Ги пуштате ли со кашлица на градинка? Синоќа се разбуди кашлајќи како ларингитски, осетив дека му се слева во грло од носот зошто веќе некое време му тече повремено. Му дадов мед Бронхил и сируп Хербион од исландски лишај и се смири и спиеше цела вечер мирно. Сабајле кога стана не кашлаше воопшто, ама гласчето како малку фатено му беше. Вака си беше свеж, најнормален. Немав услови да го оставам дома, морам на работа и сега ми е шубе. Кога го однесов на градинка слушнав деца како кашлаат. Ме мава mom guilt ептен…
Ако нема тт, нема пролив и повраќање, оди во градинка, иначе ќе треба од 250 дена, 200 да ги седи дома.
Сум пишала повеќе пати дека кај нас враќаат деца. Може и фактот што знаат дека кај повеќето има со кого да останат повремено. Е сега сум пуштала со проѕирен секрет во нос, кога веќе ќе премине жолт/зелен, седнува дома. И сами на врата ми викале ако ја однесам дека треба дома да седи . Со кашлање минимално преку ден, во цел ден тоа 2-3 пати да се закашла оди. Кога веќе ќе почне да кашла и во спиење или да не може да сврзи сон од кашлање, седнува дома тогаш. Може и ради овие релативно строги правила и веќе децата голем дел од времето се комплетно здрави, под тоа мислам ни растечен нос, ни кашлање.
И јас го пуштам веќе неколку дена со кашлица. Кашла многу ретко, но сепак кашла. Правев крвна слика и ЦРП се беше во ред им покажав и на воспитачките. Базени, клими.. мислам дека нормално е
Да ја пуштам. Зависи какво е кашлањето пред некое време скоро месец се накашлуваше ја водев на лекар немаше ништо и еве и помина.
Фала на сите. Искрено иако длабоко во себе знам дека не погрешив што го однесов, ми требаше поддршка од вас за да се осетам полесно, знаете на што мислам нели. Секрет од носот има проѕирен. Него мислам дека му е од што многу се поти, ноќеска обавезно го пресоблекувам еднаш. Плус некни беше на роденден и аниматорите ги занимаваа помеѓу две отворени врати. Колку и да е балканска работа промајата, мислам дека и тоа му влијаеше. Се надевам после нема да го земам полош од што беше. Ми се немаат јавено па си викам веројатно е ок. Само таму ми е паметот од сабајле, ич не сум некоја опуштена, аман веќе од мене. Overthinker is my second name.
Јас во промаја не верувам, ние не функционираме дома ако не се отворени 2 прозора карши карши, ни фали воздух иначе, затвараме ако сме под клима само. Значи моите деца се од раѓање на промаја и досега не ни се десило да се разболат а да не е вирус или бактерија.
Како и да е, на крај не е ни важно. Важно ми е дека сме дојдени до степен на поретки разболувања и дека фала Богу и да се разболи, претежно поминува лесно и од нога. Така нека остане само.
Денес е официјално без дремка станат во 7и15, го легнав околу 12ипол никако не заспа и во 1 слеговме доле продолжи да игра како ништо да не е. Еве го гриза двопек и трча ни дома. Се надевам дека ова ке трае ден два
Мин денови се случуваше да заспие и само 10 20 мин, вчера па спиеше 2 и пол часа, ама со тт беше 5 дена па можи и тоа имаше нешто. Од утре сме на одмор пак ќе му се испоремети, па здравје ко ќе се вратиме ќе фаќаме пак ред. Од септември в градинка, втора мала група оди августов само 7 дена одеше, па се испоболи.
Трае фазава кај нас доста долго, она инатче, јас уште поголемо, не ја оставам без дремка попладне. Ќе видиме на крај кој ќе попушти ама се надевам она и ќе заврши оваа голгота на борба за заспивање
Не сакам да го нишам и шетам низ соба, знам дека така би заспал. Ама после заспивањата со цицката во уста мм го научи да заспива легнат на спална со приказни ама деновивеееее ужас е мал збор. Синоќа во 10 не можеше да заспие од што беше преморен скока ли скока по спална, вика мислиш 2 попладне е и на крај им се качив горе облекувам пижами и му велам легнувај да спиеш он "нееее диме игааа" гасење светло темница скроз за 2мин заспа. Ама стана сабајлево во 5 со плачење, можно е 5ки да излегуваат? Или пак нешто ако го боли рачето од вакцината ма да не ми се верува, го прашувам дали го боли нешто ке рече да и толку.
