет, буквално како продолжение на креветот дека едната ограда беше извадена. Нешто како next to me креветчињата.
    Јас не сум слушнала дека треба рано да се оддели детето, а и да ми кажеа нешто такво не сакам форсирање . Кога беше како твоето дете не ни помислував во друга соба да спие ама во посебно креветче си спиеше од бебе.
    Не ме прашувај само до кога спиеше со нас:bandit:
     
    На Carolin., јolene и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.342
    Допаѓања:
    10.742
    Пол:
    Женски
    И нам не ни пререче за тоа што е во иста соба. За тоа дури рече да не брзаме сега, доволно е да спие сама во нејзин кревет и да заспива сама.

    Ама она може сама да заспива и презаспива. Во градинка не и треба ни играчка веќе, оти нели и двете и ги изгубивме, цела недела спиеше без нив не ги ни побара. Два пати таму без цуцла им заспала.
    Јас сакам да тргнам цуцле. Во количка или кола ќе заспие без проблем без него. Ама дома цел програм бара. Де да се гушкаме вака, па ај сега вака, па чекај на глава да ти се качам и на крај ќе побара во раце да биде бебе.
    Си се гали, и ок е, нејзе тоа и треба, не не чини ништо.
    Сега за цуцлата ми е, во градинка носат сите деца. Она не носи ни преку ден, само за да заспие и после ја плука. Ама спие многу немирно и се буди често. Па евентуално и ноќе ќе ја побара. Преку ден никогаш не и ја давам.
    Во градинка ја научија кога плаче да си ја земе и да се смири со неа :drunk:. Ама среќа нема многу такви избиви. Само кога е болна на пример и исплашена тогаш.
    После втор чекор ми е да ја научам и млеко да пие од чаша и сите бебешки дрнгалашки да одат во ѓубре.
     
    На Carolin. и Katie90 им се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    И јас сакам цуцла да тргнеме скроз. Пред две недели и денски ја носеше како зависен од неа беше. Бевме за мк, од мајка ми како некој срам имаше и само што ќе ја погледнеше ја тргаше. И така се одучивме денски ама за спиење ја бара. Сам вели цуцла бљак ама пак ќе ја стави за да заспие. Исто неморно спие и ја бара и во сон и потоа пак ја плука. Се мислам на одмор да пробам во стилот птиците ја земаа или рибите. Може ќе упали (fingers)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    46.665
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е проблем спиењето, и моето тој период имаше некоја таква фаза кога нејќеше да спие а уште му требаше сон, некои денови ќе спие некои нема, па ќе биде нервозен, ноќе ќе се буди, после исфрли дремка и неколку месеци имаше ред на спиење и спиеше многу убаво ноќе. Сега пак појде во градинка, се смени редот, дремнува таму пола саат и ниту наспиен ниту ненаспиен, вечерта ќе водиме борба за спиење и пак е хаос.
    Можеби требаше таму да барам да не го успиваат, ама немаат таква опција за неговата група…не знам.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.183
    Допаѓања:
    46.665
    Пол:
    Женски
    Исто е и мојов, скорз. Некое време кажуваше за мочање и трчаше ви вц и држе куре и моча, сега не, само ќе моча па ќе каже.
    За какање и миење е војна и преговори, секојдневно.

    За спиење, уште спие со мене, креветчето е спакувано на таван, мм спиеше во друга соба, првично оти многу рчи, а јас имам лесен сон, а второ оти ни е тесно.
    Со трпение го чекам денот јас и мм да спиеме пак заедно, ама нема да биде во скоро време изгледа.
    Нема шанси да го научам скоро да спие сам, он сака да е гушнат, се врти со грбот и се мести мести додека не се залепи до мене и да го гушнам, така спиеме. Само со мм се договоривме да бараме голема спална за заедно да спиеме и да реши проблем со рчење, а до кога он ќе спие со нас не знам. За сега и јас на него и он на мене ми треба за мирен сон.
     
    Последна измена: 17 август 2025
    На Mother of 2boys и јolene им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.920
    Допаѓања:
    21.891
    Пол:
    Женски
    За спиењето, си спие меѓу нас негде од кога беше година и 7-8 месеци, до тогаш спиеше во креветче па нешто се разболе и беше кенкав и се префрли спонтано со нас и така е до денес. На мене не ми пречи, заспива со мене гушнат, па ми раскажува нешто, се галиме и заспива брзо. Некни една вечер морав да сум присутна на состанок онлајн и татко му го заспа со приказна. Прв пат! Кога сме кај моите има заспано со баба му, дедо му и тетка му, ама генерално со мене бара да спие. Маж ми знае да рече дека требало да го префрлиме во креветче, му фалело да спие со мене. :D Ама јас ем сакам, ем нејќам. Си викам па еднаш е мал и сака да се гушка, после ќе ги бараме тие денови. Ми нема поубаво од будењето сите тројца заедно. За префрлање во негова соба не сум ни размислувала, уште не му е средена собата баш од таа причина што ми е рано да го оставам да спие сам, нема ни 2 ипол години.

