Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    И јас се посомневав на 5ки, навечер знае да стане со плачење, обично си спие мирно.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Битно заспал. Ќе се среди за неколку дена, до тогаш не преостанува ништо друго освен да издржиш. Кај син ми 5ките почнаа да растат брзо после тројките. Моментално има една цела и една што почнува да расте. Он страшно тешко вадеше заби се до 5ките, за нив не го ни осеќаме. Да се чудиш.
     
    На Carolin. и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  3. sencuk

    sencuk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    kako jas da sum pisala isto se od zbor do zbor....so lesno neka ni e,vcera vo prodavnica mi vika komsikata treba uste nesto...vikam nervi ako prodavate...do tamu sum veke so vristenjevo i treskanjeto od zemja
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.216
    Допаѓања:
    111.432
    Пол:
    Женски
    Ај да ве прашам да не е до мене. Децава 2 до 3г, во кафана ви седат мирни? Пуштив на телефон и Маша, што не го правам никогаш вообичаено, ама не можев да издржам со коментари. Не одиме често по кафани искрено, многу ретко, ова мораше роденден беше, ама не знам зошто останатите очекуваа детево да седи како кукла?! Леле им смета на другите, а не им сметаше воопшто, детето си шеткаше околу и си играше, не одеше по маси или да смета нешто. Ја удри жената! А мене што помини замини ме удираа возрасни не е битно. Се шета околу маса! Седиме веќе 3 часа нормално е да не може да издржи. Немаат деца и не знаат веројатно, ама стварно ниту сметаше, ниту правеше проблеми, ниту закачаше, ниту плачеше. Си викам да не седат другиве дете мирни во кафана, моево да не праи нешто што не треба, не знам?!
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    7.706
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , сестре никаде не седи мирно. И да ептен кафеани, чуда давам телефон и за тоа има краткотрајно интерес.
    Па ќе сака да прошета наоколу, па шетам и јас со неа. Па надвор во околината, па внатре да не истурка нешто или да смета на други.

    Барем моево не е од тие што ќе седнат и 2-3 часа ќе поминат на столица.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    33.083
    Пол:
    Женски
    Каква кафана сестро, на мекици отидовме во недела три деца имаше и три столчиња празни. Не прекинаа да трчаат. Кај седеле мирни не заебавај.
    И телефон, и таблет имам извадено, џабе. Тоа трча скока, па у Градина има водопади уште шо не се фрли мајке ми
    IMG_20250817_195942.jpg
    Саксијата ќе ја носела дома ^ Ок.
    Само шо не сум имала вакви коментари, напротив.
    Оваа како шо е лесна за киднапирање и отиде на една жена со синче, им се залепи женава вика Седи, јади пиј тука е. И на крај се изнагушкаа :D

    Иако е поголема, иста е секогаш и секаде. Од "малечка"
     
    На le.soleil, lackygirl, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски

    Секаде е освен на маса, затоа кафана со мм не сме виделе освен во Лешок горе кај што он може да се истрча а ние да мезиме раат. Ама на тие што коментираат после им се враќаат баш немирни деца, да знаеш. Имам другарка секогаш така коментираше а остатоков ке се насмее со муабетот "е дете е што да прави" е сега нејизното трча вика пишти по сите маси.
     
    На LiquidLuna, lackygirl и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Какво седење на маса. Не ни одиме во кафани кај што он нема што да прави. Пред некое време бевме на прв роденден (читај свадба), кај што немаше никакви анимации за децата и со маж ми не се ни видовме. Или едниот или другиот беше станат да го прати кај забегува. Седнува само за да јаде, дури и тоа седење е со црвци во газот. :D
     
    На Carolin. и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.216
    Допаѓања:
    111.432
    Пол:
    Женски
    Ми олесни да ви кажам... Он не ни растрчуваше да речеш, тука околу маса се врткаше. Дете бре, 2ипол години има, не е којзнае колку голем.
     
  10. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    Јас чисто информативно би прашала дали воопшто постои дете на таа возраст да седи. Што не ги праша а зошто тие не трчаат или шетаат како детето? Па се во свое време.
    И друг пат кога ќе ви е тешко од коментарите помислете на тоа дека јас син ми го носев на концерт за Брена:D Секако имавме вип маси за да не им сметаме на луѓето во гужвата, носев и количка па малку и во неа одмараше. Битно 3 часа издржа, ја виде и тој Брена а богами и јас :lol:
     
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    19.778
    Пол:
    Женски