Може регресијата на 2 години да го има фатено малку покасно или да делува продолжено. За неколку дена или недела-две би требало да се стабилизира, се зависи до детето. Не памтам кога беше точно ама негде после вториот роденден и син ми имаше вакви “епизоди”. За вечерно спиење не правеше проблем, ама за дење беше страшен. Немаше шанси да го налегнеш па ако сакаш пукни. Тогаш уште не беше толку жешко па излегував го шетав пред дремка со количка за да заспие на патот назад, некогаш успеваше, некогаш не. Во тие периоди јас ја прилагодувам рутината на него и не се стресирам дали после ќе се вратиме на старо зошто обично секогаш се враќаме. Кога му помина таа фаза пак продолжи да си заспива на спална како претходно. Веќе на таа возраст почнува и карактерот да е поизразен, сакаат поголема самостојност и контрола врз ситуацијата, се случуваат поголеми промени во мозочето и сѐ ова се одразува на сонот.
На таква кашлица, сабајлето го носам да го слушнат на педијатар. Е, сега...педијатар и градинка ни се на неколку чекори...Ако ми дадат зелено светло, продолжувам во градинка. И им пријавувам дека кашла и дека е проверен. Инаку, ми се јавија еднаш така кога го однесов без да им кажам дека кашла и лом ме направија. Ако имаш ок учителки носи го ако се како нашиве ке бидеш искарана
Не ме искарале до сега. Добар е он, само повремено поткашлува. Мирно спие ноќе, па се надевам ќе биде ок.
Оуууу да и како сега го памтам тој период, бидејќи се погоди да го фати кога бевма лани на одмор. Некаде околу 2 години беше. Тоа вриштење и тегнење и бегање од туш ко сега го слушам. Добри 2 недели му траеше...регресија е. Кај твоето покасно се јавила. Ќе помине...ако не мораш избегнувај секој ден под туш. Замивај го само кога можеш дур не се смири
Завршува периодов на вриштење, сте имале воопшто таков период? 2 години и 2 месеци - ако нешто и падне - вришти. Ако не е по нејзино - вришти. Ако ја тргнам од негде да не фаќа - вришти. Ако се направи со јадење/вода - вришти. Трае недела-две сигурно. Нормално е, на што се должи? Како пренервозна ја доживувам. Тек сега веќе сите тројки конечно и излегоа. Ептен касно некако, едвај. Петките кога да ги очекувам? Уште одбива дремка, па можеби 3-4 недели, мора да ја шетаме во количка за да спие. Навечер Ако се разбуди и да не може да призаспие, исто вришти, па покажува дека сака во дневна или во количка. Па ајде морам да ја ставам во количка Ако ептен запне, заспива одма, па ја префрлам. Препретежок период со неспиењево и вриштењево. И истиов период почна ептен, ептен да е лепенка за мене - плаче Ако влезам во ВЦ. Ајде тоа ќе го издржам ама немањево дома дремка и посебно викањето ми е пренапорно.
Истото го поминавме, плачеше до 2г и 10 месеци. И сега плачи ама има разбирачка веќе.. Тоа со заспивањето, кај мене во кола заспиваше, кога не беше во градинка излегував околу 11ч да се истрча некаде, и назад по пат ќе заспиеше па само го префрлав дома. @Beatris , ние го поминавме тој период и траеше 4 месеци, исто памтам дека кога почна тоа вриштење баш се вративме од хотел со базен, таму се капеше без проблем. Единствено што дозволуваше во кујна на чешма, редев крпи околу, седеше на плотна со нозе во лавабо и го шлакав по малку со вода, некогаш успевав и шампон да ставам некогаш не. Ако не го правев ова, ќе беше 4 месеци некапен Се смени магично кога ставивме када во купатилото (во изградба ни беше во меѓувреме и го капев во корито) Сега има играчки во кадата и капењето трае 1 час, но битно се опушти. И да, до пред еден месец не сакаше вода на глава да му турам, уште имаше страв.
Дури сега го заспав со шетање низ ходник. Морав некако, неподнослив е без дремка не знае кај тера ни што прави.