    За цуцлата, сакам и јас да ја тргнам. Кога е дома не цуца дење, само за спиење ја бара. Исто како девојчето на Џолин во кола заспивал и без неа. Кај нас проблемот е градинката, таму има многу деца со цуцли и јас и да не му дадам он се послужува од други деца, оди им ги зима. (facepalm) Некни дома дојде со туѓа цуцла, викам чија е, вика на бебето. :D И стварно беше мала цуцла од 0 до 6 големина. Неговата му беше во ранчето, значи му ја немаат дадено и он се снашол. :?: Кога не би одел во градинка мислам дека многу полесно би го одвикнала од неа.
     
    На 1209, јolene, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MamaCara

    MamaCara Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ај и јас ко нова, да напишам нешто :D

    Ве читам и сум малку изненадена, децата ни се сите скоро на иста возраст, а толку различни.
    Мојата заспива сама, кога и се спие ги бара цуцата и ќебенцето, сеедно и е каде се наоѓа, може дури и на подот да се успие. Ама и треба време. Сигурно меѓу 15 минути и половина час, некогаш и повеќе. Перница нема. Ноќе спие на нејзиниот кревет покрај тато, некогаш знае да си се премести покрај него, со мене не обожава да спие оти јас спијам понемирно од неа :tmi:
    Во последниве 2 недели забележав дека цуцата интензивно ја бара, дури и кога сака нешто да каже или си пее онака ќе ја турни настрана со јазикот, ама да и остане во уста и ќе си мрмла.
    За зборување не зборува или сосем малку по еден два збора, ама претпоставувам дека и е тешко да сфати кој јазик треба да го учи оти дома хаос сме - синовите зборуваат меѓу себе македонски, јас и татко и меѓу себе англиски, а сите со неа германски :drunk: тоа е еден јазичен хаос и мислам дека затоа ќе и треба време да се опушти. Разбира "наредби" ама ретко кога е расположена да ги исполнува, освен ако е раце миење или одиме надвор :D А за пеење нема проблем, сите песни на нејзин начин и јазик ги знае и обожава да пее, сега почна и да танцува, па имитира што ќе види, момците ја учат потези, интересна им е :D
    Од чаша пие од скоро, млекото, вода и сé, лажица и виљушка користи, растура и си помага со раце ама користи. Штом ги извалка рацете ги брише со марамче и потоа марамчето завршува на подот (facepalm) џабе објаснување, неа и смета на маса.
    За одвикнување од памперс сметам дека е мала, не забележувам дека знае кога мочка, кога кака се крие, сите забележуваме :rofl:
    Инаку нашиот педијатар е мнооогу опуштен човек и од првиот ден, еве 2 години, секогаш ми повторува - ти си мајка, си го знаеш детето најдобро, следи ги и поддржувај ги промените кај неа, а проблемите ќе ги решаваме заедно. Не можам да ви кажам колку олеснувачки делува таков муабет, кога си сам и немаш никој покрај себе. И навистина, и колку глупаво и наивно да ми се чини нештото, јас ќе му се јавам, доволно е да позборуваме и проблемот можеби не е секогап одма решен, ама го решаваме. А во овие 2 години Бога ми имаше да решава, ама повеќе на мене отколку на неа :$
    Се распишував, а само сакав да кажам - најверојатно напредокот е индивидуален и во голема мера зависи колку им се посветуваме, но во секој случај туѓите искуства се од голема помош во справувањето со предизвиците.
     
    На Mother of 2boys, 1209, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    Добро ни дојде.
    Инаку може и да не зборува многу поради цуцлата, ако ја држи во уста многу време. Плус тоа што слуша 3 јазика паралелно. Ама се ќе си дојде на свое.
    Инаку предизвици еден куп имаме како родители. Поздрав и уште еднаш добро ни дојде ;)
     
    На 1209, Carolin. и MamaCara им се допаѓа ова.
  15. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    775
    За ниско железо замена за Малтофер дали имате да предложите некоја? 3 пат почнуваме од почеток да ги пиеме, никако не успевам да му ги дадам. Еден два дена ќе ги бутнам некако со сила после веќе бега, ме бутка, се гади да ги поврати (facepalm)
    Мултивитамини си пие без проблем ама ова нема шански и никако да му се покачи железото.. Има ли некои како гумени бомбони за џвакање?
     
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.920
    Допаѓања:
    21.891
    Пол:
    Женски
    Од сабајле кога стана едното окце како малку подзатворено му беше. Кога стана од дремка исто. Нема ништо друго освен што му тече носето веќе неколку дена, а од вчера многу ретко поткашлува суво. Од што може вака? Иначе си е најнормален, јаде, трча, скока итн.
     