    Леле како не прочитав вакво нешто порано, препекав за на Владо Георгиев да одам во Охрид и мм беше ајде ке одиме ама јас со се дете кај ке тргаме а он у фазон антифоните и ке спие во количка ама не се решив, сеа за наредно ке одам (highfive) :rofl:
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.250
    Допаѓања:
    24.703
    Пол:
    Женски
    Не седи :rofl: само шета по маси, пишти, тантруми, сакал сатот од ѕидот да го извај :D и не одиме со него никаде, 2 3 пати од роденден си имаме заминато одма.. не сака ни цртани да гледа ни ништо. Првото дете беше мирно и секаде си го носевме, не стануваше од стол, ама таков карактер си е. Ова и за него ни наплаќа :D
    Ама да знајте има мирни деца, си имам едно такво :inlove:
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  13. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    Анксиозноста ме отепа што ќе речат другите што ме гледаат со дете:sweat:
    И јас бев со надеж дека ќе заспие во количка, ама го понесе атмосферата и седеше. Во 11 веќе место не го држеше па си заминавме јас и мм. А од золва ми малиот заспа уште во 9:30 и си спиеше без да мрдне во количка:D
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.216
    Допаѓања:
    111.432
    Пол:
    Женски
    Исто и јас имам иста комбинација, првото бајче, второто ѓаволче.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    7.706
    Пол:
    Женски
    Од комбинација првото ѓаволче, ми е страв за второ, да не се погоди поголемо ѓаволче од првово :rofl:
    Вака прво мирно, одма поинаку е после.
     
    На Ceneva и lackygirl им се допаѓа ова.
  16. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Мене кога ќе ми стигне покана дека треба негде да идеме ми се темни , луѓе налет и родендени и све . Ѓаволчево не застанува , не досаѓа по луѓе ама све мисли дека е негово све он сака сам , не знае кај тера :rofl:
    Пред некој ден бевме на роденден , со сопругот се укочивме и кичмите двајцата од трчање по него :rofl:
     
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    9.820
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас денес од вечера станав, ја зедов и ја однесов да спие. И еве сега јадев леб и путер, а имав на маса салата, главно и десерт.

    Во последната недела малата воопшто не респектира што и зборуваме и многу лошо се однесува. Немирно, бесно, провоцира, тестира. Само кажете оти ќе помине, оти ако е вака, страшно е.
    Оан никогаш не била до волку. Имало и поминувало. Ама да вреска, да брка со лажици и вилушки во чаши, да тропа по чинии и да расипува намерно јадење не било.
    На сите 200 начини на кои и беше речено и пробано да се сврти вниманието, ништо не помогна. На кај станав, ја зедов од маса, и ја вратив во соба.
    Казна беше нема заби четкање со песничка и нема да заспие со татко и. Дали ќе разбере што и зошто беше казнета, не знам. Сто пати и кажав дека сум лута и дека не е добро како се однесуваше. Ама вака е последната недела и мислам оти и двајцата со татко и сме дома, не знае што со себе веќе.

    Кажете ве молам, како да казнам 2г дете и да сфати.
    Еве за играчка и книга, ќе ја земам ќе ја тргнам од видик, ќе фрлам, ќе ја ставам високо џабе.
    Она прифаќа дека е казнета за однесувањето и најчесто не ја ни допира. Дури не ни плаче. Ретко кога.
    Е денес си поплача и плус уште ја карав од горе. Сакав да и дадам до знаење дека ептен ја минала границата и нема да се толерира ништо слично во иднина. Ама дали тоа правилно беше, поима немам.
    Некој прирачник нели има негде, аман :@.
     
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    8.603
    Пол:
    Женски
    Зошто ве искара?
    Мојава наполни три уште спие меѓу нас. Заспива исклучиво со мене, ме фаќа за лице и уше, а со лицето се бута во мене, некогаш дури и притисок осеќам на челото од што се пика силно во мене.
    И да ме караат и да не ме караат, ова не верувам дека во брзо ќе се смени. Бидејќи ја познавам ќере каква е.
    А и мене ми е убаво вака, и не би го сменила ова.
    Заспива на мојата перница. заедно лежиме двете на мојата перница. И после тоа веќе почнува да се врти и не е на перница.
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    И јас за ништо не би го сменила заспивањето и спиењето со син ми. Тоа ни се посебни моменти когс се гушкаме, ме чепка, ме гали, ми раскажува. Броени се годините во кои ќе сака да се гушка и да спие со мене, особено па зошто е машко и затоа користам и уживам максимално. Сигурно има логично објаснување педијатарот на Џолин, ама не мора секогаш да се водиме по логика. Еднаш се мали, а времето лета.
     
    На Erika.greeneyes, Ceneva, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Ќе помине.
    Не знам колку се свесни за да бидат казнувани.
    Тргни ја од таму, заиграј ја со друго, види кој е тригерот (дали се појачува ова однесување пред спиење, пред јадење итн.) Со закани не знам колку се постигнува нешто или само нас ни се олеснува.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.