За муабетот на Ангел, колешка моја вика второво дете на 1 година и 3 месеци прави работи што сестра и почна да ги прави на 3,5 години. Веројатно е така со вторите. Третите пак со факултет се раѓаат За користење англиски, дете кажува по некој збор од цртани и песнички ако научила. Ама во главно избегнувам да гледа или ние да користиме. Маж знае во муабет да спомне нешто на англиски или да и пее песни, освен Happy birthday, за друго да бидам искрена и мислам рано е. Нема потреба толку да и се меша посебно што сме во Македонија и што за брзо не би заминале некаде.
Да бе се си знај за првото бев уау скокна в место на 3 год овај пред 2г таа вештина ја направи. Ама општо се си прави скроз онака спонтано, без јас да сум го учела или кажувала, ама тој си го гледа брат му и скроз му иди спонтано се, па ќе се замислам еј ова прв пат го прај за првото си мислев леле што направи, џоа се качил на Монт Еверест а тој само отишол до канта и фрлил ѓубре за ова сега не се возбудувам така
Не бе каков англиски, јас не давам други јазици освен македонски. Е научи од Маша да вика Мајчики, тоа она на волците им вика и он на нас така ни вика, иде по соби и не бара Мајчикииии каде стеееее? Ама претежно гледа Биби и Боби и Маша на македонски, ако избега некој цртан на англиски или друг јазик. Од брат му научи се ова. Е баш така. Овој од година и пол си ги фрла пелените во канта, и тоа стрикно во вц иде, никој не смее пелена да му фрли, брат му треба да му нацртам ако сакам нешто да направи.
Оф оф болна тема големиве и нивната способност значи има деној го ранам јас "бебето големо" 6 и пол год, ќе му викам викам и пак ќе му пикам в уста. Не е дека не знај ама ете...прво дете Малово си јади, само си бара, само си зема се. Скроз посамостоен е ако е помал. Женски фала ви на честитките
Земи од сирупит феро(и натаму не знам како беше) извини ама ќе знаат за кој збориш у аптека. Мојот секое сабајле дури знае и да плаче да му дадам, вкусен е, јас го лажам дека е сок. Бела има некој вирус ваков, мојот беше така, после мојот и на газдите детето со скроз исти симптоми, значи кашлица повремена, затнат, растелен нос, очи малце како отечени, прво една недела така беше па качи тт некои 3 дена на 8-10 саати, па после прекина, ама уште е затнат и поткашлува, онака тотално личеше дека не е болен, весел, јаде пие, спие, дури и со тт беше нормален… За имунитет не давам, витамини одамна прекинав, сега понекогаш давам вит б гранули, колку за смирување. До сега 3 пати бил болен, еве сега чекам да видам како ќе биде во градинка. Јес да се разболе уште прва недела ама мислам дека беше веќе болен кога тргна на адаптација. Перница има негова колку да се рече дека има, ама не ја користи, спие на стомак или на страна, не му треба уште мислам. Цуцла не користиме од 1г некаде, не беше и мал голем љубител на истата, гадлив беше, правеше фаци кога му ја давам и ја плукаше, па лесно и брзо ја тргнавме, спонтано. Ама затоа ја сум му цуцла уште ноќно време, само пред спиење цица ама некогаш се заборав кога ќе се засмока. Иначе научил да брои до 17 и до 10 на англиски, ама не ги знае само броевите како зборови туку знае да ги примени, секој ден ме изненадува. Учителките го пофалија дека бил многу интересен зошто многу зборел и им раскажувал приказни, велат најмногу зборел од групата, ама и најплачко е засега. На секое облекување патики со така алармантен глас ме праша, дека ќе одеме мамо, срце ми се крши оти знам дека мисли цело време дека ви градинка ќе идеме. Жими се ако не се научи месецов, ќе одложам за некоја пола год градинка. Секое сабајле е плачење ама кое почнува од облекувањето дома до таму, ме стиска за врат не сака да ме пушти, се осеќам како да го носам на мачење…
Немој, ќе се навикни. Ако ти е за утеха син ми и од золва ми детето одат веќе година и пол во градинка, на син ми од дома ако му речам ќе одиме кај децата вика неее, ама кога ќе стигниме со трчање влегува и пресреќен е. Додека пак од золва ми уште плачи на одење исто така од облекувањето почнува, а таму веднаш се смирува кога ќе влези. Добар дел од времево како одат избегавав да се начекаат заедно да влезат од страв и моево да не почне да плачи со нег во хор, бидеќи често се копираат.
1 година точно плачеше, не она да се корне како првите денови, ама плачеше. Сега цел месец беше дома којзнае што ќе биде на носење, а таман заиде убаво без да плаче. Ама избор немам, не гледам на нешто лошо што го носам во градинка, не седам дома јас да одмарам па да го носам него туку одам на работа.
Здраво, ми треба совет. Малиот константно ми е со секрет и тоа жолт, пиеше антибиотик 2 пати, плус локално хлорамфеникол и оперил капки, но нема никакво подобрување. На брис ги покажува мораксела и стрептокока, ама ете и со антибиотикот не поминаа. Чаре некое? Што да испитам дополнително? ПС. Ова трае со месеци веќе, како што е почнат во градинка така не прекинува секретот.
Во нос? С. Пнеумоние и мораксела? Тие не се ни третираат реално. Од толку локални антибиотици нарушена е нормалната флора во носот, затоа не може да се избори. Плус паднат имунитет од вирусчиња на секое. Пробај силвертус пример, со прополис и колоидно сребро е, прави заштита на лигавицата. Ацидосалус исто, пробиотик е, се прска нос и грло. Батали некое време масти и капки. Секако ова само ако е локализирано во нос.
Ставам Ацидосалус веќе месец ипол, два сигурно. Никакво подобрување нема, а вака си е здрав, се е океј. Но после толку месеци и него му доаѓа напорно да дува нос по 100 пати во денот. Инаку во нос се двете бактерии
Мајки дали сте имале период да не сака да се бања детето? За некој месец ќе полни 3 години, го бањам во туш кабина сигурно од 1 година и некој месец. Си се бањаше без никаков проблем, на одмор кога бевме не сакаше да излезе од вода. Еве веќе трет пат како не сака да се бања, тоа плачење, вриштење, бегање низ врата и со ништо нема шанси да се излаже. Веќе почна паника да ме фаќа, немам поима од што може да е.