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.329
    Допаѓања:
    24.872
    Пол:
    Женски
    Од вчера официјално во темава, 2 год направи вчера синко два :inlove: помина и роденденот, супер беше се освен тоа што има тт од средата, со антибиотик е од петокот бидејќи покажа бактериски на кс и грло црвено, пред роденденот во 5 крена тт, спушти до 5 и пол во 6ч беше како нов, сношти пак во 1 крена и денес пак во 12ч и се нервирам веќе 3 дена со антибиотик уште крева :worried: до 39.6 креваше, ми е страв оти лани вака со антибиотик испадна пневмонија која не се слушаше на слушалка. Башка то в среда на одмор ќе одиме па сега со страв да не го прифати и големиот :worried: кој веќе си има имунитет убав пу пу.

    Тема - Спиење на перница.
    За големиот купив од Лимес ама не таа бебешката туку другата, синко голем спиеше на перница од кај година и пол некој период, потоа пак без перница, еве го 6 и пол год не сака перница. Малово чат пат на перница спие, ама се преместува цела ноќ и мн често е без перница. На истата од Лимес бтв 8)
    @thinkerbell еве го второ одд ќе оди, со мене спие :D се шириме 2та на 180см лежај :D до лежајот е споено креветчето и малото спие во него. Мм е во детска :lol: Претходно големиот спиеше во него дури не се роди малото, значи 4год и 8м :wasntme: ама е долго 130см со 70 така да го береше. Не се брзаме никаде ама сакам двајцата да ги префрлам во детска, планот беше летово ама не бидна :D немав време хахха

    Тема - Пелени.
    Немам намера да го учам сега, план е на одмор да биди без пелена да не му е жешко па нека моча таму во вода, во песок, па ќе видиме да не се случи нешто за 7 дена :D


    Тема - Имунитет.
    Ништо не давам, буквално ништо, вит Д давав до година и пол. Нема врска, не давајте хемија, имунитетот се стекнува со поминување на сите болести, со настинки, тоа е дел од животот што мора да се помине. Еве го лето со антибиотик е, првото дете исто вака беше летото 2 пати со антибиотик таа чуена прва година во градинка ама потоа пу пу машала супер здраво дете.

    Нз можи пропуштив нешто :D
    Ве поздравувам :sun:
     
    На Mother of 2boys, Ceneva, emche05 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.928
    Допаѓања:
    8.182
    Пол:
    Женски
    @lackygirl , среќен роденден на баткото.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Тема пелени: добро оди, повеќе е успешно, има ситуации кога не е ама изгледа тој е процесот. Кога ќе се заигра, заборава и ќе се измочка. Ова се е за преку ден, навечер уште е со пелена. Така некако ми доаѓа, така и правам. Ми бара вода навечер, некако не ми личи спремна да ја форсирам за ноќ.
    На тема спиење: маки за заспивање. Ајде викам период е,ќе помине ама некако не поминува. Од кога не цица(така заспиваше), кога ќе дојде време за спиење плаче и вика дека не и се спие. Секако пробуваме: нишкам, се гушкаме на кревет, читам приказни, раскажувам приказни, пеам песни...без 1ч не сме додека заспие. Ептен истоштувачко. Не знам каде грешам. Кога доаѓа време да спие ми се темни.
    Спиеме заедно на кревет од раѓање, креветчето ми е најнеискористена работа. Не размислувам да ја префрлам сега за сега, можеби понатака би земала кревет до нашиот кревет. Си сака близина, не и ја ускратува. Се навикнавме со мм веќе, среќа не сме многу големи, не собира :D
    Витамини: се пробав, се е ЏАБЕ, ако детето е такво, ЏАБЕ! Беше 2 месеци на море еве завчера се разболе пак, недела дена од кога се вративме. Веќе во ништо не верувам, освен што мора да надрасне и зајакне имунитет.
     
    На Mother of 2boys, јolene, MamaCara и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.466
    Допаѓања:
    112.668
    Пол:
    Женски
    Во текнува кога зборевме за Лего коцки, баш лего малите, дека ќе му дадам од 4? Епа еве го трет саат седнат и еден ќош и игра, нашол од брат му, го џапнал и игра ли игра, фасциниран е. И му има смисла играта, реди како поле, има зелени подлоги и има како зеленчуци, па ги сади божем и станал бара во играчките зајак да јадел моркови, куче, маче, си игра на велико. Отидов да се бањам и се враќам и куќичка направил, се наместил, мислиш дете 6г, со смисла. Што ти се вика дете со поголемо братче растено, пораснато е предвреме. Брат му англиски во прво одделение прв пат сретна, овој користи о мај гад, ок, летс гоу, уат ис дис...

    Иначе неколку дена не јаде, не сака ништо да јаде, ќе си пукнам... Дали го фаќа од баба му стомачниот, дали нешто друго е, не знам, али и подочњаци има и се повеќе ми личи дека ќе се разболува.
     
    На 1209, LeL15, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.